Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Верниците од исламска веросиповед во земјава, како и во целиот свет, денеска го слават празникот Рамазан Бајрам, кој се смета за еден од петте столбови на исламот и празник за духовно и за телесно прочистување. Рамазан Бајрам доаѓа по едномесечниот строг пост, во кој верниците се воздржуваа од храна и пијалоци од зора до зајдисонце. Во сите џамии, денеска се служи утрински Бајрам-намаз. По утринската молитва, верниците ги посетуваат ...
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски преку пост на својт фејсбук профил им го честита големиот празник Рамазан Бајрам на сите верници од исламска вероисповед. -Среќен Рамазан Бајрам на сите верници од исламска вероисповед! Во овие свети денови, кога се заокружува месецот на пост, трпение и духовна посветеност, да се потсетиме на вистинските вредности што нè обединуваат како луѓе, почитта, солидарноста, хуманоста и грижата за другиот. ...
Ви претставуваме извадок од документарниот филм „Илинденска епопеја“, на Радио Телевизија Скопје од 9 август, 1978 година. Во него, Пандора Кираца (1887–1973), внука од сестра на Питу Гули дава сведоштво за неговата средба со останатите револуционери, и како тој ревносно реагирал на коментар кога еден од борците „Да живее браќа Бугарија“. Питу Гули јасно ја искажал својата македонштина и извикал дека борбата е за Македонија а не за Бугарија. ...
Новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи денеска ги повика државните разузнавачки служби да се пресметаат со непријателите дома и во странство, кога беше објавено дека портпаролот на Иранската револуционерна гарда загинал во напад. Објавата на сметката на Хамнеи на социјалната платформа Икс дојде по смртта на министерот за разузнавање Есмаил Хатиб, кој беше убиен во напад оваа недела. -Преостанатите службеници и вработени во ова ...
За време на сослушувањето на Комитетот за правосудство на Сенатот на 25 март 2025 година, сенаторот Џон Кенеди (републиканец од Лос Анџелес) остро ја прашува Мери Ан Френкс, професорка на Универзитетот Џорџ Вашингтон, во врска со нејзините минати јавни изјави за Врховниот суд на САД и серија контроверзни и провокативни објави на социјалните мрежи. Во оваа размена, сенаторот Кенеди ја притиска Френкс за коментарите што критичарите ги опишуваат ...
Без САД, НАТО е тигар од хартија, изјави денеска американскиот претседател Доналд Трамп и им порача на членовите на Алијансата – „кукавици, ќе го запомниме ова“. „Тие не сакаа да ни се придружат во борбата да го спречиме Иран да се здобие со нуклеарно оружје. Сега кога е извојувана воена победа, со многу мала опасност за нив, тие се жалат на високата цена на нафтата што мора да ја платат, но не сакаат да помогнат во отворањето на Ормутскиот ...
Европската народна партија (ЕПП) до Европскиот парламент поднесе 26 амандмани на извештајот за Албанија за 2025 година, во кои силно се истакнуваат системските недостатоци во изборите, правосудството и работата на владата кои го загрозуваат патот на Албанија кон ЕУ -Извештајот, изготвен под раководство на известувачот за Албанија, Андреас Шидер, ги истакнува сериозните неуспеси на албанската влада во клучните области како што се изборите, ...
Претседателот Доналд Трамп изјави дека САД размислуваат за „постепено намалување“ на своите операции на Блискиот Исток, јавија американските медиуми повикувајќи се на објава на американскиот лидер на Truth Social. „Многу сме блиску до постигнување на нашите цели, па затоа размислуваме за постепено намалување на нашите големи воени напори на Блискиот Исток против терористичкиот режим во Иран“, напиша тој. Трамп продолжи конкретно да ги спомене ...
Иран испука две балистички ракети со среден дострел кон заедничката американско-британска воена база на островот Диего Гарсија во архипелагот Чагос во Индискиот Океан, објави „Волстрит џурнал“ повикувајќи се на неколку американски функционери, Ниедна ракета не ја погодила базата, но тој потег претставува прва оперативна употреба на интерконтинентални балистички ракети со среден дострел од страна на Иран и обид да погоди подалеку од Блискиот ...
Во Словенија, од полноќ е на сила изборен молк пред парламентарните избори в недела, каде што 1.695.196 граѓани ќе изберат 88 пратеници во Парламентот, додека преостанатите двајца пратеници ќе бидат избрани од членовите на италијанското и унгарското национално малцинство. Најновите анкети пред изборите покажуваат дека има промена на врвот, а сега на владејачкото левичарско-либерално Движење за слобода на премиерот Роберт Голоб му се верува ...
