Во врска со објавените написи во дел од медиумите во кои се наведува дека студентите се „на удар“ на Управата за јавни приходи и дека им се бара плаќање данок за летна работа во Германија за период од последните пет години, Управата за јавни приходи цели кон транспарентно информирање на јавноста и студентите со цел да се избегнат несоодветни толкувања на нејзините активности. УЈП не наметнува нови обврски, ниту бара исполнување на обврски кои ...

Лобито на СЈО изгледа ја губи својата сила и поелка попуштаат стегите кои овие луѓе ги имаа врз државното обвинителството, по згаснувањето на нивното. Двете одлуки на Советот, по изборот на новиот републички обвинител, првата дека немало притисоци врз обвинителката Ленче Ристовска и отфрлањето на дисциплинските постапки против Цветановски и Хајрулахи, фрлаат ново светло во повеќе годинешното функционирање на обвинителската служба. Експертите ...

Дамјан Гацов на 22 години е официјално именуван за помошник-тренер на универзитетскиот кошаркарски тим на Универзитетот „Стентон“ во Лос Анџелес. Со тоа тој станува најмладиот Мaкедонец што некогаш бил дел од стручен штаб на еден американски универзитетски тим. Гацов е трета година студент на спортски менаџмент и бизнис-администрација, студии преку кои го комбинира своето кошаркарско искуство со академско знаење. Универзитетот, како што велат ...

Неизвесностите од глобалното окружување и нивното негативно влијание врз македонската економија, тековните економски показатели и можните мерки коишто во иднина ќе треба да се преземат од страна на Владата, а се во интерес на приватниот сектор и одржување на економската активности, беа теми на состанокот на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска со претседателот на Стопанската комора Бранко Азески и членови на Управниот одбор на ...

Поранешниот капитен на бугарската репрезентација и долгогодишен претседател на Фудбалската федерација на Бугарија (БФУ), Борислав Михајлов, почина денеска во Софија, на 63-годишна возраст. Михајлов беше хоспитализиран од ноември минатата година, кога доживеа мозочен удар, а последните неколку недели беше во кома. На Светското првенство во1994 година, Михајлов беше голман на бугарската репрезентација што стигна до полуфиналето и на крајот ...

Нашето пријателство ги надраснува вообичаените дипломатски фрази за отсуство на отворени прашања. Тоа е суштинско, тоа е преживеано и тоа е вистинско. Тоа е пријателство што го граделе поединци, како нашиот голем книжевник Радован Зоговиќ, кој во црногорскиот и во македонскит карактер го препозна истиот непокорлив дух на слободата. Тоа е нишката што нè врзува, а се гледа во делото на вашиот голем писател и револуционер Кочо Рацин, кој во ...

Ако гледаме низ призма на скрининг и реформски капацитети, би требало многу бргу да станеме членка на Европската Унија, ако се има разбирање за пречката поставена надвор од европските стандарди и критериуми – изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова одговарајќи на новинарски прашања на заедничката прес-конференција со нејзиниот гостин. претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ. На новинарско прашање да ја коментира изјавата на ...

Традиционалната манифестација “Првоаприлска шега” што Општина Крива Паланка ја организира по повод денот на шегата,1 април, ќе биде одложена поради најавени неповолни временски услови, информира службата за комуникација со јавноста на општината, посочувајќи дека одлагањето е направено во интерес на здравјето и безбедноста на најмладите учесници. -Културно-забавната манифестација „Првоаприлска шега“ ќе се одржи на 7 април 2026 година, вторник, ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави за „Аксиос“ дека продолжениот конфликт во Иран би можел да биде „многу корисен“ за Русија, но штетен за Украина. Според него, руската економија добива поттик од зголемувањето на цените на нафтата и олеснувањето на санкциите на САД, а Украина би можела да се соочи со недостиг на пресретнувачи на воздушна одбрана и друго клучно оружје. Зеленски нагласи дека Украина споделила разузнавачки ...

На 31.03.2026 во 01:50 часот во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишија од слобода М.Д.(34) од Гостивар поради основано сомнение за сторено кривично дело „убиство“. Имено, претходно во 01:30 часот во Полициската станица Гостивар машко лице пријави дека се сомнева за убиство на член од неговото семејство. Полициски службеници веднаш излегле на местото на настанот и во куќата е пронајден починат К.Д.(63) од ...

Италија не дозволи слетување американски воени авиони во воздухопловната база Сигонела на Сицилија, објави „Кориере дела сера“ повикувајќи се на неименувани извори. Италијанскиот дневен весник наведе дека американските бомбардери требало да слетаат во база во источна Сицилија пред да го продолжат летот кон Блискиот Исток. На американските авиони не им било дозволено слетување бидејќи САД не побарале официјално одобрение, ниту се консултирале ...

