Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Во Европскиот парламент паралелно егзистираат две функционални мнозинства – првото, веќе традиционалното т.н. „проевропско“ мнозинство на ЕПП, СД и РЕ плус Зелените и второто, т.н. „десничарско“ мнозинство на ЕПП со Патриотите за Европа (ПФЕ), Европските конзервативци и реформисти (ЕЦР) и групата Европа на суверените нации (ЕСН). По изборите за членови на Европскиот парламент во јуни минатата година, првата оценка беше дека и покрај значителниот ...
Светски познатиот научник Џејмс Вотсон, кој ја делеше Нобеловата награда за физиологија или медицина во 1962 година за помош во откривањето на структурата на ДНК, почина на 97-годишна возраст. Смртта на Вотсон беше потврдена синоќа од лабораторијата „Колд Спринг Харбор“, каде што работеше со децении. Во 2007 година се пензионираше од престижната лабораторија во државата Њујорк откако даде расистички коментари, пренесе ДПА. Вотсон, заедно со ...
Соединетите Американски Држави (САД) и Унгарија потпишаа договор за нуклеарно гориво вреден 114 милиони долари, соопшти Стејт департментот, опишувајќи ги односите меѓу двете земји како „достигнување нови височини на соработка и достигнувања“, јави Анадолија. „Вестингхаус“, компанија со седиште во САД, ќе снабдува американско нуклеарно гориво за унгарската електрана „Пакс I“, која произведува околу половина од електричната енергија во земјата. ...
Високиот комесар на ОН за бегалци, Филипо Гранди апелира до германскиот парламент да ја прошири хуманитарната помош, додека Бундестагот се подготвува да го финализира буџетот за следната година. – Одржувањето на хуманитарниот буџет толку низок каков што е, е огромна стратешка грешка, изјави тој за ДПА во неодамнешно интервју. На 13 ноември, буџетскиот комитет на Бундестагот ќе се состане за да го финализира буџетот за 2026 година. Германија ја ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат пообилни. Процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 30 l/m² за 24 часа), засилен ветер и појава на грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен, а долж Повардарието од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени. Во Скопје, променливо ...
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, ја исмеа изјавата на поранешниот американски претседател Џозеф Бајден за демократијата, со која тој сакал да го дискредитира актуелниот шеф на државата. Како што рече Захарова, Бајден целел кон Трамп, а погодил во европските монархии, опишувајќи ги како недемократски режими. Бајден го критикувал актуелниот американски претседател Доналд Трамп, велејќи дека ја срамоти ...
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека успехот на годишните нуклеарни вежби на Алијансата, одржани на почетокот на овој месец, влеал апсолутна доверба во кредибилитетот на нуклеарното одвраќање на овој воен сојуз, и покрај руските закани. – Кога Русија користи опасна и непромислена нуклеарна реторика, нашето население мора да знае дека нема потреба од паника, бидејќи НАТО располага со силно нуклеарно одвраќање, изјави Руте, ...
Грчки државјанин сопственик на куче “пит бул”, косовски државјанин сопственик на куче од расата “американски стафорд”, како и двајца македонски државјани како соизвршители ќе одговараат на кривично дело – Убивање и мачење животни од член 233 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Основното јавно обвинителство Битола ги прибра сите потребни докази и поднесе обвинение, бидејќи на 1 ноември во селото Црнеец во близина на Стрежево, тие ...
Во текот на прес конференцијата на претседателот Трамп и премиерот Орбан во Белата куќа, која МИА ви ја пренесува интегрално, со незначителни скратувања, двајцата лидери зборуваа за катастрофалните грешки на ЕУ со мигрантите, за тоа дека САД под Бајден ја предизвикаа војната во Украина, а Трамп доби многу прашања и за економската ситуација во САД и за затворањето на американската влада. За Орбан, тој истакна: Сметам дека факт е дека тој е ...
Вкупните приходи од наплата на патарина за првите девет месеци од годинава изнесуваат 3.611.645.604, денари (58,725 милиони евра), информираа за МИА од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП). Во септември годинава прометот на наплатните станици изнесува 401.971.971 денар, а во летните месеци кога е највисока фрекфенцијата на возила, биле инкасирани 494.308.025 во август, 469.811.647 во јули и 399.325.680 денари во јуни годинава. ...
