
Скопје
24ᴼ /
24ᴼ



Океаните се општо добро на човештвото, бидејќи апсорбираат 90 отсто од вишокот топлина создадена од човечки активности и 25 проценти од емисиите на јаглерод диоксид, тие се дом на 80 отсто од биолошкиот диверзитет во светот и произведуваат 50 проценти од кислородот што го дишеме и затоа мора да ги заштитиме, порача претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта во обраќањето на отворањето на Меѓународната конференција „СОС Океан!“ во Париз. – ...
Хунтата во Мјанмар денеска соопшти дека во земјотресто загинале повеќе од 1.700 луѓе, а 3.400 се повредени. Поради големиот број на жртви во земјата е пргласена седумдневна жалост. Спасувачките тимови во Мјанмар се соочуваат со големи препреки додека се обидуваат да пристигнат до заедниците погодени од земјотресот, соопшти Меѓународниот одбор за спасување (International Rescue Committee). Патиштата се оштетени, затрупани од одрони и шут, а ...
Шест пациенти денеска се враќаат од странство, пет од Србија (тројца од КБЦ Ниш и двајца од ВМА Белград) и еден од Италија, соопшти Министерството за здравство. Тие ќе бидат примени во здравствени установи од кои биле испратени и согласно повредите. Во однос на останатите пациенти во странство, кај дел има подобрување, а неколкумина се уште се интубирани и во потешка здравствена состојба. Во здравствените установи во државава остануваат 16 ...
Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, во понеделникот предупреди на насилна одмазда доколку Исламската Република биде нападната, по заканата од американскиот претседател Доналд Трамп, објави Дифенс Пост, пренесува ЦивилМедиа. „Тие се закануваат дека ќе направат зло“, рече Хамнеи за најновата закана на Трамп, за време на говорот на Рамазан Бајрам, празникот кој го одбележува крајот на муслиманскиот пост Рамазан. „Ако се спроведе, тие ...
Локален жител отвори оган врз полициска патрола од покрив на станбена зграда во северозападниот руски град Мурманск вечерта на 30 март, соопштија властите, додавајќи дека никој не бил повреден од напаѓачот, објави Кијив Индипендент. Мажот почнал да пука од покривот на зградата на авенијата Колски 10 во централниот дел на градот, по што властите упаднале на покривот и го „неутрализирале“ напаѓачот, соопшти Регионалниот истражен комитет. Стрелецот ...
Европската централна банка (ЕЦБ) се подготвува за обнова на економската несигурност додека американскиот претседател Доналд Трамп се подготвува да воведе тарифи со широк опсег. На 2 април, Соединетите Држави се очекува да објават нова рунда „реципрочни царини“ во обновениот обид на претседателот Доналд Трамп да го намали американскиот трговски дефицит. Додека точниот обем и размер остануваат неизвесни, се интензивираа шпекулациите дека Белата ...
Милијардерот Илон Маск им подари чекови од 1 милион долари на гласачите во Висконсин во замена за нивните гласови, откако државниот врховен суд одби да интервенира, објави Би-би-си, пренесува ЦивилМедиа. Маск ја објави наградата претходно оваа недела, пред тесно оспоруваните избори за Врховниот суд во Висконсин што ќе се одржат во вторник. Јавниот обвинител на Висконсин и демократ Џош Каул тужеаше за да се запре доделувањето, тврдејќи дека Маск ...
Студенти од Универзитетот во Нови Сад в среда најавија дека тргнуваат на велосипедско патување до Стразбур, со цел да го свртат вниманието поради недоволната реакција од надлежните институции во Србија, кои, според студентите, се обврзани да дејствуваат по сите немили настани што се случиле во државата од 1 ноември, лани, јави дописникот на МИА од Белград. Нивното патување за кое објавија рута, се очекува да трае 12 дена. Напоменаат дека планот ...
Спасувачките екипи пронајдоа потонато воено возило во Литванија, во кое се превезувале четворица американски војници кои се исчезнати, пишува Радио Слободна Европа. Оклопното возило М88 Херкулес беше пронајдено на 31 март, шест дена откако беше започната спасувачка операција на воениот полигон Пабрада, во близина на границата на Литванија со Белорусија. Литванскиот министер за одбрана Давиле Сакалиен изјави дека судбината на четворицата војници ...
САД нема да го добијат Гренланд, рече нивниот нов премиер Јенс-Фредерик Нилсен како одговор на последните изјави на Доналд Трамп дека сака да ја преземе контролата врз огромната арктичка земја. „Претседателот Трамп вели дека Соединетите Држави го добиваат Гренланд. Дозволете ми да бидам јасен: САД нема да го добијат тоа. Ние не припаѓаме на никој друг. Ние сами ја одредуваме нашата иднина“, рече Нилсен. За време на интервјуто за Ен-Би-Си во ...
