Скопје
-1ᴼ /
-1ᴼ
Рома ќе игра во Лигата на шампионите во новата сезона, но засега тоа не е искористено од страна на калчолигашот ако се погледнат потезите во досегашниот летен преоден рок. „Волчицата“ се мачи и последниот играч кој им избега е Крисенсио Самервил кој се очекува да заврши во Саудиска Арабија во редовите на Ал Хилал. Сега мета на Рома е уште еден фудбалер од Премиер лигата, ама од дефанзивната линија и тоа е Аксел Дисаси. Французинот од 2023 ...
Белгија одлучи да се раздели со Руди Гарсија иако репрезентатицијата имаше добар настап на Светското првенство, настап кој заврши во четвртфиналето со драматичен пораз од сега веќе светскиот шампион Шпанија. Меѓутоа од федерацијата одлучија да не му го продолжуваат договорот на Гарсија, да пробаат со ново име и како што стојат работите многу брзо официјално ќе се затвори тоа прашање. Имено за нов предводник на „црвените ѓаволи“ ќе биде ...
Машката кошаркарска репрезентација на Македонија до 18 години ќе настапи на Европското првенство од Дивизијата „Б“. Овој шампионат ќе се одржи во Ријека и Опатија во периодот од 24 јули до 2 август, а Македонија за ривали во првата фаза ќе ги има Грузија, Шведска, Унгарија и Босна и Херцеговина. –Атмосферата во репрезентацијата е одлична, на највисоко ниво. За жал, имавме неколку повреди кои ги сменија плановите во текот на подготовките, но ...
Македонскиот шампион Вардар е пред нова европска задача, овојпат во рамките на Конференциската лига на УЕФА каде ги очекува соочување со Рига од Летонија. Вардарци паднаа на првиот испит против Купс и тоа воо двобој во кој двете екипи добија по еден натпревар, но домашниот пораз од 2-0 беше пресуден за скопскиот тим биде елиминиран. Меѓутоа тоа е веќе зад нив, Рига е нова шанса, ривал кој треба да се почитува, ама не и да се преценува. -Ја ...
Челси нема да игра во Европа во следната сезона, но и покрај тоа клубот прави сериозни инвестинции ова лето, па доведени се Морган Роџерс и Марко Палестра, а и некои други играчи за кои останува да видиме дали ќе има место во натпреварувачката 2026/2027 или ќе бидат отстапени во други клубови. „Сините“ не планираат тука да застанат, бараат стопери и желба е Лакроа од Кристал Палас, меѓутоа тоа не е единствената желба. „Би-Би-Си“ пренесува ...
Шпанија ја совлада Аргентина и го освои 23. Светско првенство и тоа во меч кој на моменти беше тензичен со тоа што кулминацијата се случи по крајот на дополнителните 30 минути во кои „гаучосите“ се „исклучија“ и се обидоа да покажат сила над новите шампиони. Се тргна од ударот на Молина кон Родри, Шпанците се обидоа да застанат во одбрана на капитенот, Паредес го фати Гарсија за врат. Гави сакаше да помогне по што се дојде до плус мешаница во ...
Италија е во потрага по нов селектор, нова енергија која треба да биде продолженија на она што се случи во претходниов период, назначувањето на Џовани Малаго за прв човек на фудбалската федерација, а потоа и ангажманот на Паоло Малдини како технички директор и Леонардо како негов советник. Малдини и Леонардо бараат соодветно име за селектор со тоа што во моментов се обидуваат да „уловат“ голема „ѕверка“ и тоа во името на Пеп Гвардиола. Тие ...
Андони Ираола одговори позитивно на повикот и стана нов менаџер на Ливерпул и тоа по една турбулентна сезона за клубот од „Енфилд Роуд“, сезона во која не беше освоен ниту еден трофеј и по која управата одлучи да се збогува со тренерот Арне Слот. Ираола во претходните години заврши одлична работа во Борнмут и тоа беше препорака за Ливерпул да го ангажира, а сега е на Шпанецот да се докаже. Ова за Андони нема да биде лесна мисија поради повеќе ...
Николо Барела е еден од најважните фудбалери на Интер, ас кој од 2019 година е во Милано каде пристигна од Калјари прво на позајмица, а потоа беше откупен неговиот договор. Веќе има сериозен стаж во таборот на „нероаѕурите“, освои доста титули меѓу кои две и претходната сезона, но секоја година е нов почеток и тоа добро го знае италијанскиот репрезентативец. -Да се подобриме уште повеќе во споредба со минатата година. Сакаме да продолжиме ...
Дел од аргентинските фудаблери употребија агресија во знак на револт за загубеното финале од Шпанија во Њу Џерси, а додека некои се обидоа да ги лечат фрустрациите со поплаки и протести за дел од судиските одлуки, Лионел Скалони уште еднаш се прикажа како прав џентлмен. Соборен од емоциите кои го совладаа веднаш по финалето, аргентинскиот селектор имаше проблем да го доработи официјалниот прес на „МетЛајф“ стадионот, но сега со ладна глава ...
