Структури на СДС поддржуваат опасна бугарска пропаганда која има за цел негирање се што е македонско. Или едноставно, амбасадорот на бугарските интереси и пари во Македонија е СДС, и Венко Филипче. Ова се истакнува воденешната реакција од ВМРО-ДПМНЕ, чие соопштение го објавуваме во целост: Јасно е дека на официјална Софија и смета се што застанува во заштита на македонските вредности и државните интереси во Македонија. Јасно е зошто се нападите ...

Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост и револт поради одлуката на актуелната влада ВМРО–ВРЕДИ да не даде согласност за засновање на постојан работен однос на 155 медицински сестри во Клиничката болница во Тетово – професионалистки, мајки и столбови на стотици семејства, кои со години посветено им служат на пациентите и на јавното здравство на државата. Ова го соопшти ДУИ, чије соопштение го обајвуваме подолу во целост: ...

Македонија 2024 година ја завршила со рекордни 1,25 милијарди евра странски директни инвестиции – највисоко ниво досега, изјави Гоце Димовски, директор на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони (ТИРЗ), во интервју за бизнис магазинот „Капитал“. Според него, ваквото темпо на привлекување инвестиции ќе продолжи и во наредниот период, со уште посилна динамика. Димовски нагласува дека веќе постои сериозен интерес од странски компании со ...

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини донесе решенија за финансиска поддршка на домаќинства со едно или повеќе деца со попреченост, корисници на посебен додаток и решенија за стекнување финансиска поддршка на домаќинствa згрижувачи кои згрижуваат од едно лице до пет лица во своето семејство. Решенија се дел од мерките за директна финансиска поддршка на ранливите категории граѓани, со цел намалување на трошоците за ...

До 08:00 часот изутринава на територијата на државата се евидентирани вкупно 22 пожари на отворен простор, од кои четири се активни, три се под контрола, а 15 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Активни пожари има кај село Нивичино во Општина Василево (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација), кај село Грешница во Општина Македонски Брод (мешана шума и сува трева), помеѓу селата Црешнево, Локвица и Крапа во ...

Неодамнешно истражување објавено во „Frontiers in Medicine“ ја испитува врската помеѓу алергиските болести и ризикот од развој на рак на белите дробови. Ракот на белите дробови е еден од најчестите видови рак во светот, со околу 2,26 милиони случаи пријавени во 2019 година, при што бројот на случаи и смртни исходи е зголемен за 26% во 2010 и за 20% во 2019 година. Во исто време, алергиите се препознаваат како значаен здравствен проблем во ...

Едно лице загина, а две се повредени при руски ракетни напади што ја погодија украинската престолнина Киев изминатата ноќ, соопштија денеска локалните власти. Нападите погодиле четири делови од градот, а оштетени се станбени згради, супермаркет, влез на метро-станица и основно училиште каде што избувнал и пожар, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко. Жртвите ги потврди началникот на воената администрација на градот, Тимур Ткаченко. ...

Најмалку тројца луѓе загинаа, а 568 беа спасени по избувнување пожар на патнички ферибот во индонезиските води, соопштија властите. Инцидентот се случил вчера околу пладне, додека фериботот пловел кон Манадо – главниот град на провинцијата Северно Сулавеси – на својата редовна рута од пристаништето Мелонгване во истата провинција, изјави адмирал Франки Пасуна Сихомбинг, командант на морнарицата во Манадо. Во спасувачката операција биле вклучени ...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 40 степени. Во текот на новата работна седмица времето ќе биде сончево и многу топло со ...

Денеска е 8 јули (по стар стил) и се слави Светиот великомаченик Прокопиј. Роден е во Ерусалим, од татко христијанин и незнабожна мајка. Името најпрво му беше Неаниј. По смртта на таткото, мајката го воспита синот сосема во духот на римското идолопоклонство. Кога Неаниј порасна, го виде еднаш царот Диоклецијан и толку го засака, што го зеде кај себе во дворецот на војничка служба. А кога овој злочестив цар почна да ги гони христијаните, го ...

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 8 јули. Денеска е Св. великомаченик Прокопиј и преподобен Теофил. Свети Прокопиј се роди во Ерусалим, роденото име му беше Неаниј. Татко му умре набргу по неговото раѓање, а мајка му го воспита како паганин. Кога порасна стапи во војничка служба кај императорот Диоклецијан. А кога овој почна да ги гони христијаните го испрати Неаниј по таа работа во Александрија. На патот, после еден ...

