Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Токму кога ДУИ беше во владата и прв потпретседател беше Артан Груби беше дадено мислење и препорака за бришење на алатката Балансер, а одлуката на Уставен суд јас не ја коментирам зашто одлуки на Уставниот суд не се коментираат, изјави премиерот Христијан Мицкоски на тврдењето на пратеничката од ДУИ Рина Ајдари. На седница за пратенички прашања таа кажа дека оваа Влада ја укинала алатката за правична застапеност и оти речиси две години, како ...
Сашо АРСОВСКИ Секоја година, со приближувањето на Божик, повторно се отвора старото прашање: кога навистина е роден Исус Христос и зошто празникот се слави на различни датуми – 25 декември и 7 јануари. Ист празник, а два датума – еден се слави во старата година, а друг во новата. Римокатоличките верници и дел од православните христијани, кои се водат според Грегоријанскиот календар денеска го одбележуваат Божик, а по две недели и останатиот ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска на собраниската седница за поставување пратенички прашања, одговарајќи на прашање на лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, во однос на поскапувањето на цената на струјата, нагласи дека изминатиот период тие постојано ја манилупирале јавноста со бројки за покачуваење на цената од над пет проценти, над десет проценти за на крај да излезе дека поскапувањето е 2 и нешто проценти. -Ова прашање можеби ...
Вистината, кога е документирана, станува неповратна. Денес, фактите зборуваат погласно од која било пропаганда и од кој било обид да се скрие зад празни зборови. Во Гостивар е извршена една од најсериозните финансиски злоупотреби што локалната самоуправа во С. Македонија некогаш ги видела. Сала на општинскиот совет, која технички и функционално можеше да се изгради со максимална цена од 50 илјади евра, беше изградена по скандалозна цена од ...
Демократската унија за интеграција изразува длабока огорченост и сериозна загриженост поради скандалозниот и политички неприфатлив потег на министерот Иван Стоилковиќ, кој отпушти седум вработени Албанци од Министерството за односи меѓу заедниците – институција од клучно значење за спроведување на Охридскиот договор и за гарантирање на меѓуетничката еднаквост во државата, стои во соопштението на ДУИ што МИА го пренесува интегрално. Оваа ...
Во катедралата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје синоќа скопскиот бискуп и струмичко-скопски епарх Киро Стојанов служеше полноќна божиќна света литургија, на која ја упати својата Божиќна порака. – Како католички христијани, ја завршуваме Светата Јубилејна 2025 година. Беше година на прошка и благодат од Господ, а јубилејна е затоа што го одбележува воплотувањето на Христос. Бог се воплоти за да ни даде живот, не било каков, туку живот во ...
Со брза размена на информации преку SELEC Центарот со Бугарската генерална дирекција за борба против организираниот криминал и Царинската агенција на Бугарија, Единицата за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал при Одделот за криминалистичка полиција вчера спречи случај на нелегален транспорт на оружје од Република Турција преку Република Бугарија за Македонија. -Имено, во текот на ноќта 24/25.12.2025, по ...
На денешната седница на Советот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Град Скопје, се обрати со јасна и отворена порака за состојбата во која е затекнат градот и за резултатите што се постигнати во краток временски период. При разгледувањето на Буџетот на Град Скопје за 2026 година, градоначалникот посочи дека по наследеното катастрофално финансиско и институционално наследство, Скопје денес чекори кон стабилизација, одговорно ...
Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав XIV ја служеше својата прва полноќна божиќна миса во базиликата Свети Петар, при тоа ги потсети верниците на нивната должност да им помогнат на сиромашните и на странците. Тој во проповедта наведе дека Исус, кој е роден во штала, бидејќи немало место во гостилницата, им покажува на следбениците дека одбивањето да им се помогне на оние на кои им е потребна помош е еквивалентно на одбивање на ...
Премиерот Христијан Мицкоски во свое лично име и во име на Владата на сите граѓани кои го прославуваат Рождеството Христово – Божиќ според грегоријанскиот календар им го честита празникот со искрени желби за благосостојба, духовен мир и добро здравје. Во продолжение следува честитката од премиерот: Овие празнични денови нека ги исполнат домовите со радост, љубов и Божји благослов. Нека раѓањето на Спасителот ни донесе надеж, единство и ...