Крајот на Светското првенство традиционално носи старт на многу голема раздвиженост на трансфер пазарот, а неполни три дена по финалето во Њу Џерси, пристигна официјална потврда за веста која нечујно се пласираше во јавноста, но кога сега е и дефинитивно потврдена. Неполн месец откако Манчестер Сити договори британски трансфер рекорд за Елиот Андерсон во висина од 116 милиони фунти, оваа сума од денеска паѓа во втор план, а причина за тоа се ...
Светот доби нов шампион и тоа е Шпанија која ја презема круната, тронот од Аргентина која пак се бораше до самиот крај, стигна до финалето каде едноставно немаше решение за „црвената фурија“ која беше далеку подобар противник на стадионот „МетЛајф“. Ова Светско првенство беше посебно поради повеќе причини, но истото е веќе зад нас, веќе се објавија некои анализи, заклучоци, некои допрва ќе ги видиме, а она што сигурно веќе го имаме е тимот на ...
Брегалница се враќа во Првата македонска лига, а пред стартот на шампионатот клубот од Штип ја информираше јавноста дека се договорени уште три засилувања. Се работи за добро познати имиња на домашната сцена, Филип Алексовски, Амир Јашар и Кристијан Стојкоски. Алексовски и Јашар успешно ги бранеа боите на Башкими во претходната кампања, додека пак Стојковски беше дел од составот на Тиквеш. Алексовски и Стојковски треба да донесат плус ...
Историски момент за македонскиот спорт. Претседателката на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, Елена Мицковска, направи голем и значаен чекор за афирмација на нашата земја на меѓународната спортска сцена. Со гордост ве известуваме дека Македонија за првпат доби свој претставник во Извршниот одбор (највисокиот орган на управување) на Светската федерација на училишен спорт (ISF), што претставува големо признание за досегашната работа, ...
Германската репрезентација му овозможи простор за многу критики на поранешниот член на националниот тим, Дитмар Хаман, а по рафалите на сметка на веќе поранешниот селектор Јулијан Нагелсман и Јосуа Кимих, Диди сега има забелешка и за потегот на федерацијата околу изборот на нов предводник на националниот тим. Веќе е јасно дека Јирген Клоп ќе го наследи Нагелсман, па иако Хаман нема проблем и замерка во однос на квалитетите на стручњакот, ...
Дидие Дешамп ја заврши долгата етапа како француски селектор со полуфинале и четврто место на последното светско првенство, а голем дел од фудбалската јавност е задоволна од ефектот кој „триколорите“ го имаа под негово водство. Франција стана светски шампион во 2018 година и четири години подоцна загуби во финалето, а во меѓувреме стигна и до трофејот во Лигата на нации, нешто што му солидна бројка успеси на селекторот. Но, поранешниот ...
Фабрицио Раванели во последното интервју за италијански „Тутоспорт“ зборувал за актуелниот преоден рок и активностите на Јувентус, а на својот поранешен клуб му препорачал и најдобри решенија за офанзивниот дел. „Бјанконерите“ веќе го ангажираа младиот Џеф Екатор, но јасно е дека клубот работи на уште некое ново име, посебно што се бара клуб во кој би бил позајмен Лоис Опенда. Раванели вели дека ако треба да избере меѓу Сорлот и Матете, како ...
Актуелниот македонски шампион Вардар го продолжува европскиот настап во Конференциската лига, а утре противник во ова натпреварување ќе му биде тимот на Рига. Летонците посакуваат поволен резултат во Скопје, но „црвено-црните“ ќе се обидат да го поправат впечатокот од претходниот дуел на домашен терен во квалификациите за Лигата на шампионите, а тренерот Кристијан Фабијани верува во подобро издание. – Голема мотивација за нас е да се ...
Актуелниот сопственик на Ливерпул, компанијата „Фенвеј Спортс Груп“ денеска потврди дека има интерес од познат конзорциум за купување на пакет акции во англискиот фудбалски клуб. Зад конзорциумот стои британскиот бизнисмен со индиско потекло, Амит Батија, кој до пред неколку дена беше дел од сопственичката структура на Квинс Парк Ренџерс, но сега сака да стане дел од сопствениците на респектабилен дел акции на Ливерпул. Батија е милијардер со ...
Лионел Меси не успеа да се израдува на уште една светска титула со Аргентина, а веднаш по завршувањето на мундијалот решил да се врати во својот роден град и да одмори во кругот на својата фамилија. Приватниот авион на фудбалската ѕвезда слетал во Росарио, Меси и неговото семејство избегнале средба со насобраните фанови, по што со автомобил биле префрлени на неговиот приватен имот во предградите на родниот аргентински град. Потегот на Лео е ...