Денот на св. Прокопиј се држи како тежок празник за да не го прокопа порој полето, а жените го држат празник за да им се прокопцани децата. Именден празнуваат: Проко… Светиот великомаченик Прокопиј живеел во време на царот Диоклецијан, а тоа е време на најжестоки прогони на христијаните. Пред да стане христијанин се викал Неание. Татко му бил христијанин, но мајка му не била христијанка туку верувала во многу богови. И Прокопиј во младоста не ...

Денеска е 8 јули (по стар стил) и се слави Преподобен Теофил Мироточив. Теофил е родум од Македонија, од селото Зики. Многу учен човек и голем подвижник. Цариградскиот патријарх Нифонт му порача да отпатува во Александрија и да испита дали е вистина дека патријархот Јоаким поместил гора и испил отров без да му наштети. Кога се увери во вистинитоста на овие чуда, Теофил се врати на Света Гора, каде што се подвизуваше најпрво во Ватопед, па во ...

ВМРО-ДПМНЕ ако од нешто има паника, тоа е од мазохистичките прес-конференции и соопштенија на СДС. Се грижиме што не останавме со нормална реформирана опозиција, која ќе биде алтернатива и коректор на власта. И наместо тоа, го имаме истиот СДС кој ги донесе 7-те години беда, корупција, предавства и пропаст на државата и нејзините институции. СДС, чие раководство е во скут на бугарското разузнавање и на ДУИ, заради сопствените коруптивни особини ...

Во драма која се случувала во Струмичко во последни секунди пред да биде предоцна македонски хеликоптерски посади спасиле неколку животи. Луѓето од хеликоптерите со прецизни фрлања на вода го спречиле огнот да дојде до луѓе во опасност. Во операцијата учествувале и припадници на МВР Струмица и специјалната полициска единица со возилата пинцгауери кои со командирот презеле соостветни мерки. Ова го раскажува заменик директорот на Јавното ...

На територијата на државата се евидентирани вкупно 15 пожари на отворен простор, од кои – седум се активни, два се под контрола, додека шест се изгаснати, наведува Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни се пожарите во Општина Василево – с. Нивичино, Општина Македонски Брод 1 – с. Грешница, Општина Македонски Брод 2 (реактивиран) – помеѓу с. Црешнево, с. Локвица, с. Крапа, Општина Прилеп – помеѓу селата Царевиќ и Смолани, Струга – помеѓу ...

Членот на Изборниот комитет на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, денеска од Крива Паланка порача дека општината добила значајна финансиска поддршка од централната власт, предводена од неговата партија, и дека е време за промени во локалното раководство. – Безидејноста на градоначалникот и на локалната самоуправа доведе до тоа во изминатите 3 години да се реализираат капитални инвестиции од само 3 милиони евра. За споредба, само во ...

Денеска заедно со колешката Валентина Марчевска бевме во посета на населените места Старо Село и моментално Вратница од општина Јегуновце. Во општина Јегуновце градоначалникот Димитар Костадиноски ја има надминато ветената програма од последните локални избори во 2021 година, односно ги има реализирано сите ветени проекти и во текот на изминатава година со средствата кои што беа доделени од страна на владата на Македонија, има + 20 проекти од ...

Со дефиле на 50 делегации, во Спортскиот центар „Јане Сандански“ вечерва започна Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ) Скопје 2025. Фестивалот официјално ќе го отвори и претседателката Гордана Сиљановска Давкова, а ќе се обрати и претседателот на Европските олимписки комитети, Спирос Капралос. Свечената церемонија го означи почетокот на седумдневен спортски и културен спектакл кој ќе ги обедини младите спортисти од цела Европа во духот ...

Средба лице в лице меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп сигурно ќе се случи, но времето сè уште не е дојдено, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Тајмс“ претходно оваа недела објави дека трилатерална средба меѓу Путин, Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг би можела да се одржи во септември за време на воената парада во Пекинг по повод 80-годишнината од победата над Империјална Јапонија во ...

Прелиминарните наоди од истрагата за основачот на Светскиот економски форум (СЕФ), Клаус Шваб, откриваат дека тој наводно манипулирал со значаен извештај за глобалната конкурентност за политички цели и испраќал несоодветни е-пораки до помладите вработени, објави денес швајцарскиот весник „Зонтаг Цајтунг“. Истрагата, исто така, откри дека сопругата на Шваб наводно платила за патување со пари од СЕФ иако немала официјална позиција во ...

