Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Сите оние кои што сакаат да се кандидираат на Локалните избори 2025 година закажани за 19 октомври, своите кандидатури за градоначалници и листите на кандидати за членови на советите во 80 општини и Градот Скопје тоа ќе можат да го направат преку своите овластени предлагачи до полноќ во просториите на Општинските изборни комисии (ОИК) и Изборната комисија на Град Скопје (ИКГС). ОИК по приемот на листата на кандидати, утврдува дали таа е ...
ЈП Дрисла денеска преку пишано соопштение апелира до МВР да ги најде и санкционира потпалувачите на пожарите во депонијата, за кои, како што се наведува, има сомненија дека се политички мотивирани. Од Дрисла тврдат дека работат според предвидените процеси и стандарди и оти тие не се причина за загадувањето. – Апелираме до Министерството за внатрешни работи да пристапат кон истрага за изнаоѓање и санкционирање на потпалувачите на пожарите, кои ...
Собранието вчера попладне со 73 гласа „за“ и ниту еден „против“ изгласа Декларација за одржување фер, слободни и демократски избори за членови на советите и за градоначалници на општините и на Градот Скопје. Декларацијата беше поднесена од претседателот на Собранието, Африм Гаши и координаторите на сите пратенички групи. Во неа, Собранието изразува натпартиско единство за одржување на фер, слободни и демократски избори што заедно со ...
ДРАГАН МИШЕВ Еве врви втората недела откако министерката за образование Весна Јаневска, на 2 септември најави дека доставата на учебници би требало да биде завршена „оваа недела“, и некогаш ќе добиеме информација дека се ќе биде на први, но има пролонгирање од 2/3 дена…Поминаа 10 дена! Инаку, со изјавата Јаневска всушност го демантираше премиерот, кој на 1 септември предвремено се пофали дека можеби за првпат после седум години, учениците во ...
НАТО објави планови за зајакнување на одбраната на источниот крило на Европа во петокот, два дена откако Полска собори беспилотни летала што го нарушија нејзиниот воздушен простор, во првата позната акција од ваков вид од страна на членка на западната алијанса за време на руската војна во Украина, објави Ројтерс. Во Обединетите нации, САД ги нарекоа нарушувањата на воздушниот простор „алармантни“ и ветија дека ќе „бранат секој сантиметар од ...
Изборната кампања за локалните избори во октомври влегува во фаза на засилени судири, каде што кандидатите на коалицијата ВЛЕН и Алијансата за национална интеграција (АНИ) предводена од ДУИ си разменуваат жестоки обвинувања и политички предизвици. Во Чаир, кандидатот на АНИ, Бујар Османи, го обвини својот противкандидат од ВЛЕН, Изет Меџити, дека никогаш искрено не го доживеал Чаир како свој дом, туку како средство за добивање високи позиции ...
Кандидатот за градоначалник на Скопје, Зоран Јовановски, на овие локални избори ќе настапи како независен кандидат, односно како член на ВМРО-ДПМНЕ, кој е само формално правно поддржан од политичката партија Единствена Македонија. Тој е познат по своите залагања за поблиски односи со Русија и Кина. Неговата визија предвидува збратимување на Скопје и Москва, доведување најмалку 15 инвеститори од Русија и тројца од Белорусија, како и ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека е приведен осомничен за убиството на неговиот соработник Чарли Кирк. – Мислам, со висок степен на сигурност, дека го имаме во притвор, рече Трамп за време на гостувањето на телевизијата Фокс њуз. Трамп додаде дека осомничениот бил „некој многу близок со него“, и оти повеќе детали ќе бидат објавени во текот на денот, пренесува Си-Ен-Ен. Изјавата на Трамп доаѓа по дводневна потрага по ...
Владата на Република Српска, чија уставност моментално ја разгледува Уставниот суд на Босна и Херцеговина, ја одржа првата седница на која се дискутираше за економската и политичката стабилност на ентитетот, но и за силна реакција доколку продолжи притисокот од меѓународните претставници, пишува Дојче веле на српски јазик. Во исто време, се одржа и седница на словенечката влада, на која беше донесена одлука за воведување санкции врз Милорад ...
Остануваат уште 3 дена за пријавување на повикот на ЦИВИЛ за краткорочни или долгорочни изборни набљудувачи кој е во тек. Крајниот рок за пријавување е 15 септември, 17 часот. Набрзо по селекцијата на набљудувачи, ќе се одржат и семинари за обука на набљудувачите кои ќе се одржат на почетокот на октомври. Обуките се задолжителни за сите избрани набљудувачи, без оглед на тоа дали биле набљудувачи на ЦИВИЛ и во некој од претходните изборни ...
