Нашата политика е силна Македонија, со силна економија, со владеење на правото, вели премиерот Христијан Мицкоски, нагласувајќи дека Македонија годинава потпиша стратешко партнерство со земја членка на ЕУ – Унгарија, потпиша стртешко партнерство со Велика Британија, во исклучително добри односи сме со САД, потпишавме договор за стратешка соработка со Турција, во очекување сме да потпишеме таков договор и со Обединетите Арапски Емирати и први во ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, вечерва во „Само интервју“ на Телевизија Канал 5, зборувајќи за односот на Бугарија кон нашата евроинтеграција кажа дека барањето на Бугарија не се само Бугарите во Устав, и дека тоа е само почеток, а не како што говори и СДСМ дека потоа не чека отворен пат. „Ајде да направиме велам еден обид, а тој обид е Европскиот парламент со мнозинство гласови да донесе одлука со која што или резолуција, или ќе ...

Хрватската европратеничка Билјана Борзан иницираше расправа во Комисијата за внатрешен пазар и заштита на потрошувачите при Европскиот парламент, со фокус на рекордно високите цени на храната во Источна Европа, јави ХИНА. – Според последниот Евробарометар, мнозинството граѓани на ЕУ ги сметаат инфлацијата и сиромаштијата за најголеми проблеми. Ова е особено изразено во источноевропските земји, каде што поскапувањето на храната е највисоко. Со ...

СДС и ДУИ ја претворија М-НАВ во партиска филијала напикаа роднини, деца, внуци и коалициски партнери за плати неколкупати поголеми од просечните. За време на СДС и ДУИ само што не настана огромен безбедносен проблем, откако контролорите за летање беа тепани од активисти на ДУИ, стои во реакцијата на соопштение на СДСМ. „СДС и ДУИ скандалозно вработуваа роднини, деца, зетовци, братучеди на пратеници и министри од СДС и ДУИ како на пример ...

Американскиот Сенат утринава го одобри предлогот на претседателот на САД Доналд Трамп за кратење на девет милијарди долари од буџетските средства, главно насочени кон странска помош и јавно радиодифузно финансирање. Пакетот сега се враќа во Претставничкиот дом, каде што мора да биде усвоен до петок, според буџетските правила што ги користат републиканците за да го поминат без поддршка од демократите, јави Си-Ен-Ен. Ако Претставничкиот дом го ...

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, и градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денес го потпишаа договорот за грант како дел од Вториот јавен повик за доделување грантови за проширување на капацитетите на установите за згрижување и воспитување деца од предучилишна возраст. Овој јавен повик се реализира во рамки на Проектот за подобрување на социјалните услуги, кој Министерството го спроведува со ...

Премиерот на Владата Христијан Мицккоски, денеска заедно со Тимотеус Хетгес, главен извршен директор на Дојче Телеком и Доминик Лерој, член на Управниот одбор на Дојче Телеком, ГИД за Европа, и Горан Марковиќ, главниот извршен директор на Македонски Телеком, потпишаа Меморандум за разбирање на Владата со Македонски Телеком, со што се потврдува заедничката цел на двата најголеми акционери во компанијата за дигитална трансформација и просперитет ...

Во име на Владата на Република Македонија, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денес потпиша меморандум за соработка со Македонски Телеком, во присуство на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Потпишувањето на овој стратешки документ претставува значаен чекор кон унапредување на дигиталната инфраструктура. Андоновски истакна дека ова е стратешки чекор напред во делот на дигиталната трансформација на државата и ...

Во македонската кинематографија недостасува скромност и емотивна интелигенција. Тргнавме по некоја угорница на сопствениот занес не гледајќи колку е стрмно позади нас. Егото го ограничува погледот и за жал ‘идолот’ на кој му се поклонува македонската кинематографија е погрешен. Од тука и моето неразбирање зошто при целата слобода на уметноста да сакаш да си ист“, вели меѓу другото, Благој Веселинов, актерот чие име во последнава деценија стана ...

Кој зборува за култура? СДС? Партијата која на чело на Министерството за култура ја имаше Бисера Антоанета?- прашува ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на денешната прес-конференција на СДСМ. Во продолжение целото соопштение: Со СДС, парите во културата завршуваа или за мечиња за Бисера или за УЧК песни. Јасно се гледа дека во Министерството за култура по нивната логика оправдано беше само да се трошат државни пари за плишани мечиња и шопинзи во Лондон. ...

Со околу 14 милијарди денари или 225 милиони евра ќе се финансираат 828 проекти во општините кои аплицираа на вториот повик што го спроведе Владата преку Министерството за локална самоуправа. Најголем дел од проектите (589) се од областа на транспортот за што ќе бидат наменети над осум милијарди денари, по што следуваат проектите од областа на животната средина (143) за што ќе се инвестираат над 2,4 милјарди денари, образованието (48) за што ќе ...

