
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Француската крајнодесничарска лидерка Марин Ле Пен, нејзината партија „Национален собир“ и уште 11 лица ќе се појават пред апелациски суд поради обвинувања за злоупотреба на средства од Европскиот парламент, јави Франс прес повикувајќи се на судски извори, пренесува Франс24. Од вкупно 24 лица осудени во март годинава, половината поднеле жалба на првостепената пресуда, додека останатите ја прифатиле казната. На 31 март, Ле Пен беше осудена на ...
Меѓународниот фонд за деца при Обединетите Нации за итни состојби (УНИЦЕФ) соопшти дека во првите два месеца од годинава регистрирани се речиси 10.000 случаи на силување и други форми на сексуално насилство во источниот дел на Демократска Република Конго, а една третина од жртвите се деца. Портпаролот на УНИЦЕФ, Џејмс Елдер на прес-конференција во Женева изјави дека силувањето и другите форми на сексуално насилство се користат како алатки на ...
Шефицата на американската воена база на Гренланд е сменета поради испраќање електронска пошта до персоналот, при што изразила поддршка за Гренланд како дел од Данска. Така наречените „Американски вселенски сили“ денеска соопштија дека полковникот Сузан Мејерс е сменета од позицијата командант на базата Питуфик на Гренланд поради „губење на довербата во нејзината способност да води“. – Од командантите се очекува да се придржуваат до највисоките ...
Украинските војници под закана со оружје се искачија од разурнатата куќа – едниот со кренати раце за да им се предаде на руските трупи и легнаа со лицето надолу во раната пролетна трева. И тогаш започнува убивањето. Два беспилотни летала – еден украински и еден руски – ја снимија сцената од високо над јужното украинско село Пјатихатки. Асошиетед прес успеа да дојде до двете видеа. Тие нудат многу различни верзии за тоа што се случило потоа. ...
Основното јавно обвинителство Кочани во текот на денешниот ден до Основниот суд Кочани достави предлози за продолжување на мерките за обезбедување – притвор и куќен притвор за сите осомничени во истрагата за пожарот во кочанската дискотека. Како што се наведува во соопштението, само за тројца осомничени, согласно фазата на обезбедување докази и исполнетоста на законските основи се предлага замена за мерката притвор во куќен притвор. Тоа се ...
Израелскиот министер за одбрана изјави дека ќе ги прошири своите таканаречени „безбедносни зони“ во Газа заземајќи го и јужниот град Рафа, пренесува Би-Би-Си. За време на посетата на областа, Израел Кац рече дека војската ја остава Газа „помала“ и „поизолирана“ за да изврши притисок врз Хамас да ги ослободи заложниците што сè уште ги држи. Војската веќе зазеде земја што се протега по целата граница на палестинската територија, која ја ...
Комисијата за етика на Алијансата за Албанците (АА) на состанокот одржан вчера го разгледала случајот со Мухсин Арифи, претседател на Огранокот Сарај и директор на Геријатриската болница, осомничен од надлежните органи за земање мито и донела одлука за негово итно исклучување од партијата. Како што денеска соопштија од оваа партија, етичкиот кодекс на AА бара политичките претставници да имаат високи стандарди на морален, правен и професионален ...
Заштитата на слободата на медиумите е клучна за нашите демократии и за сеопфатната безбедност: ова беше главната порака од Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите (RFoM), Јан Брату, за време на неговиот прв извештај пред Постојаниот совет на ОБСЕ. „Новинарите и медиумите претставуваат општо добро од кое зависиме во донесување демократски одлуки“, изјави Брату. „Тие се највредната одбрана од манипулација со информации и информативни ...
Кина ги зголеми даноците за увоз на американски стоки на 125 отсто, ескалирајќи ја трговската војна меѓу двете најголеми економски сили во светот, објави Би-би-си. Пекинг се соочува со давачка од 145% за некои од неговите стоки увезени во САД Кинескиот лидер Си Џинпинг упати пркосен тон во неговите први јавни коментари за трговската војна, велејќи дека неговата нација „не се плаши“ и ја повика ЕУ да и се придружи на Кина во спротивставувањето ...
Радислав Крстиќ, поранешниот командант на Дринскиот корпус на војската на Република Српска, кој Хашкиот суд го прогласи за виновен за геноцид на повеќе од 8.000 Бошњаци во Сребреница, прогон како злосторство против човештвото и убиство како кршење на законите и обичаите на војната, осуден на 35 години затвор, ќе продолжи да ја отслужува казната во Естонија, соопштија од Резидуалниот механизам за кривични судови, јавуваат регионалните медиуми. ...
