ЧатГПТ (ChatGPT), и бесплатниот и Плус, OpenAI API и Sora паднаа во раните утрински часови на 10 јуни. Прекините започнаа рано на 10 јуни 2025 година, околу 9 часот по средноевропско време. Прекинот трае и по осум часа од првиот крах со кој се соочи најпопуларната платформа на овој технолошки гигант. Корисниците околу 9 наутро почнаа да добиваат пораки како што се „се појави грешка во мрежата“, „Грешка во протокот на пораки“ или непрекинато ...

Русија нападна куќи и станбени згради во Харкив со беспилотни летала ноќта на 11 јуни, при што загинаа најмалку две лица и беа повредени 60 други, вклучувајќи девет деца, соопштија властите, пренесува Кијив Индипендент. Нападот погоди петкатна станбена зграда во градскиот округ Слобидски, оставајќи 15 станови во пламен, изјави градоначалникот Ихор Терехов. Погодени беа и неколку куќи во округот Основјански. Нападот од големи размери, исто така, ...

Министерот за здравство на САД, Роберт Ф. Кенеди помладиот, скептик за вакцини, ги отстрани сите 17 членови на комитетот што издава официјални владини препораки за имунизации, пренесува Би-би-си. Најавувајќи го потегот во уреднички текст во „Волстрит џурнал“, Кенеди рече дека конфликтите на интереси во Советодавниот комитет за практики на имунизација (ACIP) се одговорни за поткопување на довербата во вакцинациите. Кенеди рече дека сака „да се ...

Во последните години, зголемувањето на платите на функционерите стана актуелна тема во јавниот дискурс, предизвикувајќи различни реакции во јавноста. Платите на државните функционери, меѓу кои се политичарите, министрите, градоначалниците и други високи претставници на властa, често се на мета на критики, но истовремено и на поддршка од некои сегменти на општеството. Овој тренд на зголемување на нивните примања, без оглед на контроверзноста која ...

Низ Западен Балкан, транзицијата кон циркуларна економија полека се обликува преку разновиден спектар на иницијативи – некои предводени од локалните самоуправи, други од граѓанското општество, бизнисите или меѓународните донатори. Иако предизвиците како што се политичката нестабилност, слабата инфраструктура и ограничената јавна свест продолжуваат, се појавуваат конкретни напори за поттикнување на одржливо управување со отпад, ефикасност на ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека најголем дел од европратениците, пред се, оние кои се залагаат за вистинските европски вредности, му дале шанса на Предлог-извештајот за земјава, чие гласање Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) на 4 јуни беше одложени за 24-ти овој месец. Доколку не биде изгласан и на 24 јуни, тогаш македонските граѓани треба да бидат свесни дека не станува збор за внесување на неколкуте ...

„Во моментов, јас сум против влезот на Украина во Европската Унија“, изјави новоизбраниот полски претседател Карол Навроцки за унгарскиот медиум „Мандинер“ во интервју објавено на 7 јуни, пренесува Кијив Индипендент. Сосема очекувано од еден политички радикал, познат по практицирањето на „трамповски“ стил на политика, кој противењето на влезон на Украина во ЕУ и НАТО го втемели во својот предизборен настап, и не случајно, спротивставувањето на ...

Индиската крајбрежна стража продолжува со напорите за гаснење на пожарот на товарен брод под знаме на Сингапур во Арапското Море, во близина на брегот на јужната држава Керала, пренесува Би-би-си. МВ Ван Хаи 503, кој се движеше кон индискиот град Мумбаи од Коломбо во Шри Ланка, пријави експлозија на внатрешен контејнер во понеделник, што резултираше со голем пожар на бродот. Осумнаесет члена на екипажот се спасени, додека четворица сè уште се ...

На повеќе од 300 вработени во Министерството за надворешни работи кои изразија загриженост за потенцијално „соучество“ на Велика Британија во однесувањето на Израел во Газа им беше кажано дека ако длабоко не се согласуваат со владината политика, можат да размислат за оставка. Писмото од персоналот, кое го виде Би-Би-Си, беше испратено до министерот за надворешни работи Дејвид Лами минатиот месец. Во него, официјалните лица ја доведуваат во ...

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши и директорот на Агенцијата за вработување, Селајдин Белули денеска официјално го објавија отворањето на јавниот повик за мерките 1.1 и 1.2 од Оперативниот план за вработување за 2025 година, кои имаат за цел поддршка на самовработување на невработените лица регистрирани во Агенцијата за вработување. Мерката 1.1 е наменета за лица над 29 години и обезбедува финансиска поддршка од 430.500 денари ...

Деветмина се убиени во пукотница во средно училиште во австрискиот град Грац, вели локалниот градоначалник, пренесува Би-би-си. Седум ученици, еден возрасен и осомничениот напаѓач се меѓу загинатите, изјави градоначалничката на Грац, Елке Кар, за австриската новинска агенција АПА. Се смета дека напаѓачот бил ученик, а полицијата вели дека веројатно си го одзел животот. Пукањето се случило во средното училиште Драјершуценгасе во вториот по ...

