Европската Унија го осудува израелскиот напад насочен кон единица на Привремените сили на ОН во Либан (УНИФИЛ) во неделата, што претставува најнов во низата слични инциденти во последните недели, порача портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Ануар Ел Ануни. – ЕУ потсетува дека безбедноста на персоналот и објектите на ОН мора да бидат осигурани во согласност со меѓународното право и Резолуцијата 1701 на ...

Остануваат уште пет дена за претставување на кандидатите за градоначалници и членови на советите во општините за обезбедување поддршка во вториот круг на локалните избори, а се очекуваат и одлуки за коалициите за гласањето в недела на 2 ноември. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги информираат радиодифузерите дека денеска е крајниот рок за објавување резултати од испитувањето на јавното мислење за вториот круг од Локалните ...

Европската Унија и нејзините 27 земји членки во 2024 година од јавните средства издвоиле 31,7 милијарди евра за поддршка на земјите во развој за намалување на емисиите на стакленички гасови и за прилагодување на влијанијата од климатските промени. За истите цели, ЕУ дополнително мобилизирала и 11 милијарди евра од приватни извори. Овие податоци се наведени во соопштение објавено од Советот на ЕУ во пресрет на Конференцијата на ОН за ...

Албанската владејачка коалиција ВЛЕН синоќа прикажа целосно единство во поддршка на Билал Касами, актуелен градоначалник на Тетово, кој се кандидира за втор мандат на локалните избори. Еден од лидерите на коалицијата, Зеќирја Ибрахими, сподели на социјалните мрежи заедничка фотографија од лидерите на ВЛЕН, направена во Тетово, придружена со јасна порака за поддршка на Касами. „Работен состанок со сегашниот и идниот градоначалник на Тетово. ...

Унгарија планира да се здружи со Чешка и Словачка за формирање на соработка скептична кон поддршката за Украина, изјавил главниот политички советник на премиерот Виктор Орбан за Полиитко. Според советникот Балаш Орбан, Орбан се надева на заеднички настап со чешкиот популист Андреј Бабиш и словачкиот премиер Роберт Фицо, со цел усогласување на ставовите пред состаноците на Европскиот совет. Иако официјален сојуз сè уште не е формиран, можно е ...

Премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ, синоќа објави дека денеска ќе донесе одлука за привремено укинување на безвизниот режим за турските граѓани по итна постапка. „За да се зачува економската активност и добрите билатерални односи, во наредниот период ќе иницираме интензивни разговори со Република Турција со цел да се најде најдобриот модел во заеднички интерес во духот на добрата соработка и сојузништвото“, напиша Спајиќ на „X“. Како што ...

Министерот за финансии на САД, Скот Бесент, на 26 октомври го нарече претставникот на Кремљ, Кирил Дмитриев, „руски пропагандист“ откако вториот тврдеше дека санкциите на САД нема да влијаат врз економијата на Русија. Како што пренесува Кијив Индипендент, изјавата доаѓа откако администрацијата на Трамп, за прв пат, воведе нови санкции против Русија, насочени кон нејзините водечки нафтени компании. Дмитриев, руски функционер кој игра клучна ...

Началникот на војската на Судан го потврди повлекувањето на армијата од последното западно упориште ел-Фашер откако паравоените сили за брза поддршка (RSF) прогласија контрола врз градот. Како што пренесува Би-би-си, во телевизиско обраќање, генералот Абдел Фатах ал-Бурхан рече дека го одобрил повлекувањето како одговор на „систематското уништување и убивање цивили“. Тој рече дека се согласил со локалните лидери да „заминат и да одат на ...

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој формално се повлекува од Договорот за управување и отстранување на плутониум со САД, според декрет објавен на 27 октомври, пренесува Кијив Индипендент. Договорот од 2000 година ги обврза двете земји да се ослободат од 34 тони плутониум за оружје – доволно за илјадници нуклеарни боеви глави – кој повеќе не е потребен за одбранбени цели. По завршувањето на Студената војна, и Русија и САД ...

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ Коалицијата што владее нема никакви идејни блискости – освоија гласови на парламентарните избори пред 17 месеци, благодарејќи на националистичките пароли. Сега жетвата од локалните избори е во основа горчлива, доведе и до сериозни меѓусебни обвинувања во владеачката коалиција. Ако истата се однесува само на судбината на неколку партии, се’ би било „кајне гајле“, би се однесувала само на одредени македонско-албански елити. ...

Државната изборна комисија (ДИК) утре ќе ги објави целосните конечни резултати од гласањето во сите општини поединечно на 19 октомври во првиот круг на Локалните избори, соопшти претседателот на ДИК, Борис Кондарко на денешната 150. седница на Комисијата. -ДИК ја информира јавноста дека ние за денеска планиравме конечно да ги објавиме конечните резултати во сите општини врз основа на спроведените постапки по приговори и поднесени тужби до ...

