На седница на Управувачкиот комитет, тело при Владата е донесена одлука во која се бара воведување на забрана за движење низ депонијата Вардариште, соопшти на денешната прес-конференција директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Тој посочи дека комитетот ја разгледал оваа можност и ќе треба дополнителни консултации за нејзиното воведување. – Се соочуваме со некои формално-правни пречки бидејќи тоа е место на коешто ...

Со седум гласа „за“ и четири „против“, Судскиот совет денеска на седница изгласа одлука да останат во сила заклучоците донесени за изборите во 2024 (претседателски и парламентарни) според кои постапувањата во надлежност на Советот да бидат ставени во мирување додека заврши изборниот процес, со напомена дека овојпат се однесуваат на локалните избори 2025. Во расправата за тоа како треба да постапува Судскиот совет во изборниот период, негови ...

Општина Чаир останува во централен фокус на партиите од албанскиот блок, кога се работи за избори за градоначалници на општини. На претстојните локални избори што ќе се одржат во октомври, главниот натпревар се води помеѓу кандидатот на ДУИ, Бујар Османи, и кандидатот ВЛЕН, и поранешен градоначалник на Чаир од редовите на ДУИ, Изет Меџити. Неделава во Чаир коалицијата ВЛЕН го отвори изборниот штаб, со голема прослава, со бројно учество на ...

Денес на полноќ завршува јавниот увид во податоците од Избирачкиот список за Локалните избори 2025, а два дена подоцна, на 13 септември на полноќ, завршува и рокот за доставување на листите за кандидати за градоначалници и за советници до општинските изборни комисии (ОИК). Граѓаните може да го направат јавниот увид во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК и на нивната веб-страница и преку електронска пошта upisis@sec.mk можат да поднесат ...

Членовите на собраниската Комисија за надзор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Агенцијата за разузнавање (АР), според договореното од вчерашната седница, денеска треба да ја посетат Агенцијата за разузнавање откако вчера беа во посета на АНБ за да извршат надзор по наводите за прислушување. Откако во јавноста излегоа информации дека во периодот од 2019 до 2024 година се прислушувале новинари, бизнисмени и премиерот Христијан ...

Бавното темпо на реформи во медиумите, политичките влјанија и притисоци, економската несигурност, присуството на дезинформации – сето ова придонесува за ниска доверба на јавноста во медиумите. Ова е нотирано во последниот Извештај од сенка за слободата на медиумите во С. Македонија, кој го објави Фондацијата Метаморфозис, заедно со Osservatorio Balcani Caucaso Transeuropa (ОBCT), објави МЕТА. Овој извештај, кој нуди преглед на медиумскиот ...

Она што започна како движење на социјалните медиуми предводено од Генерацијата Z против раскошниот животен стил на „Непо Кидс“ доведе до соборување на премиерот и до најсмртоносните социјални немири со кои се соочи Непал во последниве години, пишува Си-Ен-Ен. Немирите започнаа на почетокот на септември, кога група млади Непалци, кои им беше преку глава од гледањето како децата на политичарите објавуваат за нивните дизајнерски чанти и луксузни ...

ЏАБИР ДЕРАЛА „Вистината е релативна.“ Колку пати ја имаме слушнато оваа реченица во кафулиња, училници, па дури и во парламенти? Еден мој драг пријател, мислител и политичар, често вели дека нема една единствена вистина, и во филозофска смисла тој е во право: луѓето живеат низ различни искуства, вредности и перспективи. Навистина е точно дека она што за едни може да е ослободување, кај други може да се почувствува како окупација. Тоа е ...

Системот за влез/излез на ЕУ започнува со постепена примена од 12 октомври. Ова е мерка што се презема за зајакнување на безбедноста на сите влезни точки на ЕУ. Ќе биде постепена, но и ќе го олесни процесот на влез во ЕУ, изјави денеска евроамбасадорот Михалис Рокас. Во пракса, како што појасни Рокас, тоа значи дека граѓани од трети земји ќе треба еднаш да се регистрираат со фингерпринт и фотографии, но откако ова еднаш ќе се направи, ...

Полскиот министер за надворешни работи, Радослав Сикорски, ја обвини Русија за намерно кршење на полскиот воздушен простор откако повеќе руски беспилотни летала влегоа во Полска и беа соборени, пренесува Кијив Индипендент. „Синоќа, воздушниот простор на Полска беше пробиен 19 пати од беспилотни летала произведени во Русија. Нашата проценка е дека тие не скршнале од курсот, туку биле намерно целени. Полска, ЕУ и НАТО нема да бидат заплашени и ...

Дождот што од утрово врне во Скопје нема да помогне многу за гаснење на пожарите на депонијата Дрисла и на Вардариште, што траат веќе неколу дена, оценува директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов. Тој вели дека во претходните денови биле фрлени тони и тони вода, но чадењето продолжува. Бидејќи гаснењето со вода не давало резултати, се пристапило кон затрупување на најкритичниот дел од депонијата. Ангелов за денеска ...

