Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Двајца луѓе загинаа, а петмина се повредени во тешката сообраќајна несреќа што се случи вчера попладне на патот Прилеп-Градско, соопшти Прилепското обвинителство. Според првичните сознанија, до несреќата дошло при претекнување и судир на автомобили кои се движеле во иста насока. Еден од загинатите е возачот на едната кола која учествувала во несреќата. МВР претходно јави за вкупно петмина повредени во несреќата, од кои двајца загинале. „На ...
На многу добрата клима во билатералните односи, како што посочи портпаролката на грчкото МНР Лана Зохиу, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, се осврнале премиерот Христијан Мицкоски и министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис на средбата на Самитот на Берлинскиот процес за Западен Балкан пред две седмици во Лондон. Самитот се одржа на 22 октомври, од Министерството за надворешни работи на Грција на Икс, ...
Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, во периодот јануари – септември 2025 година, изнесува 5 978.9 милиони евра и бележи раст од 2.0 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, пак, изнесува 8 494.3 милиони евра, што е за 3.5 % повеќе во споредба со лани, објави Државниот завод за статистика. Трговската размена по производи според Стандардната меѓународна трговска класификација покажува дека ...
Дебаклот беше јасен како ден. Сите го видоа, сите знаат дека ДУИ е избришана од политичката карта. Само оние што ја уништија, денес се прават дека не разбираат, се вели во соопштениеот од ВРЕДИ, што го објавуваме интегрално. Тие измислуваат имагинарни непријатели и следни „виновници“, но никогаш себеси. Две децении ја хранеа власта со лаги и страв, а денес, кога народот им ја затвори вратата, немаат ни минимално достоинство да молчат. ДУИ не ...
До денеска претпладне до Државната изборна комисија (ДИК) се поднесени 16 приговори за постапката за сумирање и утврдување на резултатите од вториот круг од локалните избори, што се одржа во неделата на 2 ноември. Рокот за поднесување на приговори завршува денеска во 16:30 часот односно 48 часа по објавувањето на првичните резултати од изборите. Приговори поднеле Хаким Рамадани поддржан од Влен за постапката за сумирање и утврдување на ...
Воздушниот превоз се смета за брз и безбеден начин да се стигне од точка А до точка Б. Сепак, за некои луѓе, дури и тоа не е доволно брзо, па јапонската компанија „Нипон травел“, верувајќи дека патувањето меѓу Јапонија и САД трае предолго – има намера да го скрати времето, за на патниците сѐ тоа да им одзема само еден час. Во соработка со компанијата „Иноватив спејс кериер“ од Токио, веќе го развиваат авионот „АСКА“ (ASCA), којшто би можел да се ...
Претседателот на Венецуела и лидер на Обединетата социјалистичка партија на Венецуела (ПСУВ), Николас Мадуро, ги повика народите и револуционерните сили на Латинска Америка на „долготраен континентален отпор против американскиот империјализам“. Во обраќањето на пленарната седница на петтиот конгрес на ПСУВ и четвртиот конгрес на младината на партијата, што се одржа во театарот „Симон Боливар“ во Каракас, Мадуро го истакна наследството на ...
СДС доживеа историски пораз. Некогаш големата СДС и наш главен опонент, денес е трета партија во државата и петта во главниот град. Венко Филипче под диктат на Зоран Заев ја доведе партијата до целосен пад, без визија, без стратегија и без доверба кај граѓаните, истакна на денешната прес конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. -Резултатите се јасен показател дека народот ја казни нивната ноншалантност и аздисаност. Со ...
Началникот на Генералштабот на француските вооружени сили, генерал Фабиен Мандон, на 22 октомври изјави дека Франција мора да биде подготвена за „шок од Русија во следните три до четири години“, објавува „Л’Експрес“. Според него, Москва би можела да биде „во искушение“ да продолжи со воен конфликт на европскиот континент. Изјавата на Мандон дојде во време кога Франција преговара за буџетот за 2026 година. Министерството за вооружени сили е еден ...
Македонските граѓани направија вистински избор, во локалните самоуправи избраа трудољубиви и чесни лица кои посветено ќе работат за подобрување на животот, се истакнува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, кое го пренесуваме интегрално: Тоа не е вистинскиот избор само кој да ги води општините, туку тоа е вистинскиот избор за Македонија да почне да ги гради темелите кои се рушеа за седумгодишното владеење на СДС. Граѓаните ги препознаа досегашната ...