ДИЈАНА ТАХИРИ Во кумановско, на спомен-костурницата „Зебрњак“ на 24 октомври беше одбележана 113-годишнината од Кумановската битка од 1912 година. која претставува прв поголем вооружен судир во Првата балканска војна меѓу српската и турската војска на 23 и 24 октомври 1912 година. На одбележувањето на Битката на Куманово присуствуваа делегација од Република Србија предводена од државниот секретар во Министерството за труд и социјални и ...

Европската комисија денеска во виетнамскиот главен град Ханој во името на ЕУ ја потпиша Конвенцијата на ОН за борба против кибер криминалот, чија цел е зајакнување на меѓународната соработка за борба против кривични дела извршени преку системи за информатичка и комуникациска технологија и за споделување докази во електронска форма за сериозни кривични дела. – Борбата против кибер криминалот е приоритет за ЕУ. Кибер криминалот не познава ...

Кривична пријава против полициски службеник за „предизвикување општа опасност“. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција поднесе кривична пријава против ...

ДРАГАН МИШЕВ Во моменти кога Русија е под голем меѓународен и домашен притисок, санкции се затегнати, особено откако Трамп конечно одреди воведување санкции за најголемите руски нафтени компании, а руската економија и воената индустрија се оптоварени со огромни трошоци и неуспеси, додека украинските дронови ги погодуваат воени инфраструктурни објаекти длабоко на руска територија, а меѓу таргетираните се почесто е и Москва, Владимир Путин ...

ВОЈО МАНЕВСКИ Писма веќе никој не пишува, долги анализи веќе никој не прави. Сé се сведува на кратки пораки кои секој си ги толкува како што нему му одговара. Премиерот доправа ќе добива пораки, барања, до него ќе доаѓаат известувања од министри и владини службеници со фризирана содржина, ама писмо со наслов и крај тешко дека некој ќе му напише. Ова според мене е резултат на изборните победи во последните две години. Кој би требало да пишува ...

Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава против две лица поради сомнение дека како соизвршители учествувале во извршување на кривично дело „разбојништво“ по член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничените се лишени од слобода во текот на вчерашниот ден. Тие на 10.10.2025, заедно со други засега непознати лица, влегле во златарница во Гостивар и со сила и ...

Српската православна црква и нејзината улога во регионот се идентификувани како главен дистрибутер на српскиот и рускиот политички притисок за спречување на демократските процеси во Западен Балкан. Ова го напиша лорд Џорџ Робертсон, поранешен генерален секретар на НАТО, во документ што го подготви со препораки до британската дипломатија за потребата таа да се позиционира во процесите во овој регион. Документот е насочен кон начин да се спречи ...

Полицијата приведе две лица од раководството на „Комунална хигиена“, откако минатата недела Основното јавно обвинителство започна истрага поврзана со неработењето на јавното претпријатие што резултираше со натрупување на огромни количини ѓубре во главниот град. Еден од приведените е директорот Сабахудин Рустеми. Аки Саити од Сарај, раководител во Комунална хигиена е името на вториот уапсен во полициската акција попладнево, објави Press24. ...

Пишува Џабир Дерала Во соработка со Тимот на ЦИВИЛ за мониторинг на хибридни закани Civil.Today Стоев на малото плоштадче во близина на споменикот на Гарибалди во Таламоне, Тоскана, кога тишината на раното октомвриско попладне беше прекината од оглушувачката бучава на италијанските авиони на воздухопловните сили, „Јурофајтер Тајфун“, кои беа на рутинска патрола. Дали некогаш сте го слушнале тој звук — татнежот на борбените авиони над вашиот ...

Правдата и вистината да излезат на виделина, побараа денеска родителите на починатите во пожарот во „Пулс“ на 28. „Марш за ангелите“, чиј почеток и овој пат беше од „Паркот на Револуцијата“ во Кочани. При нивното марширање во Трговскиот центар, каде се лоцирани повеќето од кафулињата во градот, гостите, претежно тинејџери, станаа од своите места и со молк им оддадоа почит на загинатите во мартовската трагедија. На кружниот тек на улицата ...

Партиите имаат уште пет дена за претставување на кандидатите за градоначалници и членови на советите во општините за обезбедување поддршка во вториот круг на локалните избори. Се очекуваат и одлуки за коалициите за гласањето в недела на 2 ноември. Изборните тимови на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата вчера беа во Брвеница каде лидерот Христијан Мицкоски, меѓу останатото, реториката на кандидатот за градоначалник од коалицијата „Вреди“, Хаќим Рамадани ...

