Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Премиерот Христијан Мицкоски беше во посета на Општина Петровец. Тој присуствуваше на поставување камен-темелник на изградба на нов културен дом во Општина Петровец. Мицкоски одговараше на новинарско прашање во врска со реконструкција на владата и дали ВРЕДИ ќе добие министерско место повеќе, бидејќи Беким Сали ќе ја заземе вицепремиерската функција. -Тоа е одлука на нашиот коалиционен партнер и не значи дека ќе има ресор повеќе. Јас имам високо ...
Премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос за Извештајот на ЕК за Македонија изјави дека од истиот е задоволен и дека нема назадување, а за периодот кој што следи најави сериозни реформи во правосудството. -Јас сум исклучително задоволен бидејќи нема назадување, има стагнација во одредени области и тоа ние сите го зборуваме, тоа е владеењето на правото, борбата против криминалот и корупцијата, затоа нонстоп зборувам ...
Македонија и Бугарија ги дефинираат активностите и меѓусебните обврски за изградба на меѓуграничниот железнички тунел на Коридорот 8 со Договорот што го потпишаа денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и неговиот бугарски колега Гроздан Караџов, на железничката станица Ѓуешево. Како што јави известувачот на МИА, Договорот за подготовка, изградба и оперативност на тунелот, што ќе биде меѓугранична точка на двете држави ...
Во Европскиот парламент во Брисел беше промовирана публикацијата „Справување со младинскиот евроскептицизам на Западниот Балкан: Случајот на Северна Македонија“, која ја истакнува важноста на демократските вредности, дигиталната медиумска писменост, образованието и граѓанското учество, како ефикасни алатки за справување со негативните трендови и зајакнување на проевропското расположение кај младите. Во обраќање на промоцијата, словенечката ...
Кремљ не смета дека современиот свет е поблиску до нуклеарна војна отколку што беше за време на Карипската (Кубанската) криза во октомври 1962 година, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, одговарајќи на прашање на агенцијата ТАСС. „Ние не би донеле такви заклучоци“, рече тој, коментирајќи ја наредбата на шефот на државата Владимир Путин да се проучи можноста за започнување подготовки за јадрени тестови и неодамна ...
Мислам дека не е фер Северна Македонија да се става во истиот кош со Србија и Босна и Херцеговина, кога станува збор за напредокот на европскиот пат, изјави за МИА словенечката европратеничка Ирена Јовева. – Морам да кажам дека Црна Гора и Албанија, а посебно Црна Гора, реално или најреално навистина е најнапред од регионот во однос на реформите и напредокот. Иако не би сакала да испадне дека ја критикувам еврокомесарката Марта Кос или ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и вицепремиерот и министер за транспорт и врски на Република Бугарија, Гроздан Караџов денеска ќе го потпишат Договорот за подготовка, изградба и оперативност на меѓуграничниот железнички тунел на Коридорот 8. Церемонијата на потпишувањето ќе биде организирана на железничката станица Ѓуешево, а предвидено е да присуствуваат претставници на Европската комисија, на НАТО, на САД, на ...
Синоптичарите за денеска најавуваат променливо облачно време со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта во северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд и ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени. Во Скопје, слично време со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 ...
Американскиот претседател Доналд Трамп, за прв пат ја коментираше победата на Зохран Мамдани на изборите за градоначалник на Њујорк, обвинувајќи ги демократите за „екстремизам“ и тврдејќи дека резултатот го покажува она што, според него, Демократската партија сака да направи со земјата. Зборувајќи во Мајами на Американскиот бизнис форум, Трамп рече дека победата на Мамдани, кого го нарече „комунист“, ги одразува политиките на демократите во ...
Денеска е 24 октомври, според стар стил, и се слави Св. маченик Арета. Овој свет маченик пострада за Христовата вера заедно со уште над четири илјади христијани, свештеници, монаси и монахињи, мирјани, жени и деца. Арета беше управител на градот Негран, во земјата Омиритска (јужна Арабија) и имаше деведесет и пет години кога пострада. Со Омиритската земја тогаш владееше еден Евреин, Дунаан, свиреп гонител на христијаните. Решен наполно да ги ...
