Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Скандал ја потресе општина Кичево откако на социјалните мрежи се појавија аудио снимки со компромитирачка содржина, објавени од профил со името „Ел Чека“. Според описот на снимките, наводно се слуша глас за кој се тврди дека е гласот на актуелниот градоначалник на Кичево, и кандидат на Националната алијанса за интеграција (НАИ), Фатмир Дехари, во разговор со вработена во општината. Во објавите се наведува дека снимките содржат експлицитни ...
На 9 октомври 2025 година, во Скопје се одржа панел-дискусијата “Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија“ во организација на ЦИВИЛ – Центар за слобода, во рамките на меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“. На панелот се зборуваше за што подразбира и како се штити интегритетот на изборните процеси, кои се најголемите предизвици, а кои се можните решенија, колкава е ...
Остануваат помалку од три дена до изборниот молк за локалните избори што ќе се одржат во недела на 19 октомври. Политичките партии, коалициите и независните кандидати и денеска продолжија со претставување на своите програми и кандидатите за градоначалници. КАНДИДАТИ И ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ ВМРО-ДПМНЕ: Нема предвремени парламентарни избори по локланите избори Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска изјави дека по ...
Премиерот Христијан Мицкоски, денес во просториите на Владата, оствари средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во рамки на нејзината балканска турнеја. На средбата се разговараlo за европската перспектива, напредокот на реформските процеси, економската соработка, енергетската безбедност и дигиталната трансформација. Од владината прес -служба соопштија дека Мицкоски ја истакнал решеноста на Владата да ја забрза ...
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, вчера попладне во обраќањето на Инвестицискиот форум ЕУ-Западен Балкан, што, вчера и денеска, се одржува во Тирана, најави дека Европската Унија ќе отвори две „фабрики за вештачка интелигенција“ (центри за развој на вештачка интелигенција) во Западен Балкан. – Ќе отвориме фабрики (центри) за вештачка интелигенција и за Западен Балкан. Ќе започнеме со две „антени“, една во Северна ...
Две фотографии објавени на социјалните мрежи на неколку дена пред локалните избори, на кои поранешниот премиер, претседател на државата и лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски е забележан деновиве во Охрид во друштво на членови на ВМРО ДПМНЕ и ЗНАМ, ја разбрануваа политичката сцена во Македонија. На првата Црвенковски е фотографиран како на иста маса седи со актуелниот градоначалник Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ, Саше Доневски пратеник од ...
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска попладне, во 15:45 часот, ќе ја пречека и ќе биде домаќин на Урсула фон дер Лајен, претседателка на Европската комисија, информираат од владината прес-служба. Во 15:50 часот ќе се одржи тет-а-тет средба во Влада. Потоа во 16:05 часот ќе се одржи билатерална средба. Не се предвидени изјави за новинарите. Премиерот Христијан Мицкоски вчера изјави дека од претстојната посета на Скопје на Фон ...
ДРАГАН МИШЕВ Кинеската „мека моќ“ (soft power) во последната деценија привлекува сè поголемо внимание како алтернатива на западното влијание во регионот на Западен Балкан. Наместо директен политички или воен притисок, Кина настапува преку културна дипломатија, образовна соработка и технолошка поддршка, со што настојува да создаде позитивен имиџ и долгорочна зависност кон нејзините институции и технологии. Во последните години Кина постепено ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска објави дека нашата држава го добива првиот Национален центар за вештачка интелигенција „ВЕЗИЛКА: Национална ВИ Фабрика и Антена“ (AI Antenna Factory), кој се реализира со поддршка на Министерството и со финансиска помош од Европската Унија преку програмата Horizon Europe и иницијативата EuroHPС. – Ова е капитален проект со историско и национално значење. Нова страница во ...
Почина Владимир Блажев – Панчо, членот на дуото ДНК кој беше сериозно повреден ноќта на 16 март во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Смртта на Панчо ја потврдија и од Јавното обвинителство и информираа дека ќе издадат наредба за обдукција, за лицето за кое постапката беше времено прекината токму заради здравствената состојба. Дел од медиумите објавија дека Панчо починал утрово во 10 часот, по долго лекување во приватната болница ...
Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, во телевизиската дебата „Топ тема“ на ТВ Телма со неговиот противник, Изет Меџити, изјави дека нелегалната градба и корупцијата се најголемиот извор на проблеми во општината и дека тие се оние што го удавија Чаир во последните две децении. „Ако Чаир некогаш требаше да биде познат во светот по својата чаршија, историски споменици и зеленило, денес – за жал – кога се споменува Чаир, мислите на ...
