Старлинк, сателитската интернет услуга во сопственост на Илон Маск, претрпе глобален прекин на 15 септември, објави компанијата на својата официјална веб-страница. Услугата која стана витална за болниците, училиштата и воените единици на првата линија низ цела Украина е во прекин, втор пат во последните месеци., пренесува Кијив Индипендент. Старлинк повторно не работи на целата фронтова линија“, напиша на Telegram врвниот командант на ...

Семејствата на израелските заложници кои сè уште ги држи Хамас рекоа дека премиерот Бенјамин Нетанјаху е „единствената пречка“ што го спречува нивното враќање и постигнување мировен договор, пренесува Би-би-си. Форумот за заложници и исчезнати семејства напиша на социјалните медиуми дека нападот на Израел врз Катар минатата недела покажува дека „секој пат кога се приближува договор, Нетанјаху го саботира“. Нетанјаху во саботата изјави дека ...

ЏАБИР ДЕРАЛА Кога празната реторика ги заменува фактите, првите жртви се довербата и безбедноста. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), претходно на Центар за управување со кризи, Стојанче Ангелов на вонредна прес конференција на 13 септември навечер, наместо да понудат конкретни одговори и решенија за пожарите и енормното загадување во Скопје, излегоа со драматични тврдења ...

Генералното собрание на Обединетите нации во петокот со огромно мнозинство гласаше за одобрување на декларација во која се наведени „опипливи, временски ограничени и неповратни чекори“ кон решение за две држави меѓу Израел и Палестинците пред состанокот на светските лидери, пренесе Ројтерс. Декларацијата од седум страници е резултат на меѓународната конференција во ОН во јули – организирана од Саудиска Арабија и Франција – за деценискиот ...

Жителите на Аеродром и Ново Лисиче и утрово го блокираше сообраќајот на мостот „Близнаци” меѓу општините Аеродром и Гази Бабаво знак на револт поради депонијата Вардариште, која со години го загадува воздухот и ја труе околината. Според организаторите на протестот, граѓанската иницијатива „Стоп за Вардариште“, овој чекор го преземаат поради немањето слух на надлежните органи за нивните барања и се поголемото труење кое доаѓа од пожарите на ...

Надвор од животна опасност се четирите лица кои побарале помош по пожарот што избувна вчера во складиште за рециклирање отпад во скопско Трубарево. На Клиниката за токсикологија е хоспитализирана жителка на Трубарево, а другите три лица (припадник на Армијата, директорот на Центарот за управување со кризи и полицаец), веќе се пуштени на домашно лекување, информираше денеска министерот за здравство Азир Алиу. Кај хоспитализираната пациентка, ...

По завршување на рокот за поднесување на кандидатски листи за градоначалници и совети на општините и на Градот Скопје, во 80 општини и Градот Скопје, до општинските изборни комисии се поднесени вкупно 312 листи на кандидати за градоначалници и 575 листи на кандидати за советници на општините и Градот Скопје, информираат од Државната изборна комисија (ДИК). Во оваа бројка се вклучени листите на кандидати од политички партии и листите поднесени ...

Претседателот на СДСМ и поранешен министер за здравство, Венко Филипче, ја оцени ситуацијата по вчерашниот пожар во Трубарево како сериозна и упати конкретни барања до институциите за итно дејствување. Тој истакна дека ваквите кризни настани бараат одговорна, транспарентна и координирана реакција, а не политички спинови и конфузни пораки, наведува СДСМ во соопштението. „Граѓаните имаат право да знаат што дишат и што внесуваат во организмот, ...

Јавното обвинителство упатило барање Единицата за атомска, биолошка и хемиска одбрана на Армијата со специјални инструменти да изврши мерења и детекција на хемиска и токсична контаминација на воздухот со гасови и честички кои се ослободуваат од пожарот. Известување со резултатите од првичните мерења е доставено до Обвинителството, а се чекаат и резултати од мерења извршени од надлежните служби од Министерството за животна средина и просторно ...

Најавувам дека по одржувањето на локалните избори првата и основна задача ќе ми биде создавање на систем каде нема да има пожари, Скопје ќе биде чисто, а депониите нема да бидат веќе проблем туку решение. Имам План за чисто и здраво Скопје. Имаме комунални претпријатија со илјадници вработени, а немаме кој да се грижи за комуналниот ред, истакна градоначалникот на Кисела Вода и кандидат за град Скопје, Орце Ѓорѓиевски на Фејсбук, додека ...

ОЛИВЕР АНДОНОВ Се извинувам за изразот „заебавање“, но ова што ни го прави Мицкоски веќе не е мајтап, туку највулгарно заебавање во мозок и тоа на сите граѓани на Македонија, онака колективно. Во оваа заебавање не сме исклучени ниту ние како членови на ВМРО-ДПМНЕ иако тоа божем ние членовите на нашата партија треба да бидеме третирани како бели мечки или така ни го претставува тоа Мицкоски за да членовите на партијата бидат уште повеќе ...