Поднесена е иницијатива до Владата за законски измени кои ќе овозможат полагање на стручните испити на мајчин јазик, соопшти народниот правобранител Фатон Сељами, на денешната прес-конференција по повод Годишниот извештај за состојбата со обезбедувањето, почитувањето, остварувањето и унапредувањето на човековите слободи и права за 2025 година. Одговарајќи на новинарски прашања, Сељами информираше дека по сопствена иницијатива отворил предмет ...

Согласно објавениот нов податок за минимална плата, Министерството за внатрешни работи изврши линеарно покачување на платата за вработените во МВР во бруто износ од 2470 денари и тоа почнувајќи со исплата на плата за месец март 2026. Во наредниот период, со имплементација на новиот Закон за внатрешни работи ќе биде разгледана можноста за дополнително покачување на плати за вработените во МВР. Министерството за внатрешни работи продолжува да ...

Доаѓам како пријател кај пријатели, дури и како брат во една братска држава и благодарам поради тоа. Нашите две држави ги поврзува искрено пријателство, заемна почит, а нашите билатерални односи се пример за доброседска соработка во регионот, изјави претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, на заедничката прес-конференција во Вила Водно со неговиот домашин, претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Милатовиќ, кој е во официјална посета ...

Пратеничката група на ЗНАМ со поддршка на пратениците од мнозинството поднесе Предлог на закон за дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, по скратена постапка, со кој се предвидува возачот кој поседува возачка дозвола од Б категорија, да има право да управува мотоцикли со автоматски менувач од категоријата „А1“, чија зафатнина на моторот не е поголема од 125 м3 и чија сила на моторот не е поголема од 11 КW, a ...

Предавникот Христијан Мицкоски отиде кај својот пријател Виктор Орбан да се договара за Никола Груевски и нивните бизниси. Кога оди Мицкоски кај Орбан? Во време на огромни корупциски скандали што ја тресат Унгарија пред изборите. Последниот скандал: Најдобриот другар на Орбан од водоводџија станува еден од најбогатите луѓе. Како? Па преку државни тендери, се вели во соопштението на СДСМ од денешната прес-конференција на Јон Фрчкоски, член на ...

Филипче со 3,6% рејтинг од граѓаните се уште ги слуша лошите совети на Башановиќ и на Заев. Освен лојалистите на Заев, веќе никој нема доверба во Филипче и во СДС, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. Филипче заедно со Заев и Башановиќ ја доведоа СДС на раб на статистичка грешка. Филипче функционира само по директива на Заев, а сега со новиот ПР шеф Башановиќ продолжува кон тонење во политичкото мочуриште, додаде тој во ...

Под влијание на циклонска активност, утре и в четврток во Македонија се очекуваат врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни, над 20 литри на квадратен метар, односно над 30 литри в четврток, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Поради продор на постудена воздушна маса, на повисоките места и планините дождот ќе преминува во снег. Утре и в сабота ќе дува засилен, повремено силен ветер, кој локално ќе достигнува брзина и над 70 ...

Гувернерот на Флорида, Рон де Сантис потпиша закон со кој Меѓународниот аеродром „Палм Бич“ ќе се преименува во Меѓународен аеродром „Претседател Доналд Џ. Трамп“ откога Претставничкиот дом и Сенатот го усвоија законот минатиот месец Законот ќе стапи во сила на 1 јули по одобрувањето од Федералната администрација за воздухопловство, а официјалните владини записи и мапи ќе бидат ажурирани за да го одразат новото име, објави Си-ен-ен. ...

Украина воспоставува безбедносно-одбранбени партнерства со повеќе земји од Персискиот Залив – изјави претседателот Володимир Зеленски посочувајќи „историски договори“ со Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Катар. Зеленски во своето вечерно видеообраќање по враќањето од посетата на Блискиот Исток и држави во Заливот, изјави дека Украина соработува уште и со Јордан и Кувајт, како и дека има интерес за соработка и во Бахреин и Оман. ...

Мицкоски ги продава македонските национални интереси, а кај Орбан отиде за да договара враќање на Никола Груевски и уривање на правниот систем – се вели во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. Му ги исполни сите ветувања, му се оддолжи на Орбан што го чува Груевски, нè задолжи 1 милијарда евра, обезбеди влез на 4iG во телекомникациите, следува влез на ќерка фирма на унгарската Status Energy KFT во енергетиката. Го расчисти ...

И дефинитивно, во СДС мораат да престанат со масовната конзумација на иљачот на членот на ИО и прва пушка на Венко, Шмрчко. Македонската јавност добро се сеќава дека пред две недели испадна дека цело СДС работи во ВМРО-ДПМНЕ. Венко го обвини Шилегов дека одработува за ВМРО, а Петре кажа дека тоа го прават Венко и врхушката, согласно резултатите на раководството. За овие две недели, да ти се отворило уште едно работно место во ВМРО. За кого ...

