Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Изработена е физибилити студија, се обезбедува локација и финансиски модел за проектот. Владата почнува со реализација на еден од најзначајните инфраструктурни проекти за дигиталната иднина на Македонија – изградба на Национален дата центар – најави вечерва министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. – Донесовме одлука заради визијата и решеноста на премиерот и во моментов работиме на еден од најзначајните инфраструктурни ...
Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска повторно ја повика Македонија да ги донесе договорените уставни измени, оценувајќи дека и покрај значајниот напредок во реформите, без исполнување на оваа обврска земјата не може да го забрза процесот на пристапување во Европската Унија, пренесува МКД.мк. Кос истакна дека Македонија е меѓу трите најуспешни земји во спроведувањето на реформската агенда во рамки на Планот за раст на ЕУ, но ...
Клучен датум за иднината на процесот на проширување на Европската Унија е 30 септември, кога Европската комисија треба да излезе со извештај за новиот пристап кон проширувањето, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Во интервју за Канал 5 телевизија, Сиљановска-Давкова рече дека на 30 септември Европската комисија првпат ќе го претстави моделот според кој ќе се одвива натамошниот процес на проширување, а потоа во октомври за ...
Селекторот на англиската фудбалска репрезентација Томас Тухел останува со целосна поддршка од Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) и се очекува да ја предводи репрезентацијата и на ЕП во 2028 година, и покрај елиминацијата во полуфиналето на СП пренесуваат британските медиуми. – Продолжуваме според договорот до Европското првенство, кое ќе се одржи на домашен терен. Со нетрпение го очекувам тоа, иако во моментов е тешко да се размислува ...
Американската администрација одлучи да го скрати престојот на странските студенти и новинари во САД, покажува владин документ што денеска беше објавен, како нов чекор во нејзината многу рестриктивна имиграциска политика. Според новите правила, кои треба да стапат на сила во рок од два месеци доколку бидат одобрени од Конгресот, на странските државјани кои имаат студентски визи нема да им биде дозволено да останат на американска почва повеќе ...
Изработена е физибилити студија, се обезбедува локација и финансиски модел за проектот што ќе биде основа за владиниот облак, сајбер безбедноста и развојот на вештачката интелигенција. Во вечерашното интервју на Македонската телевизија, во емисијата „На прва“, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски најави дека Владата започнува со реализација на еден од најзначајните инфраструктурни проекти за дигиталната иднина на ...
Полициски службеници уапсиле скопјанец баран со потерница за затворска казна од една и пол година – соопшти Министерството за внатрешни работи. -Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје денеска во во Скопје го лишија од слобода С.А.(49) од Скопје, баран со потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје, за издржување затворска казна од една и пол година, за сторено кривично дело по член 235 ст.1 од КЗ – се ...
На 16.07.2026 околу 13:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот Тетово-Скопје, во близина на наплатната станица Глумово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило “ивеко” со скопски регистарски ознаки, управувано од Ж. Ќ. (53) од Скопје и патничко возило “ауди” со скопски регистарски ознаки, управувано А.З. (29) од Скопје. Со повреди се здобиле А.З. и сопатникот В.Б., кои се пренесени во Комплексот клиники “Мајка ...
До 18 часот денеска во државата се регистрирани вкупно пет пожари на отворен простор, од кои еден е активен, еден е ставен под контрола, а три се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активен е пожарот во општина Старо Нагоричане, во атарот на селото Канарево, каде гори ниска вегетација. Под контрола е пожарот во општина Ново Село, кај селото Бајково, кој зафатил ниска вегетација и мешана шума. Според ЦУК, изгаснати се три ...
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека некои членови на израелската Влада се обиделе да влијаат врз јавното мислење во САД и да создадат негативен став кон склучувањето мировен договор со Иран. Венс оваа позиција ја изнесе во вчера емитуваната епизода од подкастот на популарниот американски водител Џо Роган. Американскиот потпретседател, кого многумина го сметаат за потенцијален иден претседателски кандидат, и претходно ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нема да патува во Соединетите Американски Држави следната недела, бидејќи погребот на американскиот сенатор Линдзи Греем е одложен за крајот на месецот, соопшти кабинетот на израелскиот премиер. Во меѓувреме, повеќе од 100 пратеници од Демократската партија во Претставничкиот дом на САД гласаа за прекин на доделувањето милијарди долари воена помош за Израел во следната фискална година. Предлогот не беше ...