Радикални маргинални структури се обидуваат повторно да предизвикаат вештачки конфликти со симболите на државноста и борбата, истакна на денешната прес-конференција Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Во продолжение интегрално тесктот од прес-конференцијата: Последниот срамен обид на Левица, да поднесе закон за забрана на името ВМРО, не е ништо друго освен директна нарачка од круговите што со децении работат против ...

Американскиот Конгрес расправаше за наводна злоупотреба на федерални средства, при што беше изнесено тврдење дека администрацијата на претседателот Џо Бајден ги користела парите на даночните обврзници за да поддржи политичка опозиција во Унгарија, со цел да го ослаби демократски избраниот премиер Виктор Орбан, пишуваат денеска унгарски медиуми. Обвинувањето беше изнесено на вчерашното сослушување на Поткомитетот за надзор при Комисијата за ...

Денеска, во британскиот Форин офис, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со државниот секретар за надворешни работи, развој и Комонвелт на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Дејвид Лами. – Средба од историско значење, која отвора ново поглавје во билатералните односи помеѓу двете земји, во чии рамки ја потпишавме Декларацијата за стратешко партнерство. Овој документ ќе ги ...

Почетокот на судскиот процес против Раде Трајковски – Штекли и уште девет лица обвинети за трговија со дрога се одложи за 7 август поради хоспитализација на обвинетиот Трајковски – Штекли. Како што информира судијата Илија Трпков, Трајковски утрово бил неконтактибилен и дезориентиран, поради што итно требало да биде пренесен во Клиничкиот центар. Такви напади, како што дополни, имал и во текот на вчерашниот ден. Денешното рочиште, закажано за 10 ...

Во Владата денеска се потпишани договорите со општините кои аплицираа и беа избрани на вториот повик за финансирање на инфраструктурни проекти. Потпишани се договори во вредност од околу 14 милијарди денари кои со средствата од првиот повик изнесуваат вкупно околу 20 милијарди денари со кои се финансираат вкупно 1.200 проекти. За премиерот Христијан Мицкоски е значајно тоа што аплицирале сите општини без разлика на политичката припадност на ...

Причината за доцнењето на судењето, како што соопшти судијата Илија Трпков, е известувањето што Судот го добил од затворот „Скопје” дека Трајковски е хоспитализиран на Клиниката за неврологија поради здравствени проблеми. Имено, како што било наведено во известувањето, Трајковски утрово бил неконтактибилен и дезоринетиран поради што со болничко возило бил пренесен во Клиничкиот центар на преглед. Наместо во 10 часот, кога беше закажано, ...

Поранешниот американски претседател и неговата прва дама, Барак и Мишел Обама на хумористичен начин ги отфрлија постојаните гласини за нивните брачни проблеми. – Таа ме прими назад!, рече Барак низ смеа во интернет-емисијата на својата сопруга. Во опуштена атмосфера на најновата епизода од подкастот којшто Мишел го води со својот брат Крег Робинсон, познатиот пар се осврна на медиумските гласини дека нивниот брак е во криза. Наводите, вссушност ...

Тринаесетмесечно бебе од Србија трагично го загуби животот во ресторан во туристичкото место на Халкидики, Грција, пред очите на своите родители. Според информациите од грчките медиуми, трагедијата се случила вчера околу 18 часот, додека семејството било на вечера. Семејството, татко на 31 година и мајка на 32 години, допатувале на одмор заедно со нивното мало дете, кога одненадеж бебето почнало да се гуши со храна. Родителите се обиделе да му ...

Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Каја Калас изјави дека, доколку Европската Унија го финансира вооружувањето на Украина, тоа ќе претставува европска поддршка, а не американска, независно од изјавите на претседателот на САД, Доналд Трамп. Нејзината изјава доаѓа по изнесената најава на Трамп дека САД ќе испратат дополнително оружје за Украина, но средствата за тоа ќе ги обезбеди ЕУ, што, според весникот „Гардијан“, ...

Најмалку 60 лица загинаа, а 11 се водат како исчезнати во голем пожар што избувна ноќеска во трговски центар во градот Кут, во источен Ирак, соопштија денеска локалните здравствени власти и полициски извори. Медиумите посочуваат дека жртвите се главно жени и деца. На снимки објавени на социјалните мрежи се гледа како пламен ја зафаќа петкатната зграда на хипермаркетот, додека пожарникарите се борат со огнената стихија. – Составивме список со 59 ...

