Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
На денешното судење за случајот „Пулс“ сведочеше Трајче Димишковски, кој од 2023 до август 2025 година бил дел од агенцијата за обезбедување „Рубикон“. Во своето сведочење Димишковски опиша како се одвивала комуникацијата меѓу вработените, кој бил одговорен за распоредот на луѓето, како и какви насоки давал професорот Александар Нацев при поголеми настани и предавања за законските обврски на обезбедувачите. Димишковски посочи дека во април ...
Во рамки на стратешката иницијатива за зајакнување на административните капацитети, Управата за јавни приходи започнува имплементација на зајакнат системски пристап во управувањето со долговите на даночните обврзници, насочен кон јасен фокус, поголема ефикасност и реални резултати, информира УЈП во соопштение што МИА го пренесува интегрално. Клучен чекор во овој процес е донесувањето на Стратегија за реална и наплатлива Листа на должници, ...
На 11.03.2026 во 19:55 часот во СВР Тетово е пријавено дека кај Требошки натпатник во Тетово, патничко возило „опел“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од М.Џ.(48) од с.Врапчиште, гостиварско излетало надвор од коловозот. -Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле две сопатнички, Х.Џ. и Љ.Џ. од с.Врапчиште, гостиварско, а со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Тетово, информира МВР. Извршен ...
Ирански медиуми тврдат дека сопругата на поранешниот врховен лидер на Иран е жива. Иранската новинска агенција Фарс објави дека Мансуре Хоџасте Багерзаде, сопруга на покојниот ирански врховен лидер Али Хамнеи, е жива. Агенцијата, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, соопшти дека претходните извештаи за нејзината смрт се неточни. Иранската државна телевизија IRIB TV2 објави на 2 март дека Багерзаде е убиена во ...
По потпишувањето на Анексот број 8 на Договорот за изградба на автопатот Кичево – Охрид од страна на заменик претседателот на Владата задолжен за политички систем, Љупчо Димовски и од вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, потпис ставија и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски и генералниот претставник на Синохидро во нашата држава, Чен Чен, соопштија попладнево од Јавното претпријатие. – ...
На 11.03.2026 во 09:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од бул.„Кузман Јосифовски Питу“, бул.„Кочо Рацин“ и ул.„Крсте Мисирков“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.Г.(55) од с.Волково, скопско и патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот, информира МВР. Со тешки телесни повреди се ...
Поради извршна постапка за стар долг на Општина Струга попречена е постапката за продажба на службениот автомобил ауди А6, кој требаше да биде ставен на аукција на 16 овој месец, а средствата да бидат наманети за набавка на комбе кое ќе го користат спортските клубови и центарот за деца со посебни потреби. Општина Струга информира дека градоначалникот Менди Ќура е во комуникација со засегнатите страни со цел процесот да се заврши во интерес на ...
На 11.03.2026 околу 21:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Батинци, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Н.(41) од Скопје и патничко возило „шкода“, сопственост на МВР, а управувано од И.М.(34) од Скопје. -Во несреќата со телесни повреди се здобиле возачот на возилото „шкода“ и двајца негови сопатници од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка ...
Македонската јавност со тага и неверување ја дочека тажната вест за смртта на познатиот македонски актер Кирил Поп-Христов, кој почина на 58-годишна возраст во Еквадор, каде што живееше последните години. Кирил Поп-Христов во Еквадор се пресели во 2014 година заедно со неговата сопруга, кореографката Гордана Деан Поп-Христова, и нивната ќерка Јоана. И покрај тоа што беше далеку од татковината, тој остануваше актуелен преку своите објави на ...
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека досега се реализирани четири организирани летови за евакуација на граѓани од регионот на Блискиот Исток, со кои се превезени вкупно 458 патници. Од нив, 380 се македонски државјани, додека 78 се странски државјани. Вкупно по држави, меѓу евакуираните странски државјани има: 14 од Босна и Херцеговина, 13 од Косово, 13 од Албанија, 8 од Србија, 6 од Црна Гора, 3 од Грција, ...
Уставниот суд е пред клучна одлука – ќе ја заштити ли уставно гарантираната самостојност на Јавното обвинителство или ќе дозволи да се наруши принципот на поделба и контрола на власта? Вчерашната одлука и поделеното гласање на уставните судии, кои не успеаја да заземат конкретен став дали да се поведе постапка за оценување на Законот за изменување на Законот за платите на јавните обвинители, претставува основ за сериозна загриженост не само ...