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска информираше за поднесените извештаи од учесниците на изборите за примени донации на трансакциска сметка за изборна кампања за Локални избори 2025, коишто се поднесуваат на 11-от ден од изборната кампања. Извештаи за примени донации доставиле 35 отсто од вкупниот број на учесници во изборната кампања, посочуваат од ДКСК. Согласно Изборниот законик, учесниците во изборната кампања ...
Алта банка од Србија, банка за која тамошните медиуми пишуваа дека му е омилена на претседателот Александар Вучиќ е новиот сопственик на Стопанска банка Битола. Понудата ја прифатиле 262 акционери кои продале вкупно 344.420 хартии од вредност, што претставува 88,09 отсто од акционерскиот капитал. Во името на Алта банка, известувањето за исходот на понудата за преземање го објави нивниот застапник во Македонија, адвокатот Александар Кралевски. ...
Во ова издание на КОЛЕГИУМ разговараме отворено и без ракавици за изборите, и наративите кои се пласираат пред граѓанките и граѓаните. Без пардон, директно и со аргументи – разобличуваме наративи, манипулации, говор на омраза и политички игри што ги загрозуваат изборите и демократијата. КОЛЕГИУМ ја отвора секоја тема без страв и калкулации. Сите жешки теми од земјата, регионот и светот на едно место – КОЛЕГИУМ. Пораст на интензитетот на ...
Европските и арапските земји, Канада и САД се чини дека се подготвени да придонесат за проценетите 70 милијарди долари потребни за обнова на Газа, изјави во вторник официјален претставник на ОН, додавајќи дека двегодишната војна таму произвела урнатини еднакви на 13 пати поголеми од пирамидите во Гиза, објави Ројтерс. Жако Силиерс, официјален претставник на Програмата за развој на Обединетите нации, рече дека војната на Израел против Хамас ...
Владата на САД им ги одзеде визите на најмалку 50 политичари и владини претставници во Мексико, во услови на репресија на администрацијата на Трамп против нарко-картелите и нивните осомничени политички сојузници, според двајца мексикански функционери, објави Гардијан. Овој потег испрати тивки шок-бранови низ политичката елита на Мексико, која редовно патува во САД. Исто така, означува значително проширување на американската анти-нарко-акција, ...
Десетици илјади луѓе излегоа на улиците во Брисел како дел од националниот штрајк поради владините реформи и намалувањето на трошоците, што доведе до запирање на летовите и сериозно нарушување на јавниот превоз, објави Би-Би-Си. Трите големи синдикати во Белгија протестираат поради пензиите и другите мерки на централно-десничарската влада на премиерот Барт де Вевер, насочени кон намалување на буџетскиот дефицит. На вториот најголем аеродром ...
Комитетот за права на жените и родова еднаквост на Европскиот парламент со 25 гласа „за“, осум „против“ и еден „воздржан“ синоќа усвои Извештај со кој се повикува Еврокомисијата во Стратегијата за родова еднаквост на ЕУ за периодот 2026-2030 година да бидат вклучени и практични мерки за справување со полово базираното насилство и за родова рамноправноста во остварување на здравствената заштита, правото на работа и политичката застапеност. ...
Денес рф изврши напад врз конвој на ОН со животозначајна хуманитарна помош во Херсонската област, објави на социјалната мрежа X, украинската амбасадорка во земјава, Н. Е. Лариса Дир. Овој злостор претставува потврда за систематското игнорирање меѓународните норми од страна на рф. Светот мора да реагира и да ја повика рф на одговорност, повика Дир. Денес рф изврши напад врз конвој на ОН со животозначајна хуманитарна помош во Херсонската ...
Само четири дена пред изборите, политичката сцена е во завршна фаза на кампања. Партиите и кандидатите ги интензивираат активностите на теренот, објавуваат последни пораки до гласачите и ја подготвуваат својата стратегија за денот на гласањето. Во оваа „Изборна хроника“ ќе ги следиме најзначајните настани, изјави и реакции кои го одбележуваат денот. Партиите од власта се фокусираа на презентација на постигнувањата и најави за идни проекти, ...
