
Скопје
28ᴼ /
28ᴼ



Би сакал да потенцирам во името на ВМРО-ДПМНЕ и владината коалиција дека сме задоволни од проектите што се реализираат на општинско ниво. И тоа покажува дека одлуката на Владата да ги поддржи помалите општини, буџетски, за наменски проекти коишто се битни за жителите на овие општини беше исправна, изјави денеска пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски. И сега и во иднина, ќе продолжиме со оваа поддршка и се надеваме дека тоа е ...
Доаѓа времето на Македонија, ги градиме темелите на нашата татковина. Пред нешто повеќе од една година, наследивме девастирана држава, пеплосана, оставена во безредие и наше е да градиме, и да градиме се од почеток. Економијата остана главна во фокусот на нашето внимание, меѓутоа не помалку и инфраструктурните решенија, зголемување на пензиите, зголемување на одредени плати, исплаќање на застарените субвенции, заостанатите долгови, меѓутоа исто ...
Поранешен кабинет германски канцелар Олаф Шолц издвоил речиси 590.000 евра јавно пари за шминкери и стилисти кои работле на изгледот на владините службеници помеѓу 2022 и март 2025 година, пишува Билд повикувајќи се на владини податоци. Најголеми трошоци направила екс министерката за надворешен работни места Аналеаи Бербок, чија сметка за шминка во првите три месеци од 2025 година изнесувала 21.000 евра или околу 248 евра дневно. Нејзиниот ...
Американскиот претседател Доналд Трамп го тужи „Волстрит џурнал“ (WSJ) и неговите сопственици, вклучувајќи го и медиумскиот магнат и милијардер Руперт Мардок, барајќи најмалку 10 милијарди долари отштета поради сторија во која се тврдеше дека неговото име се појавило на честитка за роденден во 2003 година испратена до милијардерот педофил Џефри Епштајн. Честитката, претходно објави весникот, содржела сексуално сугестивен цртеж на гола жена и ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан вчера изјави дека помислата за пораз на Русија во украинскиот конфликт е „заблуда“, предупредувајќи дека Украина нема предност ниту во човечка сила, ниту во оружје во конфликт со нуклеарна суперсила. -Помислата дека Украина може да ја победи Русија и да предизвика нејзина дестабилизација отсекогаш била заблуда напиша Орбан на платформата „X“. Унгарскиот премиер нагласи дека конфликтот продолжува без никаква ...
Немири во Лимож, лица со качулки фрлаа рачни бомби и молотови коктели за време на ноќните судири со полицијата. Околу 100 лица со качулки фрлаа рачни бомби и молотови коктели врз возила во Лимож, централна Франција, синоќа за време на ноќните судири со органите за спроведување на законот, во кои беа повредени 10 полицајци, објавија денеска локалните власти, објави Монд. -Тоа е урбана герилска војна, рече градоначалникот на Лимож, Емил Роже ...
Освен нашата земја, меѓу државите од регионот кои се соочуваат со недостиг на медицински сестри е и Бугарија. Таму недостигаат речиси 17.000 медицински сестри, покажува најнов извештај за здравствените работници, пренесуваат бугарските медиуми. Во текот на изминатите 30 години, бројот на медицински сестри се намалил речиси два пати, покажуваат податоците од 2023 година. Според Националната статистика, во 1990 година имало над 53.000 медицински ...
Пожарот на планината Жеден е предизвикан од човечки фактор, односно подметнат, изрази сомневање градоначалникот на Желино, Блерим Сејдиу попладне во изјава за медиумите. Според информациите кои ги добил од пожарникарите најдени се запалени гуми од возила. -Нашите сознанија, информации и од противпожарните единици од пожарникарите што беа овде, се дека 3 гуми се најдени запалени, што докажува дека е човечки фактор на целиот овој настан, изјави ...
Ова не е законска козметика, туку суштинска промена што произлегува од анализа, дијалог и заедничка работа. Во процесот учествуваа: – стручните служби на МВР, – претставници на синдикатите, – независни правни експерти, – меѓународни партнери. Препораките на ГРЕКО и анализите на ОБСЕ се целосно вградени во новите решенија. – Ја поедноставуваме класификацијата на работните места. – За првпат воведуваме тест за раководење и за позиција главен. – ...
