Поранешниот шведски премиер и познат европски дипломат, Карл Билд, го коментираше состанокот одржан во вторник во Брисел меѓу Косово и Србија, под посредство на новиот претставник на Европската Унија, Петер Соренсен, јавуваат косовските медиуми. Во објава на социјалните мрежи, Билд рече дека дијалогот е рестартиран со Соренсен како медијатор, но според него, очекувањата за какви било поголеми случувања во оваа фаза треба да бидат ограничени. ...

Премиерот Педро Санчез му се извини на шпанскиот народ откако ескалираше корупцискиот скандал со секретарот на неговата Социјалистичка партија, пренесува Би-би-си. Санчез, кој ја води Шпанија од 2018 година, рече дека не постои нешто како „нулта корупција“ и се обиде да се дистанцира од аферата, исклучувајќи ја можноста за предвремени избори. Лидерот на опозициските конзервативци, Алберто Нуњез Фехоо, рече дека е време Санчез да поднесе оставка: ...

Во Северна Ирска имаше нереди четврта ноќ по ред, но на пониско ниво од претходно оваа недела. Во Портадаун, округ Армаг, во четврток толпа извади тули и ѕидарија од напуштена зграда и ги фрли врз полицијата, пренесува Би-би-си. Во текот на првите три дена од насилството, кое започна во Балимена, беа повредени 41 полицаец. Досега се уапсени петнаесет лица. Нередите започнаа во понеделник по мирен протест поради наводен сексуален напад во градот ...

Данскиот парламент гласаше синоќа без ниту еден глас против за задолжителната воена служба за жените. По наполнување 18 години, данските жени ќе служат воена служба, како и младите мажи, 11 месеци, а обуката би можела да започне веќе следниот месец. Досега, жените можеа да учествуваат во воена обука 4 месеци, и тоа доброволно. Се повеќе земји во регионот го актуелизираат прашањето за воведување (враќање) на задолжителното служење воен рок. Ова е ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска ќе биде домаќин на министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, кој ќе престојува во работна посета на Република Северна Македонија. Во фокусот на разговорите, како што информираат од Министерството, ќе бидат можностите за унапредување на билатералната соработка меѓу двете земји, кои изминатиот период остварија интензивна и плодна соработка, ...

Двајца највисоко рангирани воени офицери на Иран се убиени во израелскиот напад. Генералот Хосеин Салами, врховен командант на Иранската револуционерна гарда, беше убиен во нападот. Тој беше меѓу најмоќните личности во земјата. Во нападот беше убиен и генерал-мајор Мохамад Багери, највисоко рангиран воен офицер во Иран, пренесува Си-ен-ен. Како шеф на тајниот Корпус на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), генерал-мајор Хосеин Салами, беше ...

Овој потег уследи по неуспехот на Советот за безбедност да донесе слична резолуција минатата недела поради единственото вето од страна на постојаната членка, САД. Резолуцијата беше поддржана од 149 земји-членки, при што 12 гласаа против и 19 беа воздржани. Меѓу оние што се спротивставија на резолуцијата беа САД и Израел, на кои им се придружија, меѓу другите, Аргентина, Унгарија и Парагвај. Северна Македонија беше воздржана. #BREAKING UN General ...

„И во сон премиерот само на Македонците, Христијан Мицкоски, ги сонува Албанците и нивните претставници. Тој продолжува да ги таргетира поранешни албански функционери, меѓу кои и поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи, за кого отворено изјавува дека го оштетил македонскиот идентитет, додека во исто време ги поштедува македонските политички фигури за истиот идентитет, иако е познато дека тие заеднички владееле со партијата на ...

Пред жалбениот панел на Судот на Босна и Херцеговина во Сараево вчера се одржа рочиште во врска со жалбата против првостепената пресуда со која лидерот на босанските Срби Милорад Додик беше прогласен за виновен за неспроведување на одлуките на високиот претставник, при што Обвинителството на БиХ побара потврда на таа пресуда, а одбраната ослободителна пресуда, јавуваат регионалните медиуми. Додик, како што се очекуваше, не се појави во седиштето ...

Земји ширум светот реагираа на нападите на Израел врз Иран, при што неколку изразија загриженост, а други го критикуваат потегот. Министерството за надворешни работи на Саудиска Арабија изрази силна осуда, велејќи дека „бесрамната израелска агресија“ го поткопува „суверенитетот и безбедноста“ на Иран и претставува јасно кршење на меѓународните закони и норми, пренесе Си-Ен-Ен. Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека САД не биле ...

Демократскиот американски сенатор Алекс Падиља беше насилно отстранет од прес-конференцијата што ја одржа министерката за внатрешна безбедност Кристи Ноем во Лос Анџелес, пренесува Би-би-си. Ноем им ги нудеше најновите бројки за спроведувањето на имиграциските закони во областа, што доведе до речиси една недела протести во градот, на членовите на медиумите кога сенаторката Падиља го прекина и почна да извикува прашања. Откако беше отстранет од ...