Еоган Мекејб, извршен директор и основач на Интерком, и Илон Маск ветија зедно 1.5 милиони долари за финансирање на мурали на Ирина Заруцка, која беше брутално убиена во воз во Шарлот, Северна Каролина. Силиконската долина се вклучува откако убиството на украинската бегалка Ирина Заруцка ја шокираше нацијата. Еоган Мекејб, извршен директор и основач на Интерком, вети 500.000 долари за нарачка на мурали со лицето на Заруцка во поголемите ...
ЦИВИЛ ексклузивно дознава дека рускиот амбасадор Сергеј Баздникин се обиде да ја присвои функцијата „декан на дипломатскиот кор“ во земјава. Но неговиот обиде беше осуетен. Што се случи? Баздникин, според извори на ЦИВИЛ, неодамна упати нота со која го информира македонското МНР и дипломатскиот кор во земјава дека – по завршувањето на мисијата на словачкиот амбасадор Хенрик Маркус на 31 јули 2025 година – функцијата Декан на Дипломатскиот кор ...
Во петок, 12 септември, Белорусија и Русија започнаа заеднички стратешки вежби наречени „Запад-2025“, кои ќе продолжат на полигоните за обука во Белорусија и Русија до 16 септември, објави белоруската државна новинска агенција БелТА, пренесува Укринформ. „Целта на маневрите е да се вежбаат заеднички акции на белоруските и руските трупи во обезбедувањето на воената безбедност на Сојузната држава и подготвеноста за одбивање на можна агресија“, ...
Неколку членки на НАТО испраќаат војници, артилерија и системи за воздушна одбрана за да го обезбедат својот источен дел по она што Полска го нарече невиден упад на руски беспилотни летала во нејзиниот воздушен простор, пренесува Би-би-си. Во раните утрински часови во среда, три руски беспилотни летала беа соборени откако влегоа во полскиот воздушен простор. Други беспилотни летала се урнаа на земја и подоцна беа пронајдени низ источна ...
Дел од Скопје утрово се разбуди во магла и загаден воздух. Во населбите Аеродром, Ново Лисиче видливста е намалена како да е зимско утро, вредностите на ПМ 10 и ПМ 2,5 се во црвената зона, а во воздухот и понатаму се чувствува мирис на изгорено. Иако уште вчера Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи информираа дека пожарот во депонијата Вардариште е изгаснат и дека нема ниту чадење на заостанати жаришта, а ...
Неформалната група Инженери на Република Македонија (ИНРМ) алармираат дека досегашната пракса на ЕВН Хоум за издавање на паушални фактури и префрлање на целата разлика во еден месец е спротивна на Законот за енергетика и предизвикува неправедни, зголемени сметки за граѓаните. Во месеците јуни и јули на поголем број на домаќинствата им се испорачуваа пониски сметки врз основа на проценета потрошувачка, а во август, по извршеното отчитување и ...
Собранието денеска ќе ја одржи 68. седница, на чиј дневен ред, меѓу другото е Предлог-декларацијата за фер, слободни и демократски избори. Предлог-декларацијата ја поднесе претседателот на Собранието, Африм Гаши и координаторите на сите пратенички групи. Во Предлог-декларацијата се наведува дека во пресрет на изборите што ќе се одржат на 19-ти октомври, Собранието го изразува своето натпартиско единство за одржување на фер, слободни и ...
Во рамките на политичката програма, тоа е фокусот и она со кој што ќе идеме. Сите овие главни цели кои што ги веќе излистав, си имаат свои активности, си имаат свои показатели и си има една посебна рамка која што е направена со експерти во кој што како ќе делуваме и тоа во текот на оваа кампања со тие месни комитети кои што ние си ги формиравме заедно со унијата на Ромите, ќе ги посетиме и ќе ги објасниме. Но она што е клучно со оваа моја ...
Русија беше изожена на голем ноќен напад со беспилотни летала на 12 септември, а Москва и Ленинградската област беа меѓу целните области, пренесува Кијив Индипендент според руските официјални лица и извештаите на медиумите. Руската воздушна одбрана пресретна 221 украински беспилотни летала низ целата земја преку ноќ, тврди руското Министерство за одбрана утрото по нападот. Нападот наводно предизвикал пожари на брод во пристаништето Приморск и ...
Во Западен Балкан ништо ново. Барем што се однесува до ширењето на руските наративи за војната во Украина, овој пат проширено и надградено со упадот на руски дронови на територија на НАТО членка, во случајов Полска. Но, изгледа некои македонски медиуми се плашат да ги именуваат дроновите кои беа соборени во Полска како руски, иако сите индикации и релевантни изјави на функционери од земјата на која и беше нарушен суверениот воздушен простор ...
