Функцијата не била и никогаш нема да биде цел сама по себе, таа е средство преку кое се служи на народот, порача премиерот Христијан Мицкоски, денеска на 112. седница на Собранието на која треба да бидат разрешени и избрани членови на Владата. Осврнувајќи се на предлогот за разрешување на дел од министрите, рече дека сите до еден се луѓе со чест и достоинство и пред се чесни луѓе. Денес, нагласи, не се збогуваме со луѓе кои не работеле, туку ...

ВМРО-ОКГ обвинува дека опозицијата се повлекува од преговорите за Изборниот законик затоа што се плаши од избори и пораз. Но оваа теза е нелогична и лесно разоткриена, се вели во соопштението од СДСМ кое МИА го објавува интегрално. Ако ВМРО-ОКГ и Мицкоски се толку силни како што тврдат, зошто толку инсистираат на закон кој овозможува неконтролирана кражба на гласовите од дијаспората? Ако се толку убедени во својата победа, зошто им е потребна ...

Претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Тодор Конески ја истакна новата програма за практикантство, која им овозможува на студентите да стекнат практично искуство во локалните самоуправи, со што се подобрува нивната подготвеност за пазарот на трудот, а истовремено општините добиваат млада енергија, нови идеи и поголем капацитет за прилагодување на современите предизвици. „Новата програма што ја промовиравме, месеци на практикантството тоа е ...

Џонсон Мети неодамна објави дека е постигнат договор за преземање на „Cormetech“ (Корметех), водечки и брзорастечки американски производител на катализатори за селективна редукција на процесот на катализација (SCR – Selective Catalytic Reduction) кои обезбедуваат контрола на емисии за стационарно производство на енергија и индустриските апликации. Се очекува купувањето на Корметех да заврши во јули 2026 година, по добивањето на вообичаените ...

Ноќеска на улицата „Варшавска“ во скопската населба Тафталиџе целосно изгорел патнички автомобил, кој, според неофицијални информации, го користел судијата Ѓоко Ристов. Фотографиите од местото на настанот покажуваат дека возилото е речиси целосно уништено од пожарот, при што најголема штета е причинета на предниот дел и моторниот простор, објави НОВА МАКЕДОНИЈА. Инцидентот доаѓа во период кога името на судијата Ристов е во фокусот на јавноста ...

Полициски службеници од СВР Скопје вчера околу 23 часот на територија на ПС Бит Пазар, го лишија од слобода Б.Џ.(31) од Скопје, затоа што, според пријавеното, со нож му нанел убодни рани на својот татко Е.Л. (52) од Скопје. -Според пријавеното, на 12.07.2026 околу 22:35 часот во семејниот дом, Е.Л., кој бил под дејство на алкохол, физички ја нападнал својата 54-годишна сопруга (мајка на Б.Џ.), по што Б.Џ. му нанел убодни рани на својот татко. ...

Нов ден, нова војна меѓу раскараните есдеесовци. Од една страна реалните, кои го признаваат дебаклот и од друга Заевистите со розови очила кои ја тераат СДС во провалија, со песна. Песната е за Заев, се разбира. Во војна влезе и најголемиот и најпатетичниот бранител на неделото на ликот црпнат од нивата. Кој друг ако не Тито Беличанец со нова инфантилна канонада на одбрани и хвалоспеви за Заев. Сега ја спука со Аднан Џаферовски, кој го обвини ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од северен правец. Долж Повардарието ветерот ќе достигне брзина од 50 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 24 до 34 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ...

Собранието денеска се очекува да ја почне 112. седница, на која треба да бидат разрешени и избрани нови членови на Владата. Собранието треба да го разреши Игор Филков, министер за правда (ЗНАМ), а на негово место да го избере Јетон Шасивари („Вреди“). Иван Стоилковиќ (коалиција ВМРО-ДПМНЕ) ќе биде разрешен од Министерството за односи меѓу заедниците, но треба да ја преземе министерската функција во Локалната самоуправа. Златко Перински, ...

Во мал камион со странски регистарски таблички, инспекторите Независната управа за јавни приходи на Грција (ААДЕ), откриле над два тона небезбедни млечни производи со потекло од Бугарија, што се пренесувале нелегално и во несоодветни услови, без ладилник, јави дописничката на МИА од Атина. Од ААДЕ соопштија дека во рамките на насочените контроли за сузбивање на нелегалниот транспорт и трговија со производи и небезбедна храна, малиот камион ...

Бројот бродови што вчера поминале низ Ормуската Теснина опаднал на ниво најниско во последните неколку недели, покажуваат податоците за поморскиот сообраќај, во мигови кога новите напади меѓу САД и Иран и инцидентите со бродови во регионот ја зголемуваат загриженоста за безбедноста на тој стратешки пловен коридор. Според податоците од службите за следење на пловидбата, низ теснината вчера поминале само шест бродови, што е најмал број во ...

