Американската администрација на претседателот Доналд Трамп се обидува да го депортира Блерим Скоро, 55-годишен жител на САД, роден во Косово и татко на три деца, кој тврди дека работел во тајност за американските разузнавачки служби и дека по нападите од 11 септември се инфилтрирал во Ал Каеда, објави Си-Би-Ес њуз. Службата за имиграција и царина на САД (ИЦЕ) го уапсила Скоро на 3 август пред канцеларија за имиграција во Њу Џерси, каде што ...

Американскиот астрофизичар Ерик Дејвис изнесе тврдења коишто повторно ја отворија една од најголемите мистерии на модерното време. Научникот тврди дека американската Влада наводно поседува тела на најмалку четири различни вида вонземјани, а еден вид, според наводите, наречени „сиви“ – витки човековидни единки со сива кожа, наликуваат на суштеството од култниот филм на Спилберг – „Блиски средби од трет вид“ од 1977 година. Уште повеќе, Дејвис ...

Според Националниот индекс за сајбер-безбедност, кој го подготвува естонската Академија за е-управување, Македонија е рангирана на 30 место во светот, од вкупно 155. Со 84,17 поени, ова е напредок од 29 позиции во однос на претходното рангирање, кога бевме на 59 место во 2023 година, истакна Драгана Бојковска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник на прес-конференција, што МИА ја објавува интегрално. Овој резултат е показател дека Владата ...

Откако претседателот Мицкоски јасно кажа дека доколку СДС и Филипче побараат предвремени избори, истите ќе ги добијат, во СДС молк и повлекување. До вчера гласни со секојдневни прес-конференции, обвинувања и повици кон ВМРО-ДПМНЕ, денес одеднаш ги снема, се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ што МИА го пренесува интегрално. Очигледно е дека едно е да се биде гласен пред камерите, а сосема друго да се излезе пред граѓаните и да се побара ...

Го повикуваме ЈО да отвори случај по допрен глас за молкот на Филипче, кој како министер за здравство, не постапил за ниту една од 400 анализи кои му биле доставени за загадена вода во Гостивар и на територијата на Македонија, истакна на денешната прес конеренција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков. Граѓаните со години конзумирале небезбедна вода во Гостивар, Филипче за тоа знаел, а не постапувал. Документите кои ги добивме од свиркачи, за ...

Граѓаните не бараат избори, туку реформи. Доколку опозицијата мисли дека се потребни предвремени избори, ќе одговориме на тоа барање позитивно и се разбира дека ќе ги победеме – изјави денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во одоговор на новинарско прашање. – Граѓаните не сакаат избори. Граѓаните сакаат реформи и континуитет на процесите што ги води оваа Влада. Затоа ја направив онаа споредба на почетокот – три спрема еден – ...

Бруто-домашниот производ е за 120 милиони евра поголем за две години владеење на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ или за трипати пократок период во споредба со претходните шест години владеење на СДСМ и ДУИ – истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски. – Кога водите еден процес, и во политиката мора да правите компаративна анализа. Ако не правите компаративна анализа, тогаш лутате во магла и не знаете каде ќе стигнете. Јас се обидов ...

Заштита на македонските национални интереси, потенцијалот на дипломатско-конзуларни претставништва во делот на економската дипломатија и заштита на граѓаните кои живеат надвор од границите на нашата држава се трите стратешки национални интереси, кои денеска ќе им бидат презентирани на членовите на Амбасадорскиот совет, информираше министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. Пред одржувањето на Амбасадорскиот совет ...

Градежништвото расте со стапка поголема од 30 отсто во делот на издадени одобренија за градење, но и вредноста на работите што ќе се реализираат во градежништвото е над 30 проценти во споредба со истиот период од минатата година – вели претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, Одговарајќи на новинарско прашање за последните податоци за градежништвото пред почетокот на амбасадорскиот совет, премиерот Мицкоски оцени ...

Во ДУИ веќе не се знае кој ја води партијата. Али Ахмети пушта пробни балони за повлекување, Бујар Османи се загрева за лидерската фотелја, а луѓето на Артан Груби испраќаат пораки и ги потсетуваат сите кој до вчера бил главен во партијата. Три приказни и една голема паника – наведува Вреди во денешното соопштение за медиуми, што МИА го пренесува интегрално. Ахмети глуми дека ја држи ситуацијата под контрола, но есапот никако не му излегува. ...

