Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
Постојат настани во историјата на една држава кои не се мерат со време, туку со болката што ја оставаат зад себе. Трагедијата во Кочани е еден од тие настани. Таа беше трагедија на еден град, но и трагедија која ја потресе целата наша држава и која засекогаш ќе остане врежана во колективното сеќавање на нашето општество, рече премиерот Христијан Мицкоски во воведното обраќање на „Меѓународната конференција за институционалните и клиничките ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се обрати на отворањето на меѓународната конференција во Скопје посветена на клиничките аспекти по трагичниот пожар во Кочани, нагласувајќи дека настанот претставува важна можност за размена на знаења и искуства, но и симбол на солидарноста и поддршката што меѓународната заедница ја покажа кон нашата држава во еден од најтешките моменти. Во своето обраќање, Муцунски ...
Протестот организиран од Сојуз на синдикатите на Македонија (ССМ), на кој работници побараа повисоки плати и подобрување на животниот стандард, отвори и политички дилеми во јавноста. Иако синдикатот официјално го најави протестот како борба за работничките права во Македонија, на терен се појавија и елементи кои ја поттикнаа дебатата за можно политичко влијание. На дел од фотографиите од протестот може да се забележат лица кои носат маици со ...
Министерот за одбрана Мисајловски истакна дека многу процеси се воделе преку Министерството и Армијата и оти искомуницирал со многу амбасадори и министри за одбрана за активирање на сите достапни капацитети, посочувајќи дека и Министерството за одбрана и Армијата секогаш им помагаат на соседните земји кога е потребно. Изрази благодарност до Армијата и сите униформирани лица, нарекувајќи ги лекарите херои, подвлекувајќи дека во тие моменти ...
Покажавме дека државата и институциите, особено со докторите, медицинските сестри и здравствените работници, кога сме заедно, посветени, можеме да одговориме на секаков предизвик. Министерството за внатрешни работи покажа максимална професионална подготвеност во делот на транспортот и преземање на сите надлежности за се што беше потребно да се одговори на медицинските служби најбрзо што може. Тоа го истакна денеска министерот за внатрешни ...
Денеска, на „Меѓународната конференција за институционалните и клиничките аспекти и решенија по пожарот во Кочани“, уште еднаш се навративме на една од најтешките трагедии што ја погоди нашата држава, напиша на Фејсбук директорот на СОЗР, Ивица Томовски. -Најнапред сакам повторно да изразам длабоко сочувство до семејствата на настраданите. Нема зборови со кои може да се утеши загубата, ниту пак има реченица што може да ја намали болката што ...
По доказите дека одговорен за организирање на луѓе и превоз од Струмица и струмичкиот регион е Бранко Георгиев кој е поранешен раководител во ЈПКД Комуналец Струмица во време на СДС, нови докази и факти дека СДС го координира и управува ССМ и на централно и на локално ниво, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. „Протестот кој е најавен за денес формално е организиран од ССМ, но јасно се гледа дека зад логистиката и ...
По барање на градоначалникот на Општина Струга, г-дин Менди Ќyра, а во координација со директорот на Центарот за управување со кризи, г-дин Мухамед Али, беа преземени активности за справување со пожарот на планината Јабланица. Поради исклучително непристапниот и тежок планински терен, интервенцијата од копно беше значително отежната, поради што беа ангажирани два хеликоптери на Армијата на Република Северна Македонија, кои обезбедуваат ...
Елизабета ВЕЉАНОВСКА НАЈДЕСКА Во изминативе девет години две помлади жени од Македонија, кои се лекувале од рак на ендометриум, успеале да родат здрави дечиња. Токму зачувувањето на плодноста кај жени со дијагностицирани премалигни и малигни ендометријални лезии во изминатите години беше тема на истражувањето на професор д-р Глигор Тофоски, раководител на одделот за инфертилитет и асистирана репродукција при ЈЗУ Универзитетската клиника за ...