ВМРО-ДПМНЕ нема да ги толерира неправилностите и девијантните однесувања на поединци за кои има сомнение дека го прекршиле Законот. Законот за сите е ист, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Секој којшто ќе биде фатен во корупција или криминал, а притоа ќе има докази за истиот, мора да одговара. Не смееме да дозволиме општеството да ни биде мрачно како порано кога луѓе како Заев, Љупчо Николовски, Груби, Филипче, Перпарим Бајрами, Ден Дончев, Рашковски и ...
Западот не е единствен по прашањето за Украина, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан на заедничка прес-конференција со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа, додавајќи дека само американската и унгарската влада се залагаат за мир. Орбан ги поздрави мировните напори на Трамп, додавајќи дека Брисел и Европската Унија веруваат дека Украина може да победи на фронтот, пренесе агенцијата МТИ. Одговарајќи на новинарско ...
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 26 октомври. Денеска е Св. великомаченик Димитриј – Митровден. Свети Димитриј се роди во Солун, во третиот век. Беше син единец на солунскиот војвода. По смртта на татко му, цезарот Максимијан го постави Димитриј на истото место и посебно му препорача да ги гони христијаните. Меѓутоа, Димитриј не само што не ги гонеше, туку и јавно ја исповедаше и проповедаше верата во воскреснатиот ...
Денеска е 26 октомври (по стар стил) и се слави Светиот великомаченик Димитриј Овој славен и чудотворен светител се роди во градот Солун, од благородни и благочестиви родители. Измолен од Бога од бездетни родители, Димитриј беше син единец, заради што беше воспитан и однегуван со големо внимание. Татко му беше војвода солунски, па кога умре, го поставија Димитриј за војвода наместо неговиот татко. Кога го постави за војвода, христоборниот цар ...
На денешен ден Митровден се родени неколку истакнати личности од македонската историја: македонскиот народен херој генерал Михајло Апостолски, Милан Матов, Димитрија Чуповски и Димитар Влахов. Генерал Апостолски е роден во Штип на 8 ноември 1906 година во Штип и тој беше командант на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија, член на Президиумот на АСНОМ и народен херој. Апостолски е еден од најзаслужните за ослободување ...
Раперот 50 Сент предизвика бура на социјалните мрежи откако со контроверзна објава реагираше на победата на Зохран Мамдани на изборите за градоначалник на Њујорк. Мамдани стана првиот муслиман и Јужноазиец на чело на „Големото Јаболко“, а неговите најави за даночни реформи очигледно не му се допаднале на познатиот музичар. Мамдани остро го критикуваше својот противкандидат Ендру Куомо, но и претседателот Доналд Трамп. Познат е по тоа што не се ...
Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва дека размислува за исклучок на Унгарија од американските санкции поврзани со руските јаглеводороди, за време на средбата со унгарскиот премиер Виктор Орбан во Белата куќа. – Размислуваме за тоа, затоа што нему му е многу тешко да набавува нафта и гас од други региони. Како што знаете, тој нема пристап до море, рече американскиот претседател пред новинарите на почетокот на разговорот. Трамп ја повика ...
Турција издаде налози за апсење за израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху и уште 36 други осомничени поради нивната улога во „геноцид“ во палестинската област Газа, јави ТРТ. Главното јавно обвинителство во Истанбул соопшти дека денеска издало налози за апсење за 37 осомничени, вклучувајќи го Нетанјаху, поради обвиненија за „геноцид“ во Газа. Во соопштението се наведува дека налогот е издаден по обемна истрага за „систематските“ напади на Израел ...
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на АТП турнирот во Атина, откако првиот носител во полуфиналето вечерва рутински го победи Германецот Јаник Ханфман со 6-3, 6-4. За 38-годишниот Ѓоковиќ, ова е 144. финале во кариерата во која освои точно 100 турнири, од кои 24 на грен слем турнирите. Оваа година, Ѓоковиќ играше во две финалиња пред Атина. На Мастерсот 1000 во Мајами загуби од младиот Чех Јакуб Меншик, додека ја прослави ...
Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања вчера и денеска во Скопје ја одржа 38. редовна средба, согласно годишниот план за работа. -За време на средбата од македонска страна беа доставени новите учебници за Историја и општество за V и VI одделение. Со оглед на новата реалност на средбата се разговараше околу идниот пристап и методологија во однос на дискусиите околу учебниците. Дискусијата по оваа тема ...
