Филмот од Газа „Гласот на Хинд Раџаб“ доби 23-минутни стоечки овации по светската премиера на Филмскиот фестивал во Венеција, што се смета за рекорд, објави Би-би-си. Реконструкцијата на режисерот Каутер Бен Ханија ја раскажува приказната за шестгодишната Хинд Раџаб, која беше убиена заедно со нејзините братучеди, тетка, чичко и двајца болничари кои им дојдоа на помош откако нивниот автомобил беше отворен од израелските сили во градот Газа во ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на прес конференција изјави дека „илјадници“ западни војници би можеле да бидат распоредени како дел од безбедносните гаранции во мировниот договор за завршување на војната со Русија, пренесе Гардијан. „Дефинитивно нема да биде едноцифрен број, туку илјадници. И тоа е факт, но сè уште е малку рано да се зборува за тоа“, рече тој. Зеленски рече дека темпото на работа за безбедносните гаранции за ...

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, се сретна со Милорад Додик во Будимпешта на 4 септември, обраќајќи му се со „г-дине претседателе“, иако неговиот мандат беше официјално одземен. Унгарскиот шеф на дипломатијата изјави дека Унгарија ја почитува волјата на народот кој „ги избра своите лидери демократски на изборите“. Додик повеќе не е претседател на ентитетот Република Српска (РС) во Босна и Херцеговина, по пресудата ...

Хуманитарната помош од 1.200 тони, што пред нешто помалку од 20 дена тргна по морски пат, со брод, од кипарското пристаниште во Лимасол, пристигна во Газа, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за надворешни работи на Кипар преку Икс информираа дека хуманитарната помош пристигна во координација со КОГАТ, односно израелската служба при Министерството за одбрана, надлежна за цивилната координација во палестинските територии, а ...

Во пресрет на локалните избори 2025, денеска официјално започнува набљудувањето од страна на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, откако Државната изборна комисија (ДИК) вчера едногласно ги усвои барањата за акредитација на 14 меѓународни набљудувачи. Претседателот на ДИК, Борис Кондарко, на вчерашната седница информираше дека денеска ќе се одржи првата официјална средба со претставниците на Набљудувачката мисија, со што и формално ќе започне нивната ...

Предлог-декларацијата за одржување на фер, слободни и демократски избори за членови на советите и за градоначалници на општините и на градот Скопје поднесена од претседателот на Собранието Африм Гаши е на денешната седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. Предлог-декладарацијата е на дневен ред и на собраниската Законодавно правната комисија. Во Предлог-декларацијата, објавена на собраниската веб-страница, се ...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши за денеска во 11 часот ја закажа седницата на Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање во врска со актуелните сомнежи за незаконско прислушување од Агенцијата за национална безбедност (АНБ), кое се вршело во периодот од 2019 до 2024 година. Како што информираа вчера од собраниската прес-служба, со седницата ќе претседава пратеничката на ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изрази загриженост дека Европа не ја игра улогата на светската сцена што ја сака и треба да ја преземе за правилно да ги заштити своите интереси. „Она што ме загрижува, и морам да признаам дека ме оптоварува, е тоа што ние Европејците во моментов не ја преземаме улогата во светот што ја сакаме, a треба да ја играме за правилно да ги заштитиме нашите интереси“, рече Мерц според интервјуто за CDU.TV, ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, наложи Министерството за одбрана да биде именувано како Министерство за војна, пренесува Би-би-си. Тој ќе потпише извршна наредба во петок за Министерството за одбрана да го користи новото име како секундарна титула, а министерот за одбрана Пит Хегсет да биде именуван како Министер за војна. Пентагон – кој ги надгледува вооружените служби на САД – е наследник на Министерството за војна, кое првично беше ...

Украински беспилотни летала нападнаа повеќе руски нафтени објекти во текот на ноќта на 5 септември, вклучувајќи ја најголемата руска рафинерија „Роснефт“ во Рјазан и нафтено складиште во окупираната област Луганск, објави врвниот командант на украинскиот систем за борба со беспилотни летала Роберт „Мадијар“ Бровди, објави Кијив Индипендент. „Бензинот (во Русија) станува оскуден, додека гасот и нафтата брзо ги снемува“, напиша тој. Жителите на ...

Четиринаест набљудувачи на мисијата ОДИХР ќе ги следат Локалните избори 2025 година. Нивните барања за акредитации за набљудување на Локалните избори едногласно ги усвоија членовите на Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 133 седница. Претседателот на ДИК, Борис Кондарко рече дека официјално утре ќе ја имаат и првата средба со претставниците на набљудувачката мисија ОДИХР, со што и официјално почнуваат со нивната работа. -Ја ...

