Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
Сообраќајна несреќа се случила попладнево на регионалниот пат Кочани – Виница, поради што сообраќајот на овој патен правец е во прекин. Според неофицијални информации несреќата се случила околу 13:44 часот, при судир меѓу патнички возила „мазда“ и „фолксваген поло“. Едно лице починало на местото на несреќата, додека неколкумина повредени со возила на Итната медицинска помош се пренесени во Општата болница во Кочани. На местото на несреќата ...
Ново бебе пингвин доби скопската Зоолошка градина. Информацијата денеска ја споделија од Зоолошката на нивната Фејсбук – страница. – Викендов во Скопје ЗОО повторно имавме причина за радост, се изведе уште едно бебе пингвин од видот хамболт. Нашите пингвини Џонатан и Лила за само неколку дена станаа горди родители на второ младенче, информираа од Зоолошката градина. Во објавата се појаснува дека на споделеното видео може да се види како ...
По цели 25 часа од последното, вчерашно соопштение СДС се јави. На лукративните политиканти не им успеја глумењето доблест и наводен молк и сочувство заради годишнината од кочанската мега трагедија. Она, кога за жал, вистинското лице излегува на виделина. Едноставно, не можеа да издржат до утре, пишува Курир.мк. Сите други партии денеска молчат заради почит кон починатите 63 ангели во Кочани, но не и СДС на Венко. Не можеа да се победат ...
СДС манифестира еклатантно лицемерие и бесрамност кога си зема за право да ги коментира состојбите во енергетиката, особено кога се дрзнува да зборува за РЕК Битола и намаленото домашно производство, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што го пренесуваме интегрално. „Токму криминогеноста и незаситната алчност на нивните кадри, ги оставија АД ЕСМ и РЕК Битола во катастрофална состојба. Со нивните криминални тендери во РЕК Битола си ги ...
Братислав ДИМИТРОВ Народна поговорка („Сите жени се курви, само мајка ми е поштена“) Според една теорија, телевизијата е измислена за да имаат причина и неписмените да носат наочари. И носат. Седат завалиите пред телевизор и не мрдаат додека не ги одјават сите програми. После дискутираат. Во пракса не се усреќивме ни со писмениве. Пред некој ден, еден доктор на науки во интервју на ТВ освен за себе, патем спомна и некој свој колега кој ...
Штип вечерва ќе им оддаде почит на Филип Ивановски, Дамјан Таневски, Александар Ефремов, Филип Стевановски и на Александар Коларов, кои пред една година починаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Во 18.30 часот ќе се постави камен-темелник за изградба на спомен-обележје кај малата фонтана во близина на градскиот плоштад Слобода. Во рамките на спомен-обележјето ќе има пет гулаби и еден ангел, а ќе бидат изгравирани и имињата на ...
Германија соопшти дека евентуалната американска војна против Иран „нема никаква врска со НАТО“. Германската влада предупреди дека проширувањето на борбените операции би носело големи ризици за партнерите на Блискиот Исток и Заливот, пишува „Анадолија“. „Тоа не е војна на НАТО. НАТО е одбранбен сојуз“, изјави портпаролот на владата Стефан Корнелиус пред новинарите во Берлин. „Германската влада исто така мора јасно да ги процени ситуацијата на ...
Основниот суд во Бања Лука го прогласи Милорад Додик, лидерот на владејачката партија во Република Српска, за виновен за дискриминација на ЛГБТИ лица, соопшти денеска Сараевскиот отворен центар (СОЦ), кој исто така поднесе тужба против Додик. Тужбата беше покрената поради застапувањето на Додик за прогонот на ЛГБТИ активистите во 2023 година, кои беа нападнати од хулигани во тој град. Потоа, Додик го оправда насилството и во јавен говор ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека Украинците сакаат да ја продолжат војната, дека Европа ги поддржува во тоа, како и дека мировните преговори можеа да почнат одамна доколку европските земји не застанаа зад Украина. Орбан рече дека најголемата пречка за мир е тоа што Украина сака да ја продолжи војната, пренесува „Маѓар немзет“. – Сите знаеме дека постојат пречки за мир. Украинците сакаат да ја продолжат војната. Тие имаат ...