Во врска со претходно обезбедените податоци на Агенцијата за национална безбедност, во координација со Министерството за внатрешни работи, на ден 19.07.2025 година, по наредба на Основното јавно обвинителство Скопје, беше извршен претрес на дом и други простории на две локации во Скопје, по основ на член 396 од Кривичниот законик – недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи. При претресот беа ...
За предизвиците во функционирањето на системот Мој Термин и новините кои се планирани во оваа област разговарале денеска на средба министерот за здравство, Азир Алиу и директорот на Управата за електронско здравство, Фикрет Шабани. -Системот Мој Термин е едно од местата каде што нашите граѓани најмногу ја чувствуваат потребата од брза, достапна, правична и транспарентна услуга. Еден од нашите приоритети е реформа на Мој Термин, со цел креирање ...
По пожар во стан, шест лица и едно дете поради зашеметеност од чад и болки во градите вчера биле пренесени на Универзитетска клиника за токсикологија. Како што се наведува во денешниот МВР-билтен, вчера во 16:30 часот по пријава за пожар во стан на булевар „Кочо Рацин“ бр. 75, на втор кат, во Скопје, полициски службеници од ПСОН-Центар на местото констатирале дека од засега непознати причини настанал пожар во станот. Територијалната ...
Во гаснење на пожарот помеѓу Желино и Еребино, со кој се зафатени сува вегетација и грмушки, од 16 часот ќе бидат вклучени два авиона „Ер трактор“, најави Дирекцијата за заштита и спасување. На терен веќе се дејствува со еден армиски хеликоптер, еден полициски камиони марка МАН со цистерна од осум тона и воден топ, два пинцгауери, еден „хермелин“, 30 војници и повеќе екипи на скопската бригада за противпожарна заштита заедно со пожарникарите од ...
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче попладнево на прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање дали коалицираат со ДУИ и Левица за локалните избори, нагласи дека активно разговараат и оти за секоја општина ќе имаат посебна стратегија. Активно разговараме и за секоја од општините ќе имаме посебна стратегија, потенцира Филипче. Тој нагласи дека нивната партиска стратегија е јасна, а тоа е, како што рече, ...
Денес министерот за одбрана, Владо Мисајловски, присуствуваше на промоцијата на новата артилериската батерија во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп. Батеријата се состои од шест хаубици 105 mm, „Боран“, како и друга поврзана опрема. – Безбедноста е столбот на една нација. Без безбедност нема просперитет, нема економски напредок. Затоа продолжуваме да инвестираме во АРМ и континуирано ја градиме со секој изминат ден. Историски буџетот е најголем во ...
Потпретседателката на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ), Каја Шукова, денеска ја објави својата кандидатура за градоначалничка на Скопје. Таа вети дека ќе биде градоначалничка на сите граѓани, без разлика на нивната политичка припадност, и најави нов модел на управување со градот – професионален, транспарентен и ориентиран кон граѓаните. На прес-конференцијата во СДСМ, Шукова најави фокус на решенија и конкретни проекти. Таа претстави дел од ...
Ирена БЕЛЕШКОВСКА Има едно нешто поради што секој влез во Бугарија станува прилично безбеден, но и досаден: нужноста да се почитува брзината на патот. А, знаците, доколку не станува збор за автопат, обично го ограничуваат возењето на брзина меѓу 60 и 80 км на час. За гостин од нашата земја, научен на полиберален однос кон прописите, тоа не мора да значи ништо, но бргу ќе ја сфати лекцијата доколку не е информиран дека на секои неколку километри, ...
СДС ја измами секоја категорија на граѓани во државата, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на СДСМ. Во продолжение целото соопштение: Сега преку вакви прес-конференции повторно се обидува да манипулира со фактите. Кога станува збор за пензионерите, СДС ги занемаруваше оние со најниски пензии. ВМРО-ДПМНЕ им ги зголеми пензиите на пензионерите за за 5.000 денари линеарно и ова важи за сите пензионери, во една ...
Во собраниска процедура е ставен невиден и скандалозен предлог-закон, кој претставува еден од низата опасни и антидржавни потези на министерот Панче Тошковски, истакна на денешната прес-конференција Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ, од која интегрално го објавуваме целиот текст: Целосна партизација на полицијата преку рушење на кариерниот систем. Никола Груевски и Сашо Мијлков се мали деца за тоа што Тошковски сака да го направи со ...