Кремљ отфрли каква било ситуација каде што странски трупи би биле стационирани во Украина за да обезбедат безбедносни гаранции, според руските државни медиуми, пренесува Би-би-си. Странските трупи на украинска почва би се сметале за „легитимни цели за уништување“ и нивното распоредување би било непотребно доколку се постигне мировен договор, изјави рускиот претседател Владимир Путин на 5 септември на Источниот економски форум. Ова следи по ...

ТЕМА НА ДЕНОТ: ЦИВИЛ е дел од европска иницијатива за одбрана на медиумските слободи и демократијата Неколку водечки европски организации и иницијативи издадоа заедничка изјава со повик за итна акција за одбрана на медиумските слободи и спротивставување на дезинформациите во Европа. ЦИВИЛ е една од шесте организации потписнички на Заедничката изјава, со наслов „На раскрсница: Одбраната на медиумските слободи започнува во Источна Европа“. ...

Одложена е Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање во врска со актуелните сомнежи за незаконско прислушување од Агенцијата за национална безбедност (АНБ), кое се вршело во периодот од 2019 до 2024 година. Од собраниските служби нема образложение за одложувањето на седницата. Претседателот на Собранието, Африм Гаши за денеска во 11 часот ја имаше закажано седницата на Комисијата ...

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека 26 земји формално се обврзале да обезбедат каков било иден мировен договор во Украина, вклучително и со распоредување војници за одвраќање на руската агресија. Макрон зборуваше по самитот во Париз на кој присуствуваа повеќе од 30 шефови на држави и влади, многумина преку видео врска, но се појавија малку детали за тоа како точно ќе помогнат европските нации или како ќе бидат вклучени САД, ...

Пратеничката група на СДСМ бара итна декласификација на целата документација поврзана со случајот во Агенцијата за национална безбедност (АНБ), што власта сака да го претстави како наводен скандал. Декласификацијата е чекор кон обелоденување на вистината, а не манипулацијата. Декласификацијата ќе ги даде одговорите на сите прашања кои изминативе денови се поставуваат, а власта избегнува да ги одговори криејќи се зад класифицираните документи, ...

Вештачката интелигенција (ВИ) сè почесто станува дел од јавните политики и образовните системи ширум светот. Во последниве години многу држави воведоа пилот-проекти и национални стратегии за интеграција на новите технологии во наставниот процес. Идејата е дека ВИ може да помогне во персонализираното учење, автоматизирањето на административните задачи, како и во олеснување на пристапот до информации и ресурси за учениците и наставниците. ...

Израел ја отфрли изјавата на Хамас дека вооружената група е подготвена за „сеопфатен договор“ за завршување на војната во Газа и ослободување на сите нејзини заложници, пренесува Би-би-си. „Ова е уште еден спин од Хамас што не носи ништо ново,“ се вели во соопштението од кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху. Се инсистира дека војната ќе заврши само откако ќе бидат ослободени 48-те заложници – од кои 20 се верува дека се живи – Хамас ќе ...

„Ново коло, нова среќа“, вака гласеше пораката на извлекувањето на ЛОТО бројките во поранешна Југославија. Се чини дека медиумите во дел од поранешна Југославија, поточно Србија и Северна Македонија, на оваа „крилатица“ се повикуваат при секојдневното ширење на руските пропагандни наративи на овие простори. Така, како што забележа Тимот на ЦИВИЛ за мониторинг на хибридни закани, (ЦХТМ), во дел од медиумите во земјава и во соседството, се ...

ДИЈАНА ТАХИРИ Делегација на Венецијанската комисија, предводена од потпретседателот Мартин Кујер, ја посети Северна Македонија и имаше средба со претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски и судијката Ана Павловска Данева. Во фокусот на разговорите беше одлуката на Судот У.бр.90/2024, со која беа укинати одредби поврзани со терминот „припадност на заедниците“, меѓу нив и делови од Методологијата позната како „Балансер“. Укинувањето на ...

ДРАГАН МИШЕВ Можеби за првпат после седум години, учениците во првиот училишен ден ќе ги имаат учебниците пред себе, нешто коешто е многу значајно, нешто коешто во минатото за жал изостануваше, се пофали премиерот Христијан Мицкоски на 1 септември при посетата на ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ во општина Кисела Вода по повод почеток на новата учебна година. Еден ден подоцна, министерката за образование Весна Јаневски го демантира премиерот, ...