Откако минатиот четврток извојуваа гостински победи, фудбалерите на Силекс и Шкендија денеска во ист термин на различни локации во Скопје ќе се обидат да ја зачуваат предноста и да се пласираат во 2. Квалификациско коло во Конференциската лига во кое, по елиминацијата во Лигата на шампиони, својот настап ќе го продолжи и Вардар. Освојувачот на македонскиот Куп, Силекс, вечерва од 20 часот на ФФМ Тренинг центарот „Петар Милошевски“ го ...
Американскиот Стејт департмент одобри потенцијална продажба на оружени системи за прецизни удари и придружна опрема на саудиската армија во вредност од 1,96 милијарда долари – соопшти американската Агенција за одбранбена безбедносна соработка. Според информациите, договорот предвидува набавка на системи произведени од британската компанија „Би-еј-ај системс“ (BAE Systems), како и соодветна опрема и поддршка. Американскиот Стејт департмент ...
Иранските власти денеска ги осудија американските напади извршени во текот на ноќта во југозападниот дел на Иран, во близина на болница во која се лекуваат и деца, оценувајќи ги како „варварски“. -Овој варварски напад, кој потсетува на насилството на Израел врз здравствените установи, предизвика вистинско страдање и голема загриженост кај хоспитализираните деца. Дополнително, тој изнуди итна евакуација на 211 пациенти кои примаат ...
Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе обвиненија против вкупно шест лица за повеќе дејствија на продолжени кривични дела – Фалсификување исправа од член 378, Злоупотреба на лични податоци од член 149 и Компјутерска измама од член 251-б од Кривичниот законик. Против вкупно 33 лица е поднесен Предлог за издавање казнен налог до надлежен суд за кривично дело – Компјутерска измама од член 251-б став 1 во ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денес оствари работна средба со в.д. амбасадорка на Соединетите Американски Држави, Никол Варнес. На средбата беа потврдени одличните односи меѓу двете земји, како и стабилното партнерство кое се темели на споделените демократски вредности и тесната институционална соработка. Соговорниците разговараа за парламентарната агенда и актуелните институционални случувања. Нагласена беше важноста од ефикасното ...
Претседателката и врховна командантка на вооружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова, денеска го прими началникот на вооружените сили на Сојузна Република Германија, генерал Карстен Бројер. Сиљановска-Давкова посочи дека посетата на генералот Бројер е уште една потврда за посветеноста на НАТО кон регионалната стабилност. Според неа, сојузништвото со Германија овозможува изградба на отпорен и интероперабилен одбранбен систем. За генералот ...
Уставниот судија Гоце Наумовски си поднел оставка од функцијата. Од Уставниот суд информираат дека Наумовски до нив не доставил официјална информација за оставката, но претседателот на судот, Дарко Костадиновски, добил потврда за оставката во телефонски разговор со претседателот на Собранието, Африм Гаши. – До судот од страна на судијата Гоце Наумовски не е доставена официјална информација дека поднесува оставка. Судијата денеска беше отсутен ...
Скандал и срам. Само вака може да се опише тоа што се случило со парите на европските даночни обврзници во проектот за канализација во Зајас, родното место на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, рече Дритон Сулејмани од ВРЕДИ во изјава за медиуми што МИА ја преенсува интегрално. Народот вели дека сонцето не може да се скрие со сито. Но, некој очигледно мислел дека овој скандал може засекогаш да го покрие со неколку документи и печати, за кои не ...
Собраниската комисија за образование, наука и спорт денеска на седница заклучи дека предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за студентскиот стандард, по скратена постапка, е прифатлив и го проследува на натамошно читање. Предлагачи на законот се пратениците Даниела Христова, Каролина Насковска, Иванка Василевска и Велика Стојкова-Серафимовска. Пратеничката Христова рече дека со предлог-законот за изменување и дополнување на ...