Шиитска милиција, сојузничка со Иран, тврди дека нападнала американска воена база во Ирак, при што загинале шест американски војници. Уште четворица американски војници се сериозно повредени во ракетниот напад врз воената база во близина на аеродромот во Багдад, соопшти денеска милицијата Сараја Авлија ал-Дам. Американската војска сè уште не го коментирала инцидентот. Медиумската канцеларија на ирачките вооружени сили изјави дека вчеравечер ...
Британскиот премиер Кир Стармер денеска изјави дека Велика Британија не е подготвена да „биде вовлечена во војна“ во Иран „без план за излегување“. Стармер одби да се придружи на американско-израелскиот напад врз Иран, но се придружи во одбраната од иранската одмазда кога беа нападнати британските воени бази на Блискиот Исток. Претседателот на САД, Доналд Трамп, и противниците на Стармер ја критикуваа одлуката да не учествува. На денешната ...
Евентуалното излегување од Европската Унија за Полска сега е „реална закана“, предупреди полскиот премиер Доналд Туск. Тој ги обвини претседателот Карол Навроцки и десничарските опозициски партии дека ја водат земјата кон напуштање на блокот, охрабрени од сојузниците од Москва до движењето МАГА со седиште во САД. Во објава на социјалните мрежи, Туск рече дека фракциите на крајнодесничарската Конфедерација и мнозинството пратеници од ...
Полскиот министер за надворешни работи и вицепремиер Радослав Шикорски денеска во Брисел изјави дека некои политичари во таа земја веќе го шират наративот дека Европската Унија е поголема закана за Полска од Русија на претседателот Владимир Путин. Шикорски рече дека искуството со брегзит потврдува дека е можно да се игра со емоциите за луѓето на крајот да веруваат во тоа. „Британската влада беше апсолутно против напуштањето на ЕУ кога го ...
Поранешниот висок претставник на ЕУ за надворешна политика, Жозеп Борел, остро го критикува сегашното раководство на Унијата, вклучувајќи ги и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и неговата наследничка Каја Калас, затоа што, како што оцени, Брисел не се залагал доволно за меѓународното право во случајот со Иран. Борел е најновиот во низата шпански социјалисти сојузници на Фон дер Лајен, кои истакнуваат дека ЕУ не ...
Со поставување на симболичната инсталација „63 бели столчиња – 63 животи“ во Паркот на револуцијата и со комеморативен настан во Центарот за култура „Бели мугри“ денеска во Кочани беше одбележана годишнината од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, во кој на 16 март минатата година згаснаа животите на 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени. Одбележувањето почна утрово со поставување 63 бели столчиња наредени на отворено, со една бела роза ...
Денес се навршува една година од трагедијата во дискотеката „ПУЛС“ во која згаснаа многу млади животи а голем број присутни таму таа вечер беа повредени. Тој и наредните триесетина дена беа еден од најтешките периоди од мојата докторска кариера. На Универзитетската клиника за токсикологија беа хоспитализирани дваесетина тешки пациенти заради акутно труење со отровни гасови а во периодот кој следеше поминаа и голем број на пациенти кои таа ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе одлука за нови максимални малопродажни цени на нафтените деривати, кои ќе важат од 17 март 2026 година од 00:01 часот. Според одлуката, максималната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 86,50 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по 88,50 денари за литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе биде 92,00 денари за литар, а ...
Денеска (15.03.2026) во периодот од 11:00 до 20:00 часот на подрачје на Центар, Аеродром, Бит Пазар и Чаир при СВР Скопје, Одделението за безбедност на патниот сообраќај заедно со Одделението за сообраќајно ескортно обезбедување спроведе зајакната акциска контрола за прекршоци што ги прават возачите на велосипеди со помошен мотор, трицикли, четирицикли и моторцикли при што изречени се 91 мерка. Од нив седум се кривични пријави за безобѕирно ...
Во текот на изминатиот викенд периодот (14/15.03.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1198 издадени платни налози, 465 прекршоци се однесува на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 42 лица, од кои осум за возење под дејство на алкохол, ...
Молитва за упокоените одржа митрополитот на Брегалничката епархија, господин Иларион, во сослужение на свештеници од кочанскиот црковен храм „Св. великомаченик Ѓеорги“, денеска, во Паркот на револуцијата во Кочани. На молитвата присуствуваа семејствата на жртвите, голем број граѓани, како и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и голем број претставници од политичката, академската и ...