Христијан Мицкоски синоќа повторно излезе со „сопствена анализа“. Платите растеле 70% побрзо, пензиите 325% побрзо, инфлацијата била седум и пол пати помала, долгот два и пол пати помал, стои во соопштението на СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. Интересна е математиката на СДСМ, покрај другото и со пиперките, кои се „евтини кога треба да им се додворат на земјоделците, а скапи се кога граѓаните треба да ги купат во маркетите“. Во ...

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека новата кампања на американскиот претседател Доналд Трамп против Техеран, наречена „Економски Д-ден“, ќе им донесе на САД „нов пораз“ и дополнително ќе го продлабочи непријателството на Иранците кон Вашингтон. Неговите изјави следат откако Трамп објави, како што ја нарече, „најразорната економска операција што некогаш била преземена против која било земја“, опишувајќи ја кампањата ...

Шпанија подготвува план за преместување на околу 500 непридружени малолетници од Сеута во континенталниот дел на земјата, по минатомесечниот масовен прилив на мигранти во шпанскиот град во северниот дел на Африка. Министерката за миграција, Елма Саиз, изјави дека Владата во Мадрид работи со властите во Сеута и со регионалните влади на планот, според кој децата би биле сместени во соодветни установи и згрижувачки семејства во различни делови ...

Вредноста на синдикалната минимална кошница за август 2026 година изнесува 68.675 денари, а споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за јули која изнесуваше 68.498 денари е зголемена за 177 денари – информира денеска Сојузот на синдкати на Македонија (ССМ). За храна и пијалоци месечните трошоци изнесуваат 25.032 денари, за образование 7.192 денари, за облеја и обувки 6.511 денари, за станарина, вода, електрична енергија и ...

Економските резултати се мерат со бројки, а бројките јасно покажуваат дека со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните добиваат повеќе и живеат со поголема економска сигурност, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. Доколку направиме компаративна анализа со периодот на владеење на СДС и ДУИ, ќе видиме дека просечната плата во периодот од јули 2024 до мај 2026 година расте за 70 проценти повеќе на месечно ниво ...

Американскиот претседател, Доналд Трамп, најави „економска војна“ и изолација на Иран од невидени размери, во услови на застој во преговорите со Техеран. Истовремено тој упати предупредување дека со сериозни економски последици ќе се соочат и земјите што ќе му пружат економска поддршка на Иран. „Никој не и даде на Исламската Република Иран поголема можност од мене да постигне договор“, напиша Трамп на својата платформа „Трут соушл“, додавајќи ...

Демократската унија за интеграција (ДУИ) ја поздравува подготвеноста што ја изрази премиерот Христијан Мицкоски за одржување предвремени парламентарни избори, доколку тоа го побара опозицијата. Го бараме тоа, се вели во соопштението на ДУИ што МИА го пренесува интегрално. Конечно и премиерот разбра дека оваа состојба е неодржлива и дека на државата ѝ е потребен нов политички мандат. Владата го загуби легитимитетот да продолжи со европската ...

На 18.08.2026 во 17:15 часот на подрачјето на Кисела Вода во Скопје, полициски службеници го лишија од слобода А.Ј.(38) од Скопје. Приведен е постапувајќи по претходна пријава од неговиот 63-годишен татко дека околу 16:00 часот во семејниот дом со остар предмет му упатил закани и искршил дел од покуќнината. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок. На 18.08.2026 во 17:15 часот на подрачјето на Кисела Вода во ...

Принцот Хари и неговата сопруга Меган планираат да се вратат во Велика Британија, шест години откако се повлекоа од кралските должности и се преселија во Калифорнија, објавија денеска британските медиуми. Според лондонски „Телеграф“, Хари и Меган планираат до крајот на месецов да ги напуштат САД и да се преселат во приватна резиденција надвор од Лондон. Нивните две деца се запишани во британско училиште, каде во септември започнува наставата. ...

Јужна Кореја проценува дека Северна Кореја поседува меѓу 80 и 120 нуклеарни боеви глави, изјави денеска јужнокорејскиот министер за одбрана, Ан Гју-бак. Ан Гју-бак пред пратениците во Парламентот рече дека проценката се темели врз податоци добиени од приватни истражувачки организации и оти јужнокорејската армија не може официјално да го потврди бројот. Неговата проценка е значително повисока од онаа што вчера ја изнесе американскиот ...