Израелските напади врз Иран рано наутро во петокот беа насочени кон нуклеарната програма на земјата и нејзините ракетни капацитети со долг дострел, изјави израелски воен претставник, пренесе Си-Ен-Ен. Нападите беа „превентивна, прецизна, комбинирана офанзива“ што вклучуваше „десетици цели“ низ различни области на Иран, изјави израелски воен претставник на брифинг за медиумите. „По превентивниот напад на Државата Израел врз Иран, во непосредна ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху потврди дека Израел нападна нуклеарни цели во Иран и рече дека операцијата ќе продолжи неколку дена, пренесе Си-Ен-Ен. „Пред неколку моменти, Израел ја започна операцијата „Rising Lion“, целна воена операција за отстранување на иранската закана за самиот опстанок на Израел“, рече Нетанјаху во телевизиско обраќање. „Оваа операција ќе продолжи онолку дена колку што е потребно за да се отстрани оваа закана“. ...

Иран предупреди дека ќе ги засили своите нуклеарни активности откако одборот на гувернери од 35 члена на нуклеарното надзорно тело на Обединетите нации усвои резолуција во четвртокот со која се прогласува дека ги прекршил своите обврски за неширење, објави Си-ен-ен. Техеран возврати со објавување на лансирање на нов центар за збогатување на ураниум и инсталација на напредни центрифуги – ескалациски потег што веројатно ќе ги комплицира ...

Се очекува илјадници активисти од целиот свет да се упатат кон Египет во четврток на „Глобален марш до Газа“, движење кое има за цел да ја пробие израелската блокада што ја доведе територијата на работ на глад, пренесува Си-ен-ен. Околу 4.000 волонтери од над 80 земји ќе се приклучат на протестот, според организаторите. Тие ќе слетаат во Каиро, ќе се качат на автобуси до градот Ариш во северен Синај, а потоа ќе маршираат околу 30 милји низ ...

Предлогот за изменување и дополнување на Изборниот законик, по скратена постапка поднесен од претседателката и пратеничка на Либерално-демократска партија Моника Зајкова за воведување на една изборна единица, денеска е на дневен ред на 53. седница на Собранието. -Воведување на една изборна единица – со цел да се постигне еднаква вредност на гласот на сите граѓани, без оглед на географската распределба; Воведување на преференцијално гласање – со ...

Украина и Русија спроведуваат уште една размена на воени заробеници според договорот од Истанбул, пренесува Кијив Индипендент. Украина врати дома уште една група војници од руско заробеништво, објави претседателот Володимир Зеленски на 12 јуни, велејќи дека најновата размена се фокусирала на „тешко ранети и сериозно болни воини“. Воените заробеници беа ослободени како дел од размената на затвореници со Русија, договорена за време на ...

Низ Западен Балкан, транзицијата кон циркуларна економија полека се обликува преку разновиден спектар на иницијативи – некои предводени од локалните самоуправи, други од граѓанското општество, бизнисите или меѓународните донатори. Иако предизвиците како што се политичката нестабилност, слабата инфраструктура и ограничената јавна свест продолжуваат, се појавуваат конкретни напори за поттикнување на одржливо управување со отпад, ефикасност на ...

Украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир, која на социјалните мрежи води своевиден дневник на случувањата во Украина за време на целосната и неиспровоцирана руска воена агресија, со објава на Х на посочи дека за време на 4-от Самитот „Украина – Југоисточна Европа“, во Одеса, каде што присуствуваше и македонскиот вицепремиер Изет Меџити, била разгледана широка агенда за зајакнување на регионалната безбедност, вклучително, но не ...

ЏАБИР ДЕРАЛА From moral compass to moral collapse: Washington’s shameful “Russia Day” greeting – CIVIL TODAY (LINK) На 12 јуни 2025 година – таканаречениот „Национален ден“ на Русија – Соединетите Американски Држави, некогаш глобален лидер на демократскиот свет, издадоа гротескно учтива честитка до „рускиот народ“. И тоа не дојде од некоја церемонијална фигура, туку од државниот секретар Марко Рубио, официјален глас на надворешната политика на ...

Неодамна, во Редакција ЦИВИЛ МЕДИА пристигна допис од група вработени во Агенцијата за разузнавање (АР) со кој се обраќаат до јавноста, изразувајќи надеж дека сè уште постојат професионални медиуми кои ќе ја пренесат нивната порака, со цел да ја информираат јавноста за сериозните проблеми во Агенцијата во време кога, како што велат, „веќе де факто немаме власт“. Заради сериозноста на наводите во соопштението, редакцијата на Цивил Медиа прво ...