Во Скопје синоќа беше одбележан Националниот ден на Унгарија. На приемот организиран од унгарскиот амбасадор Андраш Клајн присуствуваше претседателката Гордана Сиљановска Давкова. -Долгогодишното македонско-унгарско пријателство се темели на силни економски врски, културни и академски програми, заеднички иницијативи, како и на соработката во одбраната. Унгарија останува искрен и посветен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат, ...
Во пожарот што синоќа зафати дел од Домот за пензионери во Тузла смртно настрадаа 10 лица, а меѓу повредените има и припадници на спасувачките екипи, посочуваат прелиминарните информации од Управата на полицијата на Министерството за внатрешни работи на Тузланскиот кантон во Бозна и Херцеговина. Пожар од поголеми размери го зафатил седмиот кат од зградата на Домот за пензионери во Тузла околу 20:45 часот. Според првичните информации на ...
Македонските властите продолжија да работат на патоказите за владеењето на правото, реформата на јавната администрација и функционирањето на демократските институции, како и на Акцискиот план за заштита на малцинствата, но важно е земјата да напредува и да ги финализира сите подготвителни работи поврзани со критериумите за отворање на Кластерот „Основи вредности“. Ова се наведува во вчера објавениот Извештај на Европската комисија за ...
Левичарскиот демократ Зоран Мамдани победи на изборите за градоначалник на Њујорк, според проекциите на американските медиуми објавени доцна синоќа. Со преброени над 97 отсто од гласовите, 34-годишниот кандидат обезбеди недостижна предност, објавија неколку американски медиуми, повикувајќи се на податоци од Изборната комисија на Њујорк. Неофицијалните резултати на веб-страницата на Комисијата покажуваат дека Мамдани освоил 50,4 отсто од ...
Бриселскиот меѓународен аеродром „Зевентем“ синоќа по вторпат беше затворен повеќе од час и половина поради забележан нов дрон, само неполн час откако водушниот сообраќај од и кон него беше возобновен по речиси едночасовен прекин, јави белгискиот јавен радиодифузен сервис на холандски јазик ВРТ. „Зевентем“ првично беше затворен за сообраќај нешто пред 20 часот откако во воздушниот простор над аеродромот беа забележани три дрона. По нешто повеќе ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени Целзиусови. И во Скопје ќе биде променливо облачно, а претпладне со повремен слаб дожд. Ќе дува умерен, северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 степени Целзиусови. Според најавите од ...
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 23 октомври. Денеска е Св. апостол Јаков Брат Господов. Овој Јаков се нарекува Брат Господов затоа што е син на Јосиф, свршеникот на Дева Марија т.е Богородица од неговиот претходен брак. Тој е еден од 70-те апостоли. Се нарекува Брат Господов уште и заради неговата посебна приврзаност кон Господ Исус Христос. По воскресението, Христос нему му се јавил, како што сведочи апостол Павле. ...
Денеска е 23 октомври, според стар стил, и се слави Св. апостол Јаков, брат Господов. Се нарекува брат Господов затоа што му беше син на праведниот Јосиф, свршеникот на Пресвета Богородица. Кога праведниот Јосиф беше на умирање, па сакаше да Му остави еден дел и на Господ Исус, синот на Пресветата Дева Марија, сите браќа се спротивставија на ова, не сметајќи Го Исус за свој брат. Јаков многу Го љубеше Исуса и изјави дека тој ќе го подели својот ...
Бриселскиот меѓународен аеродром „Зевентем“ вечерва околу 21 часот е отворен за сообраќај, откако беше затворен нешто повеќе од еден час поради безбедносни причини, информира белгискиот авиопревозник „Брисел Ерлајнс“. Нешто пред 20 часот сите полетувања и слетувања на „Зевентем“ беа откажани, откако воздушниот простор над аеродромот беше затворен за сообраќај поради тоа што во неговото подрачје биле забележани три дрона. Инцидентот го потврди и ...
Битола е град кој денес се менува, расте, се развива и се модернизира, истакна градоначалникот Тони Коњановски на вечерашната свечена академија организирана по повод 4 Ноември, Денот на ослободувањето на Битола. Пред гостите од градот, државата, но и делегации од збратимените градови од Украина, Бугарија, Србија и Турција, градоначалникот Коњановски потсети на минатото и повеќевековната битолска историја, и издвои акценти од неговата визија за ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека помошта во храна од програмата за сиромашните Американци (СНАП) ќе биде исплатена откако ќе заврши блокадата на федералната влада. Тој го изјави ова и покрај судската наредба со која се бара неговата администрација да ги изврши ноемвриските исплати до среда. – Помошта од програмата СНАП ќе биде исплатена само кога радикално левичарските демократи ќе ја отворат владата, што лесно можат да ...
