Скопје
24ᴼ /
24ᴼ
Европската фудбалска федерација (УЕФА) или поточно судискиот комитет ги одреди судиите кои ќе ја делат правдата на финалните средби, битките за трофеи во Лигата на шампионите, Лига Европа и Конференциската лига. Пари Сен Жермен и Арсенал ќе водат „војна“ за најважниот пехар во Будимпешта, а одговорноста се да биде во најдобар ред ќе ја има Даниел Зиберт, човекот кој последниот ангажман го имаше пред само неколку дена, го судеше реваншот меѓу ...
Клаудио Раниери од неодамна остана без работата што ја извршуваше во калчолигашот Рома, но е подготвен одново да се врати на големата сцена ако од тоа корист има италијанската репрезентација и фудбалот во оваа земја. Италијанеците третпат во низа останаа без пласман на Светските првенства, се прават промени, се бираат нови лица и засега останува отворено прашањето околу тоа кој ќе го преземе националниот тим или поточно ќе го наследи Џенаро ...
Пабло Гави и Винисиус Жуниор знаеле да имаат свои „Ел Класико“ епизоди и во минатото, а како двајца играчи кои се подготвени за ниски удари и провокации на теренот, дојдоа до израз и на последниот меѓусебен меч. Двајцата се „зајадоа“ по една мешаница и беше очигледно дека си разменуваат зајадливи зборови, па сега специјализираните шпански емисии ја открија целата содржина од вербалниот клинч. „Мовистар плус“ го улови инцидентот и обелодени ...
Рио Фердинанд, Вејн Руни и Рој Кин се три легенди на Манчестер Јунајтед кои од самиот старт му даваа предност на Арсенал во битката за титулата во Премиер лигата, а во ситуација кога „топчиите“ дојдоа на само два чекор од најголемиот успех во последните две децении, полека се прават проекции за тоа како може да изгледа завршницата на месец мај. Арсенал го чекаат уште два натпревари во Премиер лигата против Барнли и Кристал Палас за потврда на ...
Манчестер Сити утре ќе го одигра заостанатиот меч со Кристал Палас по што и официјално на сите екипи од Премиер лигата ќе им останат по уште два натпревари до крајот на натпреварувачката 2025/2026. Доста драматично беше 36. коло, се уште се зборува пред се за случувањата на мечот Вест Хем-Арсенал каде во завршницата беше донесена одлука која на крајот можеби и ќе го реши прашањето околу титулата, но и опстанокот (на „чеканите“) во елитната ...
Реал Мадрид втора сезона по ред остана без трофеј, а ова значи дека пред Флорентино Перез и соработниците е супер важен период во кој мора да се донесат важни одлуки. Потребни се промени кога е во прашање играчкиот кадар, но прво мора да се реши прашањето околу тренерот затоа што очигледно е дека Алваро Арбелоа не е соодветно решение. Низ медиумите веќе на големо се говори дека прв фаворит на Перез е Жозе Мурињо кој демантираше дека имало ...
Војчех Шчесни остана во Барселона после одличното издание кое го имаше минатата сезона, па иако беше свесен дека ќе има улога на стандардна резерва, искусниот Полјак реши да ужива и во статус на кој не навикна во досегашната кариера. Шчесни со големи емоции ја славеше новата титула во Ла Лига уште вчера на теренот, но кога е во прашање денешната шампионска парада, Војчех се претвори во ѕвезда број еден. Голманот на Барса делеше цигари на ...
Екипата на КМФ Проект од Јосифово ја освои двојната круна во годинешната сезона во футсал. По победата во финалето од Купот на Македонија, КМФ Проект славеше и во првенството. Составот од Јосифово беше супериорен во националниот шампионат на крајот мина прв низ целта со 21 бод повеќе во однос на КМФ Кеги Моби од Велес кој беше противник во решавачкиот натпревар за освојување на трофејот во Купот. За КМФ Проект ова е втора титула во ...
Битката за трите места во Лигата на шампиони станува се понеизвесна во италијанската серија А, бидејќи со исклучок на шампионот Интер, дури пет тима се во игра за најелитното европско натпреварување во последните две кола. Наполи пропушти голема шанса да направи важен исчекор кон најелитното натпреварување, бидејќи тимот на Антонио Конте денеска дозволи пораз на домашен терен од незаинтересираната Болоња. Гостите пристигнаа на „Диего ...
Македонската ракометна репрезентација ќе брка нов голем настан на највисока можна сцена, односно продолжување на континуитетот со настапи на Европски и Светски првенства. По одличниот настап на континенталниот собир во јануари, Кирил Лазаров сега ги подготвува своите ракометари за предизвикот наречен „бараж за Светско првенство“, а подготовките за двата меча со Словачка се веќе во тек. ЕХФ неделата е резервирана за баражите за најмасовниот ...
