Метеор од седум тони што во вторникот прелета низ небото на Кливленд, САД, со брзина од 72.420 км/ч, пред да се распадне со звук на грмотевица, ги исплаши околните жители кои мислеле дека некаде во близина се случила експлозија. Американското метеорско друштво вели дека жителите на подрачјето од Висконсин до Мериленд, на повеќе од 1.000 километри, ја пријавувале бучавата. Извршниот директор на друштвото, астрономот Карл Хергенротер, појасни ...

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека иранскиот министер за разузнавање, Есмаил Хатиб, е убиен во израелски воздушен напад во Техеран во текот на ноќта додавајќи дека денеска се очекуваат „значајни изненадувања“. – На овој ден се очекуваат значајни изненадувања на сите полиња што ќе ја ескалираат војната што ја водиме против Иран и Хезболах во Либан – изјави тој за време на безбедносната проценка, според неговиот кабинет. – ...

Инфлацијата во еврозоната се зголеми во февруари, како што првично се проценуваше, поттикната од побрзиот раст на цените во услужниот сектор и умерениот пад на трошоците за енергија, покажаа конечните податоци од Евростат објавени денеска. Хармонизираниот индекс на потрошувачки цени регистрираше годишен пораст од 1,9 проценти по зголемувањето од 1,7 проценти во јануари. Стапката е во согласност со проценката објавена на 3 март. Основната ...

Заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Саид Хатибзаде, ги предупреди САД дека ќе се соочат со „нов Виетнам“ ако испратат копнени сили во Иран. Во изјава за „Скај њуз“, Хатибзаде рече дека Иран е подготвен да се бори колку што е потребно и дека во моментот не е фокусиран на дипломатско решение. Иако не ја исклучи можноста за преговори, Хатибзаде рече дека пораката до американскиот претседател Доналд Трамп е јасна. „Само прочитајте ...

Полскиот премиер Доналд Туск денеска на меѓународната енергетска конференција во Гдањск порача дека не доаѓа предвид, поради војната на Блискиот Исток и заканувачката енергетска криза, Европската Унија да ги ублажи санкциите за руската нафта и гас, а никако да се врати на вообичаеното предвоено работење со Русија. Тој рече и дека Полска со сигурност никогаш повеќе нема да стане зависна од руските енергенси. – Полска сигурно, но сметаме и цела ...

Собранието денеска во рамки на 94. седница ја почна расправата за избор на Ненад Савески за нов државен јавен обвинител. Предлогот на Владата за избор на Савески за државен јавен обвинител пред пратениците го образложи вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. – На Македонија очајно и е потребна правда и владеење на правото. И треба јасно отворање и процесуирање на случаи кои ќе значат подобрување на имиџот на државата и на ...

За прес-конференцијата на Богданка Кузеска, која се однесува на трката кој е поголем ВМРО-ДПМНЕ, Филипче или Шилегов, ќе ја пресечеме со фактот дека ниту едниот ниту другиот не е ВМРО-ДПМНЕ, но сигурно е дека се поразени на избори и не се никаква опција за граѓаните – се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. Заеднички именител им е што народот ги знае добро и не се алтернатива, ниту може да направат нешто ...

Демократската унија за интеграција денес излегува со конкретни податоци и детална анализа во врска со неинтервенирањето на Владата пред драматичниот раст на цените на нафтените деривати, се вели во соопштението на ДУИ од денешната прес-конференција на Имране Велиу Алиу, што МИА го пренесува интегрално. Врз основа на годишната, месечната и дневната потрошувачка во С. Македонија, произлегува дека потрошувачката на нафтени деривати за транспорт ...

Во бизнис мрежата на Мицкоски во енергетиката влегува уште една алка, уште една институција, Регулаторната комисија за енергетика. Мицкоски го избира Ацо Ристов на челото на Регулаторната комисија за енергетика. Тело кое ги носи сите одлуките за цените на струјата, на горивата, на енергенсите, се вели во соопштението на СДСМ од денешната прес-конференција на Јон Фрчкоски, член на Извршниот одбор на СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. Кој е ...

Откако целосно ја разоткривме и јавно го објавивме енергетскиот откопод, бизнис-мрежата на Мицкоски од Адамовиќ до „Руднап“, ВМРО се обиде повторно да го урива СДСМ однатре. Фатени во криминални скандали, без никаков резултат зад себе, на ВМРО-ОКГ не му останува ништо друго, освен да се обиде да ја руши СДСМ, се вели во соопштението на СДСМ од денешната прес-конференција на партиската портпаролка Богданка Кузеска, што МИА го пренесува ...