Англиската фудбалска сцена остана без еден од најугледните судии, бидејќи Ентони Тејлор реши да стави крај на својата судиска кариера и да се повлече во пресрет на новата фудбалска сезона. 47-годишниот Тејлор донел одлука дека е вистинско време да се повлече од професијата, оставајќи поголем простор за помладите колеги, но англискиот и европскиот фудбал дефинитивно остануваат без еден од најквалитетните и најискусните судии. Последен ...
Лука Модриќ користи заслужен одмор по настапот на светското првенство, но очигледно ја решил најважната дилема поврзана со неговата иднина. Хрватскиот ветеран донел одлука да одигра најмалку уште една сезона на највисоко ниво, односно ја прифатил понудата на Милан за потпис на едногодишен договор. Модриќ размислуваше дали да ја заврши кариерата, но на крајот се одлучил да игра под водство на новиот тренер Рубен Аморим, односно да му помогне ...
Раководството на Рома се повлекло од идејата да го ангажира талентираниот Крисенсио Самервил, а причина за таквиот потег е понудата која Вест Хем ја добил од Ал Хилал. Италијанскиот тим беше подготвен да понуди дури 50 милиони евра за холандскиот репрезентативец, се чинеше дека е блиску до неговиот потпис, но во ситуацијата се вмешал клубот од Саудиска Арабија. Рома не е ни блиску до можност да му парира на Ал Хилал, затоа што екипата ...
КК Маџари со гордост најавува дека во следните три сезони својот дом ќе го има во спортската сала „Јане Сандански“, како и воспоставување стратешко партнерство со Македонскиот олимписки комитет (МОК). Со исполнување на високите организациски и спортски стандарди потребни за настап на регионално ниво, клубот продолжува со подготовките за новите предизвици, вклучувајќи го и настапот во АБА 2 лигата. Ова е значаен чекор напред за КК Маџари и ...
Во пресрет на новата сезона во домашниот фудбалски шампионат, Комисијата за безбедност при ФФМ одржа средба со комесарите за безбедност на клубовите членови на ПМФЛ. На состанокот беше разгледан извештајот за безбедност на натпреварите од вториот дел во сезоната 2025/2026, а потоа комесарите на клубовите се запознаа со основните активности кои се предвидени во Правилникот на УЕФА и ФФМ за сигурност и безбедност, Законот за насилство и ...
Алехандро Гарначо веројатно ќе ја започне новата сезона во нов клуб, а тоа ќе биде премиерлигашки ривал на неговиот актуелен состав Челси. Пристигнувањето на Чаби Алонсо во лондонскиот состав беше најава и за очекувани промени во ростерот, а аргентинскиот фудбалер е на списокот играчи кои не му се потребни на шпанскиот стручњак. Неговиот агент веќе му пронашол нова дестинација и тоа веројатно ќе биде Астон Вила, екипа која прифатила да го ...
Екипата на Барселона имаше голем број претставници во редовите на шпанската репрезентација која го освои СП 2026, но раководството сега размислува да се обиде да доведе уште едно засилување од актуелниот состав на Луис де ла Фуенте. Жоан Лапорта и неговите соработници ќе ги разгледаат опциите за евентуален трансфер на Ајмерик Лапорт, дефанзивецот кој неодамна се врати во Шпанија и потпиша за Атлетик Билбао. 32-годишниот Лапорт ги потврди ...
Џон Дуран се промовираше себеси како еден од најголемите таленти во својата генерација, но одредени одлуки го доведоа во ситуација да ја загуби препознатливата форма, па и да остане без место во националниот тим за СП 2026. Колумбиецот сега договорил ангажман во Бенфика, што значи дека има седми различен клуб на 22-годишна возраст, нешто што е вистински раритет на фудбалската сцена. Дуран доаѓа во Лисабон како позајмен играч од Ал Наср, а ...
Аргентинските репрезентативци доживеаја тежок удар со поразот во финалето на светското првенство, а неколку дена по поразот од Шпанија со порака до фановите се јави и Емилијано Мартинез. Голманот е еден од најискусните членови во составот на Лионел Скалони, имаше уште едно одлично првенство, но тоа не беше доволно за посакуваниот епилог. Мартинез денеска преку социјалните мрежи призна дека поразот од Шпанија бил болен, истовремено ...
Џани Инфантино како претседател и ФИФА како главен организатор на Светското првенство претрпеа голем број критики за време на мундијалот кој го оставивме зад себе, но мала е веројатноста дека нешто ќе биде преземено и покрај сите поплаки кои пристигнаа и од актерите кои беа на самиот терен. Новите правила, задолжителната пауза поради хидратација, невообичаеното шоу за време на полувремето на финалето и ред други работи ги разбеснија ...