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, денеска заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски оствари средба со началникот на Генералштабот на Вооружените сили (ВС) на СР Германија, генерал Карстен Бројер. Мицкоски во објава на неговиот Фејсбук профил посочува дека на средбата било разговарано за унапредување на билатералната одбранбена соработка, зајакнувањето на партнерството во рамки на НАТО, како и за актуелните безбедносни ...
Судот го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство Скопје и им определи 30-дневен притвор на сопружниците осомничени за убиството на докторот Ацо Трповски, извршено на 21 март 2024 година во скопската населба Автокоманда. Како што информираат од Основниот кривичен суд Скопје, притворот е поради постоење опасност од бегство и влијание врз сведоци. Основното јавно обвинителство Скопје вчера соопшти дека по спроведена истрага и ...
Провидна е играта на опозицијата. СДС, Левица и ДУИ на следниот изборен циклус сакаат да се претстават како жртви и оштетени, затоа и не се донесе Изборниот законик, вели Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Стравот од поразот на изборите кој е повеќе од евидентен, направи, овие три политички партии да се здружат и да го блокираат еден од најважните закони за политичките партии, додава тој. „Иако како никогаш досега имаше простор за ...
Владата го спроведува јавниот повик „Поддршка за креирање на нови работни места“, наменет за македонските компании кои планираат да го прошират своето работење преку нови вработувања. Во рамки на првата подмерка „Вработување и раст на правни субјекти“ се предвидува финансиска поддршка за отворање на вкупно 1.385 нови работни места. Ова денеска на прес-конференција го соопшти пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Биљана Кузманоска, која истакна дека за ...
Има ли поголем доказ за она што СДСМ го говори со месеци за смислената партизација, за постепено, чекор по чекор преземање контрола од страна на власта, истакна на прес – конференција Богданка Кузеска – портпаролка и членка на Извршниот одбор на СДСМ. СДСМ уште еднаш понуди свои „докази“ за она што јавноста го виде во седумгодишното владеење, кога и нивниот бивш лидер и премиер Зоран Заев изјавуваше дека „судството го отворив како пупка“. Но, ...
ВМРО-ДПМНЕ обвини дека ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ (ПОЦ), под раководство на кадри на СДС, во текот на 2024 година отпишало долгови во вредност од над 3 милиони денари и побара Општина Центар да ги објави имињата на физичките лица и компаниите на кои им биле отпишани обврските. На прес-конференција, потпретседателот на ОК Центар, Лазар Банов, рече дека според ревизорскиот извештај за 2024 година биле отпишани 2,221 милиони денари долгови ...
Времето до понеделник ќе биде претежно сончево и многу топло, со мала до умерена облачност, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. Особено високи температури се очекуваат утре и во текот на викендот, кога максималната дневна температура насекаде во земјава ќе надмине 31 Целзиусов степен. Од вторник се очекува промена на временските услови. Според прогнозата, времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Фото: ...
Британскиот премиер Кир Стармер денеска престојува во последна официјална посета на Украина пред заминувањето од функцијата, при што порача дека „цврстата како челик“ поддршка на Обединетото Кралство за Киев ќе продолжи и во иднина. Стармер во Киев се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски, во пресрет на изборот на Енди Барнам за нов лидер на Лабуристичката партија и иден премиер. Во изјава објавена пред посетата, Стармер оцени ...
Од болница во Уганда денеска ќе биде отпуштен последниот пациент заразен со вирусот ебола, со што ќе започне 42-дневниот период по кој земјата може да биде прогласена за ослободена од таа болест. Пациентот се наоѓа во карантинското одделение на Националната референтна болница „Мулаго“ во главниот град Кампала. По неговото отпуштање започнува периодот на следење предвиден од Светската здравствена организација по кој, доколку нема нови случаи, ...
Четири компании аплицирале на повторениот тендер за набавка на електрични автобуси за јавниот превоз во Скопје и во други градови во државата – информира денеска министерот за транспорт, Александар Николоски. – Утрово добив информација дека в понеделник ќе го добијам извештајот. Четири компании аплицирале, в понеделник јавно ќе ве запознаеме со извештајот и со наводите во извештајот. Навистина се надевам дека овој пат повикот ќе биде успешен ...