Највисока температура денеска напладне е измерена во градот Омдије во југозападниот дел на Иран, каде температурата достигна 49,6 степени, се наведува на веб-страницата Огимет, која собира податоци за метеоролошката состојба од целиот свет. На второ место е исто така град во Иран, Ахваз, кој е сместен во долината на реката Карун, каде се измерени 48,6 степени. Најстудената точка во светот денеска напладне беше Восток на Антарктикот, каде се ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се опоравува по труењето со храна, соопшти денеска неговиот кабинет, додавајќи дека тој ќе продолжи да ги извршува своите должности од дома во следните три дена. Седумдесет и петгодишниот премиер се чувствувал лошо синоќа, а лекарите дијагностицирале воспаление на цревата и дехидрација. Во соопштението од неговиот кабинет се наведува дека му била дадена инфузија. – Согласно укажувањата од докторите, ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска одбележа шест месеци од преземањето на функцијата, пренесуваат американските медиуми. Тој ги сумираше своите достигнувања со објава на социјалната мрежа „Трут Соушл“. „Денес се навршуваат шест месеци од мојот втор мандат, кои се сметаат за еден од најзначајните периоди за секој претседател“, нагласува Трамп. Тој посочува дека со други зборови, неговата администрација направила многу големи работи, ...

Руските војници ја презедоа контролата врз селото Белаја Гора во самопрогласената Донечка Народна Република поддржана од Русија во источниот дел од регионот Донецк во Украина во текот на изминатите 24 часа, објавија светските агенции, повикувајќи се на соопштение од Министерството за одбрана во Москва. -Како резултат на успешните офанзивни акции, единиците на Јужната група на сили на Русија го ослободија селото Белаја Гора во Донечката Народна ...

Очајни се резултатите на ВМРО-ДПМНЕ и Мицоски во изминатата година на секое поле, особено во економија, очајни се нивните резултати дури и на локално ниво, истакна потпретседателката на СДСМ Кристина Костова во интервју за „Трилинг“. Таа ја посочи лошата економска состојба, предупредувајќи за растечка инфлација, намалената куповна моќ на граѓаните, зголемениот јавен долг и политиките на власта кои ја доведуваат Македонија во ситуација на ...

Министерката за образование, Весна Јаневска, смета дека објектите на ФЕИТ и Факултетот за физичка култура намерно биле оставени недоградени цели 10 години, бидејќи биле започнати како проекти на ВМРО-ДПМНЕ, без да се води грижа за интересите на студентите, професорите и за знаењето. Научно-технолошкиот парк нема никаква врска со тие 2 згради. Тие две згради се политика на Министерството за образование и наука, политика на државата, а ...

Највисока температура денеска напладне е измерена во градот Омдије во југозападниот дел на Иран, каде температурата достигна 49,6 степени, се наведува на веб-страницата Огимет, која собира податоци за метеоролошката состојба од целиот свет. На второ место е исто така град во Иран, Ахваз, кој е сместен во долината на реката Карун, каде се измерени 48,6 степени. Најстудената точка во светот денеска напладне беше Восток на Антарктикот, каде се ...

Д-р Вилијам МАКИС НОВА СТАТИЈА: Сведоштво за ИВЕРМЕКТИН и ФЕНБЕНДАЗОЛ – 55-годишен маж од САД дијагностициран со рак на простата во 4ти стадиум, Глисон 9 и коскени метастази. PSA падна од 141 на 0,25 за 3 месеци! „Има 60 години и е во добра здравствена состојба. Пред 5 месеци имал лекарски преглед и сите лабораториски тестови биле во ред.“ Животот може да се промени многу брзо. „Пред неколку недели почна да чувствува болка и замор и отиде на ...

Денеска (20.07.2025) околу 8 часот во Тетово полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции го лишија од слобода А.С.(45) од с.Горно Палчиште, о.Боговиње. При контрола на патничко возило “ауди” со тетовски регистерски таблички, кое А.С. го управувал, пронајдени се 49 кутии со филтри за цигари, 70 штеки со по 10 кутии цигари, 19 машинки за полнење на цигари и 98 килограми дробен тутун. ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
2.06
34%
1024
weather icon

Белград

28ᴼ / 27ᴼ
2.57
45%
1025
weather icon

Загреб

28ᴼ / 25ᴼ
1.03
52%
1023
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
1.54
38%
1025
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
1.73
31%
1025
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 24ᴼ
0.59
73%
1024
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
8.05
41%
1021
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
2.06
26%
1022
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
1.54
32%
1023
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
2.68
43%
1026
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 25ᴼ
2.24
49%
1024
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
5.66
41%
1024
Currency

61.53

Currency

52.3346

Currency

70.6068

Currency

34.5437

Currency

37.8847

Currency

65.8447

Currency

7.35718

Currency

0.62675

Currency

0.35386

Currency

0.52449

Currency

1.26488

Currency

0.5941