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 24 октомври. Денеска е Св. маченик Арета. Света Арета беше управник на градот Негран, Јужна Арабија. Во негово време со таа земја владееше некој евреин, кој сакаше да ги истреби христијаните од својата земја. Тој го опколи Негран и некое време безуспешно се обидуваше да го освои, а потоа им вети на граѓаните дека ќе го остави градот ако му ги отворат капиите за да го собере данокот. ...
Во автобус што превезувал навивачи на шпанскиот фудбалски клуб „Барселона“ во Бриж вечерва избувна пожар, но при инцидентот нема повредни, јави белгискиот јавен радиодифузен сервис ВРТ. Пожарот избувнал додека автобусот со навивачите се движел кон стадионот „Јан Брејдел“, каде што вечерва се игра фудбалски натпревар рамките на Лигата на шампионите меѓу домашниот „Бриж“ и „Барселона“. Според полицијата, пожарот го предизвикал еден од навивачите ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими професорот Георги Гоце Дуртаноски, кој ѝ ја врачи првата копија од Привилегијата дадена на Македонците од Светиот римски цар Леополд Први Хабзбуршки во 1690 година во Виена. Авторот на овој уникатен документ во калиграфски препис, проф. Дуртановски говореше за неговата важност за потврда на посебноста на македонскиот идентитет. Со него, царот Леополд го прифатил барањето за заштита на ...
Главната порака што ја добивме од Брисел е дека геополитичкиот контекс и налага на ЕУ да го интерпретира процесот на проширување како процес на унификација на Европа којшто покрај економско има и безбедносно значење за Унијата. Убеден сум дека доколку државата ги имаше направено уставните измени и овој извештај ќе беше поразличен во начинот на којшто одредени фрази се поставени во неговата содржина, бидејќи техничкиот елемент којшто се оценува ...
Под влијание на серија влажни воздушни бранови од утре во вечерните часови до понеделник следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни и во текот на 24 часа се очекува да наврнат над 30 литри на квадратен метар дожд. И во Скопје од утре во вечерните часови до понеделник ќе има повремени врнежи од ...
Ромскиот јазик е дел од нашето заедничко културно богатство и преку образованието станува дел од нашето заедничко наследство кое имаме должност и со задоволство го чуваме и негуваме, рече министерката за образование и наука Весна Јаневска на одбележувањето на Светскиот ден на ромскиот јазик – 5 Ноември. Како што соопшти МОН, Јаневска на настанот им го честитала на припадниците на ромската заедница Светскиот ден на ромскиот јазик, посакувајќи им ...
Меѓународниот ден на ромскиот јазик не е само датум во календарот, туку е потсетник дека јазикот, како жив мост меѓу генерациите ги поврзува минатото, сегашноста и иднината на еден народ. Да не заборавиме дека секоја нација, секој народ, секоја заедница е дел од мозаикот што ја создава убавината на нашата земја и на Европа. Затоа, кога го чуваме ромскиот јазик, ние чуваме дел од нашата заедничка човечка приказна, порача денеска министерот без ...
Утрово, возач намерно удрил со своето возило кон неколку луѓе на францускиот остров Олерон, објавува „Ле Парисиен“. Десет лица се повредени, од кои четворица се во критична состојба. Инцидентот се случил околу 8.45 часот наутро помеѓу две села на островот, Долус Долерон и Сен-Пјер Долерон. Меѓу минувачите имало пешаци и велосипедисти. Во замокот Олерон е формиран тим за психолошка помош. Според првичните информации од истрагата, возачот наводно ...
Таткото на американскиот претприемач Илон Маск, Ерол Маск, го опиша рускиот претседател Владимир Путин како вистински и разумен човек. „Го гледав како зборува во многу наврати, долго пред да дојдам тука, од љубопитност. Бидејќи повремено се појавуваше на RT, а исто така и на меѓународни состаноци и така натаму. И слушав што зборуваше, и секогаш ми се чинеше дека е многу избалансиран и смирен човек. Не се возбудува, не е груб или нешто слично. И ...
Унгарија се стреми средбата помеѓу претседателот на САД, Доналд Трамп и унгарскиот премиер Виктор Орбан да заврши со договор за пакетот економски и енергетски мерки, изјави денеска шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто. Трамп и Орбан ќе се сретнат во Вашингтон на 7 ноември. Унгарскиот премиер претходно истакна дека се надева оти ќе го убеди Трамп да ја изземе Унгарија од американските санкции на руската нафта. Орбан претходно побара ...