Откако вчера двете завојувани страни во СДС (Шилегов и Филипче) преку меѓусебните обвинувања и’ открија на јавноста дека сите на Бихаќка одработуваат за ВМРО-ДПМНЕ, денеска во уплав од новиот Државен јавен обвинител чија прва работа треба да биде справувањето со високата корупција и скриените предмети за Венко и Зоран во фиоките, кај дечките од Бихаќка се јави Фројд, пишува Курир. Навистина се јави, та поведени од Фројдовиот комплекс, ...

Нов скандал го тресе македонското правосудство. Запрена е кривичната постапка за разрешениот судија Лазар Нанев. За ова на својата официјална веб страница, информираше Основниот Суд Велес. -Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека по предметот К.бр. 224/ 25 против обвинетиот Л.Н од Кавадарци за кривично дело Несовесно работење во службата од чл.353-в ст.4 од КЗ е ...

Она што јас сакам да направам е да гарантирам радикална отчетност и транспаретност, дигитализација, услови за работа за еден обвинител непречено да си ја врши својата работа на еден ефикасен и достоинствен начин. Меѓу останатото и она што често се коментира е да се обезбедат финансиски средства иако акцентот се става на платите, платите не се најголемиот проблем туку се условите за работа. Не може со сиромашна институција да се бориш против ...

На Македонија очајно и е потребна правда и владеење на правото. И треба јасно отворање и процесуирање на случаи кои ќе значат подобрување на имиџот на државата и на обвинителско-правосудниот систем, се обрати пред пратениците, заменик претседателот на Владата, Александар Николоски на собраниската седница на која се избира Државен Јавен обвинител. Во име на Владата, предложен е Ненад Савески, за кој вицепремиерот Николоски истакна дека е ...

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со партиска делегација во чиј состав е генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки и членот на Извршниот Комитет Стефан Андоновски, од денес и следните два дена во Брисел ќе присуствуваат на Конгресот на Европската народна партија, на којшто се поканети и претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен, како и претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола. ...

Владо Георгиев својот концерт во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје закажан за 20 март (петок), го помести и го презакажа во нов термин, за 24-ти април. До поместување на концертот дојде заради, како што самиот Владо вели, „пропуст на неговиот организационен тим“ кој не бил информиран дека во седмицата кога требаше скопскиот концерт да се одржи се паѓа годишнината од катастрофата во Кочани. „Оваа недела не е во ред да пееме. Барем јас така ...

Кубанскиот претседател Мигел Дијас-Канел остро реагираше на изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп за можно преземање на контролата врз Куба. Трамп во понеделникот пред новинарите рече дека „ќе има чест да ја преземе Куба“. „Верувам дека ќе имам… чест да ја преземам Куба. Тоа би било добро. Тоа е голема чест“, рече тој при потпишување извршна наредба во Белата куќа. Дијас-Канел вчера посочи дека САД ќе се соочат со „непоколеблив ...

Слаби врнежи од снег има на Попова Шапка и Крушево и на планинските премини Стража, Буково и Ѓавато. Според информациите од Јавнот претпријатие „Македонија пат“ сите патни правци се проодни. Сообраќајот се одвива непречено по влажни коловози, а внимателно возење се препорачува особено низ клисурите каде е можна појава од одрони. Фото: архива Слаби врнежи од снег има на Попова Шапка и Крушево и на планинските премини Стража, Буково и Ѓавато. ...

ПСЖ синоќа ја забележа втората победа над Челзи осминафиналето на фудбалската Лига на шампионите. Парижаните славеа во Лондон со 3:0. – Демонстриравме високо ниво на игра во текот на натпреварот. Игравме многу прецизно во транзиција и постигнавме два гола, што ја уби тензијата во натпреварот. Контролирањето на играта во вакви натпревари е секогаш тешко, бидејќи Челзи е одличен тим кој се стреми брзо да постигне голови. Не беше лесно да се ...

Проектил синоќа ја погодил нуклеарната централа „Бушер“ во Иран, соопшти Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ). Агенцијата, што е тело за контрола и безбедност на нуклеарната енергија на Обединетите нации, преку пост објавен на платформата „Икс“ соопшти во информацијата за нападот добиена од иранските власти немало пријава за штети врз самиот објект ниту повредени меѓу персоналот. Генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси, ...