Администрацијата на американската сојузна држава Калифорнија прогласи вонредна состојба во Лос Анџелес и во неколку окрузи во јужниот дел на државата поради обилните дождови што предизвикува поплави. Во јужниот дел од Калифорнија прогласено е највисоко ниво на подготвеност за евакуација на населението. Во три градови во округот Лос Анџелес беше издадено предупредување од појава на торнадо, но подоцна беше укинато. Властите ги предупредија ...
Во судницата во Идризово при Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На денешното рочиште се предвидени воведни зборови на одбраната на Александар Нацев, што според Обвинителството дејствувал како неформален, односно реален сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон“, фирмата задолжена за обезбедувањето на клубот како и одбраната на обвинетите правни лица „ММММ КАФЕ“ ДООЕЛ ...
Материјална штета на згради и на неколку паркирани возила предизвика силната експлозија што во текот на ноќта се сучи пред филијала на банка во населбата Евсомос во Солун, јави дописничката на МИА од Атина. Од експлозијата нема повредени лица, а според првичните информации, не претходел предупредувачки повик или какво било друго известување. Според државната телевизија „ЕРТ“ експлозијата била толку силна што се слушнала и на оддалеченост од ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне во источните делови. На планините и на некои од повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Попладне врнежите насекаде ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени. Во Скопје, облачно, претпладне со повремени врнежи од дожд. Ќе ...
Без долготрајни екстремни периоди, но со епизодни студени бранови ќе биде оваа зима, покажуваат најновите сезонски климатски очекувања за државава. Средната зимска температура ќе биде над повеќегодишниот просек за околу +1°C. Студени бранови со температури околу или под нормалните се очекуваат кон крајот на декември до средината на јануари, како и кон крајот на февруари, но без сигнали за долготрајни или екстремни зимски студови. Климатскиот ...
Денеска е 12 декември (по стар стил) и се слави Св. Спиридон Чудотворец, епископ Тримитунтски. Место на раѓањето и на службата на овој славен светител е островот Кипар. Роден е од прости родители, земјоделци, а и самиот беше и остана прост и смирен сè до својата смрт. Во младоста се ожени и имаше деца. А кога умре жена му, тој сиот се предаде на служба на Бога. Заради неговото особено благочестие беше избран за епископ на градот Тримитунт. ...
На Никејскиот собор св. Спиридон направил чудо, кога за да ги демантира еретиците стиснал ќерамида во раката при што од горната страна излегол пламен, а од долната протекла вода. Именден празнуваат: Спиридон, Спиро… На 25 (или според стариот календар на 12) декември Светата православна црква го празнува споменот на свети Спиридон Чудотворец. Епископот и чудотворец Спиридон од Кипар се занимавал со земјоделие. Живеел од својот труд и ги ...
Католичките верници и дел од православните христијани, кои се водат според Грегоријанскиот календар денеска го слават Раѓањето Христово – Божик. Традиционално, во Македонија централната прослава по повод празникот се одржува во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, каде се одржува божикна полноќна света литургија. Божик денеска слават и Грчката, Бугарската, Романската, Украинската и Грузиската православна црква, кои го ...
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 12 декември. Денеска е Св. Спиридон Чудотворец. Свети Спиридон живеел во четвртиот век на островот Кипар. Родителите му биле прости луѓе и тој од младоста чувал овци. Кога му дошло времето, се оженил, но наскоро останал вдовец, па целиот свој имот почнал да го користи за да им помага на бедните. Подоцна бил избран за епископ во кипарскиот град Тримитунт. Господ го прославил овој ...
На денешен ден во 1854 година, според некои извори 1855 г. во велешкото село Голозинци е роден Андон Лазов Јанев, познат како Ќосето, чиј споменик во Скопје беше прва жртва на власта која произлезе од тн. шарена револуција во Македонија. – За мои 100 години убив 100 предавници на организацијата. Прв го убив мојот брат, а потоа ликвидирав Tурци, србомани, гркомани, бугарски попови, грчки попови и даскали. Јас ја ослободив мис Стон откако беше ...