Претставниците на српскиот парламент на 14 април ќе одржат седница на која ќе биде избрана новата влада, најави денеска претседателката на парламентот Ана Брнабиќ, додавајќи дека новата влада треба да биде избрана до 18 април, пренесоа српски медиуми. „Се надевам дека седницата ќе може да почне веќе во понеделник бидејќи треба да ја завршиме до 18 април на полноќ, но не е во ред да се работи ниту на Велики петок. Затоа тогаш ќе ги знаеме имињата ...
ЦивилМедиа на својата Фејсбук страница го постави ПРАШАЊЕТО НА ДЕНОТ: Дали извршителите го штитат законот или богатите? Какви се вашите искуства со извршителите? Извршителите – чувари на правдата или слуги на богатите? На официјалната Фејсбук страница на CIVIL, беше поставено прашањето: „Дали извршителите го штитат законот или богатите? Какви се вашите искуства со извршителите?“ Одговорите на граѓаните беа јасни, емотивни и унисоно гласни – ...
Искршени прозорци, потписи по ѕидови, уништени врати и хидранти. Ваква е сликата утрово во новата детска градинка која се гради во Бутел, а која сè уште не е пуштена во употреба. Од општината информираат дека е направена голема штета на објектот кој е нов, а кој според планираното, требало да биде пуштен во употреба во септември годинава. „Министерството за внатрешни работи веќе има осомничени лица и наскоро се очекува брза акција, одговорност и ...
Синдикатот на УПОЗ, по барање на група вработени лица, членови на Синдикалната организација при КПУ Затвор Штип, во однос на заштита на работничките права, денеска објави реакција во врска со прес-конференцијата одржана завчера од директорот на дирекцијата за извршување на санкции Александар Пандов и директорот на КПД – Штип Дејанчо Здравков за фрлена дрога преку ограда во затворот. Во реакцијата се наведува дека на прес – конференција ...
Секој петок, ЦИВИЛ отвора простор за прашања и пораки до властите на локално и централно ниво. Споделете искуства, податоци, прашања и пораки до властите. ГРАЃАНСКИ ФОРУМ (ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ): Што сакате да им порачате на властите? Редакција ЦивилМедиа ги повикува сите заинтересирани граѓанки и граѓани да одговорат на ова, но и на претходните прашања на денот во коментарите на објавата. Некои прашања се деликатни, така што, освен во коментари, ...
Додека поддршката за полската крајно-десничарска партија Конфедерација расте пред претседателските избори во мај, еден од нејзините пратеници изјави дека земјата треба да биде подготвена да ја напушти Европската Унија (ЕУ), јави Анадолија. – Пред сè, треба да бидеме подготвени за тоа ЕУ да се распадне, изјави пратеникот на Конфедерација, Михал Вавер, за полското радио ЗЕТ. – Пред неколку години дури и подготвивме документ под наслов „ПолЕгзит – ...
Додека Мјанмар разрушен од граѓанска војна се бори да се опорави од разорниот земјотрес, САД се соочуваат со критики дека ја напуштиле земјата кога беа најпотребни – и им го отстапуваат глобалното лидерство во одговорот при катастрофи на своите ривали, објави Си-ен-ен, пренесува ЦивилМедиа. Земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала, кој се случи на 28 март и уби илјадници луѓе, е првата голема природна катастрофа откако ...
Приоритет број еден на Владата, е здрава и чиста животна средина. За таа цел обезбедени се средства во буџет во вредност од 3,7 милиони евра за еколошки проекти преку Програмата за инвестирање во животната средина за 2025 година на Министерството за животна средина и просторно планирање, велат од Владата. „Предвидени се 100 милиони денари за изградба и техничка документација за канализациони системи и системи за пречистување на отпадни води, 100 ...
Над 20 години зборуваме за интеграција на Западниот Балкан во ЕУ, но не е постигнат значителен напредок на тој план, бидејќи најчесто соседните земји „ставаат кочница”, изјави министерката за Европа, интеграција и семејство на Австрија, Клаудија Плаколм во интервју за австриската агенција АПА. Таа смета дека ЕУ треба да им дозволи на „напредните кандидати за членство“, како Црна Гора, Северна Македонија и Албанија, да учествуваат во програмите ...
Шест лица, меѓу кои три деца, загинаа откако хеликоптер со семејство туристи се урна во реката Хадсон во Њујорк, соопштија властите, пренесува Би-би-си. Петчленото семејство беше од Шпанија, а шестото лице беше пилотот, изјави градоначалникот на Њујорк Ерик Адамс за новинарите во четвртокот. Сите биле во хеликоптерот во моментот на падот. „Нашето срце е со семејствата“, рече Адамс. Комесарката на њујоршката полиција Џесика Тиш рече дека ...