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека пожарите што се случуваат во државата се организирани од центри на моќ од државата и надвор, за што, како што нагласува, има информации од службите. -Сакам да кажам дека вакви работи ќе се случуваат и нема да престанат и сакам да упатам апел и до граѓаните дека вакви подметнувања и диверзии ќе има и во периодот кој што следи, затоа што има центри на моќ во државата, но и надвор, коишто не сакаат оваа ...

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) со насоки до новинарите за безбедно известување од пожари. Пожарите, што во последниве недели зафатија различни делови од земјата, a посебно во Скопскиот регион, создаваат услови кои можат сериозно да ја загрозат безбедноста на новинарите и медиумските работници што известуваат од терен. ЗНМ потсетува дека здравјето и животот секогаш се пред секоја професионална задача. При работа од терен во вакви ...

Хипокризијата кај СДС е се поизразена, наутро сеат страв, навечер прават журки во парк, во меѓувреме се занимаваат со специјалноста палење депонии, одговорност ќе има, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ без да приложат докази и аргументи. – Палењето пожари, предизвикувањето еколошка катастрофа во овој момент има назив, тоа е групација од СДС и ДУИ. Справувањето од страна на надлежните со пожарите летово беше евидентно, па некој од групацијата СДС-ДУИ ...

Ова што сега се случува, ова е мој личен став, бидејќи од 1991 година сум во безбедносниот систем на државаѕта, е последица на тоа дека ние сме цел на хибриден напад. Истовремено сме нападнати со повеќе пожари. Ќе ве потсетам дека денеска изби пожарот во една семенара, каде исто така имало пластичен отпад, можеби имало и гајби и истовремено се појави и овој пожар во Трубарево. Кажете ми колкава е можснота за два истовремени сериозни пожари ...

Денес повторно граѓанките и граѓаните на скопските населби Аеродром и Ново лисиче се собраа на зборното место на раскрсницата пред паркот Авионче на протест против загадениот воздух кој секојдневно ги труе и доаѓа првенствено од дивата депонија Вардариште, но и од други депонии, вклучително и Дрисла. Покрај досегашните транспаренти, денес имаа и доплолнителен декор, во позадина се гледаше како се извива густ чад кој доаѓа од пожарот кој ...

Министерството за здравство, во координација со Институтот за јавно здравје, обезбеди 2.000 заштитни маски N95 кои вечерва ќе бидат дистрибуирани до жителите на скопското село Трубарево. Маските се ставени на располагање од ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, а дистрибуцијата ќе се реализира со поддршка на тимови од јавните претпријатија и Општина Гази Баба. Со оваа мерка се обезбедува навремена поддршка за ...

Првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити ноќеска го посетил местото на пожарот во Трубарево во објект за рециклирање батерии и електронски отпад. -Со право предизвика загриженост кај сите нас. Дојдов во Трубарево и од терен со свои очи го видов ужасот што го предизвика овој сериозен инцидент. Веднаш по добивањето на информацијата за пожарот, сите надлежни служби – Министерството за животна средина, противпожарните екипи и ...

Министрите за финансии на земјите од Г7 разговараа за можно воведување санкции и трговски мерки, како што се царини, против земјите за кои сметаат дека „ја овозможуваат“ војната на Русија во Украина, соопшти канадското Министерство за финансии. За време на состанокот во Отава, министрите се согласија да ги забрзаат дискусиите за користење на замрзнатите руски средства за финансирање на одбраната на Украина и разговараа за „широк спектар на ...

Да се третира „Српскиот свет“ како културна идеја е опасна илузија. Станува збор за долгорочна стратегија за ширење на српско националистичко влијание, која сè поотворено се реализира и во Северна Македонија — не само со знамиња и паради, туку и со поддршка од домашни политички актери. Како што пишува авторката во колумната „Идентитетот во селективен процес на умирање: ‘Српски свет’ со официјален печат на македонската власт“, не станува збор ...

Центарот за управување со кризи (ЦУК) попладнево информираше дека ја следи состојбата со пожарот во скопската населба Трубарево, општина Гази Баба. На терен во моментов е директорот на ЦУК Мухамед Али. -Во текот на денот, во 13:38 часот, преку единствениот број за итни повици 112 беше пријавен пожар во штала наменета за складирање на отпадни електрични материјали. Пожарот за кратко време предизвика густ црн чад и се прошири и на неколку ...

Во тек е повикот на ЦИВИЛ за краткорочни или долгорочни изборни набљудувачи. Крајниот рок за пријавување е 15 септември, 17 часот. Лицата ангажирани во изборната администрација, други мониторинг мисии, функционери и активисти на политички партии и кандидати – немаат право на учество на повикот на ЦИВИЛ. Набрзо по селекцијата на набљудувачи, ќе се одржат и семинари за обука на набљудувачите кои ќе се одржат на почетокот на октомври. Обуките се ...