Откако Светското првенство 2026 чиј домаќини се САД, Мексико и Канада ќе заврши, ќе седнеме и ќе ги разгледаме сите опции за евентуално проширување на форматот на мундијалскиот турнир во иднина, најави синоќа претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино. На тековното Светско првенство прв пат во историјата учествуваат 48 репрезентации, а веќе се шпекулира за можно проширување на форматот со 64 земји. „Ова се ...

САД и Иран денеска продолжија со меѓусебни напади, при што Вашингтон соопшти дека погодил десетици ирански воени цели, додека Техеран објави дека нападнал американски бази во Јордан, Бахреин и Кувајт. Американската Централна команда (CENTCOM) соопшти дека биле гаѓани ирански системи за противвоздушна одбрана, крајбрежни радари, ракетни и беспилотни системи, како и помали пловни објекти. Од друга страна, Иранската револуционерна гарда соопшти ...

Првото полуфинале на Светското првенство ќе го играат Франција и Шпанија, а веќе почнаа „нападите“ со изјави од двата табора. Новиот играч на Реал Мадрид и француски репрезентативец Ибрахимa Конате се осврна на изјавата на Ламин Јамал, кој изјави дека Франција треба да се плаши. -Можат да зборуваат што сакаат… нема страв. Екипата е насочена исклучиво на тоа што ќе биде на теренот. Ќе се обидеме да се подготвиме што е можно подобро и на крајот ...

Двата гола на англискиот репрезентативец Џуд Белингам против Норвешка му овозможија на Реал Мадрид да сруши историски рекорд на светските првенства. Двата гола на Белингам го зголемија бројот на голови постигнати од играчите на Реал Мадрид на турнирот на 19, надминувајќи го досегашниот рекорд од 18, кој го држеа унгарски Хонвед од 1954 година, германски Баерн Минхен од 2014 година и ПСЖ од Мундијалот во 2022 година. Белингам, со шест гола, се ...

Русија развива нови системи за електронско војување за неутрализирање на сателитските платформи „Старлинк“ на линијата на фронтот, објави „Ројтерс“. Тоа е сателитски систем што го произведува и разбива компанијата на Илон Маск. Според украинските команданти и пилоти на беспилотни летала, руските вооружени сили распоредуваат моќни уреди за попречување на сателитски сигнали во близина на градовите и воените објекти за да ги прекинат ...

Руските сили погодиле складиште за муниција во киевското предградие Вишњеве, каде што биле складирани гранати и проектили со помал калибар со јадро од осиромашен ураниум-238 и касетни бомби. Поради ризикот од радиоактивна контаминација, во селото почнала итна евакуација на населението, а украинските безбедносни служби целосно ја изолирале областа. Повеќе од 500 луѓе се евакуирани од опасната зона, додека локалните јавни групи на социјалните ...

Репрезентацијата на Аргентина, актуелниот светски првак во среда на 15.јули ќе игра полуфинале на Светско првенство против Англија. Капитенот на „гаучосите“ Лионел Меси има одиграно повеќе од 200 натпревари за аргентинската репрезентација, но ниту еден против Англија. Поранешните англиски репрезентативци сметаат дека Меси сè уште е најголемата опасност за тимот на Томас Тухел. Како што напомена Вејн Руни, Меси можеби во одбраната не помага ...

Ирачкиот премиер Али ал-Заиди утре ќе отпатува за Вашингтон на разговори со американски дипломати за зајакнување на билатералните врски, при што се очекува за време на посетата да бидат потпишани договори за нафта и гас, соопшти денеска портпаролот на владата. Заиди ќе биде придружуван од висока делегација, наведе Хајдер ал-Абуди во соопштение што го пренесе државната Ирачка новинска агенција (ИНА). Тој додаде дека ирачкиот премиер за време ...

Во денешните израелски напади врз Појасот Газа убиени се пет луѓе, вклучувајќи и едно деветгодишно девојче, соопштија палестински здравствени функционери. Според спасувачите, израелскиот напад бил насочен кон група шатори источно од бегалскиот камп Ал Буреиџ во централниот дел на Газа, каде што е убиено девојчето Тала Абу Матара, кое имало девет години. Израелската војска не се огласи во врска со смртта на девојчето. Во воздушен напад врз ...

Левица најави дека во понеделник ќе бара координативна средба на опозициските партии за Изборниот законик. Тоа е веќе видено сценарио во кое сателитските партии на Мицкоски се обидуваат да ја вовлечат опозицијата во неговата валкана игра. Прашањето е едноставно: Зошто опозицијата би требало да се собира по нарачка на Мицкоски?, велат од СДСМ во партиско соопштение. Дали тој е класен наставник кој ќе ја повикува опозицијата кога сака? Дали ние ...

Директорот на НУ Охридско лето, Ѓорѓи Цуцковски, истакна дека фестивалот веќе 66 години успешно ја гради својата меѓународна репутација претставувајќи мост меѓу културите, народите и генерациите. – Како директор на фестивалот чувствувам особена одговорност, но и привилегија да бидам дел од приказната што со децении ја обликува духовната и културната мапа на нашата земја и пошироко. Охридско лето не е само фестивал – тоа е традиција, вредност ...

