Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
По повод денот на Свети Климент Охридски упатувам искрени честитки до сите граѓани. Делото на овој голем просветител претставува трајна вредност и инспирација за неговата посветеност кон знаењето, духовноста и развојот на писменоста. Свети Климент со својот пример ни покажува дека преку образование се гради и зајакнува иднината на народот. Овој ден не потсетува на важноста да го зачуваме и унапредуваме она што ни е оставено како највредно ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на Фејсбук објави видео од изградбата на автопатот Тетово – Гостивар за завршување на автопатското решение на Коридорот 8. -Интензивно се работи на автопатот Тетово – Гостивар. Силна динамика во комплетирањето на автопатското решение на Коридорот 8. Ја градиме Македонија, напиша Николоски на својот фејсбук профил заедно со видеото. Фото (принтскрин) и видео: ФБ Александар Николоски ...
Италијанската премиерка Џорџа Мелони му се придружи на германскиот канцелар Фридрих Мерц во повикот за укинување на забраната за продажба на автомобили на бензин и дизел во ЕУ до 2035 година. Мелони сака рокот да се ублажи за да се овозможи продолжување на продажбата на „plug-in“ хибриди, објави денеска британскиот весник „Гардијан“. Во писмо до Европската комисија, потпишано и од лидерите на Полска, Чешка, Словачка, Унгарија и Бугарија, се ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Како што соопшти Автомотосојузот на Македонија во пладневниот извештај, од 11 часот сообраќајот на ГП Евзони (Богородица) е блокиран за влез и излез, на ГП Ники (Меџитлија) сообраќајот е блокиран само за товарни возила и автобуси, а на ГП Дојран сообраќајот се одвива непречено, но ...
Скандалот со семејната фирма на Томовски која го чисти буџетот, или во бројки 5,3 милиони евра и 161 тендер е шаблон кој денеска го разоткриваме целосно. Зошто Томовски овие денови толку многу се труди да покаже дека нема никаква поврзаност со семејната фирма? Иако Витомир е негов татко, Кутановски негов роднина, внукот, зетот се негови, дури и неговиот број е пријавен како контакт во семејната фирма. Затоа е нервозата? Затоа што се фатени ...
„Ново поглавје – Стратегија Македонија 2030“ е визија за модерна, стабилна и европски ориентирана Македонија. Стратегијата која е на долг рок, поставува јасен правец и систем на управување што ја заменува импровизацијата со институционална зрелост. Нашата цел е држава што создава стабилност, економска моќ и самодоверба, рече на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ. -Денес имам чест, да го презентирам Првиот стожер од ...
Група европратеници побараа да се истражат наводите дека палестинското исламистичко движење Хамас, кои ЕУ го смета за терористичка група, соработувало со невладини организации кои работат во Појасот Газа, меѓу кои и некои кои се финансирани од фондовите на Унијата. Холандскиот европратеник Сандер Смит од редовите на Европската народна партија (ЕПП) упатил формално прашање до Еврокомисијата за тоа какви мерки презела таа за истражување на ваквите ...
Унгарија и Словачка планираат да побараат од Европскиот суд на правдата да ја поништи и суспендира Предлог-регулативата на ЕУ со која се забранува увоз на руска нафта и гас во Унијата, најави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто. – Ова е јасно кршење на договорот на Европската Унија. Во суштина, ова е санкција. Ова не е трговска мерка по својата содржина, изјави вчера Сијарто во Луксембург. Според него, ваквата регулатива ...
Бранка Д. НАЈДОВСКА Професорот на Медицинскиот факултет во Крагуевац, Србија, кој е соработник на рускиот тим што ја развива првата мНРА вакцина против рак, за МИА зборува за кои карциноми има надеж за нивно излекување, каква е всушност, оваа терапија, кој се ќе може да ја добие, што не чека во иднина на ова поле… Еден од најистакнатите научници и академски лидери од Србија, проф. др Владимир Јаковљевиќ, редовен професор по физиологија и ...
Заменичката генерална секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска од денеска до среда ќе престојува во посета на САД. Како што соопшти Прес-службата на НАТО, Шекеринска денеска ќе престојува во Бостон, каде ќе се обрати на собир во центарот „Белфер“ при школата „Харвард Кенеди“. Утре, Шекеринска ќе отпатува за Вашингтон, каде ќе присуствува и ќе има свое обраќање на Трансатлантскиот форум на Парламентарното собрание на НАТО. Шекеринска в среда ќе ...