Секоја закана за сецесија е дестабилизирачка и опасна, предупреди функционер на НАТО во врска со неодамнешните изјави на Милорад Додик, на кого му беше одземен мандатот како претседател на Република Српска по конечната пресуда, објави Данас. Неименуван функционер на западната воена алијанса изјави за агенцијата Фена дека НАТО силно го поддржува продолжувањето на мандатот на мисијата на силите на ЕУ (ЕУФОР) во Босна и Херцеговина и ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ на 3 септември изјави дека го искористил присуството на воената парада во Пекинг за да види „што би било интересно да се стекне за потребите на српската армија, така што таа би била одвраќање за секој потенцијален агресор од соседството“, објави РСЕ на српски јазик. „Приштина, Загреб и Тирана не формираа воен сојуз случајно. И не го направија тоа за Австрија, Унгарија или Словенија, туку за Србија. Го ...

Француски европратеници од редовите на екстремната левица и екстремната десница најавија две одвоени иницијативи во Европскиот парламент за изгласување недоверба на Европската комисија на Урсула фон дер Лајен. Ко-претседателката на пратеничката група Левица во Европарламентот, Манон Обри, која доаѓа од редовите на француската екстремно левичарска партија Непокорна Франција (ЛФИ) соопшти дека иницирале собирање потписи за изгласување недоверба ...

Државната изборна комисија објави дека 69 независни кандидати за градоначалници во 38 општини и 68 листи за советници во 34 општини поднеле иницијативи. Најмногу независни кандидати за градоначалници се пријавиле во Прилеп – седум, додека во Град Скопје, Демир Хисар и Струга има по пет кандидати. По три иницијативи се поднесени во Битола и Демир Капија, а во останатите општини се по една или две. Ова значи дека речиси половина од локалните ...

4 септември 2025 Карпач, Полска – На Економскиот форум во Карпач, Полска, шест водечки организации издадоа заедничка изјава со повик за итна акција за одбрана на медиумската слобода и спротивставување на дезинформациите во Европа. Изјавата, со наслов „На раскрсница: Одбраната на медиумските слободи започнува во Источна Европа“, предупредува на растечките закани од популистички движења, руската хибридна војна и нерегулираните дигитални ...

Вчера во Тетово, откако членови на навивачката група „Војводи“ физички нападнале двајца средношколци од албанска етничка заедница, јавува ИНА. Според сведоштвата на жртвите, напаѓачите прво ги навредиле тешко со навредлив јазик со етничка содржина, пред да ги удираат организирано и континуирано со тупаници и клоци. Спред ИНА, двајцата ученици се итно пренесени во Тетовската клиничка болница. Лекарите потврдија дека едниот од нив претрпел ...

Новинарот, и поранешен претседател на Здружениоето на новинари (ЗНМ), Насер Селмани, пријавил во полиција дека непознат сторител со нож ја оштетил гумата на неговиот автомобил, паркиран пред зградата каде што живее во Скопје. „Ве известувам дека утрово забележав дека некој со нож ја оштетил гумата на мојот автомобил паркиран пред зградата каде што живеам во Скопје. Не должам на никого и немам конфликт со никој“ објави на Фејсбук, Селмани. Тој ...

Најмалку 15 цивили беа убиени, а 26 повредени во руски напади низ Украина во текот на изминатите 24 часа, објавија регионалните власти на 4 септември, пренесува Кијив Индипендент. Воздухопловните сили на Украина соопштија дека руските сили лансирале 112 беспилотни летала од типот „Шахед“ за напад и мамка во текот на ноќта, а воздушната одбрана пресретнала 84. Други 28 беспилотни летала погодиле 17 локации, додека остатоците погодиле уште пет, ...

Економски форум во Полска, 3 септтември 2025 СЛОБОДАТА НА ПЕЧАТОТ е под опсада: Со растечкото влијание на дезинформациите, пропагандата и говорот на омраза, политичкиот пејзаж се менува. Наместо да се бараат мерки за поголема регулација на платформите, борба против говорот на омраза и програми за медиумска писменост – се бара ограничување на правата на слободниот печат, поголем притисок врз новинарите, а отсуствува и поддршката на медиумите ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
81%
997
weather icon

Белград

12ᴼ / 11ᴼ
5.66
62%
995
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
91%
994
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
76%
998
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
2.29
99%
1000
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
94%
994
weather icon

Атина

16ᴼ / 15ᴼ
2.24
69%
1002
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
6.17
82%
997
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
100%
996
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
4.63
92%
1000
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
4.12
94%
996
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
3.6
67%
1002
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Кобалт

64.04

Злато

157055.75

Иридиум

221848.72

Платина

83354.78

Цинк

3.33

Бакар

11.66

Родиум

336779.07

Алуминиум

3.07

Рутениум

45750.51

Паладиум

53434.54

Калај

48.47

Сребро

2457.28