Авион на пат кон Лондон се урна кратко по полетувањето во Ахмедабад, западна Индија, објави Би-би-си. Ер Индија соопшти: „Летот AI171, кој сообраќаше на линијата Ахмедабад-Лондон Гетвик, беше вмешан во инцидент денес“ Во авионот имало 232 патници и 12 членови на екипажот, изјави за АП шефот на индискиот директорат за цивилно воздухопловство Веб-страницата за следење Flightradar24 вели дека го примила последниот сигнал од авионот на 625 стапки ...

Во раните утрински часови на четврток, 12 јуни, украинските сили за беспилотни системи и други гранки на Одбранбените сили нападнаа клучна воено-индустриска цел во рускиот Московска област, објави на Фејсбук Генералштабот на украинските вооружени сили според кој нападот имал за цел да ја деградира способноста на непријателот да произведува високотехнолошко оружје и опрема, објави Укринформ. Експлозии беа регистрирани во технолошкиот парк Резонит ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ на 11 јуни изјави дека не ја потпишал заедничката декларација од самитот Украина-Југоисточна Европа во Одеса да не ја „предаде Русија“, пренесува Кијив Индипендент. Декларацијата, потпишана од сите други учесници, меѓу кои и македонскиот претставник, вицепрмиерот Изет Меџити, ја осудува нелегалната агресија на Русија, повикува на целосно повлекување на руските сили од Украина и ја потврдува поддршката за ...

Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) објави денеска дека во светот има 122,1 милиони луѓе насилно раселени поради војна или други форми на насилство. По соборувањето на сирискиот претседател Башар ал-Асад и враќањето на голем број Сиријци во своите домови, вкупниот број на насилно раселени лица во светот е малку намален во споредба со рекордот во 2024 година, објави ОН. На крајот на 2024 година, рекордни 123,2 милиони луѓе ширум светот ...

Данскиот парламент гласаше синоќа без ниту еден глас против за задолжителната воена служба за жените. По наполнување 18 години, данските жени ќе служат воена служба, како и младите мажи, 11 месеци, а обуката би можела да започне веќе следниот месец. Досега, жените можеа да учествуваат во воена обука 4 месеци, и тоа доброволно. „Поради моменталната безбедносна состојба, вооружените сили мора да привлечат повеќе регрути“, рече министерот за ...

Премиере, вие ја преминувате основната линијата на политичка пристојност кога за тоа нема никаква потреба. Влечете за уши, делите жолти картони, навредувате, понижувате…, и сега последно – клетите? Користиш алузии на христовата жртва (закова шајки во раце и нозе) за над етничката да ја разгориш и религиската нетолеранција. Занесен и јавнат над популистичкиот тигар, не ни знаеш каква штета околу себе нанесуваш, штета над заедничкото ткиво, за кое ...

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија, Изет Меџити, вчера учествуваше на Самитот „Украина – Југоисточна Европа“ што се одржа во Одеса, Украина. Самитот, кој беше отворен од претседателот на Украина, Володимир Зеленски, претставува продолжение на претходните средби одржани во Атина, Тирана и Дубровник, со учество на високи претставници од земјите на Југоисточна Европа. Главната цел ...

Телата на двајца починати заложници беа пронаоѓани од јужна Газа во воена операција, објавија Израелските одбранбени сили (ИДФ) и безбедносната агенција Шин Бет во среда вечерта, прнесува Си-ен-ен. Јаир Јаков беше убиен од милитантите на Исламски џихад за време на терористичкиот напад предводен од Хамас на 7 октомври 2023 година. Јаков, кој во тоа време имаше 59 години, беше убиен во кибуцот Нир Оз, а неговото тело беше однесено во Газа. ...

Несуштинскиот персонал на амбасадата на САД и нивните издржувани лица во Багдад ќе бидат евакуирани од Ирак поради зголемени безбедносни ризици, соопштија извори од американската влада. Службениците не кажаа точно што го предизвикало отстранувањето, но им било кажано дека Израел е подготвен да започне операција во Иран, објави американскиот партнер на Би-Би-Си, Си-Би-Ес. Ова беше дел од причината зошто на некои Американци им беше советувано да ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
1.03
34%
1019
weather icon

Белград

20ᴼ / 19ᴼ
2.06
59%
1021
weather icon

Загреб

24ᴼ / 22ᴼ
2.06
46%
1021
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
8.75
31%
1021
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
4.37
40%
1021
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 18ᴼ
0.0
85%
1021
weather icon

Атина

31ᴼ / 28ᴼ
9.26
36%
1012
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
0.0
39%
1014
weather icon

Подгорица

31ᴼ / 31ᴼ
3.09
27%
1016
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 22ᴼ
5.81
53%
1023
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
1.79
50%
1022
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 27ᴼ
8.23
57%
1017
Currency

61.54

Currency

52.8443

Currency

71.0488

Currency

34.4192

Currency

38.3484

Currency

65.0653

Currency

7.35348

Currency

0.66488

Currency

0.35714

Currency

0.52371

Currency

1.2986

Currency

0.60315