Денеска околу 17:00 часот пријавена е сообраќајна незгода помеѓу две патнички возила на патот А1 Прилеп – Росоман во близина на село Радобил. Од несреќата пет лица се здобиле со повреди, од кои три се пренесени во болница во Прилеп, а две во болница во Кавадарци, а лекар констатирал смрт кај две лица, информираа вечерва од МВР. Оттаму соопштија дека од 18:00 часот сообраќајот се одвива по една коловозна лента со наизменично пропуштање на ...
Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија изјави дека големата доверба што граѓаните ја дадоа на локалните избори претставува уште поголема одговорност. „Колку е поголема довербата, толку е поголема и одговорноста. Но, од друга страна, оваа победа некако може и многу други работи да ни покаже. Политичките кандидати на ВМРО-ДПМНЕ успеаја преку овие локални избори да покажат дека се ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ги повика Евреите од Њујорк да гласаат против Зохран Мамдани, кандидатот на екстремното левичарско крило на Демократската партија, на изборите за градоначалник на градот. – Секој Евреин што гласа за Зохран Мамдани, докажан и самопрогласен мразител на Евреи, е глупав човек, напиша американскиот претседател на својата платформа Truth Social. Зохран Мамдани, 34-годишен муслимански демократски ...
Дик Чејни, поранешниот моќен американски потпретседател што инсистираше на инвазијата врз Ирак, почина на возраст од 84 години. Чејни беше шеф на Пентагон за време на мандатот на Џорџ Буш постариот и потпретседател на Буш помладиот. На втората функција беше одговорен за реакцијата на САД на терористичкиот напад од 11 септември 2001 година – за следењето на граѓаните, притворањето и измачувањето на нелегално грабнатите осомничени терористи. ...
Портпаролот на коалицијата „ВРЕДИ“, Дритон Сулејмани, денеска потврди дека Беким Сали ќе го наследи Изет Меџити на позицијата прв вицепремиер, откако Меџити беше избран за градоначалник на Општина Чаир. Меџити, кој досега беше прв вицепремиер, ќе ја преземе градоначалничката функција во Чаир. Наследник на позицијата прв вицепремиер e Беким Сали. Додека за позицијата министер за животна средина допрва ќе се одлучува и сѐ уште нема конкретно име. ...
СДС е се уште под шок од изборниот резултат. СДС нека се консолидираат, нека се вразумат, нека ја сфатат пораката од граѓаните. Немаме што друго да додадеме на ова соопштение на СДС, кое сигурно не е ни став на партијата, туку е изнудена и соло реакција на некој индивидуалец што не разбира политика и им го хакирал мејлот на СДС. Затоа што на 2 дена по катастрофата што им се случи, само некој што не е од земјава или е тотално во аут од ...
Две и пол децении по почнувањето на нашиот пат кон членство во ЕУ, ние се уште сме на истото место, не затоа што не ги исполнуваме Копенхашките критериуми, туку поради некои вештачки причини, порача премиерот Христијан Мицкоски на денешниот Самит за проширувањето во Брисел, организиран од страна на телевизијата Еуроњуз. Мицкоски потенцира дека земјава го започна патувањето кон ЕУ пред 25 години, кога го потпиша Договорот за стабилизација и ...
„Ако некој се осмели да малтретира некој друг што сака да се приклучи на клубот, зошто другите би молчеле?“, праша премиерот Христијан Мицкоски на самитот за проширување организиран од Еуроњуз, осврнувајќи се на спорот со Бугарија и последователното вето со кое владата на Софија се заканува на чекорите на Македонија на патот кон ЕУ. „Ако еднаш го прифатиме овој принцип, тој ќе ги уништи сите вредности изградени од Шуман, Де Гаспери и Аденауер“, ...
Наследник на Изет Меџити, кој доби градоначалнички мандат на Општина Чаир, ќе биде Беким Сали, потврди денеска на прес-конференција портпаролот на ВРЕДИ Дритон Сулејмани. -Ние веќе функционираме како ВРЕДИ и досегашните министри кои беа министри на ВРЕДИ а не на одделни политички партии, така и ќе продолжиме. Како што има најавено Меџити негов наследник на позицијата прв вицепремиер ќе биде Беким Сали, додека за министер за животна средина и ...