Десетици беспилотни летала го нападнаа градот Москва на 26 и 27 октомври, според градоначалникот Сергеј Собјанин, пренесува Кијив Индипендент. Собјанин почнал да известува за напади врз руската престолнина вечерта на 26 октомври и објавувал ажурирани информации во текот на ноќта. Според него, руските сили наводно собориле 34 украински беспилотни летала што летале кон Москва за време на нападот. Руското Министерство за одбрана подоцна соопшти ...

Литванија ги затвори своите гранични премини со Белорусија на неодредено време откако балони од Белорусија го нарушија нејзиниот воздушен простор трета ноќ по ред, соопштија официјални лица на 26 и 27 октомври, пренесува Кијив Индипендент. Меѓународниот аеродром Вилнус привремено ги прекина операциите неколку часа на 26 и 27 октомври поради еден или повеќе балони што летаа во правец на аеродромот, соопштија официјални лица на аеродромот. ...

Пишува: Амб. ЛАРИСА ДИР Вонредна и Ополномоштена Амбасадорка на Украина во Република Северна Македонија Во ноќта меѓу 22 и 23 октомври 2025 година, уште еден руски напад со дронови ја погоди цивилната инфраструктура на главниот град. Еден од ударите, кој се случи во мојот роден и омилен Подолски реон во Кијив, ја оштети Големата хорална синагога. Нападите врз верските и култните објекти станаа системски дел од руската кампања на терор против ...

Кандидатот на ВЛЕН за градоначалник на Брвеница, Хаќим Рамадани, реагираше преку објава на Фејсбук, нагласувајќи дека за него честа, моралот и достоинството вредат повеќе од која било јавна функција. Рамадани, кој има над 17 години работно искуство во Општина Брвеница, мултиетничка општина, каде што живеат Албанци, Македонци и други заедници, нагласи дека нема да се откаже од општината за ниедна цена и дека ќе го заштити секој граѓанин без ...

Лидерот на опозицискиот Социјалдемократски сојуз (СДСМ), Венко Филипче, денеска беше во посета на Општина Аеродром, од каде најави политичко-кадровски промени во раководството на партијата по завршување на вториот круг од локалните избори, што ќе се одржат на 2 ноември. Според него, промените се последица на резултатите од првиот круг, особено во некои скопски општини. „После ланскиот тежок пораз и интензивната работа оваа година и пол, овие ...

Пред два дена се случи инцидент меѓу пратеникот на Демократскиот сојуз на Косово, Арменд Земај, и еден граѓанин. Настанот се случил на плоштадот во Приштина, додека Земај давал интервју, кога минувач се доближил и го нарекол „лажго“. Пратеникот реагирал бурно и физички го нападнал човекот. На видеото објавено од „Газета Блиц“ се гледа како Земај зборува пред камерите, а во позадина граѓанинот довикува: „сите сте лажговци“ и „лажете“. ...

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска од Брвеница, уште еднаш порача дека не сака да има предвремени парламентарни избори, а на политичарите од опзицијата кои повикуваат на тоа, „да се однесуваат со одговорност, затоа што понекогаш тоа што го посакуваат може и да им се случи, па после да не биде лелекање“. Во однос на барањата на опозицијата за предвремени парламентарни избори, Мицкоски рече дека тие „тоа го бараат ...

Собранието на Косово, со 56 гласа „за“ и четири воздржани, денеска не го избра лидерот на движењето „Самоопределување“, Албин Курти, за премиер. Претседателот на парламентот, Димаљ Баша, по гласањето изјави дека постапката сега бара од претседателката на Косово, Вјоса Османи, да одлучи за друг кандидат за премиер врз основа на уставните овластувања по консултација со партиите. Османи има рок од десет дена да назначи нов мандатар, а во случај ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
4.12
29%
1012
weather icon

Белград

26ᴼ / 25ᴼ
3.6
36%
1010
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
4.63
64%
1010
weather icon

Софија

23ᴼ / 22ᴼ
2.57
31%
1014
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
2.23
43%
1012
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
1.03
89%
1010
weather icon

Атина

24ᴼ / 22ᴼ
5.66
37%
1015
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
3.09
73%
1016
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
52%
1016
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
5.81
38%
1013
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 24ᴼ
6.17
42%
1008
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
42%
1016
Currency

61.635

Currency

52.6778

Currency

71.3764

Currency

37.8674

Currency

38.7062

Currency

67.4505

Currency

7.71675

Currency

0.69812

Currency

0.3343

Currency

0.52622

Currency

1.16515

Currency

0.55412

Алуминиум

3.57

Паладиум

48883.97

Цинк

3.35

Платина

64172.89

Калај

50.03

Родиум

319899.93

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Сребро

2840.84

Бакар

12.06

Рутениум

51376.89

Злато

166450.52