Амбасадорката на САД во Украина Бриџит Бринк ја напушта својата функција како резултат на политички несогласувања со администрацијата на Трамп, објави Фајненшл тајмс (ФТ) на 10 април, пренесува Кијив Индипендент. Претходно вчеравечер, ЦивилМедиа објави дека Бринк има намера да поднесе оставка од амбасадорската функција по три години на таа улога. Според ФТ, луѓе запознаени со одлуката на Бринк рекле дека амбасадорката била под зголемен притисок ...
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) со поддршка на Европската Унија изработи програма „Go Digital“, вредна 377 милиони евра, наменета за дигитализација на малите и средни претпријатија од Западниот Балкан со цел поттикнување на иновациите и растот во приватниот сектор. Програмата ќе ги нуди овие средства за малите и средни претпријатија од регионот на Западен Балкан преку заеми, грантови и техничка помош за инвестиции во дигитализација, ...
Велика Британија најавува дополнителна воена поддршка од 450 милиони фунти за Кијив, додека Велика Британија и Германија се домаќини на состанок на 50 нации во Брисел, објави Би-би-си, пренесува ЦивилМедиа. Помошта за нови беспилотни летала и поправка на оклопни возила е дел од поширок пакет кој вклучува дополнително финансирање од Норвешка Тоа доаѓа кога претставниците на одбраната се собираат за да „натрупаат притисок“ врз рускиот претседател ...
Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер изјави дека идејата за европска армија не претставува реална алтернатива на НАТО, јави ДПА, пренесе МИА. – Треба да бидеме благодарни на НАТО за многу нешта. Мојот совет е да не бараме одговори во неостварливи алтернативи. Европската армија е идеја, но не и реална замена за безбедноста што ја обезбедува НАТО, рече Штајнмаер при посетата на воен штаб во Кобленц, западна Германија. Тој додаде дека ...
Молк за жртвите, паролите „Секој еден може да е следен“, „ Доста беше смрт“ и „Нема да молчиме“ беа дел од протестниот марш организиран од иницијативата „Кој е следен“ , на кој стотина граѓани побараа правда и одговорност за трагедиите кои се случија во земјава изминатите години. Протестот започна пред Владата, по што граѓаните продолжија кон Собранието, а маршот го завршија пред Кривичниот суд во Скопје, каде беа прочитани имињата на жртвите ...
Декларацијата за соработка во областа на одбраната меѓу Албанија, Хрватска и Косово е потпишана на 18 март 2025 година во Тирана. Според јавно достапните информации, документот предвидува зајакнување на одбранбената и безбедносната индустрија, зголемување на воената интероперабилност преку заеднички обуки и вежби, спротивставување на хибридните закани, како и унапредување на стратешката безбедност и поддршка на евроатлантската интеграција. ...
Фондот за здравствено осигурување на Македонија соопшти дека во целост ја поддржува работата на надлежните институции и дека ги обезбедил сите потребни информации за спроведување на истрагата во врска со објавата на државното Јавно обвинителство за започнување истрага поврзана со измами со т.н. „брзи кредити“ и за поведување кривична постапка против едно службено лице во ФЗОМ. -Кривичните дела кои се предмет на постапката – Фалсификување исправа ...
Украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир, која на социјалните мрежи води своевиден дневник на случувањата во Украина за време на целосната и неиспровоцирана руска воена агресија, со објава на Х се заблагодари на Северна Македонија за поддршката на Резолуцијата 2598 на ПСС на Европа, со која се поддржува формирањето на Специјален трибунал за злосторството на агресија против Украина, се спротивставува на обновувањето на „Северен тек“ и се ...
Стартот на изградбата на долгоочекуваната пречистителна станица за отпадни води во Скопје го чека одобрението за градба. Од Министерството за животна средина велат дека во моментов на терен изведувачот, германската ВТЕ и подизведувачот, македонскиот Жикол, ги завршуваат подготвителните работи, додека се очекува да биде изготвено одобрението за градба, за да можат да стартуваат градежните работи. Од Министерството посочуваат дека се задоволни од ...
– Во однос на објавениот текст со наслов „Претседателката Силјановска Давкова избегна да одговори зошто Северна Македонија не е дел од регионалната иницијатива за одбранбена соработка меѓу Хрватска, Албанија и Косово“, Кабинетот на Претседателот ве замолува да го коригирате насловот на текстот, согласно правото на исправка. Одговор на Вашето прашање е испратен и не е избегнат одговор, како што наведувате во насловот, пишува во експресната ...