На 13 октомври 2025 година, пред Плоштадот Amaro Mall во Општина Шуто Оризари, Здружението Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари, одржа креативен активизам под мотото: „Граѓаните избираат: здравје за сите!“. На настанот, граѓаните, а особено жените, побараа бесплатни здравствени услуги за време на бременоста, породувањето и за доенчињата, како и еднаков пристап до квалитетна здравствена заштита. Истражувањето спроведено во Шуто ...
Пред локалните избори во Северна Македонија се забележува зголемена активност на руската пропаганда преку пренесување на про-руски наративи во дел од македонските медиуми, кои имаат за цел, иако се работи за локални избори, да го зголемат анти – ЕУ и анти-западното расположението кај таргетираниот дел од гласачкото тело. Така, повеќе македонски медиуми, познати од претходно по зачестеното некритичко пренесување на наративите на руските ...
Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“, што се одржа во Скопјe од 8 до 10 октомври 2025 година во Скопје ги истражи дезинформациите, пропагандата и хибридното војување како директни закани за демократските процеси, поткопување на слободата на медиумите, слабеење на одбраната и безбедноста и загрозување на изборниот интегритет. Во текот на три дена, меѓународни партнери и гости — вклучувајќи новинари, лидери ...
Локалните избори што ќе се одржат в недела на 19 октомври ќе ги следат 1.341 набљудувач, од кои 700 домашни и 639 меѓународни, како и двајца странски новинари. Државната изборна комисија (ДИК) врши достава недоверливиот изборен материјал до сите општински комисии, а в четврток и петок ќе се доставува и доверливиот изборен материјал. Тоа беше соопштено на денешната 144. седница на ДИК. Доставата на доверливиот изборен материјал, како што ...
ЦИВИЛ ги осудува навредливите и шовинистички пароли, во овој изборен период, кога политичките тензии и емоциите лесно можат да се прелеат на улиците и социјалните мрежи, особено е важно јавноста и институциите да покажат одговорност. Пред неколку дена фудбалската репрезентација на Албанија ја совлада Србија на стадионот „Дубочица“ во Лесковац. Овој историски триумф за Албанија предизвика голема прослава меѓу Албанците во Северна Македонија, ...
ДИЈАНА ТАХИРИ Пред локалните избори на 19 октомври 2025, албанскиот политички кампус во Северна Македонија се наоѓа на крстопат меѓу различни наративи и политички стратегии. Партиите ги обликуваат своите кампањи преку комбинација на национални и европски теми, но и преку оценка на локалните резултати и перформанси на претходните влади. Како што веќе е констатирано во анализата „Албанскиот политички кампус во пресрет на локалните избори: Меѓу ...
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, упати нова рунда прикриени закани кон Молдавија на 12 октомври, предупредувајќи го Кишињев да не ја доживее истата судбина како Украина само неколку недели по изборите на кои проевропската Партија за акција и солидарност (ПАС) на Молдавија обезбеди парламентарно мнозинство. По изборите на кои ПАС, поддржана од претседателката Маја Санду, обезбеди над 50% од гласовите на 28 септември, владата на Молдавија ...
Остануваат уште четири дена до изборниот молк пред изборите што ќе се одржат на 19 октомври. Изборните активности на партиите продолжуваат и денеска. Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе има митинзи и средби со граѓани во општините Пробиштип, Кратово, Ранковце и Крива Паланка. Кандидатот за градоначалник на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски ќе одржи прес-конференција. Опозициската СДСМ денеска попладне ќе ги посети скопските општини Сарај и ...
Во печатницата „Киро Дандаро“ во Битола веќе се печатат гласачките ливчиња за Локалните избори 2025 закажани за в недела 19 октомври. Дистрибуцијата на недоверливиот и доверливиот материјал за гласањeто до Општинските изборни комисии, а потоа и до Избирачките одбори ќе се спроведе до крајот на неделава. Во сабота први гласаат болните и немоќни лица, лицата во домашен притвор, затворениците и лицата во странските домови. Од Државната изборна ...
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ Она што можеше да се претпостави уште многу порано, но барем во Србија се замижуваше, сепак се претвора во кошмарна стварност – нашиот сосед ќе влезе во економска рецесија, проследена со нови бранови на незадоволство на граѓаните. И сега не само заради она што се случува наназад со месеци, па и години на планот на начинот на кој една партија и нејзиниот лидер владеат со земјата. Овој пат, тоа е заради натрупувањето на сите ...