Чаби Алонсо веќе неколку месеци е дистанциран од редовните случувања во фудбалот и одмора после кратката етапа која ја имаше во Реал Мадрид, но неговото име продолжува често да се споменува во јавноста, и тоа поради врска со клубови кои се заинтересирани за неговите услуги. Иако неговиот отказ во Реал Мадрид отвори добра шанса за Ливерпул да го контактира поранешниот играч за врска, клубот од „Енфилд Роуд“ не ги интензивираше преговорите и во ...
Матијс Тел ја смени улогата од херој во трагичар во Северен Лондон, откако најпрво режираше мајсторија за водство на Тотенхем од 1:0, за потоа да направи непромислен потег со кој подари пенал за Лидс Јунајтед. Напаѓачот на Тотенхем со непотребна акробација во својот шеснаесетник го удри Ампаду и го натера главниот судија Гилет да покаже на белата точка, а после долга провера и пауза, Калверт Луин беше прецизен изведувач на најстрогата казна. ...
Војчех Шчесни го украде шоуто со низа потези кои ги режираше за време на шампионската парада на Барселона, но во моменти кога се уште трае целата манифестација, во јавноста се појавуваат различни видеа од ѕвездите на старо-новиот шпански шампион. Барса ја одбрани титулата и го освои 29-от трофеј во домашното првенство, а Ламин Јамал уште еднаш покажа дека е најрасположен за сеир кога е во прашање лутиот ривал Реал Мадрид. Ламин во текот на ...
Микел Артета направи се што е во негова моќ да му даде поофанзивна нота на својот тим во второто полувреме, а замените кои ги направи, на крајот придонесоа Арсенал да направи акција за победа. Голот на Тросар се покажа како вреден за златни три бода во битката за титулата во Премиер лигата, но наспроти драмата која настана поради поништениот гол на Вест Хем, големо внимание во јавноста предизвика и една несекојдневна одлука на Микел Артета. ...
Женскиот одбојкарски клуб Работнички волеј денеска ја освои 18-та титула во домашното првенство, и тоа на начин кој предизвика силни емоции и солзи кај членовите во првиот тим. Титулата национален шампион се одлучуваше во Струмица, а гостинките од Скопје успеаја да слават со пресврт и да ја добијат „мајсторката“ со 3:1. По четири одиграни меча меѓу Работнички и Наковски Волеј, резултатот беше 2:2, па се се сведе на денешниот меч во кој славеа ...
Наполи брка заверка на Лигата на шампионите во последните три кола во Серија А, а првата шанса за приближување до таа целе има вечерва. Доскорешниот италијански шампион игра против Болоња на домашен терен и ќе брка три бода на оваа средба, но изненадување е тоа што во стартната постава го нема Кевин Де Брујне. Не само што не е во почетните 11, Белгиецот воопшто не се наоѓа и во протоколот за овој натпревар, по што Антонио Конте откри дека тоа ...
Војчех Шчесни остана во Барселона после одличното издание кое го имаше минатата сезона, па иако беше свесен дека ќе има улога на стандардна резерва, искусниот Полјак реши да ужива и во статус на кој не навикна во досегашната кариера. Шчесни со големи емоции ја славеше новата титула во Ла Лига уште вчера на теренот, но кога е во прашање денешната шампионска парада, Војчех се претвори во ѕвезда број еден. Голманот на Барса делеше цигари на ...
Пеп Гвардиола со урнебесен гест ја затвори својата прес-конференција по победата над Брентфорд и јасно стави до знаење дека ќе навива за „чеканите“ во пресметката со Арсенал, а тоа беше доволна инспирација за Конор Мур да режираше комедија во свој стил. Познатиот ирски комичар кој неверојатно добро ги имитира фудбалските ѕвезди, овојпат повторно на менито го имаше познатиот шпански стручњак, пришто од своја перспектива направи замисла за тоа ...
Поради игнорирањето од српскиот селектор Драган Стојковиќ и целокупниот српски фудбалски сојуз, Александар Павловиќ на крајот реши да и даде предност на Германија и реши да ги брани боите на „Ди Маншафт“, нешто што очигледно послужи како добра лекција за Хрватите. Баерн Минхен е познат како клуб кој и дава шанса на играчи со балкански корени, па во најновиот случај, талентираниот Филип Павиќ направи избор кој брзо привлече многу внимание во ...
Барселона по 29-ти пат во својата историја ја освои титулата во шпанската фудбалска елита, откако вчера математички го завери првото место со победата на „Ел Класико“. Тимот на Ханси Флик беше подобар со резултат 2:0 и сосема заслужено стигна до успех кој го градеше со месеци, а начинот на кој доминантно ја завери титулата во Ла Лига втора година по ред, само покажува дека Германецот успеа да создаде извонредна хемија во соблекувалната. Флик ...