Срцевите заболувања доминираат во структурата на смртни случаи во Албанија многу повеќе отколку во земјите од Европската Унија. -Споредбените податоци од албанскиот Институт за статистика (ИНСТАТ) и Евростат, покажуваат дека 52.9% од смртните случаи во Албанија се поврзани со болести на срцето и крвните садови, додека во Европската Унија оваа категорија сочинува 32.8% од вкупните смртни случаи. Разликата е значајна и покажува дека Албанците ...
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, ја поздрави „секоја иницијатива што може целосно да ја заврши војната“, нагласувајќи дека конфликтот му бил „наметнат“ на Иран. Арагчи за јапонската новинска агенција Кјодо изјави дека Иран е „подготвен да ги сослуша и разгледа таквите предлози“, пренесе Би-Би-Си. Иако некои земји бараат решение за конфликтот на Блискиот Исток, иранскиот министер за надворешни работи рече дека „не изгледа ...
Цените на нафтата „Брент“ денеска пораснаа на повеќе од 114 долари за барел, а европските цени на гасот скокнаа за 30 отсто на тригодишен максимум откако Иран почна напади врз клучната енергетска инфраструктура на Блискиот Исток. Цената на суровата нафта во 9.30 часот порасна на 97,189 долари за барел, а цената на нафтата „Брент“ за 6,45 отсто на 114,187 долари. Европските фјучерси на гас за април на отворањето на амстердамската берза ТТФ се ...
Собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади го проследи Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување на натамошна постапка во Собранието. Со измените, по скратена постапка, се предлага зголемување на сите пензии за 1.000 денари од 1 март годинава. Пратеничката Ангелинка Петкова од ВМРО – ДПМНЕ посочи дека тоа е четврто изменување на законот, а пензионерите да добија ...
На едно четиричлено семејство во март годинава му биле неопходни 67.818 денари или 436 денари повеќе од претходниот месец за остварување на основните потреби – покажуваат податоците од синдикалната минимална кошница, што ја изработува Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Според ССМ, со изнајмен стан од 60 квадратни метри основните трошоци за четиричелно семејство за март се 83.193 денари. -Зголемувањето на вредноста на синдикалната ...
Во однос на оние предлози кои ги дава опозицијата не би сакала да зборувам затоа што имавме избори пред повеќе од година и пол и повеќе од јасно е гласачите на кого ја дадоа довербата. Ако тие беа добри и дадоа добри мерки во 2022 година, најверојатно во 2024 година ќе беа победници, а не губитници, така што не би сакала да дискутирам во однос на нивните предлози, изјави министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска во вчерашното ...
Кинескиот производител на премиум електрични возила VOYAH (премиум модел на познатата марка Донгфенг) вчера официјално започна со тргување на Главниот пазар на Hong Kong Stock Exchange, под ознаката 07489.HK, означувајќи значаен чекор во својата меѓународна експанзија. Со ова котирање, компанијата отвора ново поглавје во својот развој, позиционирајќи се посилно на глобалниот пазар на електрични возила. Од VOYAH истакнуваат дека излегувањето ...
Целосната изградба на Коридорот 10 е определба на Владата со цел Македонија да ја задржи стратешката позиција во Европа. Истовремено вложуваме стотици милиони во изградба на железничката и патната инфраструктура на Коридорот 8. Само така ќе спречиме државата да не стане слепо црево, а превозниците и бизнисот да избираат алтернативни коридори, истакна во гостувањето во емисијата “Стадион на Канал 77” заменик претседателот на Владата и министер ...
За година и половина имаме 24 нови дестинации од двата македонски аеродроми, а Скопскиот аеродром е со најголем процент на раст во регионот. Следува зголемување на капацитетите и модернизирање на аеродромите – изјави денеска заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. -До денес имаме 24 нови дестинации од двата аеродроми. Ги има од „Визер“, но ги има и други компании. Пред неколку дена ги објавивме новите ...
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција соопшти дека до Основниот кривичен суд Скопје е побарано определување на мерка притвор за директорот на Државниот инспекторат за земјоделство осомничен за примање поткуп. Како што се посочува во соопштението од ОЈО ГОКК, како резултат на кратка предистражна постапка и успешно реализирана акција што вчеравечер под координација на јавен обвинител од ОЈО ГОКК ја спроведе ...