Армијата на Јужна Кореја соопшти дека пресретнала десетина неидентификувани балистички ракети истрелани од севернокорејската областа Сунан кон Јапонско Море. Северна Кореја последен пат истрела балистичка ракета со краток дострел во Јапонско Море на 27 јануари. Пјонгјанг тогаш соопшти дека тестира „систем за повеќекратно лансирање ракети со голем калибар, надграден со нова технологија“. Со резолуции на ОН на Северна Кореја ѝ е забрането да ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски истакна дека државата денес покажува дека има институционален капацитет брзо и ефикасно да реагира во кризни ситуации, да ги заштити своите граѓани каде и да се наоѓаат, но и да помогне на своите пријатели и партнери. Тој посочи дека изминатата година за Министерството за надворешни работи и надворешна трговија била особено предизвикувачка во делот на кризниот менаџмент, ...
Властите на Катар утрово евакуираа делови од областа Мшеиреб во Доха, каде се сместени владините канцеларии и канцеларија на „Гугл“, како и од реонот каде се наоѓаат шест американски универзитети. Очевидци тврдат дека во главниот град на Катар се слушаат експлозии. Евакуацијата беше спроведена еден час пред властите да известат за пресретнати ракети над Катар. Иранските медиуми пред три дена објавија список на потенцијални цели во регионот. ...
Европската комисија и пренела на Србија дека нејзиниот европски пат бара јасни стратешки избори и вклучува „избегнување стратешки зависности што не се во согласност со таа цел“. Реакцијата е по повод потврдата на претседателот Александар Вучиќ дека Белград купил разорни кинески суперсонични балистички ракети CM-400. Портпаролот на ЕК изјави дека „кредибилен европски пат значи посветеност на регионалната стабилност и заедничко разбирање на ...
Иранската новинска агенција Фарс, поврзана со Иранската револуционерна гарда, објави дека во текот на американските напади врз островот Харг се слушнале повеќе од 15 експлозии. Според Фарс мета на нападите не била нафтената инфраструктура, туку биле бомбардирани противвоздушната одбрана, поморската база, контролната кула на аеродромот и хангар за хеликоптери. Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп на „Трут соушл“ објави дека ...
Амбасадата на САД во Багдад утрово е погодена од беспилотно летало, изјави неименуван ирачки безбедносен извор. Ирачката противвоздушна одбрана го соборила дронот, чија цел била Американската амбасада, што се наоѓа во близина на аеродромот во Багдад. Над Амбасадата на САД се издига чад. Нападот уследи по серијата напади врз проиранска вооружена група во Ирак, при што загинаа двајца нејзини припадници. фото: Икс Амбасадата на САД во Багдад ...
Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) денеска во Скопје ќе одржи работнички протест со барање за зголемување на минималната плата на 600 евра и линеарно покачување на сите останати плати за најмалку 6.000 денари. Протестот, според најавата од ССМ, ќе започне во 12:05 часот пред Работничкиот дом. Рутата на движење ќе тргне од зградата на ССМ на улицата „Мирче Ацев“ во Центар, ќе продолжи по улиците „Филип Втори Македонски“, „11 Октомври“, ...
Меѓународна конференција за институционалните и клиничките аспекти и решенија по пожарот во Кочани ќе се одржи денеска во Скопје. На конференцијата ќе учествуваат високи државни претставници, меѓународни експерти и водечки медицински професионалци од регионот и Европа. Воведните обраќања на премиерот Христијан Мицкоски, министерот за здравство Азир Алиу и министер за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се закажани за ...
Времето денеска ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, а попладне претежно во западните делови со услови за краткотраен повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 2, а максималната ќе достигне од 12 до 19 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде умерено облачно, наместа ќе има услови за повремен локален дожд. Минималната температура ќе се спушти до 1, а ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека Иран е целосно победен и бара договор. – Медиумите, кои шират лажни информации, не сакаат да известуваат за одличните резултати што ги постигна американската војска против Иран, кој е целосно поразен и сака да склучи договор, но не договор што јас би го прифатил, објави Трамп на „Трут соушл“ (Truth Social). Тој претходно на сопствената социјална мрежа објави дека американската армија само што ...
Посебен режим на сообраќај ќе има денеска во Скопје поради протест, соопштија од Министерството за внатрешни работи. – Во 12:05 часот во организација на Сојуз на синдикатите на Македонија ќе се одржи протест со почеток на траса на движење од пред зградата на ССМ на улицата „Мирче Ацев“, лево по „Филип Втори Македонски“, десно по „11 Октомври“, право по „Димитрие Чуповски“, десно по „Васил Главинов“, право по булевар „ВМРО“, лево по булевар ...