Родителите на загинатите во трагедијата во Кочани денеска по комеморацијата во Собранието изразија разочарување од институциите кои, како што велат тие, не ги спомнале со име нивните деца кои загинаа. – Денеска сме собрани овде, повикани од Владата за комеморација на нашите деца после една година од трагедијата. Очекувавме и се надевавме дека кога ќе дојдеме овде ќе им оддадат почит на нашите деца, но сè падна во вода. Комеморација за нашите ...
Корупцијата доведе до трагедијата во Кочани, нагласи претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за неделникот „Фокус“. Филипче посочи дека токму поради корупција падна настрешницата во Нов Сад во Србија а во Кочани исто поради корупција се случи трагедија во која 63 млади лица го загубија животот. „Еднаш реков дека Србија има натстрешница, а Македонија Кочани. Она што најмногу е заедничко е корупцијата! Корупцијата што ја водат ВМРО и ...
Антикорупцискиот тим на СДСМ ги открива бизнис-шемите на Мицкоски и нивната поврзаност. Веќе објавивме дека сопругата на неговиот партнер во хидроцентралите, Мицкоски ја назначи за директорка на Развојната банка, иако е сопственичка на компанија од енергетскиот сектор, се вели во соопштението од СДСМ во кое се пренесува прес-конференцијата Јон Фрчкоски – член на Извршниот одбор на партијата, кое МИА го објавува интегрално. Денеска објавуваме ...
Трагедиите никогаш не треба да бидат поле на раздор. Тие треба да бидат моменти на солидарност, на хуманост и сплотеност, истакна претседателот на Собранието, Африм Гаши во обраќањето на комеморативната седница за годишнината од пожарот во Кочани, во која животот го загубија 63 лица, а околу 200 беа повредени. Комеморативната седница почна со едноминутно молчење во знак на почит за споменот на 63-цата загинати во Кочани. На седницата, покрај ...
Претседателот на парламентот на Иран, Мохамад Багер Галибаф денеска предупреди дека секој обид за инвазија врз иранските острови ќе предизвика одговор без ограничување. – Секоја агресија врз територијата на иранските острови ќе ја уништи секоја воздржаност. Ќе се откажеме од сите ограничувања и ќе го наполниме Персискиот Залив со крвта на напаѓачите, објави Галибаф на платформата Икс. Неговата изјава уследи по шпекулациите дека САД би можеле ...
Џабе демант и од Европската Унија, СДС продолжува да лаже и да растура пердуви. СДС не само што лаже, туку суши од лажење. До толку лажат СДС на чело со Филипче, Заев, Жерновски, па и Кузеска во нивно друштво, што нема ден а да не се демантирани и тоа од релевантни институции. Како што лажеа за мигрантите од Обединетото Кралство, за што добија и јавен демант и од британскиот амбасадор, така продолжуваат да лажат и за ЕУ. На ширачите на лаги, ...
Американските медиуми повикувајќи се на неименувани извори од Пентагон објавија дека првите шест дена од војната со Иран чинеле повеќе од 11,3 милијарди долари. Во процената не се вклучени трошоците поврзани со судирот, како што е распоредување воена опрема и персонал пред нападот што се случи на 28 февруари. Претходно, вашингтонскиот тинк-тенк Центар за стратешки и меѓународни студии (ЦСИС) објави дека во првите 100 часа од ...
Политиките на Мицкоски може да се опишат само со еден збор: ЛАГА! Ветуваше дека ќе го врати името, дека ќе го поништи Преспанскиот договор, дека никогаш нема да изговори Северна. Излажа, изјави Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ на прес-конференција, што МИА ја пренесува интегрално. Јавно кажа дека доколку се открие поврзаност помеѓу ВМРО и агенцијата за обезбедување од дискотеката „Пулс“, ќе си даде оставка. И затоа излажа. Велеше дека ...
Европската Комисија поточно кабинетот на еврокомесарката за проширивање Марта Кос го демантира високиот функционер на СДСМ Андреј Жерновски кој вчера на прес конференција изјави дека Кос мислела на Македонија кога зборувала за токсично руско влијание и тројански коњи кај земјите кандидати. Од кабинетот на Кос за expres.mk велат дека изјавата на Кос не се однесува на Македонија туку таа зборува генерално за сите кандидати во смисла на постоење ...