Под слоганот „Скопје без поделби, Скопје со љубов“, ќе настапи на овие локални избори првиот Ром кандидат за градоначалник на Град Скопје, адвокатот Срџан Амет. Тој во разговор за ЦИВИЛ вели дека ќе понуди град во која нема да има никакви поделби, бидејќи сега градот е многу поделен, чисто и уредено Скопје и партнерство со граѓаните, бидејќи граѓанинот е партнер на градот, а не политичка фигура. Амет вели дека на овој чекор се реши за да ...

Катарскиот премиер Ал-Тани го критикуваше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во ексклузивно интервју за Си-ен-ен во средата, нарекувајќи го обидот за атентат на Израел врз лидерите на Хамас во Доха „варварски“. „Мислевме дека имаме работа со цивилизирани луѓе“, изјави катарскиот премиер шеикот Мохамед бин Абдулрахман бин Јасим Ал-Тани за Беки Андерсон од CNN. „Така се справуваме со другите. А акцијата што ја презеде (Нетанјаху) – не можам ...

Најновиот масовен воздушен напад врз Украина достигна нова пресвртница во континуираната ескалација на руските бомбардирања, откако Полска објави дека ги затворила аеродромите и соборила руски беспилотни летала во својот воздушен простор преку ноќ на 10 септември, пренесува Кијив Индипендент. „Синоќа полскиот воздушен простор беше нарушен од огромен број руски беспилотни летала“, рече полскиот премиер Доналд Туск на X, додавајќи дека оние ...

ЏАБИР ДЕРАЛА Децении наназад, граѓаните на Северна Македонија се борат — сè уште се борат — со духовите од минатото, со поделбите и, пред сè, со културата на корупцијата. И покрај сето тоа, земјата живее во надеж за приклучување кон европското семејство. Патот е долг и тежок, често неправеден. Но секогаш е воден од една вистина: местото на земјата е во Европа. Меѓутоа, еден опасен наратив станува сè погласен во дел од медиумите и политиката: ...

Откако денес беше нападната зграда во близина на неговиот дом, Амар Сукар ги повика преговарачите на Хамас да дојдат и да преговараат од шатор, а не од климатизирани соби во Катар – и инсистираше дека ќе остане во градот. „Без разлика дали ви се допаѓа или не, Нетанјаху, ние не си одиме“, му рече тој на доверлив фриленсер кој работи за Би-Би-Си. „Одете и справете се со Хамас, одете и убијте ги. Ние не сме виновни. И дури и да сме закопани ...

Рускиот нафтен гигант Лукоил, кој е сопственик на бугарската рафинерија Лукоил-Нефтехим, може да падне под нова рунда европски санкции поради војната на Кремљ во Украина, објави денес БГНЕС. Санкциите ќе бидат дел од идниот 19-ти пакет Иницијативата за вклучување на нафтената компанија е од Германија и Франција и е дел од политиката на зголемување на притисокот врз Москва откако Русија ги блокираше мировните напори на американскиот ...

Прашањето за транспарентноста и одговорното користење на службените возила е актуелно во многу земји. Често во јавноста постои сомнеж дека овие возила, наменети за службени потреби, се користат и за приватни цели. Тоа предизвикува недоверба кај граѓаните и отвора дебати за потребата од поефикасни механизми на контрола. Една од предложените мерки е воведување на посебни, обоени регистарски таблички за службените автомобили. Целта на оваа ...

Целосната неказнивост и недостатокот на емпатија го претворија животот на жителите на Газа во пекол, изјави Филипе Лазарини, генералниот комесар на UNRWA. Најновата чума е глад предизвикан од човекот. Може да се промени: сè што е потребно за да се промени курсот е политичка волја, да се отворат портите и да се дозволи да работиме. Само UNRWA има доволно храна и помош – моментално заглавена во Египет и Јордан – за да ги покрие критичните ...

Потрагата по убиецот на конзервативниот активист и влијателен сојузник на Трамп, Чарли Кирк, кој почина откако беше застрелан на универзитет во Јута. Како што известува Би-би-си, двете лица кои беа уапсени оттогаш се ослободени – официјални лица велат дека „немаат моментални врски“ со пукањето Не е јасно дали полицијата има какви било траги за вооружениот човек – но властите се чини дека не мислат дека се уште се на кампусот, пишува новинарот ...

Според премиерот Христијан Мицкоски не биле алармантни параметрите на штетни честички кои би го загрозиле здравјето на граѓаните. – Нема зголемени такви параметри кои што се алармантни. Тоа е визуелно така, но кога се испитувани параметрите не се така алармантни. Но лошо е тоа да се прави. И ќе се прави и има причина зошто се прави. Затоа го поставив прашањето на кој му одговара да се случува сега? Кога ќе дадете одговор на ова прашање ќе ви ...