Лидерката на партијата Национален собир, Марин Ле Пен, е прогласена за виновна за проневера на пари од европските фондови за финансирање на нејзината крајнодесничарска партија, пренесува Би-би-си. Судијата се уште не кажа колкава ќе биде казната. Обвинителите минатата година рекоа дека казната на Ле Пен не треба да биде само парична казна од 300.000 евра и затворска казна, туку и неподобност да се кандидира за јавна функција пет години. Ова ќе ...
Од неделата вечерта, украинските одбранбени сили на Украина пресретнаа 57 руски беспилотни летала, додека 45 беспилотни летала исчезнаа од радарите, не предизвикувајќи никаква штета на теренот, соопштија украинските воздухопловни сили, пренесува Укринформ. Од 20 часот во неделата, на 30 март, руските напаѓачи ја нападнаа Украина со две балистички ракети Искандер-М лансирани од Курската област, 131 нападни летала Шахед и беспилотни летала мамки ...
Британскиот премиер Кир Стармер имаше телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп во неделата вечерта, во кој имаа продуктивни преговори на повеќе теми, вклучително и за Украина, се наведува во соопштението за печатот објавено на веб-страницата на британската влада. Откако Трамп на почетокот на разговорот му посака на Неговото Височество Кралот најдобри желби и добро здравје, тие разговараа за продуктивни преговори меѓу нивните ...
Делегацијата на Европската унија во Тирана во четвртокот за БИРН изјави дека процесот на интеграција не е поврзан со резултатот од изборите и дека ЕУ ќе продолжи да ги поддржува албанските институции на патот на интеграцијата без оглед на резултатот, пренесуваат албанските медиуми. Семејствата кои сè уште чекаат да дознаат за своите најблиски заслужуваат епилог на ова прашање. Затоа исчезнатите лица ми се приоритет во Дијалог, изјави новиот ...
Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина (IFRC) соопшти дека е „огорчена“ поради смртта на осумте медицински лица убиени на должност во Рафах во јужниот дел на Газа, објави Би-би-си, пренесува ЦивилМедиа. Тимот од девет лица за брза помош беше под силен оган во Ал-Хашашин на 23 март, соопшти МФЦК. Нивните тела беа извадени во неделата, откако им беше забранет пристапот една недела. Еден лекар се уште се води како ...
И додека многу форми на ненасилни протести носат сериозни ризици – да се сетиме на убиените демонстранти од плоштадот Тјенанмен во Пекинг во 1989 година, Ерика Ченовет тврди дека за ненасилните кампањи генерално е полесно да се зборува отворено, што значи дека вестите за нив можат да допрат до пошироката јавност. Насилните движења, од друга страна, бараат постојано снабдување со оружје и обично се потпираат на повеќе тајни подземни операции кои ...
Украинските сили одговорија на руските напори да ги протера од еден дел на руската територија со извршување на голем број напади на друга погранична област – Белгород, користејќи беспилотни летала, артилерија и војници, пренесува Си-ен-ен. Според гувернерот на регионот, Вјачеслав Гладков, повеќе од 20 села во руската област Белгород – кои се наоѓаат на 150 километри од копно долж границата со Украина – биле нападнати. Украинската војска ...
Украдени противпожарни црева, неисправност на хидрантската мрежа, попречени излези за евакуација со мебел или заградени од страна на станари…. се дел од неисправностите што ги пријавиле управителите на станбените објекти откако од општинските инспекциски служби добија задолжение да достават информација за неопходната противпожарна опрема во станбените згради. По истекување на рокот за доставување на податоците од страна на управителите или ...
Сирискиот претседател Ахмед ал Шара во саботата објави преодна влада, назначувајќи 23 министри во проширениот кабинет кој се смета за клучна пресвртница во транзицијата од децениското владеење на семејството Асад и за подобрување на врските на Сирија со Западот, пренесува Ројтерс. Новите власти во Сирија предводени од сунитските исламисти беа под притисок од Западот и арапските земји да формираат влада што ќе ги вклучува различните етнички и ...
Американскиот претседател Доналд Трамп вети дека ќе воведе големи финансиски казни за увозот на руска сурова нафта доколку Москва не го потпише примирјето во Украина во текот на следниот месец. Како што пренесува ПОЛИТИКО, говорејќи во интервју за NBC, Трамп рече дека е „многу лут“ и „бесен“ откако рускиот лидер Владимир Путин повика на соборување на украинскиот претседател Володимир Зеленски од преодната влада поддржана од Обединетите нации. ...