Ормуската Теснина е далеку поважна од поседувањето десетици атомски бомби, изјави денеска Мохсен Резаи, советник на иранскиот врховен лидер Моџтаба Хамнеи, пренесуваат иранските медиуми. – Овој стратешки премин е поважен од десетици атомски бомби и Исламската Република Иран ќе го штити – ја пренесе новинската агенција ИСНА изјавата на Резаи. Западните земји, вклучувајќи ги и САД, го обвинуваат Иран дека настојува да се снабди со нуклеарно ...

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска повика на постојана будност во соочувањето со повторното зајакнување на антисемитизмот во Франција. – Соочени со повторното зајакнување на гнасниот антисемитизам, будноста е обврска во секој момент – изјави Макрон, кој претседаваше со првиот национален Ден на сеќавање на признавањето на невиноста на Алфред Драјфус, еврејски офицер неправедно осуден за велепредавство во атмосфера на длабок ...

Најмалку 51 лице загина, а десетици се повредени во поплавите и свлечиштата во југоисточниот дел на Бангладеш, предизвикани од обилните монсунски дождови кои почнаа минатата недела, соопшти денеска владата. Голем појас земјиште во седум од 64-те административни области во Бангладеш е поплавен откако од вторникот регионот е погоден од силни дождови, што засегна повеќе од еден милион луѓе, при што многу жители сè уште се отсечени. Најмалку 28 ...

Заливската држава Катар препорача привремен прекин на поморскиот сообраќај по новите ирански напади, пренесе ДПА. Катарското Министерство за транспорт денеска соопшти дека препорачува сите патувања и други „поморски активности“ да бидат суспендирани до понатамошно известување. Ова се однесува и на рибарските и рекреативните чамци, џет-скиите и „сите други пловни објекти“. Соопштението е во форма на препорака, иако некои други медиуми го ...

Артилериска граната која потекнува од Првата светска војна е пронајдена кај битолското село Меџитлија и успешно отстранета. Дирекцијата за заштита и спасување информира дека гранатата ќе биде транспортирана до армискиот полигон Криволак каде ќе биде уништена. – Пиротехничарот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Ѓорѓи Стефанов, безбедно отстрани неексплодирана артилериска граната со калибар 75 mm, што потекнува од Првата светска војна ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Соединетите Американски Држави и Иран постигнале договор вчера, но дека Техеран го прекршил само еден час подоцна кога со дрон нападнал еден брод. Говорејќи за телевизијата Ен-Би-Си, Трамп рече дека Иран се согласил на договор со кој, како што наведе, „се откажал од сè“. – Имавме состаноци со нив … Вчера се согласија на договор – совршен договор за нас. Без нуклеарна програма, без ...

Украинската премиерка Јулија Свириденко денеска поднесе оставка, а претседателот на земјата, Володимир Зеленски, најави дополнителни промени во украинската влада. Во соопштението преку социјалните мрежи, Свириденко наведе дека е „горда што ја имала честа да ја води владата во текот на еден од најтешките периоди во современата украинска историја“. Таа исто така рече дека разговарала за следните чекори со Зеленски, но не изнесе дополнителни ...

Во денешните израелски напади врз Појасот Газа убиени се пет лица, вклучувајќи и едно деветгодишно девојче, соопштија палестински здравствени функционери. Според спасувачите, израелскиот оган бил насочен кон група шатори источно од бегалскиот камп Ал Буреиџ во централниот дел на Газа, каде што е убиено девојчето Тала Абу Матара, кое имало девет години. Израелската војска не се огласи во врска со смртта на девојчето. Во воздушен напад врз ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
61%
1028
weather icon

Белград

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
82%
1024
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
1.54
84%
1025
weather icon

Софија

1ᴼ / 1ᴼ
0.51
89%
1028
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
1.39
95%
1028
weather icon

Љубљана

1ᴼ / 0ᴼ
0.73
94%
1025
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
1.79
73%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 11ᴼ
2.57
100%
1025
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
100%
1025
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 0ᴼ
1.54
82%
1028
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 3ᴼ
2.57
80%
1026
weather icon

Истанбул

4ᴼ / 4ᴼ
2.06
100%
1030
Currency

61.558

Currency

54.966

Currency

73.755

Currency

37.999

Currency

39.16

Currency

67.23

Currency

8.2481

Currency

0.67187

Currency

0.34737

Currency

0.52331

Currency

1.0968

Currency

0.58435

Паладиум

32279.35

Родиум

295786.87

Кобалт

33.53

Бакар

12.58

Платина

49319.25

Рутениум

61086.42

Калај

46.54

Алуминиум

3.07

Сребро

1666.05

Иридиум

321507.47

Злато

130856.75

Цинк

3.76