Франција го поздравува потпишувањето на Договорот за меѓуграничниот железнички тунел на Коридор 8 меѓу Македонија и Бугарија, што вчера во Ѓуешево го сторија заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и бугарскиот вицепремиер и и министер за транспорт и врски, Гроздан Караџов, во присуство на претставници на Европската комисија, НАТО, и на банките кредитори на проектот за железничко поврзување на двете држави. ...
Александар КОЛЕВ, кардиохирург при ЈЗУ Кликика за кардиохирургија, Скопје Заедно со мојот колега Кујтим Џелилиi имавме одлична можност да учествуваме на едукативна работилница во Универзитетската болница за кардиохирургија во Бордо, организирана од Петерс. Под менторство на водечките професори Томас Модин, Луис Лаброус и Џулијан Пелтан, се запознавме со некои од најнапредните техники во современата кардиохирургија. Меѓу нив најсофистицирана и ...
Денеска присуствував на одбележувањето на 80-годишнината од Обединетите нации, настан што нè потсетува на значењето на мирот, солидарноста и заедничката работа, напиша на Фејсбук генералниот секретар на владата, Игор Јанушев. Чест е да се биде дел од овој момент што ја нагласува важната улога на ОН во развојот и напредокот на Македонија и целата меѓународна заедница. Овој јубилеј не е само поглед кон минатото, туку и потсетник на нашата обврска ...
Судија на претходна постапка, по произнесување на петмината осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата, кои попладнево беа спроводени во Основниот кривичен суд Скопје, донесе решенија – мерка притвор од 30 дена за четворица од нив, а за едно лице мерка куќен притвор. Како што информираа од Кривиченза лицата Џ.Н., А.Ф., Ф.Ф. и И.С. е прифател предлогот и на сите четворица им е определена мерка притвор од 30 дена заради постоење на основите ...
Сијарто од Вашингтон изјави дека Унгарија во последните години континуирано урива рекорди во инвестициите, се градат и се планираат огромни фабрики, а нивното работење бара зголемени количини на електрична енергија. Според него, ова може да се обезбеди на сигурен, стабилен, евтин и еколошки прифатлив начин на долг рок само преку нуклеарна енергија. – Затоа, во однос на енергетската безбедност на Унгарија и заштитата на резултатите од ...
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска ги отфрли шпекулациите дека рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров веројатно ја изгубил довербата кај претседателот Владимир Путин. Во одговор на новинарско прашање за време на неговиот дневен брифинг, Песков изјави дека оваа информација „не одговара на реалноста“ и дека Лавров продолжува да ги извршува своите должности како шеф на дипломатијата. – Во овие соопштенија нема ништо што ...
Претседателот на Франција Емануел Макрон го повика сирискиот претседател Ахмед ал Шара да се приклучи на меѓународната коалиција за борба против терористичката „Исламска држава“ (ИД). Двајцата лидери се сретнаа на маргините на меѓународната конференција за климата КОП 30 во Белем, Бразил, каде вчера се одржа самит на лидери пред официјалното отворање на конференцијата. – Само неколку дена нè делат од 13 ноември“, им порача францускиот ...
На 06.11.2025 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал- Единица за истраги за тероризам, насилен екстремизам и радикализам, во содејство со Секторот за компјутерски криминал до Основно јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против В.Ј. (40) од Радовиш, со престојувалиште во Скопје, за сторено кривично дело „лажно пријавување на кривично дело” по чл. 366 од КЗ. соопштија од МВР. Таа делото го сторила така што преку ...
Српските медиуми денеска пренесуваат изјава на портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, која вели дека – кога ги слуша интервјуата на српскиот претседател Александар Вучиќ, не е сигурна дали станува збор за едно или за повеќе лица, бидејќи некои од неговите изјави се слушаат во Москва, а други во интервјуа од други географски точки. „Кога ги читам сите овие интервјуа на претседателот на Србија, се прашувам ...
Околу 67.500 лица во Шведска имаат врски со криминални банди, се наведува во извештајот објавен денеска од шведската полиција. Од нив, 17.500 се активни членови, а уште околу 50.000 лица се дел од нивното најблиско опкружување, се наведува во документот кој се фокусира на долготрајниот проблем со криминалните мрежи во земјата. – Сè уште имаме премногу голема група лица кои или активно учествуваат во банди или имаат врски со нив, изјави шефицата ...