Дваесет Палестинци, меѓу кои 10 деца, беа убиени, а неколку други беа повредени од рано во неделата во израелските воздушни напади низ северниот и јужниот дел на Газа на првиот ден од Рамазан Бајрам, пбјави агенцијата Анадолу. Очевидци изјавија за Анадолу дека израелските воздушни напади биле насочени кон домови, засолниште со шатори и цивилни возила во градот Газа, Џабалија на север и Кан Јунис на југ. Седумнаесет луѓе, вклучително и осум деца, ...
Јужна Кореја, Кина и Јапонија го одржаа својот прв економски дијалог во последните пет години во неделата, настојувајќи да ја олеснат регионалната трговија додека трите азиски извозни сили се подготвуваат за тарифите на американскиот претседател Доналд Трамп, објави Ројтерс, пренесува ЦивилМедиа. Тројцата министри за трговија на земјите се согласија „тесно да соработуваат за сеопфатни и разговори на високо ниво“ за договорот за слободна трговија ...
Силните изјави дадени по самитот на европските лидери во Париз на 27 март покажаа две работи – Франција и Велика Британија се решени да испратат мировници во Украина, но плановите во моментов се заложници на каприците на Кремљ. „Не можете да им верувате на Русите подалеку отколку што можете да ги фрлите денес, и тоа навистина ќе биде блокада во преговарачкиот процес за сите страни“, рече д-р Иан Гарнер, доцент по тоталитарни студии на полскиот ...
Министерството за здравство информира дека од вчера нема промени во бројот на хоспитализирани пациенти. Во Скопје вкупно се лекуваат 16 пациенти и се во добра општа состојба. Од нив по шест се во стара градска и ГОБ 8 Септември и четири во приватните болници. На Клиника за токсикологија во последните 24 часа се примени 4 пациенти од странство и по направените токсиколошки анализи се пуштени на домашно лекување. Сите се во добра општа состојба. ...
Што било знак на успех на ваков протест? Првенствено биле земени предвид обидите за промена на режимот. Движењето се сметало за успешно ако целосно ги постигнало своите цели, и во рок од една година од врвот на своите активности и како директна последица на нивните активности. Промената на режимот како резултат на странска воена интервенција не се сметала за успешна, на пример. Што значи тоа ненасилни протести? Движењето се сметало за насилно ...
Се работи за впечатливото истражување на Ерика Ченовет, политиколог од Универзитетот Харвард, што потврдува дека граѓанската непослушност не е само морален избор; тоа е и најмоќниот начин да се влијае на светската политика – и тоа со убедлива маргина. Проучувајќи стотици кампањи од минатиот век, Ченовет открила дека ненасилните движења имаат двојно поголема веројатност да ги постигнат своите цели отколку насилните. И додека точната динамика ќе ...
ЉУПЧО ПОПОВСКИ Вчера американскиот потпретседател Џеј Ди Венс отиде на Гренланд, на местото каде што не го сакаат, и каде што неколку часа пред слетувањето на неговиот авион во американската воена база, беше формирана новата гренландска влада која веднаш им порача на САД да ги тргнат рацете од островот. Изјавите што ги даде Венс од воената база не се само неоколонијалистички, туку изгледаат и прилично застрашувачки за светскиот поредок. Речиси ...
Доналд Трамп го отпушти речиси целиот персонал во седиштето на Американскиот институт за мир (USIP) во Вашингтон на 29 март, објави Вашингтон пост (ВаПо). Институтот игра активна улога во посредувањето во конфликтите и помагањето во мировните преговори во земјите зафатени од војна, вклучително и Украина. Одделот за владина ефикасност (DOGE), агенција создадена од американскиот претседател Доналд Трамп, под водство на милијардерот Илон Маск, ...
Верниците од исламска веросиповед во земјава, како и во целиот свет, денеска го слават празникот Рамазан Бајрам, кој се смета за еден од петте столбови на исламот и празник за духовно и за телесно прочистување. Рамазан, деветиот месец во исламскиот календар, е месец кога првите стихови од Куранот му биле откриени на пророкот Мухамед пред повеќе од 1.400 години. Рамазан Бајрам доаѓа по едномесечниот строг пост, во кој верниците се воздржуваа од ...
ВОЈО МАНЕВСКИ Некакво време-невреме ја притиснало мојава земја, мојот народ и мојата држава. Дождот безмилосно врне како да решил да не потопи. Низ валканите излози се слева вода и како да ги измива па човек поминувајќи може и да се огледа. Може да се види, ама подобро да не се погледнува затоа што она што ќе го забележи и не е за пофалба. Навидум сѐ си е на своето место, само еден мал детал недостасува. Нема насмевка па лицето, личи на збир на ...