Два дена откако Европската унија му изрече голема парична казна на X, платформата за социјални медиуми го избриша профилот за реклами на Европската комисија, додека Илон Маск го спореди блокот со нацистичка Германија. – Вашиот рекламен профил е укинат, напиша синоќа шефот на одделот за производи на X, Никита Биер, во одговор на објавата на Европската комисија на X, со која ја соопшти нејзината казна од 120 милиони евра (140 милиони долари) за ...
Италијанската премиерка Џорџа Мелони му вети дополнителна поддршка на украинскиот претседател Володимир Зеленски против војната со Русија во телефонски разговор пред неговата денешна средба со европски лидери во Лондон. Мелони ја обвини Москва за „нова серија неселективни напади на Русија врз украински цивилни цели“, соопшти нејзиниот кабинет. Италија ќе достави дополнителни резерви, вклучително и генератори, за поддршка на енергетската ...
Студентите во блокада објавија дека судењето на деветмина нивни колеги уапсени по протестот на Видовден ќе се одржи денеска во Белград. Нивните колеги се обвинети за подготовка на дело против уставниот поредок. Повикувајќи на протест за поддршка претпладнево во 11 часот пред Палатата на правдата, студентите потсетија дека по протестот „Се гледаме на Видовден“ на 29 јуни, девет студенти беа уапсени, а Вишото јавно обвинителство објави дека тие се ...
Пред споменикот на св.Климент Охридски во дворот на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ ќе бидат положени венци цвеќе по повод државниот празник посветен на светителот. Во чествувањето ќе учествуваат делегации од Кабинетот на Претседателот, Собранието, Владата, Генералштабот на Армијата, МПЦ-ОА, како и претставници на институции, дипломатскиот кор и политички партии. Во Собранието денеска традиционално ќе биде ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб, a вдолж Повардарието умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени. Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на слаба магла. Во текот на денот ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од ...
Православните христијани утре го празнуваат посен свети Ѓорѓија. Овој ден, освен како семејна слава, се празнува и како именден и како слава на цели села и градови. Свети Великомаченик Георгиј Победоносец, во народот познат како Свети Ѓорѓија, живеел и пострадал за време на безбожниот римски цар и идолопоклоник Диоклецијан (284 – 305 година), во чие време се вршело прогонство и убивање на христијаните. Свети Георгиј, син на набожни родители и ...
Американскиот претседател Доналд Трамп, по тридневните разговори меѓу Вашингтон и Киев во Флорида, синоќа изјави дека претседателот на Украина, Володимир Зеленски, „не е подготвен“ да го потпише мировниот предлог на САД со цел ставање крај на војната со Русија. – Малку сум разочаран што претседателот Зеленски сè уште не го прочитал предлогот, тоа беше пред неколку часа. На неговиот народ му се допаѓа, но тој не го направил, рече Трамп синоќа во ...
Разговорите со американските претставници за мировниот план за Украина беа конструктивни, но не и лесни, изјави синоќа украинскиот претседател Володимир Зеленски во пресрет на планираните консултации со европските лидери во наредните денови. Зеленски во саботата разговараше со специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, и зетот на Трамп, Џаред Кушнер, а се очекува денеска во Лондон да се сретне со францускиот, ...
Министерството за внатрешни работи соопшти дека 82-годишна скопјанка била измамена за сума од околу 170.000 денари од едно лице кое се претставувал како полициски службеник. -82-годишна жена од Скопје во СВР Скопје, пријави дека била измамена од едно лице за сума од околу 170.000 денари. Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како полициски службеник и на оштетената и кажало дека нејзината внука предизвикала ...
ВМРО-ДПМНЕ со своето делување, многупати до сега, ја потврди својата посветеност за развој и напредок на државата. Во креирањето на политиките секогаш се водела од државните и национални интереси, па после тоа следеле партиските, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. -Тоа го потврди и на 18-иот конгрес од пред некој ден, каде што покрај изборот на претседател, делегатите ја усвоија и стратегијата за развој на државата во ...