Претседателот на Владата и лидер на владејачката ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, денеска ја формализираше Коалицијата „Твоја Македонија“ која заеднички ќе настапи на претстојните локални избори. Мицкоски на прес-конференција пред партиското седиште, истакна дека коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е најголемата коалиција, составена од 25 партии од различен карактер, кои според него, во голема мера го претставуваат колоритот во македонското ...
ВЕСТ НА ДЕНОТ Обвинение против три лица за дивите депонии во „Вардариште“ ОJO Скопје поднесе обвинение против три лица за кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад. Согласно обезбедените докази, тие од 2020 година вршеле откуп на старо железо, метални производи, стари акумулатори и други обоени метали на импровизирани пунктови – отпади, без да регистрираат правно лице и без дозвола за управување со отпад, со што ...
Албанија ја доби првата дигитална министерка, Диела, со посебен мандат и структура прилагодена на предизвиците на дигиталното доба. Таа ќе го предводи министерството за јавни набавки, пишуваат албанските медиуми. Секаков вид шпионажа против Косово е опасен и директно ја нарушува националната безбедност. оценуваат безбедносните експерти во Косово. Според нив, дури и комуникацијата со луѓе блиски до луѓе кои се прогласени за терористи од страна ...
Институционалната криза што трае речиси пет месеци погоди голем број независни институции. Независната комисија за медиуми е едно од телата со нефункционален одбор како резултат на неуспехот да се конституира Собранието, алармираат косовските медиуми. Претседателот на Владината комисија за исчезнати лица, Андин Хоти, изјави дека локацијата во Кожље кај Нови Пазар, каде што се сомнева дека постои масовна гробница, досега се користела како ...
Во текот на вчерашниот ден е затрупан дел од просторот на депонијата Дрисла од кој имаше чадење. Денеска затрупувањето продолжува со засилено темпо бидејки вчера беа извршени неколку логистички зафати кои овозможуваат полесен и побрз пристап до критичната точка, информира утрово директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов. Чадењето од депонијата Дрисла е се уште присутно, но во многу помал обем, и, според Ангелов, ...
ФБИ и претставници на Јута објавија ново видео на кое се гледа осомничениот за пукањето во Чарли Кирк како бега од местото на настанот, пренесува Би-би-си. Во снимката, фигура трча по покривот од каде што е испукан фаталниот истрел и паѓа неколку метри на земја, пред да истрча во пошумена област. Полицијата, исто така, објави нови слики од „лице од интерес“ кое носи црна маица со американско знаме на неа и чевли Converse – погледнете ги тука ...
Поранешниот претседател на Бразил, Жаир Болсонаро, е осуден на 27 години и три месеци затвор откако беше прогласен за виновен за заговор за воен удар, пренесува Би-би-си. Панел од пет судии на Врховниот суд ја изрече казната само неколку часа откако го осудија поранешниот лидер. Тие пресудија дека тој е виновен за водење заговор со цел да се задржи на власт откако ги загуби изборите во 2022 година од неговиот левичарски ривал, Луиз Инасио ...
Шефот на изборниот штаб на ВЛЕН, пратеникот Аднан Азизи, излезе со шокантни обвинувања кон ДУИ – дека наводно платиле луѓе однадвор за да нападнат млади Албанци и дека имале план да ја запалат џамијата на Шар Планина. „ДУИ платил луѓе однадвор за да ги претепаат албанските млади, имале план да ја запалат и џамијата на Шар Планина“, изјави Азизи, без да понуди дополнителни детали или докази. Од Алијансата за Албанците го повикаа ...
Прашањето „Дали мислите дека со обоените таблички ќе се намали злоупотребата на службените возила?“ предизвика бурни реакции на Facebook страницата на ЦИВИЛ. Голем дел од коментарите се скептични и иронични. Најчеста забелешка е дека со ваквата мерка нема да се постигне вистинска заштеда или транспарентност, туку дека тоа е само уште еден „тендер“ или „забава за народ“. Според повеќемина, проблемот не е во тоа дали возилата ќе имаат обоени ...
Владата вчера ја усвои Одлуката за формирање на Национален совет за финансиски истраги и конфискација на имот, со што се предвидува дополнителна алка на врвот на координациската структура, покрај Националната комисија за финансиски истраги и конфискација на имот како највисоко експертско тело. Со Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на имот ќе раководи заменик претседателот на Владата за политики за добро владеење, Арбен ...