Светата маченица Недела е родена во Мала Азија, во местото Никодимија, престолнината на римскиот император Диоклецијан, големиот прогонувач на христијаните. Родена е во недела, поради што добила и такво име (на грчки недела се вика кириакија). Ќерка е на Доротеј и Евсевија кои долго немале деца и Недела ја добиле по долги и искрени молитви. Била воспитувана во христијански дух, поради што уште од детството била посветена на Бога. Подоцна ...
Три лица се погубени денеска во Иран откако беа осудени за силување, пренесуваат светските агенции, повикувајќи се на иранска новинска агенција. „Смртните казни на три лица осудени за силување беа извршени утрово во затвор во северниот град Горган“, изјави претставникот на локалната судска власт, Хејдар Асијаби, цитиран од агенцијата. Убиството и силувањето се казнуваат со смрт во Иран. Според групите за човекови права, вклучувајќи ја и „Амнести ...
СДС под водство на Венко Филипче покажа само една работа – дека секогаш може да се оди подолу, дека дното е се подлабоко и подлабоко, истакна на денешната прес-конференција членот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски од која објавуваме интегрален текст: Филипче е како жив песок, само ја влече надолу партијата. Ова се виде во овој последен период во кој никој жив не му прифаќаше да биде кандидат за ниту една општина, посебно за Скопје каде ...
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека пет авиони се соборени за време на четиридневниот индиско-пакистански конфликт што започна на 7 мај, по нападот на исламистичките милитанти во индискиот дел на Кашмир. „Всушност, авионите беа соборени од воздух. Пет, пет, четири или пет, но мислам дека пет авиони всушност беа соборени“, рече Трамп на вечера со неколку американски конгресмени во Белата куќа. Тој не даде дополнителни детали ...
Во вчерашната епизода на поткастот „Проверитас“ беше гостин Стефан Кирков, активист, голем љубител на животните и советник во Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој во поткастот покрај многуте теми, раскажа и за една непристојна понуда која ја добил од еден скопски градоначалник. „Јас имав безобразна понуда да бидам директор на Зоолошка градина. Од еден скопски градоначалник кој е близок на градоначалничката. Ми вели градоначалничката Данела ...
Безуспешна координирана операција за дискредитација спроведена од бугарските служби и нивните соработници во Македонија, истакна на денешната прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков од која објавуваме интегрален текст: Имаме основано сомнение, поткрепено со точни информации и факти, дека во моментов се води координирана и насочена операција на дискредитација против Република Македонија, против Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и ...
Рената ПЕПЕЉУГОСКА Подобри услови за работа, признавање на образованието, преквалификации од една специјалност во друга, доедукација, повисоки плати се меѓу причините поради кои медицински сестри заминуваат на работа во други земји. Со недостиг на медицински сестри се соочуваат земјите од регионот, меѓу кои и Македонија, но и дел од другите европски земји… Унијата на здруженијата на медицинските сестри, акушерки, стоматолошки сестри предводени ...
Најмалку 19 лица се повредени синоќа, вклучувајќи и едно дете за време на огномет на фестивалот „Рајнкирмес“ во Диселдорф. Несреќата се случи кога пиротехничко средство експлодира во публиката, соопштија локалните власти. Според полицијата и противпожарните служби, меѓу повредените имало најмалку едно дете, а четворица од повредените се здобиле со тешки повреди, пишува „Билд“. Сведоци тврдат дека дури две ракети завршиле во публиката, а ...
Претставничкиот дом на Соединетите Американски Држави гласаше за продолжување на воената помош за Украина, објави синоќа конгресменот Дон Бејкон. Предлог-законот HR4016 беше поддржан од 353 пратеници, додека 76 беа против, што обезбеди силна двопартиска поддршка за продолжување на американската поддршка за Киев, објави Бејкон на Икс, пренесе Униан. Законот треба да биде разгледан во Сенатот, каде може да биде изменет, усвоен во сегашната форма ...
Австралиската влада соопшти дека испорачала тенкови „М1А1 Абрамс“ на Украина како дел од пакетот од 245 милиони австралиски долари (над 137 милиони евра) за да ѝ помогне на земјата да се одбрани од Русија, пренесуваат светските агенции. Австралија, еден од најголемите донатори на Украина надвор од НАТО, испорачува помош, муниција и опрема откако Москва ја нападна соседната земја во февруари 2022 година. Украина веќе ги доби повеќето од 49-те ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце времето на чекање е 35 минути, на ГП Дојран време на чекање е 15-25 минути, а на ГП Богородица времето на чекање за влез е 15 минути, а за излез од државата времето на чекање е 45 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и ...