Денес во Кочани оддаваме тивка, но длабока почит кон невините животи што прерано згаснаа. Една година подоцна, болката и празнината се уште се чувствуваат во секое срце, но заедно со нив живее и сеќавањето на недовршените соништа, напиша на Фејсбук претседателот на владата, Христијан Мицкоски. Со голема почит се потпишав во книгата на жалост како искрен чин на почит кон настраданите и како израз на солидарност со нивните семејства и ...
Министерот за надворешни работи на Србија, Марко Ѓуриќ, изјави дека решението дефинирано во триаголникот Брисел-Белград-Приштина го избегна најлошото можно сценарио за Србите и за сите кои работат и живеат на подрачјето на Косово и дека нивните интереси се заштитени во многу тешки околности. „Го поздравувам овој договор и им честитам на српските преговарачи за нивните напори и постигнатиот резултат. Грижата за луѓето останува главен приоритет ...
Поранешниот градоначалник на Скопје и поранешен висок функционер на СДСМ, Петре Шилегов, во „Тема на денот“ на Сител рече дека оваа опозициска партија „кадровски се испразнила“ и најави дека наскоро, како што рече, поголема група социјалдемократи ќе побара оставка од актуелното раководство. „Ќе се обидеме да дојдеме до здрава политичка логика и да ги замолиме луѓето што ја раководат партијата, повеќе да не го прават тоа. Да дојдат некои други ...
Саудиска Арабија пресретнала и уништила повеќе од 60 дронови изминатата ноќ во богатиот со нафта источен дел од земјата, соопшти рано утрово саудиското Министерство за одбрана. Најголемите нафтени полиња и објекти во земјата се наоѓаат околу Абкаик и биле цел на повеќекратни напади во војната со Иран. Министерството објави нова услуга што ќе им овозможи на жителите на земјата да пријават „сомнителни активности на небото“. Опцијата е дел од ...
Со поставување на симболичната инсталација „63 бели столчиња – 63 животи“, денеска, во Паркот на револуцијата во Кочани почна одбележувањето на годишнината од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, во која на 16 март минатата година згаснаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени. Шеесет и три бели столчиња наредени во тишина на отворено и една бела роза за спомен и отворена книга за жалост како немо сведоштво за животи прекинати во ...
Времето денеска претпладне ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за локални слаби врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 13 до 18 степени. Во Скопје, претпладне сончево со умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен ...
Екстремно десничарската партија Национален собир и радикално левичарската Непокорена Франција постигнаа пробив во првиот круг од вчерашните локални избори во земјата, објавија локалните медиуми. Претстојната недела, до вториот круг избори закажан за 22 март, ќе биде обележана со неизвесности бидејќи не се знаат можните сојузи меѓу партиите, во светлината на трката за Елисејската палата во 2027 година, кога истекува вториот мандат на ...
Кинеското Министерство за надворешни работи изрази загриженост за напнатата ситуација во Ормускиот Теснец по повикот на американскиот претседател Доналд Трамп до Пекинг да испрати свои бродови за да го обезбедат клучниот воден пат. Реакцијата дојде само неколку часа по повикот на Трамп. Портпаролот на министерството, Лин Џиан, ја опиша ситуацијата како „напната“ и штетна за глобалната стабилност. „Кина уште еднаш ги повикува сите страни ...
Јапонија денеска ќе почне со ослободување на нафта од своите стоковни резерви, бидејќи се очекува увозот на сурова нафта значително да се намали од крајот на март поради затворањето на Ормускиот теснец, кој е клучен за транспорт на нафта на светскиот пазар, изјави денеска главниот секретар на кабинетот, Минору Кихара. – Планираме да вложиме напори за (нафтата од стоковните резерви) непречено да циркулира на пазарот – рече Кихара, пренесува ...
Американскиот претседател Доналд Трамп сугерираше дека НАТО може да има „многу лоша“ иднина доколку сојузниците не помогнат да се осигури безбеден премин за комерцијалните бродови низ Ормускиот теснец, кој е од витално значење за глобалниот транспорт на нафта, јави доцна синоќа Фајненшл Тајмс. – Сосема е соодветно луѓето кои се корисници на теснецот да помогнат да се осигури дека таму нема да се случи ништо лошо – го цитираше ФТ Трамп во ...