На 25 декември 1903 година во Софија излегла од печат книгата „За македонцките работи“ од македонскиот публицист и лингвист Крсте Петков Мисирков. Во неа Мисирков ја истакнува и ја заштитува националната индивидуалност на македонскиот народ и неговото право на самостоен културен и национален развој. На едно место во книгата пишува: „Македонците, како посебен словенски народ, што низ вековите ја делел судбината заедно со соседните словенски и ...
Менаџерот на Манчестер Сити можно е да добие големо засилување во тимот во борбата за шампионската титула со Арсенал. Според англиските медиуми станува збор за репрезентативецот на Гана Ентони Семењо (25.години). Се очекува токму овој играч да биде ѕвезда на зимскиот преоден рок бидејќи покрај своите квалитети и игрите што ги прикажува во Буренмут, на располагање ќе биде достапен веднаш бидејќи неговата репрезентација не настапува на АФКОН. ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод големиот христијански празник Христовото раѓање – Божиќ, упати честитка до д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Епарх Струмичко-скопски и до сите верници кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар. Со особено задоволство, на сите верници кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар, срдечно Ви го честитам денот на Христовото раѓање – Божиќ. Нека овие светли ...
Без вода за пиење ќе останат утре дел од корисниците во општина Центар, информираат денеска од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје. Од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ била добиена информација дека прекинато водоснабдување ќе имаат корисници на делови од „Тодор Александров“ и „Партение Зографски“. Како што се појаснува во соопштението, причината е поврзување на нова водоводна мрежа на крстосницата од „Тодор ...
Култната улица во Битола – Широк Сокак, со својот уникатен спој на староградски шарм и модерна енергија, останува главната точка на интерес за секој турист. За да се овозможи целосно уживање во убавините на градот, Општина Битола во соработка со Министерството за култура и туризам, а согласно законската регулатива, воведува новини кои дополнително ќе ја зголемат неговата привлечност и функционалност. Со цел да се одговори на потребите на ...
Објавено на канцер ФБ групата „Не си сам во оваа борба“ Се мислев како да ја започнам оваа моја приказна и почнувам по ред. Мојата борба започна во далечната 2008 год. Ми беше дијагностициран канцер на плункова жлезда. Следеше една операција, потоа 2013 год. друга операција со зрачење. Многу се ислашив! Бев самохран родител, со дете на крајот на студиите, исцрпена материјално и психички. Го згрешив автобусот за Неготино, се качив за некоја ...
Толеранцијата на камерите од системот „Безбеден град“ ќе биде иста како онаа што се применува кај останатите полициски радари, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во гостување на телевизија Телма. -Тоа значи дека за брзини до 100 километри на час ќе има толеранција од шест километри, за брзини над 100 километри на час осум километри, а за брзини над 200 километри на час дванаесет километри, појасни Тошковски, додавајќи, пак, ...
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, повторно привлече внимание на социјалните мрежи со сатиричен статус во кој ја коментира политичката состојба во земјава преку споредба со облакодерите во Дубаи. Во објавата, Стоилковски се прашува „дали СДС е опозиција во Македонија или во Србија“, додавајќи дека „важно се гради, Дубаи, не СДСМ“ со низа хаштагови. Во продолжение целиот фејсбук статус на Стоилковски: Од облакодерите во Дубаи Венко ...
Македонскиот олимписки комитет и Општина Кисела Вода денеска одржаа заедничка работна сесија посветена на стратешкиот развој на спортот, унапредувањето на инфраструктурата и едукацијата на спортската администрација. На настанот, кој ги обедини клучните чинители од локалниот спортски сектор, свои обраќања имаа претседателот на МОК, Даниел Димевски и градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска. Во своето обраќање пред ...
Во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија гостуваше Јован Деспотовски, тој како член на СДС во однос на промените во партијата во Извршниот одбор вели дека критиките за состојбата не се нови и дека тој лично уште пред година и пол, кога се кандидирал на внатрепартиските претседателски избори, јавно укажувал дека работите не одат во добра насока. Тој потсети дека бил еден од ретките кои се охрабриле да се кандидираат и отворено да ...