Полициски службеници го лишија од слобода директорот на Државниот инспекторат за земјоделство В.А. (41) од Кочани, кој се сомничи дека примил поткуп од 50.000 евра како прва рата од вкупно побарани 100.000 евра, соопшти Министерството за внатрешни работи. Против него е поднесена кривична пријава до ОЈО за ГОКК за кривичното дело „примање поткуп“ по член 357 од Кривичниот законик. Според информациите од МВР, осомничениот, во својство на ...
Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје му одреди 30-дневен притвор на приведениот директор на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе Анакиев, кој вчера беше фатен, а денеска и формално лишен од слобода и осомничен за примање мито. -Прифатен е предлогот на ЈО за определување мерка притвор во траење од 30 дена против В.А. по сите три основи, опасност од бегство, влијание врз сведоци и опасност да го повтори делото, ...
Тешки навреди со најпримитивни изразаи за македонската претседателка Гордана Силјановска упати Спас Ташев од Институтот за истражување на популацијата и човештвото при Бугарската академија на науките (БАН) во неговиот последен напад врз Македонија. Како што пренесе Експрес, користејќи недолични изрази од типот „бугаромразачка“, „баба Горда/на“ и „комунистичка пачавра“ , Ташев се осврнува на годишнината од депортацијата на македонските Евреи ...
СДС со српска ПР машинерија ја манипулира јавноста, Башановиќ и Заев диригираат и ги влечат конците зад сцената. СДС користи надворешна ПР поддршка за креирање на соопштенија и прес-конференции со кои ја манипулира јавноста. Зоран Башановиќ, екс советникот на Зоран Заев има клучна улога во ПР тимот на СДС и Филипче. Зоран Заев стои зад ангажирањето на ПР структурата, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го објавува интегрално. Пред ...
Вевчани, познато по својата богата духовна и уметничка традиција, деновиве се најде во центарот на вниманието во Њујорк. Со свечено отворање започна изложбата „Traveling in Colour: The Balkan Spirit in New York“, која претставува избор на дела од Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“. Изложбата се одржува во Gallery MC, каде пред бројна публика беа претставени дела инспирирани од православната иконографија и балканското ...
Вчера (20.03.2026) во 17:20 часот на булевар „Гоце Делчев” во Штип, од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Сектор за сообраќајни работи со помош на специјално возило пресретнувач на Министерството за внатрешни работи. Од МВР потенцираат дека е измерена брзина на движење на патничко моторно возило „голф” со штипски регистарски ознаки од 105 километри на час во населено место каде ...
Државниот архив е столб на македонското битие, предизвик е да го зачуваме и заштитиме целото архивско наследство. Еден од најстарите документи, односно најстариот документ којшто го поседува Државниот архив е Евангелието на Лука кое потекнува од 12-от век, а најден е во фондот на охридското семејство Робеви. Ова во интервју за МИА го вели директорот на Државниот архив, Димитар Богески. Архивот на 1 април идниот месец одбележува 75 години од ...
Нов корупциски скандал ја тресе Владата на Мицкоски и Министерството за земјоделство на Цветан Трипуновски. Директорот на државниот инспекторат за земјоделие, Васе Анакиев, е уапсен за примање поткуп од 50.000 евра. Ова е уште еден доказ за делувањето на организираната криминална група – ВМРО, стои во соопштението на СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. Пред само неколку месеци се случи исто така корупциски скандал во кој директор на ...
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, во емисијата „Стадион“ на Канал 77 говореше за посетата на Вашингтон и средбите во Светска банка и Стејт Департментот на САД. Вицепремиерот Николоски истакна дека учествувал на годишната конференција на Светската банка, каде имаше обраќање заедно со еврокомесарот за транспорт, како и на министерски состанок со претставници од најголемите држави во светот, каде во ...
Неговата Светост, Архиепископот Мцхета – Тбилиси и Католикос-Патријарх на цела Грузија и Митрополит на Бичвинта и Чхум-Абхазија, Илија II, почина на 93-годишна возраст. Тој беше духовен водач на Грузиската православна црква и е заслужен за ширењето и продлабочувањето на верата во советскиот и подоцнежниот постсоветски период. Неговата Светост, Архиепископот Мцхета – Тбилиси и Католикос-Патријарх на цела Грузија и Митрополит на Бичвинта и ...