Новиот ирански врховен лидер Моџтаба Хамнеи е ранет и веројатно обезличен, изјави на брифинг американскиот министер за одбрана Пит Хегсет, доведувајќи ја во прашање способноста на новиот лидер да управува со Иран. Од почетокот на офанзивата не се објавени снимки со Хамнеи. При првите напади беа убиени многубројни членови на семејството на новиот лидер, вклучувајќи ги неговиот татко и неговата сопруга. Неговата прва изјава беше објавена вчера, ...
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека Турција нема да биде вовлечена во војната меѓу Иран, Израел и САД, но дека е подготвена да одговори на сите закани откако беше пресретната трета иранска балистичка ракета лансирана кон Турција. Во текот на овој процес, ги преземаме сите превентивни мерки против какви било закани за нашиот воздушен простор, токму како што направивме синоќа – рече Ердоган. Ердоган истакна дека главната ...
Програмата „Награди за правда“ (Rewards for Justice) на Стејт департментот на САД повика на информации за „иранските терористички лидери“, вклучувајќи го и Моџтаба Хамнеи. Стејт департментот одреди награда до 10 милиони долари и соопшти дека информациите би можеле да им овозможат на луѓето да бидат подобни за „преселба“. „Овие поединци командуваат и управуваат со различни елементи на Иранската револуционерна гарда (IRGC), која планира, ...
Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, денеска изјави дека неговата земја нема да купува поскапа нафта по диктат на Украина, дека ќе ги брани пониските цени на енергенсите и ќе го чува суверенитетот, и покрај притисоците на претседателот на Украина, Володимир Зеленски. – Литванскиот министер за надворешни работи, Будрис Кестутис, денеска изјави дека би му било срам да живее во земја која купува евтина руска нафта, ...
Во рамки на Институтот за јавно здравје повеќе од 10 години се чувале 10 тони опасен хемиски отпад, што можел да предизвика хаварија и претставувал голем ризик за здравјето на луѓето и безбедноста. Во интервју за КУРИР, директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска, открива што содржел овој опасен отпад и какви се страшни последици можело да има од него. -Изминатиов период во Институтот за јавно здравје имавме акција со која што отстранивме повеќе ...
Заедно со министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска присуствувавме на првиот состанок на Работната група за подготовка на итни законски измени насочени кон подобрување на системот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, напиша заменик замник-министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски на својот фејсбук профил. -Работната група е формирана согласно заклучоците од Итната ...
Минатиот месец, Марија Андоновска беше реизбрана за член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Си постави задача да работи посветено, одговорно, да се работи на градење на држава и институции кои ќе им служат на граѓаните. Во интервју за КУРИР одговара на прашањето што за неа претставува оваа функција. -Функциите се минливи и менливи. Најважно е да оставите дела позади себе. За мене функцијата претставува само одговорност. Некој ќе си помисли ...
„Минималната плата ќе порасне така како што ќе се договарат работодавачите и работниците, со оглед на тоа дека Владата во овој дијалог ги има испочитувано во крај своите права или обврски кон оние на коишто е работодавач, бидејќи 99% од државната управа има склучено колективни договори со Владата“, истакна Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата Топ Тема на Телма телевизија. Стојаноски нагласи дека ...
Билет купен во Велика Британија го освои џекпотот на EuroMillions од 181 милион фунти, или нешто повеќе од 209 милиони евра, на извлекувањето во вторник, потврди Националната лотарија на Велика Британија. Играчот ги погоди сите пет броја – 12, 14, 27, 44 и 50 – како и двата броја Lucky Star – 04 и 12 – за да го освои џекпотот. Наградата од 181.073.415,70 фунти (209.733.715,94 евра) е трета најголема во историјата на Националната лотарија на ...
Најновиот документарец на проектот Истражувачка Репортерска Лабораторија (ИРЛ), кој беше насловен како „Цената на правдата“, повеќе не е достапен на платформата YouTube, пишува експрес.мк. Според образложението кое може да се види на сајтот на ИРЛ, документарецот е избришан поради кршење на авторски права. Правата за дел од документарецот според објавата на Јутјуб се на порталот Плусинфо. Најголемата светска платформа за споделување на видеа ...