И во вториот круг од кампањата за локалните избори во Северна Македонија продолжува загрижувачкиот тренд на злоупотреба на деца за политички цели. Но, во овој случај се работи не само за деца, туку и за злоупотреба на училишен простор. Драган Анастасов – Ладич, кандидат за градоначалник на Пробиштип од редовите на СДСМ, објави промотивно видео за изборната кампања во кое се користат малолетници, како и државни институции и затворениот базен во ...
Кандидатката за градоначалник на Неготино, Марија Нацева, со статус дека „започна изградбата на кружниот тек кон Кавадарци“ го претвори општинскиот проект во кампањска бина. Настапувајќи истовремено како секретар на Општината и како кандидат, таа на терен прави „увид“, ја истакнува вредноста на проектот (9.265.257 денари, со општинско кофинансирање од 1.015.881 денари) и — најважно — на крај отворено повикува да се гласа „за број 9“ на 2 ...

