Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Поради спуштање на нов многу поладен воздух од север кон јужна и кон југоисточна Европа, над јужна Италија, а особено над Јонското Море ќе дојде до формирање на длабок секундарен циклонски систем кој значително ќе влијае на времето кај нас во Македонија од вторник навечер и во деновите потоа условувајќи нови обилни врнежи кои на пониските места (градовите) ќе бидат од дожд, а на повисоките места и на планините над 1.000 метри ќе бидат од снег ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека САД веруваат дека постигнале промена на режимот во Иран. Трамп на новинарите во претседателскиот авион им рече дека режимот во Иран е „десеткуван“ и „уништен“, пренесува Би-би-си. – Веќе имавме промена на режимот, ако погледнете, бидејќи еден режим е десеткуван, уништен, сите се мртви – изјави Трамп. Тој додаде дека следните по ранг припадници на иранскиот режим се „главно мртви“, а ...
Рускиот танкер „Анатолиј Колодкин“, кој носи хуманитарен товар од 100.000 тони нафта, пристигна на Куба – соопшти денеска Министерството за транспорт на Русија. Бродот чека на истовар во пристаништето Мансас. САД дозволија рускиот танкер за нафта да се приближи до Куба, а на крајбрежната стража на САД не ѝ беше наредено да го пресретне бродот, иако има бродови во регионот способни за таква операција. Со ова се избегна можна директна ...
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека „нема проблем“ со тоа што рускиот танкер за нафта крај брегот на Куба доставува помош на островот, кој се бори поради блокадата на нафтата од страна на САД. „Имаме танкер таму. Немаме проблем со тоа некој да добие танкер за нафта затоа што им е потребна… тие мора да преживеат“, им рече Трамп на новинарите во авионот „ер форс уан“ додека патуваше од Флорида кон Вашингтон. На прашањето ...
Од самиот старт до крајот на излагањето на воведните зборови од обвинителката во судницата, насилникот Стојанче Јовановски се смеел и мафтал со глава во знак на негодување, а во делот кога обвинителката кажала како настапила смртта со прекин на мозочните и другите витални функции кај Ивана и Катја по падот на бетонот пред висококатницата, тој се наведнал на клупата, покривајќи си го ликот. Во воведните зборови, обвинителката цитирала ...
Цените на нафтата и денеска го продолжија растот, а брендот Брент се очекува да достигне рекорден месечен раст, откако јеменските Хути ги започнаа своите први напади врз Израел во текот на викендот, проширувајќи ја војната меѓу САД и Израел со Иран на Блискиот Исток. Фјучерсите за суровата нафта „Брент“ скокнаа за 2,43 долари, или 2,16%, на 115 долари за барел, откако во петокот се искачија за 4,2% повеќе. Американската „Западен Тексас“ се ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, заедно со владина делегација, денес престојува во политичко-економска посета на Будимпешта, Унгарија. Во рамки на посетата, премиерот Мицкоски ќе оствари средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, на која ќе се разговара за унапредување на билатералните односи, економската соработка и актуелните регионални и европски прашања, соопшти прес службата на Влада. Потоа, премиерот ќе има свое ...
Паричник анкета. Додека цените на храната, сметките, горивото растат постојано, платите на македонските граѓани остануваат најниски во Европа и недоволни за достоинствен живот, се вели во соопштението од СДСМ, кое МИА го објавува интегрално. Постои една анкета која власта не може да ја манипулира, не може да ја нарача и не може да ја сокрие. Тоа е „паричник анкетата“. Кога граѓаните ќе го отворат својот паричник, кога ќе погледнат во својот ...
ДПМНЕ без збор одобри одбележување на јубилеј посветен на контроверзниот Милаим Фејзиу со што уште еднаш докажа дека коленичи и капитулира пред коалициониот партнер ВРЕДИ. Се работи за фигура поврзана со иницијативата за албанскиот референдум од 1992 година, прв претседател на Сенатот на Тетовскиот универзитет и учесник на трибината во 2021 година за формирање на партијата „Република Илирида“, која се залага за федерализација на државата, ...
Мобилната единица при МВР со полициски пресретнувач санкционираше возач кој управувал возило со брзина од 178 км на час надвор од населено место и истиот е санкциониран, соопшти МВР. „На 29.03.2026 во 18:55 часот на експресниот пат Штип – Радовиш, од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Сектор за сообраќајни работи со помош на специјално возило – пресретнувач на Министерството за ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека ѝ наредил на армијата да напредува подлабоко во јужен Либан и да ја прошири, како што ја нарече, „постојната безбедносна зона“. – Целта е да се спречи заканата од Хезболах и ракетните напади од таа област – изјави Нетанјаху на состанок за безбедносната состојба. Тој нагласи дека, иако проиранската шиитска милиција претрпела сериозни удари, Хезболах сè уште располага со преостанати капацитети ...