Изутринава во Македонија има пет активни пожари и тоа во Мариово (село Чаниште, крак кон Црна Река и крак кон село Орле, во општините Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила. Пожарот во депонијата во Општина Делчево е ставен под контрола. а изгаснати се 31 пожар. Центарот за управување со кризи информира дека во изминатото деноноќие (19/20.08.2026 година) до 07:30 часот, регистрирани се вкупно 37 пожари на отворен простор, од кои пет се ...

Венко Филипче уште не е вратен од годишниот одмор, а сè уште од јахтата на Зоран Заев повикува на хистерија, најпрво за водата во Гостивар, потоа за водата во Скопје, а сега и за нилската треска, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Нели е сосема чудно што ова лето нема пожари како што имаше минатото лето во Вардариште и Дрисла? Единствената крупна разлика е што оваа година нема локални избори, па СДС пироманска се претвори во СДС ...

Американскиот јавен долг за првпат надмина 40 трилиони долари (40 илјади милијарди долари), покажуваат податоците на Министерството за финансии на САД, со што дополнително се зголемува притисокот врз државните финансии. Новото рекордно ниво е достигнато само пет месеци откако долгот во март достигна 39 трилиони долари, и порано од очекувањата на аналитичарите. На растот на долгот, меѓу другото, влијаеле и милијарди долари пропуштени приходи ...

Од почетокот на годинава заклучно до јуни од наплата на патарина во државава инкасирани се рекордни 1.919.775.277 денари (над 31 милиони евра), во споредба со минатата 2025 година наплатени се 21.891.532 денари повеќе, информираа за МИА од Јавното претпритијатие за државни патишта (ЈПДП). Најфреквентна наплатна станици е Тетово по што следуваат Петровец, Романовце, Глумово, Миладиновци, Желино, Гостивар, Стоби, Кадрифаково, Преод, Сопот, ...

Амбасадорски совет ќе се одржи денеска и утре во Скопје, со учество на шефовите на македонските дипломатско-конзуларни претставништва во странство. Како што информираше во вторникот на прес-конференција министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, ова е првпат по 2019 година амбасадорскиот совет повторно да се одржи во нашата држава, со физичко присуство на шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва. На ...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Утринската температура ќе се движи од 13 до 21 степен, а дневната од 33 до 39 степени, соопши Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен ...

Премиерлигашот Тотенхем планира до крајот на преодниот рок да купи играчи од нападот, а во пред план сега е тандемот од Манчестер Сити Савињо и Омар Мармуш. Според британските медиуми преговори се почнати, но договор не е постигнат. Савињо подолго време е цел на Тотенхем, а бразилскиот фудбалер летово истакна дека сака трансфер во клубот од Лондон. Манчестер Сити од француски Троа го купи за 40 милиони евра, а сега бара 70 милиони. Во игра ...

ВМРО-ДПМНЕ е единствената политичка партија која секогаш била со јасна определба за самостојна Македонија, порача вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, вечерва од Прилеп каде се одбележува 36 години постоење на партискиот општински комитет. -ВМРО-ДПМНЕ е единствената партија која секогаш била на страната на Македонија, од самиот почеток до денес. Денес одбележуваме 36 години ВМРО-ДПМНЕ ОК Прилеп! Македонија се гради со ...

Конвој на Противпожарната бригада на Град Скопје се упати кон Мариово, во помош при гаснењето на еден од најголемите пожари во моментов на барање на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов. Првпат летово превентивно во гаснењето на пожарите, во случајов во мариовско, се ангажирани и триесетина војници. -Кога гори македонска земја, нема граници. Има само една обврска – да бидеме заедно, да си помогнеме и да го ...

Ракометарите на Охрид ја постигнаа и втората победа на турнирот „Крсте Андоновски“ откако вечерва на домашен терен ја совладаа Војводина со 29:19. Ова всушност е двојна победа за победникот на Европскиот ЕХФ куп бидејќи истиот натпревар е и дел од Регионалната лига. Но, за пласман во финалето охриѓани ќе треба да бидат поуспешни од хрватскиот првак бидејќи двете екипи имаат по две победи, а меѓусебниот дуел го играат во петок. Најзаслужен за ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
75%
1026
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
77%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.54
64%
1027
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
85%
1026
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
84%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
87%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 13ᴼ
1.54
71%
1022
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
61%
1030
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
0.89
62%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Алуминиум

3.07

Платина

49319.25

Родиум

295786.87

Бакар

12.58

Рутениум

61086.42

Иридиум

315077.32

Цинк

3.76

Паладиум

32279.35

Кобалт

33.53

Злато

130856.75

Сребро

1670.34

Калај

46.54