Владата отвори телефонска линија, каде на бројот 070/355-526 секој од повредените лица и семејствата ќе може да се јават, да ги искажат своите барања кои ги имаат, како и да понудат предлози и конкретни потреби. Истовремено одморалиштето Пониква го нудат како центар за рехабилитација за повредените. Нашите читатели ги прашавме што мислат за телефонската линија што ја отвори владата за Кочани. Нивните одговори, доколку не содржија партиски ...

Русија сака да ја тестира решителноста на НАТО со непријателски чекори надвор од Украина, бидејќи некои руски претставници веруваат дека принципот на колективна одбрана на алијансата повеќе не функционира, изјави шефот на германската разузнавачка служба Бруно Кал за новинската агенција „Тејбл медиа“ во интервју објавено на 9 јуни, пренесува Кијив Индипендент. „Има луѓе во Москва кои повеќе не веруваат дека Член 5 на НАТО функционира. И тие би ...

Група активисти – вклучувајќи ја и шведската активистка Грета Тунберг – кои беа приведени на брод со хуманитарна помош за Газа, се однесени на аеродромот во Тел Авив за депортација, соопшти Израел во вторник, пренесува Би-би-си. Јахтата што превезуваше 12 лица кои се обидуваа да донесат хуманитарна помош во Газа беше одвлечена до израелскиот пристанишен град Ашдод во понеделник, откако беше запленета од израелските сили во раните утрински ...

За основците и средношколците денеска е последниот училиштен ден од учебната 2024/2025 година и до 31 август ќе бидат на летен распуст. За матурантите наставата заврши на 16 мај, а утре (11 јуни) ќе го полагаат вториот екстерен испит од државната матура. Првиот дел – задолжителниот испит по мајчин јазик, над 15 000 матуранти го полагаа на 31 мај. Полуматурантите, пак, овој месец треба да се запишуваат во прва година средно образование. ...

Вицепремиерот и министер за политички систем, Иван Стоилковиќ ќе покрене иницијатива на владина седница да го разреши директорот на Инспекторат за употреба на јазици, Арсим Идризи, бидејќи го крши законот кој треба да го штити, најави на поткастот „На Кавга со Иван“, на Канал 5, откако водителот му покажа снимка каде што Идризи одбива да им одговори на прашањата на новинарите на македонски јазик. „Во вторник на наредната владина седница ќе биде ...

Претседателот на Сојуз на синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, на својот Фејсбук профил објави дека додека платите во јавниот сектор растат, тоа не важи подеднакво за работниците, туку најголемото покачување го добиваат функционерите. Според одлуката објавена во Службениот весник, платите на функционерите избрани од Владата ќе се зголемат за 13,8%. Коефициентот за пресметка на нивните плати се зголемува од 2,24 на 2,55, што ...

Руските ракетни и нападите „Шахед“ ги задушуваат напорите на Соединетите Американски Држави и другите ширум светот да ја принудат Русија на мир. Уште една ноќ, наместо прекин на огнот, имаше масовни напади со беспилотни летала „Шахед“, крстосувачки и балистички ракети. Денес беше еден од најголемите напади врз Киjив. Одеса, регионот Днипро и регионот Чернигов беа исто така цел, објави претседателот Зеленски на Х по повод еден од најголемите ...

Независна комисија на Обединетите нации во вторник соопшти дека израелските напади врз училишта, верски и културни места во Газа претставуваат воени злосторства и злосторство против човештвото, односно обид за истребување на Палестинците, јавува Ројтерс. „Израел го уништи образовниот систем во Газа и уништи повеќе од половина од сите верски и културни места во Појасот Газа“, се вели во извештајот на Независната меѓународна комисија на ОН за ...

Во Брисел денеска ќе се одржи нова рунда од дијалогот меѓу Белград и Приштина под покровителство на Европската унија. Белградската делегација, во која учествуваат бројни експерти, ја предводи директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија и главниот преговарач на техничко ниво, Петар Петковиќ. Минатата недела во Брисел беа одржани одделни билатерални средби меѓу Белград и Приштина со медијаторот за дијалог на ЕУ, Петер Соренсен, а потоа беше ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, распоредува повеќе војници на Националната гарда и маринци во Лос Анџелес додека протестите во градот продолжуваат, пренесува Би-би-си. Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, вели дека ќе преземе правни мерки против распоредувањата, нарекувајќи го Трамп „пореметен“ и „диктаторски“ Демонстрациите во градот продолжија четврти ден по ред, а низ САД започнаа нови собири против имиграциските власти Гумени куршуми, ...