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ Каква асоцијација ви нудат зборовите Пекинг-студенти-тенкови? Ова е секако прашање за малку постари читатели, ама ним не им треба да им додадете уште некој збор за асоцијацијата да биде целосна. Во доцните мајски денови во1989 година, кинеското државно раководство ја изнесе армијата на плоштадот Тјенанмен. Таму со денови претходно се одржуваа масовни протести на кои, освен студентите учествуваа и здравствените работници, ...

Донацијата од 800 илјади евра од компанија од српско потекло за реконструкција на двата стари објекти на тетовската гимназија, е проследена со полемики дека станува збор за таен договор за изградба на црква во Тетово, пишува „Порталб“. Според „Порталб“, во интервју за Алсат ова го потврди пратеникот од ВЛЕН, Беким Ќоку, а потоа се извини и рече дека станува збор за грешка. Ќоку, на прашањето за примената донација од една српска компанија во ...

Во Косово имаше силни реакции по одлуката на САД да го суспендира стратешкиот дијалог со Косово поради постапките на вршителот на должноста влада предводена од Албин Курти, постапки кои, според САД, „ги зголемија тензиите и нестабилноста, отежнувајќи ја соработката по заедничките приоритети“, објави Дојче Веле на албански јазик. Претседателката на Косово, Вјоса Османи, изрази жалење и рече дека е длабоко загрижена за одлуката на САД да го ...

„ВМРО-ДПМНЕ- Албанија“ е ново здружение на Македонците, откако и официјално е регистрирано во судскиот регистар во Тирана, пренесе МИА. Ова не е само формалност – ова е нов почеток! Здружението се создаде со една возвишена цел: да ги обедини сите Македонци во Албанија, без разлика на местото, улогата или политичката припадност. Дојде времето да зборуваме заедно, да дејствуваме гласно и да се избориме организирано за нашите права, идентитет и ...

ЦИВИЛ спроведува граѓанско изборно набљудување и на претстојните локални избори, за што организацијата, како и секогаш, објави повик за аплицирање со рок до 15 септември, 17 часот. ЛИНК ДО АПЛИКАЦИЈА ЗА КРАТКОРОЧНИ НАБЉУДУВАЧИ ЛИНК ДО АПЛИКАЦИЈА ЗА ДОЛГОРОЧНИ НАБЉУДУВАЧИ Како што е вообичаено, ЦИВИЛ ги објавува одговорите на најчесто поставуваните прашања кои најчесто доаѓаат од заинтересираните за учество во изборниот мониторинг на ЦИВИЛ. ...

Според српските провладини медиуми, денеска ќе се одржат собири во 140 градови и општини низ целата земја под слоганот „Граѓаните против блокадите“. Собири се закажани во сите поголеми и помали градови – од Суботица и Нови Сад, преку Панчево, Смедерево и Шабац, до Крагуевац, Крушевац, Ниш, Лесковац и Врање. Во Белград, собири ќе се одржат во неколку општини – во Палилула, Вождовац и во населбата Лештане. – Србија те повикува! Денес ја ...

Питер Манделсон беше отпуштен од функцијата амбасадор на Велика Британија во Соединетите Американски Држави во четврток откако неговите врски со осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн станаа уште еден непожелен проблем за премиерот Кир Стармер, пренесува Си-ен-ен. Манделсон беше под зголемен притисок поради неговата врска со Епштајн откако американските пратеници во понеделник објавија „роденденска книга“, составена за 50-тиот роденден ...

Соединетите Американски Држави го суспендираа на неодредено време планираниот стратешки дијалог со Косово, поради загриженост во врска со активностите на привремената влада кои ги зголемија тензиите и нестабилноста, ограничувајќи ја способноста на Соединетите Американски Држави продуктивно да работат со Косово по заеднички приоритети, соопшти денеска Амбасадата на САД во Приштина. „Остануваме посветени на унапредување на заедничките интереси ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
87%
1000
weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
3.6
67%
996
weather icon

Загреб

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
94%
994
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
87%
1000
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.15
99%
1000
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
97%
994
weather icon

Атина

15ᴼ / 14ᴼ
2.68
79%
1003
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
3.6
87%
998
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
100%
998
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
3.58
98%
1000
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
3.6
95%
996
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
5.14
72%
1003
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Злато

157055.75

Калај

48.47

Алуминиум

3.07

Иридиум

221848.72

Кобалт

64.04

Бакар

11.66

Рутениум

45750.51

Паладиум

53434.54

Сребро

2457.28

Цинк

3.33

Родиум

336779.07

Платина

83354.78