Јаник Синер е убедливо најдобар тенисер во овој момент, не поради позицијата на АТП листата, туку и поради фактот што игра речиси совршено од Аустралијан Опен наваму. Откако загуби во драматичното полуфинале со Новак Ѓоковиќ, Синер победи на сите големи турнири кои ги играше, а сега го продолжува својот пат кон трофејот и на домашниот турнир во Рим. Италијанецот издоминира во мечот од втората рунда во италијанската престолнина, па за само 65 ...
Интер остава зад себе уште една успешна сезона во Серија А, па иако истата се уште е во тек, тимот на Кристијан Киву веќе се израдува на освоеното Скудето. Тимот кој доживеа огромно разочарување во месец мај минатата година, сега е во игра да освои двојна круна на домашна сцена, бидјеќи покрај титулата во Серија А, Интер е во финалето на Копа Италија и ќе се бори за трофејот со Лацио. Големото финале се игра за два дена во 21:00 часот, а во ...
Навивачите на Вест Хем во минатото важеа за едни од најрадикалните во фудаблска Англија и имаа добиено хулигански статус во јавноста, но бидејќи навивачката култура на Островот значително се промени во последните 30 години, инцидентите речиси и да не постојат. Сепак, вчерашното лондонско дерби меѓу Вест Хем и Арсенал донесе мал исклучок на трибините, откако неколку храбри навивачи на Арсенал решија да го бодрат својот тим на погрешна трибина. ...
Жозе Мурињо најави дека ќе донесе одлука за својата иднина во првата недела после 16-ти мај и последниот натпревар за Бенфика оваа сезона, но од пред некое време, Реал Мадрид како клуб веќе има воспоставено јасна комуникација со човекот кој е задолжен за преговори. „Кралскиот клуб“ го има исконтактирано агентот Жорже Мендеш и испорачан е јасен сигнал дека Мурињо е избор број еден на Флорентино Перез, нешто што би требало да направи одлуката ...
Столе Димитриевски прерасна во херој за навивачите на Валенсија во непријатната борба за опстанок оваа сезона, а откако тимот отиде на покомотна дистанца од плус пет бода, македонскиот чувар на мрежата дополнително добива пофалби од медиумите во Шпанија, но и самите фанови на клубот. Димитриевски со три извонредни одбрани одигра клучна улога на тешкото гостување на „Сан Мамес“, па откако беше избран за МВП на мечот, се јави со класа изјава ...
Ламин Јамал го разгоре првото „Ел Класико“ оваа сезона со најавите кои ги даде во јавноста, а откако Барселона загуби на „Сантијаго Бернабеу“, беше главна мета на голем дел играчите од „кралскиот клуб“. Дани Карвахал и неколку поискусни фудбалери му забележаа уште на теренот, додека Џуд Белингам реши да го прозива преку социјалните мрежи со специјална објава. – Зборувањето е евтино……, – му порача тогаш Англичанецот на младиот фудбалер на ...
Изминатиов викенд во Скопје се одиграа поединечните државни првенства во шах во младинска конкуренција, кои согласно категоризацијата на ФИДЕ се играа според возрасни групи, односно за учесници до 8, до 10, до 12, до 14, до 16 и до 18 години, посебно за девојки и за момчиња. ШК Алкалоид во пресрет на првенствата организираше камп за своите напредни ученици, за конечно да се заокружи циклусот за оваа школска година со настапите на државните ...
Њујоркс Никс ја совлада Филаделфија Севентисиксерс и обезбеди пласман во финалето на Истокот, додека пак Минесота Тимбервулс славеше над Сан Антнио Спарс и израмни на 2-2 во плејоф серијата во западната конференција. Ова е епилогот од двете нови средби кои се одиграа во НБА лигата, соочувања од кои ги имаме најдобрите моменти на денот. Позицијата број еден е за Џејлен Брансон кој за пет секунди ги „нокаутираше“ 76-ките, поточно за тој период ...
Македонија втора година по ред може да има клуб со освоен пехар во Европскиот Куп на ЕХФ, односно Алкалоид да добие наследник во името на ГРК Охрид. Меѓутоа за да се случи тоа „гладијаторите“ ќе мора да го положат последниот испит, да бидат подобри од унгарска Татабања за која настапува Филип Талески. Веќе се одредени и термините, сатниците за двомечот кој ќе тргне од Унгарија, а ќе заврши во Македонија. На 24 мај, недела, е дуелот во ...
Барселона го доби Реал Мадрид со 2-0 и со тоа официјално ја круниса оваа сезона во шпанската Примера, првенство во кое дојде до 29. титула во историјата. Ова е одличен резултат за каталонците во кои клубот се уште функционира со ограничени финансиски ресурси и Ла Масија е онаа од која се вадат играчи и затоа овој успех има тежина. Дефанзивецот Жоао Кансело притистигна на „Камп Ноу“ во зимскиот преоден рок и тоа на позајмица од Ал Хилал, потег ...