Палестинците во Газа тврдат дека во понеделник повторно било пукано кон нив додека се упатувале кон еден од центрите за дистрибуција на помош што ги води Хуманитарната фондација Газа, поддржана од Израел и САД,, пренесува Би-би-си. Сведоци изјавија дека за прв пат биле пукани кон нив од палестински вооружени лица во близина на локацијата на GHF во областа Тал ал-Султан во Рафа, на југ. Тие исто така рекоа дека израелските војници пукале врз нив. ...

Независна комисија на Обединетите нации во вторник соопшти дека израелските напади врз училишта, верски и културни места во Газа претставуваат воени злосторства и злосторство против човештвото, односно обид за истребување на Палестинците, јавува Ројтерс. „Израел го уништи образовниот систем во Газа и уништи повеќе од половина од сите верски и културни места во Појасот Газа“, се вели во извештајот на Независната меѓународна комисија на ОН за ...

Киjiв и Одеса беа под уште еден масовен руски напад во раните утрински часови на 10 јуни, во кој беа вклучени балистички ракети и беспилотни летала. Експлозии се слушнаа низ целиот главен град додека системите за воздушна одбрана ги напаѓаа целите, пренесува Кијив Индепендент. Четири лица беа повредени во Киjiв, според локалните власти. Во меѓувреме, во јужниот град Одеса, двајца мажи беа убиени, а најмалку осум цивили беа ранети во нападот. ...

ЏАБИР ДЕРАЛА Линии со код, реки од крв | Lines of Code, Rivers of Blood Оваа приказна не е за иднината, туку за нашата реалност – сега. Реалност обликувана од необјавената Трета светска војна, водена и тајно и пред очите на јавноста. Во овој глобален конфликт, вештачката интелигенција игра клучна (а веќе и неспорно ескалирачка) улога. Не како самостоен господар на својата волја (сè уште е далеку од тоа), туку како стратешки ресурс во рацете на ...

Албанските медиуми полемизираат околу забраната на социјалната платформа ТикТок, додека во меѓувреме, градоначалникот на Тирана, Ерион Велијај ( кој е под истрага), го користи, како и медиумскиот пристап кон оваа забрана. Во Косово денеска продолжува судењето за терористичкиот напад во Бањска, а сведочи еден од полицајците од службата за Брза интервенција, пренесуваат косовските медиуми. АЛБАНИЈА Леѕо: Рама го забранува TikTok, медиумите ...

Во однос на руската пропаганда, не знам дали има држава во светот која толку конзистентно, толку долг период во својата историја како Бугарија да биде бомбардирана секојдневно, над 130 години, од ослободувањето на Бугарија па до денес, ние сме цел, и дел од бугрското општество жртва на таа пропаганда, истакна Владимир Владимиров, геополитички аналитичар од Софија. Бугарија, во говорот на Меѓународната конференција „Сребреница- совеста на ...

Украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир, која на социјалните мрежи води своевиден дневник на случувањата во Украина за време на целосната и неиспровоцирана руска воена агресија, со објава на Х на посочи дека иако воените злосторства наТусија во Украина по 24 февруари 2022 година го шокираа светот, сепак, мачењето и егзекуциите на цивилни лица и пред тоа, беа „вообичаена практика“ во нелегалниот затвор „Изолација“ во привремено окупираниот ...

Дезинформациите се оружје. Разбудете се или гледајте како умира демократијата. Да се опише однесувањето на Кина како „мека моќ“ значи да паднеме во стапицата што самите сме ја создале. Нема ништо „меко“ во дезинформациите, економското соучесништво или тивкото одобрување на геноцидот. Пекинг го направи својот избор – не со зборови на осуда, туку преку засилување и ширење на руските лаги, купување руска нафта и легитимирање на империјалистичка ...

Негирањето на геноцидот, така велиме, е последна фаза од геноцидот, но и сигурен предзнак дека повторно ќе се случи. Кога зборуваме за геноцидот во Среебреница, да се навратиме на други злосторства врз човештвото, Холокаустот, Руанда, обично ја изговараме фразата на крајот – да не се повтори. Но, се повторува. Одново и одново. Така да личи дека слабо се сеќаваме, слабо помниме, слабо учиме, истакна Санела Шкриељ во говорот на Меѓународната ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
63%
1019
weather icon

Белград

16ᴼ / 13ᴼ
2.06
66%
1020
weather icon

Загреб

20ᴼ / 15ᴼ
0.0
69%
1021
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
4.63
52%
1021
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
4.52
53%
1020
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 15ᴼ
0.51
91%
1021
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
10.29
34%
1011
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
68%
1014
weather icon

Подгорица

29ᴼ / 29ᴼ
4.63
30%
1016
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 20ᴼ
5.66
55%
1021
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 16ᴼ
1.34
59%
1022
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
3.6
69%
1017
Currency

61.54

Currency

52.8443

Currency

71.0488

Currency

34.4192

Currency

38.3484

Currency

65.0653

Currency

7.35348

Currency

0.66488

Currency

0.35714

Currency

0.52371

Currency

1.2986

Currency

0.60315