Како легалисти сакаме да ја почитуваме нормативната максима дека пресудите на Уставен суд не се коментираат, особено од партиите, бидејќи тоа по автоматизам се толкува како политички притисок. Сепак, пред сè како луѓе, а после како партија не можеме да избегаме од впечатокот дека овој состав на Уставниот суд повеќе наликува на југословенска политичка елита отколку на највисока судска инстанца, се вели во соопштението од „Вреди“ што МИА го ...
Недостиг на основни противпожарни апарати, празен хидрант, заклучена помошна врата и отсуство на систем за пријавување пожар констатирала увидната екипа на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) по пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани. Ова го истакна инспектор на ДЗС од подрачното одделение во Виница, кој денеска сведочеше на судското рочиште, посочувајќи дека до моментот на несреќата, Општина Кочани повеќе од една деценија немала вработено ...
Синоќа беше објавена веста дека почина актерот Кирил Поп Христов-Кили. Тој ќе биде погребан во јужноамериканската држава Еквадор, каде живееше околу 12 години, информираше неговото семејство. Според неговата сопруга, Кили починал во сон, од инфаркт. „Кили ќе биде погребан во Еквадор. Ќе почива во Мангларалто, покрај океанот“, објави на социјалните мрежи неговата сопруга Гордана Деан Поп Христова. За потсетување, Кили, Гордана и нивната ќерка ...
Владата продолжува да биде глува на предупредувањата и да ги игнорира ризиците што го загрозуваат животниот стандард на граѓаните, без да преземе мерки за нивна заштита од нови ценовни удари, се вели во соопштението од ДУИ што МИА го пренесува интегрално. Сите професионални прогнози и движењата на меѓународните енергетски берзи покажуваат дека од наредниот понеделник се очекува ново и значително зголемување на цените на нафтените деривати. ...
СДС Врховистичка продолжува со своите малициозни соопштенија, мизерни памфлети во кои по секоај цена ги оценува македонските власти и по навика Фрчковистички му се упикува на меѓународниот фактор, пишува во својата анализа Курир. Проблемот е што напливот на безрбетништво кај нив најчесто подразбира и отсуство на логицирање, па вадењето од контекст и давањето сопствен наратив на туѓите изјави само дополнително ја резили дилетантската пи-ар ...
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски во своето обраќање на глобалниот форум „Trasforming Transportation 2026“ што се одржува во Вашингтон во организација на Светска банка, го потенцира значењето на коридорите и инвестициите што се реализираат. Како што објави Николоски на неговиот Фејсбук профил, на економскиот форум во Вашингтон во своето обраќање ја потенцирал важноста на геостратешката позиција на ...
ССМ е координирано и управувано од СДС. Целата логистика за таканаречените протести на ССМ е обезбедена од СДС. До нас пристигнаа документи од свиркачи кои покажуваат кои се лицата одговорни за организирање на логистиката за протестите, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Тој покажа документи кои го потврдуваат неговото тврдење. -Одговорен за организирање на луѓе и превоз од Струмица и струмичкиот регион е Бранко Георгиев. Ова е ...
На Меѓународниот аеродром во Приштина синоќа пристигна третиот организиран лет со патници кои беа успешно евакуирани од Катар, Кувајт, Кралството Саудиска Арабија и Кралството Бахреин. Како што објави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, патниците претходно со организиран превоз биле транспортирани до Ријад, од каде што со специјален лет безбедно го напуштиле регионот. -Во авионот имаше 151 патници, од кои 109 ...
Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 15 до 21 степен, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 20 степени. Утре ќе се задржи претежно ...
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека „ја добиле војната со Иран, но дека САД ќе останат во борбата за да го завршат она што го започнаа“. „Никогаш не е добра идеја да се каже прерано дека сте победиле. Ние победивме“, рече Трамп на настан за време на кампањата во Хеброн, Кентаки. „Во првиот час, заврши.“ Тој рече дека САД „уништиле 58 ирански воени бродови“. Трамп се двоумеше во врска со Иран, припишувајќи ѝ на ...