Белгија ќе испрати речиси 200 воени лица во Литванија по должината на границата со Русија, како дел од активностите на НАТО за заштита на источниот дел од земјата, објавија локалните медиуми, повикувајќи се на изјава на белгискиот министер за одбрана Тео Франкен Мисијата е дел од пошироката стратегија на Алијансата за одвраќање од потенцијални закани од Русија, при што се воспоставени мултинационални борбени групи во осум земји од источна ...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши на почетокот на денешната седница соопшти дека на 12 јули 2025 година му престана функцијата Народен правобранител на Насер Зибери поради исполнување на условите за старосна пензија. -Ве известувам дека Народниот правобранител Насер Заибери на 12.07.2025 година исполни услови за старосна пензија. Констатирам дека врз основа на член 9 став 1 од точка 3 од Законот за Народниот правобранител на Народниот ...

Фирма од Прилеп и’ дава на државата високо софистицирани средства за гаснење пожар по производна, набавна цена без никаков профит, истакна вицепремиерот и министер за политички систем Љупчо Димовски во емисијата „За или против“ со Љупчо Цветановски. Се работи за нано-технологија и материјали кои предизвикуваат брзо гаснење на пожарите или пак, спречуваат/превенираат палење на високо запаливи и ризични материјали. -Механизацијата која ја имаме ...

Сите детали за новиот предлог закон за ваучерите за студенти Курир ги дознава во интервју со пратеничката во македонското собрание, Драгана Бојковска. Пратеничката од редовите на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска, со свои потпис го подржа предлог законот за субвенционирање 15.300 денари вредносни ваучери, наменети за набавка на електронски уреди за студенти. Таа како млада пратеничка активно придонесува во работата на собранието ...

Дополнетиот ребаланс на Буџетот вчера бил усвоен на владина седница и со него се обезбедуваат дополнителни средства за Министерствата за транспорт, за социјална политика и за образование и наука. Како што соопшти денеска Министерството за финансии, станува збор за шест милиони денари за проектна документација за нова сообраќајница во општина Куманово во Буџетот на Министерството за транспорт, дополнителни 50 милиони денари за исплата на ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера и денес престојува во повеќедневна посета на Лондон, Обединетото Кралство. Во рамки на посетата, денес ќе оствари средба со државниот секретар за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Дејвид Лами. По средбата, предвидено е да биде потпишана Заедничка декларација за стратешко партнерство помеѓу Република ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека гигантот за пијалаци Кока-Кола се согласил да го замени сирупот од пченка со висока фруктоза со вистински шеќер од шеќерна трска во својот главен американски безалкохолен пијалок Кока-Кола. – Разговарав со Кока-Кола за користење вистински шеќер од шеќерна трска во Кока-Кола во САД, и тие се согласија да го направат тоа, напиша Трамп на својата платформа Трут Соушл. – Би сакал да им се ...

Координаторот за итна помош на ОН, Том Флечер, вчера го повика Советот за безбедност на ОН да оцени дали Израел ги исполнува своите обврски во Газа, предупредувајќи дека хуманитарната ситуација станала катастрофална. – Израел, како окупаторска сила, е обврзан да обезбеди луѓето да имаат храна и медицински материјали. Но, тоа не се случува, рече Флечер во Њујорк. „Наместо тоа, цивилите се изложени на смрт и повреди, присилно раселување, лишени од ...

Германската влада соопшти дека нема да прифати предлог на Европската комисија за зголемување на долгорочниот буџет на ЕУ на вкупен волумен од два трилиони евра (2,3 трилиони долари) за годините од 2028 до 2034. Сеопфатно зголемување на буџетот на ЕУ е неприфатливо во време кога земјите-членки вложуваат значителни напори за стабилизирање на нивните буџети, изјави портпаролот на германската влада, Штефан Корнелиус. – Затоа нема да можеме да го ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
2.06
32%
1023
weather icon

Белград

30ᴼ / 28ᴼ
2.68
41%
1023
weather icon

Загреб

31ᴼ / 28ᴼ
1.03
42%
1022
weather icon

Софија

25ᴼ / 24ᴼ
3.09
35%
1024
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
2.54
29%
1024
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
1.54
61%
1022
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
9.39
39%
1021
weather icon

Тирана

31ᴼ / 31ᴼ
4.12
31%
1021
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
2.06
29%
1022
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 27ᴼ
2.06
40%
1025
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 28ᴼ
2.57
43%
1023
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
6.17
36%
1023
Currency

61.53

Currency

52.3207

Currency

70.6068

Currency

34.5173

Currency

37.9773

Currency

65.8447

Currency

7.35718

Currency

0.62675

Currency

0.35386

Currency

0.52449

Currency

1.26488

Currency

0.5941