Борби во кафез ќе се одржат во Белата куќа како дел од прославата на 80-тиот роденден на американскиот претседател Доналд Трамп и 250-годишнината од основањето на САД. Во наредните недели на тревникот пред Белата куќа ќе биде поставена октагонална арена со ограда висока 1,83 метри, каде што на 14 јуни борци од организацијата УФЦ (Ultimate Fighting Championship) ќе демонстрираат комбинација од кик-бокс, џиу-џицу, борење и други боречки ...
Со активностите на Министерството за внатрешни работи и реакциите на граѓаните веќе покажавме дека претстојните избори ќе бидат едни од најчесните во нашата понова историја, изјави преодниот премиер на Бугарија, Андреј Ѓуров, во интервју за телевизијата „Нова“. Ѓуров истакна дека кабинетот вложува максимални напори за обезбедување фер изборен процес, нагласувајќи дека високиот одѕив би значел успех за државата. Според него, иако преодната ...
Ерик БЕРГ Суплемент број еден за анксиозност. Не е магнезиум, не е ашваганда и не е L-theanine. Тие се сосема во ред, но постои една хранлива материја што делува на анксиозноста многу поразлично од сите овие други. Може да ја наречете „витамин за нерви“ затоа што делува на многу различни невролошки состојби, особено на нервната напнатост, она чувство на немир кое едноставно не можете да го смирите, што всушност е анксиозност. Го контролира ...
Обилните снежни врнежи кои во изминатите два дена го зафатија Тузланскиот кантон предизвикаа нагло покачување на водостојот на реките, поплави, прекини во снабдувањето со електрична енергија и сериозни проблеми во сообраќајот, соопшти локалната Цивилна заштита, пренесува Аваз. Состојбата на акумулацијата Модрац е критична, каде водостојот утринава изнесуваше 199,73 метри надморска височина, што е веднаш под нивото на прелевање. Истовремено, ...
Македонскиот фудбалски репрезентативец Ѓоко Зајков изјави дека секој меч во дресот на Македонија е можност за ново докажување. “Данска е квалитетен ривал, во првиот дел се боревме добро и да затвориме, но во вториот ни падна концентрацијата по тој примен гол. По анализата и размислувањата, имаше неочекуван пад по првиот гол, треба да се фокусираме на тие моменти, да не паѓаме кога ќе примиме гол и тоа ќе го решаваме во иднина. Следен меч е ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руски сателити ја фотографирале американската воздушна база „Принц Султан“ во Саудиска Арабија во три наврати непосредно пред иранскиот напад на 26 март, пренесуваат американските медиуми. Зеленски за „Ен-би-си њуз“ (NBC News) истакна дека е „100 отсто сигурен“ дека Москва му ги доставила овие разузнавачки податоци на Техеран. Според него, рускиот образец на надзор е јасен: првата снимка ...
Војната со Иран, која започна на 28 февруари 2026 година, предизвика силен потрес на глобалниот пазар на нафта, при што најновите податоци покажуваат драматични разлики во растот на цените на дизелот niz светот. Според анализата на сервисот „Инвестор Сајт“, најголем удар претрпеле азиските земји. Филипините бележат најголемо поскапување од 81,6 проценти, по што следи Нигерија со 78,3 проценти. Во Малезија цената на дизелот пораснала за 57,9 ...
Пакистан денеска е домаќин на министрите за надворешни работи на Турција, Египет и Саудиска Арабија, во рамки на напорите за посредување во војната меѓу Иран, САД и Израел, со фокус на повторното отворање на стратешката Ормуска Теснина за поморски сообраќај. Според дипломатски извори, на Вашингтон му биле претставени предлози за стабилизирање на протокот на нафта. Еден од моделите, предложен од Египет, вклучува наплата на такси слични на оние ...
Додека тензиите на Блискиот Исток достигнуваат критично ниво, Иран започна сеопфатна кампања за регрутација на доброволци под назив „Џанфада“ („Жртвување на животот“), јави „Волстрит џурнал“. Потегот доаѓа во услови на сè поизразен страв кај иранските власти од можен копнен напад предводен од Соединетите Американски Држави. Граѓани низ Иран добиле текстуални пораки на мобилните телефони со повик за одбрана на татковината, при што во пораките ...