Американскиот претседател Доналд Трамп, откако голем број западни држави го одбија неговото барање за воена помош во обезбедувањето на Ормуска Теснина, на „Трут соушл“ објави „Не ни треба ничија помош“. Тој наведе дека САД се известени од поголемиот број НАТО сојузници дека не сакаат да се вклучат во „американската воена операција против терористичкиот режим на Иран на Блиски Исток“ иако сите се согласуваат дека Техеран не смее да поседува ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика претседателот на САД Доналд Трамп и британскиот премиер Кир Стармер да се состанат за да ги подобрат односите и да најдат „заеднички јазик“, откако американскиот лидер повеќепати го критикуваше шефот на британската влада. Во интервју за Би-Би-Си по разговорите со Стармер, Зеленски рече дека не сака да му кажува на Трамп што да прави, но дека двајцата лидери треба да се состанат за „повторно ...

Собранието денеска треба да ја одржи 94. седница на која на дневен ред е предлогот Ненад Савески да биде избран за нов државен јавен обвинител. Савески, кој моментно е судија во Основниот кривичен суд – Скопје, за државен јавен обвинител беше номиниран од Владата на 10 март, а за да ја добие функцијата, потребни му се најмалку 61 пратенички глас. Неговата кандидатура следува по оставката на поранешниот обвинител Љупчо Коцевски, а по ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо. Претежно во западните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Поради продор на постудена воздушна маса од север, на планините ќе има услови врнежите да бидат од снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од источен и југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени. Во Скопје, ќе ...

Кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, насочена кон директна комуникација со земјоделците и претставување на актуелните мерки и политики за поддршка на земјоделското производство стартува денеска со првата трибина што ќе се одржи во Домот на културата во општина Босилово, со почеток во 18 часот. Според министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, директната комуникација со земјоделците е од ...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во Дневникот на Алсат ТВ истакна дека нафтата претставува еден од главните двигатели на земјоделското производство. „Во делот на земјоделското производство, точно е дека нафтата е еден од главните двигатели на процесот. Но морам да потенцирам дека ние како Влада минатата година согласно годишната програма набавивме една сериозна сума на картички за зелена нафта која за ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ја прими Даниела Димовска, директорка на новоформираната Агенција за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА. Таа ја запозна со стратешките приоритети, проекти и активности на Агенцијата. Според неа, современиот економски развој наметнува потреба од унапредување на националниот екосистем, зелените политики, намалувањето на загадувањето и управувањето со отпадот. ...

Заменик министерот за правда, Ален Деребан, е татко на три дечиња-првачиња. Деребан е од Струга, по образование е магистер по право од областа на меѓународно право и меѓународни односи, со положен правосуден испит. Има работно искуство како адвокат, беше дел од Советот на општина Струга, а сега е заменик-министер за правда во актуелната Влада. Во интервју за КУРИР со Деребан зборува за низа теми од секторот правда, но и за најслаткото ...

На телевизија Телма во емисијата „Топ Тема“ вечерва гостуваше Марија Митева член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и портпарол на Владата на Република Македонија, која истакна дека несреќата во Кочани е силен аларм за државата поради системот кој предолго време бил во длабок сон и посочи дека системот треба да функционира и покрај промените на власта со цел да се воспостават принципи и доследно да функционираат во иднина. „Кочани беше една тешка лекција за ...

Поранешните клубови на трагично загинатиот Андреј Лазаров во несреќата во дискотеката во Кочани, Работнички и Тиквеш ќе одиграат натпревар во негова чест. Двата клуба потврдија дека ќе одиграат пријателски дуел, кој е закажан за 29.март во Кавадарци, со почеток во 13 часот. Натпреварот ќе има симболично значење и ќе биде посветен на споменот на Лазаров, кој остави белег во македонскиот фудбал. Во моментот на трагедијата Лазаров беше фудбалер ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
0.51
93%
1001
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
4.63
91%
1002
weather icon

Загреб

7ᴼ / 6ᴼ
13.38
60%
1011
weather icon

Софија

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
87%
1001
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
3.12
92%
1001
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 5ᴼ
7.72
70%
1011
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
0.89
79%
1003
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
0.0
81%
1002
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
0.0
76%
1001
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
9.83
77%
1004
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
7.2
64%
1008
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 13ᴼ
2.57
50%
1004
Currency

61.6417

Currency

53.459

Currency

71.1667

Currency

36.8264

Currency

38.5322

Currency

67.1101

Currency

7.73598

Currency

0.65464

Currency

0.33389

Currency

0.5246

Currency

1.20258

Currency

0.56318

Кобалт

56.29

Сребро

2192.47

Родиум

347228.06

Рутениум

56199.51

Платина

58835.87

Иридиум

256711.96

Цинк

0.00

Паладиум

43467.81

Калај

44.59

Алуминиум

3.23

Бакар

10.99

Злато

141680.08