Сергеј Попов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, синоќа беше гостин во Анализа на телевизија 24, каде говореше на темата за европската интеграција на земјава за што истакна дека поради работите кои владата на СДС ги прифати, моменталните преговори сега, како што вели тој, нема да изгледаат како преговори туку како преговори за историски настани, а ставот на ВМРО-ДПМНЕ е дека мора да се има предвидливост. -Во оваа моментална ситуација со овие ...

Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, денеска беше пречекан со највисоки државни и воени почести во Вила „Водно“ во Скопје од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Како што информираат од кабинетот на претседателката, по официјалниот пречек следуваат тет-а-тет средба меѓу двајцата претседатели, како и пленарен состанок на делегациите на двете земји. Во рамките на официјалната посета ќе биде потпишан меморандум за соработка помеѓу ...

Дали во СЈО се проневерени/ограбени безмалку 4,6 милиони едвра? Доколку се ограбени?! – Тогаш прашање е кој го направил тоа, со која цел и на кој начин? Пред било што да напишам за оваа тема, и соопштувам на јавноста дека се што ќе биде напишано всушност ќе е јавна кривична пријава за 11 јавни обвинители од СЈО и за обвинителите кои го прикриваа тој криминал, јавните обвинители Љубомир Јанески, Љупчо Коцевски и Ислам Абази. Кривично правниот ...

Нов ден, ново „враќање дома“ на СДС. Паниката во партиските редови во комбинација со иљачот на Шмрчко си го прави своето. И во едно се во право. За промена. Да, не е точно дека имаат рејтинг 4,9%, дефинитивно. Многу е за ваква „брилијантна“ екипа, премногу… Партијата која се сведе на Јон, Фани сорос, Богданка, Жерновски и Ана Ве мразам сите, мизерија предводена од капетанот Зоки преку подизведувачот и кормилар Венко го симна нивото на ...

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска на аеродромот во Скопје го пречека претседателот на Република Црна Гора, Н.Е. Јаков Милатовиќ. На покана на претседателката на Република Македонија, Н.Е. Гордана Сиљановска-Давкова, претседателот Милатовиќ престојува во официјална посета на земјава. Во текот на следните два дена, претседателот Милатовиќ ќе оствари неколку билатерални средби со македонскиот државен врв, ...

Истражувачи од Универзитетот во Нов Јужен Велс во Сиднеј објавија преглед на докази што сугерираат дека вејпингот веројатно предизвикува рак на белите дробови и усната шуплина, повикувајќи ги регулаторите веднаш да дејствуваат за да ги заштитат луѓето, особено децата. Прегледот вклучуваше студии на животни, извештаи за човечки случаи и лабораториски истражувања објавени помеѓу 2017 и 2025 година, објави Гардијан. Утврди дека електронските ...

Американскиот државен секретар Марко Рубио ги критикуваше Шпанија и другите сојузници во НАТО за ограничената поддршка во војната со Иран, сугерирајќи дека Вашингтон можеби ќе ја преоцени алијансата по конфликтот, пренесе ДПА. Рубио рече дека САД утврдиле дека Шпанија, членка на НАТО која тие се обврзани да ја бранат, го одбила американското користење на нејзиниот воздушен простор и се фалела со тоа, според транскриптот од изјавите за „Ал ...

Кина успешно го спроведе првиот лет на целосно домашно создаден товарен дрон „Норинко луца“, тежок седум тони, што претставува најголемо логистичко беспилотно летало на светот за транспорт на мали височини. Леталото полета од писта долга 200 метри во провинцијата Хенан и за време на 30-минутниот прв лет ги тестираше клучните системи, вклучувајќи ја авиониката, електромеханичките системи, погонските и горивните системи, пренесе „Глобал тајмс“ ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
2.57
52%
1003
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
4.12
47%
1001
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
2.57
77%
999
weather icon

Софија

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
47%
1006
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
2.85
66%
1005
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 7ᴼ
4.12
95%
1000
weather icon

Атина

21ᴼ / 18ᴼ
2.06
66%
1005
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
4.12
63%
1006
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
3.09
55%
1005
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 12ᴼ
1.54
58%
1004
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 16ᴼ
3.09
39%
1001
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 13ᴼ
4.12
68%
1006
Currency

61.635

Currency

52.6135

Currency

71.1795

Currency

38.1626

Currency

38.3837

Currency

67.3039

Currency

7.74807

Currency

0.70936

Currency

0.33312

Currency

0.52509

Currency

1.15814

Currency

0.54978

Родиум

320703.70

Цинк

0.00

Злато

151413.64

Бакар

13.22

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Платина

68577.54

Рутениум

51376.89

Алуминиум

3.64

Калај

55.99

Сребро

2812.48

Паладиум

47550.95