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 25 ноември. Денеска е Св. Климент Охридски – Чудотворец. Свети Климент се роди во Рим, а потекнуваше од царски род. Во младоста отпатува на Исток, каде што се запозна со верата во Христос. Учители му беа самите апостоли. По враќањето во Рим беше избран за епископ во престолниот град. Подоцна, во времето на императорот Трајан, свети Климент беше протеран во Херсон, каде беше осуден на ...
Христијанството го има големиот свети апостол Павле како камбана на верата, а ние ги имаме и него и свети Климента. Таква била Божјата промисла, Македонија, од каде што почна апостол Павле во Европа, ги даде светите браќа Кирил и Методиј, и преку делото свети Климент и свети Наум Охридски, постана расадник на словенската црковно-просветна и книжевна дејност. Таков – свет е нашиот почеток. Со свети апостол Павле започнаа нашето охристовување и ...
Осумдесетгодишнината од кодификацијата на македонскиот јазик се чествуваше и во Словенија. Во Крањ вчера се одржа првата промоција на двојазичната монографија „80 години македонска азбука“, објавена на македонски и на словенечки јазик, што всушност е единствената монографија по повод големиот јубилеј за македонистиката објавена надвор од земјава. Издавач на монографијата е Сојузот на македонските културни друштва во Словенија, а објавувањето е ...
Пред нас е задачата да ја спречиме фрагментацијата на македонското општество со тоа што одново ќе ги научиме доблестите коишто ја одржуваат заедницата. Како и во Климентово време и нам ни е потребна заедничка, повисока цел, околу која ќе градиме односи и ќе премостуваме разлики. Преку владеење на правото и борба против корупцијата, преку социјална правда и заемна грижа да го обновиме општествениот договор на слободни граѓани, еднакви пред ...
Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација Дмитриј Медведев изјави на социјалните мрежи дека ажурираната Стратегија за национална безбедност на САД личи „на обид за вртење на огромен брод“ кој долго се движел по инерција. „Таа (новата стратегија) повеќе личи на обид за свртување огромен брод што долго одел по инерција и конечно решил да го промени курсот“, напиша Медведев, укажувајќи дека во ажурираната стратегија ...
Францускиот претседател Емануел Макрон најави можни европски контрамерки против Кина доколку Пекинг не ја измени својата трговска политика. – Се обидувам да им објаснам на Кинезите дека нивниот трговски суфицит е неодржлив, затоа што практично ги „убиваат“ сопствените купувачи, особено со тоа што повеќе не увезуваат од нас, изјави Макрон во интервју за економскиот дневник Лес Екос, по тридневната посета на таа држава. Тој нагласи дека доколку ...
По повеќемесечни превирања во владејачката демохристијанско-социјалдемократска коалиција, германскиот Парламент (Бундестаг) денеска со апсолутно мнозинство го прифати нацрт-законот за пензии, кој треба да го осигура нивото на пензиите во иднина. Германската коалиција обезбеди мнозинство за усвојување на спорниот закон за пензии во Парламентот без помош од опозицијата.. Долго време не беше јасно дали коалицијата, која има мало владејачко ...
Американскиот министер за војна Пит Хегсет во својот говор пред Форумот за национална одбрана „Реган“ во Калифорнија, го најави новиот фокус на Западната полутопка и Европа, јави изданието „Политико“. Тој побара од сојузниците на САД сами да се справат со предизвиците и зазеде посмирен пристап кон кинеските вооружени сили, забележа весникот. Говорот на Хегсет открива дека администрацијата на американскиот претседател се насочува кон политика ...
На 06.12.2025 година во 22.20 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид, во охридското село Велгошти, од слобода го лишија Н.Ѓ.(45) од Охрид кај кого, при извршен преглед, пронајдена и одземена е опаковка со бела прашкаста материја. Тој е затекнат при остварен контакт со А.Т.(31), А.В.(26) и И.Р.(50) сите од Охрид кои поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во ...
Во изминатите 24 часа најмногу дожд, според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи, наврнало во Гевгелија (пет литри на метар квадратен), а најмалку во Охрид, Велес и Пожаране. За денеска, од УХМР најавуваат променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб локален дожд во северозападните региони. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 15 степени. Во Скопје, слично ...