Повеќе од 630 лекари во Србија вчера, во отворено писмо, оценуваат дека ако државата ги злоупотребува и апси оние кои се грижат за повредените, таа ја злоупотребува и апси „самата идеја за несебично дејствување и значењето на меѓучовечкото разбирање“. Во отворено писмо, што го објави порталот Н1, лекарите наведоа дека кога полицијата извршила „демонстрација на сила“ на протестот на 5 септември во Нови Сад, меѓу приведените граѓани бил и лекар ...

Остануваат уште 5 дена за пријавување на повикот на ЦИВИЛ за краткорочни или долгорочни изборни набљудувачи кој е во тек. Крајниот рок за пријавување е 15 септември, 17 часот. Набрзо по селекцијата на набљудувачи, ќе се одржат и семинари за обука на набљудувачите кои ќе се одржат на почетокот на октомври. Обуките се задолжителни за сите избрани набљудувачи, без оглед на тоа дали биле набљудувачи на ЦИВИЛ и во некој од претходните изборни ...

Кандидатот за градоначалник на Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски го игнорира официјалниот демант на Егзит (ЕXIT) и продолжува со лажните тврдења дека фестивалот во иднина би се организирал во Скопје. „Уште една потврда дека кај мене зборот е збор! Скопје е мора да биде град кој живее и навечер, град во кој младите ќе имаат простор за ноќен живот, забава и култура. Град кој пулсира и дава енергија. И заедно ќе успееме во тоа! ...

„Ова мора да биде Моментот на независноста на Европа. Верувам дека ова е мисијата на нашата Унија. Да можеме да се грижиме за сопствената одбрана и безбедност. Да ја преземеме контролата врз технологиите и енергиите што ќе ги напојуваат нашите економии. Да одлучиме во какво општество и демократија сакаме да живееме. Да бидеме отворени кон светот и да избираме партнерства со сојузници – стари и нови. На крајот на краиштата, станува збор за ...

Откако се врати во Белата куќа во јануари, претседателот Трамп ги демонтираше напорите на американската влада за борба против странските дезинформации. Проблемот е што Русија не престана да ги шири, пишува Стивен Ли Мајерс во анализата објавена на ЊуЈорк Тајмс. Колку е тоа важно сега може да се види во Молдавија, мала, но стратешка европска нација која од крајот на Студената војна се сврте кон Европа и САД за да се извлече од сенката на ...

Тие се 7/8 настани кои се одбележуваат, и секогаш сé поинтензивно и поинтензивно, а оваа година мислам кулминацијата беше што некако, друг пат не сум го забележал, или ги поместуваат деновите, овој пат се поклопи 100% со 8 септември, Ден на државноста на Македонија. Така што ние имавме во еден момент два државни празника во Македонија, тоа беше славење на окупацијата на Кајмакчалан, и втората работа, прослава на македонската државност, тоа е ...

По неодамнешното откритие за скандалозната злоупотреба на функцијата министер за правда за напредување во академската кариера на Игор Филков, следи уште едно, овојпат на министерот за внатрешни, Панче Тошковски. Тема на трудот на е: „Криминолошки и компаративни аспекти за унапредување на безбедноста во јавниот сообраќај (Criminological and Comparative Law Aspects for Improvement of the Security in Public Transport)“ од кандидатот Панче ...

Францускиот претседател Емануел Макрон го назначи министерот за одбрана во заминување Себастијан Лекорну за премиер, давајќи му ја тешката задача да се обиде да најде консензус во поделениот парламент и да го усвои буџетот за 2026 година, пренесува Си-ен-ен. Претходно во понеделникот, премиерот во заминување Франсоа Бајру поднесе оставка, која Макрон ја прифати. Тој беше принуден да се повлече по само девет месеци на функцијата, поради ...

Собраниската комисија за надзор на работата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Агенцијата за разузнавање (АР) денеска ќе одржи седница на чиј дневен ред е Предлогот за заклучок за вршење на надзор над работата на АНБ. Со Комисијата треба да претседава претседателот на Комисијата Скендер Реџепи, според договорот што го постигнале членовите на Комисијата, а за тоа го информирале и претседателот на Собранието Африм Гаши. – Самите ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
87%
1000
weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
3.6
67%
996
weather icon

Загреб

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
94%
994
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
87%
1000
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.15
99%
1000
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
97%
994
weather icon

Атина

15ᴼ / 14ᴼ
2.68
79%
1003
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
3.6
87%
998
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
100%
998
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
3.58
98%
1000
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
3.6
95%
996
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
5.14
72%
1003
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Родиум

336779.07

Иридиум

221848.72

Платина

83354.78

Калај

48.47

Сребро

2457.28

Рутениум

45750.51

Кобалт

64.04

Злато

157055.75

Цинк

3.33

Паладиум

53434.54

Бакар

11.66

Алуминиум

3.07