Соопштение за јавност Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција, укажа дека извештајот на Европската Комисија потврди дека државата е во целосен застој – економијата е во стагнација, во образованието има дебакл, а институциите се парализирани. „Во делот на економија и јавните претпријатија, има ограничен напредок кон функционална пазарна економија, реализацијата на јавни ...
Филипче продолжува да го игра бугарското сценарио за Македонија, да ја понижува сопствената држава, притоа заборавајќи дека тој и неговиот струмички ментор е виновникот заради чие предавство и прифаќање на штетен договор сега сме предмет на уцена и притисок. Македонија ќе продолжи со реформите без разлика на диоптријата која е јасна, а тоа е дека извештајот како многу пати во минатото и во други земји се користи како дел од политичките ...
Основниот кривичен суд Скопје на 28 октомври годинава го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство Скопје и определи мерка притвор од 30 дена за Сабахадин Рустеми, в.д. директор на претпријатието, и Аки Саити, управител за отпад, поради опасност од влијание врз сведоци и можност за повторување на делото. Предлогот на Обвинителство е поради основано сомнение за сторено кривично дело „Загрозување на животната средина и природата со отпад“ ...
Соопштение за јавност Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, порача дека институционалните реформи се суштинска обврска што мора да се спроведе без разлика на политичките пречки и неизвесноста околу уставните измени. Според него, државата не може да си дозволи застој на реформскиот процес поради недостиг на политички договори или дневнопартиски калкулации. „Кажавме уште лани дека ја поддржуваме владата да најде добро решение и гаранција дека нема ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан остро одговори на изјавите на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој го обвини во едно интервју дека „го поддржува Путин“ со блокирање на преговорите за пристапување на Украина со Европската Унија. Зеленски рече дека нема намера да понуди отстапки на Будимпешта, на што Орбан одговори дека Украина не ја брани Унгарија и дека Будимпешта не му должи ништо, пишува Евроњуз (Euronews). Во интервју објавено ...
Со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството, денеска во Основниот кривичен суд Скопје, продолжи судењето против поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев, кој заедно со уште двајца онколози е обвинет за несовесно лекување пациенти. Пред Судот беа сослушани повеќе оштетени сведоци, законски застапници на починати пациенти, кои зборуваа за лекувањето и конкретната терапија на Клиниката за онкологија. Шестмината ...
На денешната 28-та редовна седница на Комисијата за инфраструктура, животна средина и просторно планирање на Република Словенија, пратеничката со македонско потекло Сандра Газинковски како предлагач го презентираше Предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за возачи. Ова е предлог-закон кој на прв поглед се занимава со техничко прашање – замена на возачки дозволи – но всушност се меша во животите на илјадници луѓе кои работат, живеат и ...
За 2025 година се очекува раст на економијата од 3,5 отсто, а просечната стапка на инфлација ќе изнесува 3,9 проценти, соопшти денеска Народната банка. Се оценува дека дефицитот на тековната сметка ќе биде 4,2 процента од БДП што е проширување на дефицитот во однос на претходната година. Во споредба со априлските проекции, се очекува умерено повисок дефицит на тековната сметка наспроти финансиските текови кои во просек се повисоки од претходните ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски треба да престане да ги залажува граѓаните на Украина за реалните изгледи на неговата земја за пристапување кон Европската Унија, порача унгарскиот политички аналитичар Золтан Коскович од Центарот за основни права. „Не. Нема да влезете во ЕУ. Престанете да го лажете својот народ“, напиша Коскович на социјалната мрежа Икс, реагирајќи на изјавата на Зеленски дека Украина е „подготвена да го отвори првиот, ...
Обидите на Европа да воспостави контрола над Русија во минатото двапати целосно пропаднале, а третиот таков обид може да биде кобен за самата Европска Унија, изјави пратеникот во Европскиот парламент, Михаел фон дер Шуленбург, пренесуваат германските медиуми. Тој потсети дека Европа во два наврати во 20. век се обидела да ја покори Русија – во Првата и Втората светска војна – но секој пат доживеала пораз. – И секој пат губиме. И секој пат беше ...