Најниска температура од -7 степени Целзиусови утрово е измерена на Попова Шапка. Следат со -3 Mаврови Анови, -2 во Kрушево, -1 Крива Паланка, Претор, 0 Охрид, Штип, Струмица, 1 Тетово, Берово, Виница, 2 Битола, Прилеп, Демир Капија, 3 Куманово, 4 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Велес и во Кавадарци и 6 степени во Гевгелија. Како што соопшти УХМР, најмногу количини врнежи за изминатите 24 часа до 08 часот наврнале во Охрид – 6 л/м2, 5 во ...
Министерството за одбрана на Финска денеска соопшти за веројатно незаконски упад на беспилотни летала во воздушниот простор на земјата, по што министерот Анти Хјакјанен објави дека е почната официјална истрага. Дроновите биле забележани во југоисточниот дел на Финска, а неколку мали објекти кои летале бавно и ниско биле лоцирани над финските води. Според Министерството, еден дрон паднал северно од градот Коувола, а втор источно од него. ...
Создаваме една комплетна инфраструктурна слика за Охрид и охридското крајбрежје. Инвестициите во инфраструктурата, реконструкцијата и надградбата на охридскиот аеродорм и политиката на провлекување на нови авиолинии ќе донесат бројни патници и туристи во Охрид и охридското крајбрежје, истакна вицепремиерот Александар Николоски на настанот каде заедно со премиерот Христијан Мицкоски го означија проектот за реконструкција и надградба на ...
На 28.03.2026 во 16:11 часот во ОВР Виница, од Итната медицинска помош е пријавено дека во близина на градските гробишта во Виница, бил пронајден починат Д.А.(56) од с.Липец, виничко. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено за обдукција. Во врска со настанот, полициски службеници ги лишија од слобода И.Л.(24), Г.П.(80), С.Р.(55) сите од Р.Грција и С.З.(57) од с.Жабени, битолско. По преземени ...
Американскиот министер за здравство Роберт Ф. Кенеди Помладиот раскажа необична анегдота за претседателот Доналд Трамп, тврдејќи дека тој може прецизно да ги нацрта границите на државите на Блискиот Исток. Говорејќи на конзервативната конференција CPAC, Кенеди рече дека за време на изборната кампања патувал со Трамп во авион, каде разговарале за Сирија. – Седевме еден спроти друг, јадевме „Мекдоналдс“, а јас пиев диетална кола. Тој ја зеде ...
Командантот на морнарицата на Иран, адмирал Шахрам Ирани, изјави дека американскиот носач на авиони „Абрахам Линколн“ ќе биде нападнат секогаш кога ќе се најде во дострелот на иранските ракети. – Веднаш штом ударната група на носачот „Абрахам Линколн“ ќе влезе во нашиот дострел, ќе се одмаздиме за крвта на мачениците од фрегатата „Дена“ со истрелување на различни видови противбродски ракети, предупреди Ирани. Фрегатата „Дена“ беше потоната од ...
Најмалку три лица загинаа, а седуммина се ранети во руско бомбардирање на украинскиот град Краматорск, соопшти началникот на воената администрација на Доњецката област, Вадим Филашкин. Меѓу жртвите е и 13-годишно момче, додека повредените лица се на возраст од 20 до 85 години. Според информациите од локалните власти, руските сили фрлиле тешка авиобомба врз градот, при што се оштетени неколку повеќекатни станбени згради. „Ова е уште еден суров ...
ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на Групацијата АДП, денеска официјално го одбележа почетокот на реконструкцијата на Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, инвестиција вредна 2,7 милиони евра. „Со овој проект, чија вредност изнесува 2,7 милиони евра, средства од ТАВ Македонија ќе се инвестираат во неколку клучни сегменти на охридскиот аеродром. Првата фаза опфаќа реконструкција на патничкиот терминал и зголемување на ...
Политиките што ги работиме во ависообраќајот носат сериозни резултати. Воведовме 24 нови авиолини кон европските центри, забележивме преку 3,3 милиони патници, за годинава планираме бројка над 3, 5 милиони патници и тоа што за мене е важно е тоа што авиокомпаниите воведуваат летови без да бараат субвенции што значи дека ја препознаа Македонија како атрактивна дестинација, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на ...
Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски на својот Фејсбук профил објави видео како ќе изгледа охридскиот аеродром по неговата реконструкција и проширување и напиша: -Денес е историски ден, за прв пат откако е изграден охридскиот аеродром се прави сериозна инвестиција за негово проширување и модернизација. Продолжуваме да ја градиме Македонија, пишува во својата објава Николоски. Инаку денеска започна сериозна ...