Скопје
24ᴼ /
24ᴼ
На 06.07.2026 во 21:05 часот, полициски службеници од СВР Охрид од слобода го лишија О.К.(48) од Прилеп, кој претходно на магистралниот пат Охрид- Ресен кај „ Прентов мост“, управувајќи патнички автомобил „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. По извршен увид и извршено алкотестирање, кај него се утврдени 1,65 промили алкохол во крвта. По насоки на јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно ...
На 06/07.07.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода лице(32), лице(26), лице(22), лице(20) и лице(30), сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја, грутчеста материја и марихуана. На 07.07.2026 во 00:30 часот во с. Леуново, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода лице (27) од с. Шипковица, тетовско, затоа што при преглед кај него била ...
Во рамки на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ спроведен од страна на Здружение Центар за ресурси во животната средина (РЕЦ), Еко Логик и Флоразон, денеска беше дониран компостер во ЈУОДГ “Орце Николов“. На настанот присуствуваше и градоначалникот Сотир Лукровски кој ја поздрави реализацијата на оваа иницијатива, истакнувајќи дека создавањето одговорни навики кај најмладите ...
Прес конференција на Иванов од ВМРО ДПМНЕ: Македонија инфраструктурно се развива со засилено темпо. Се градат патишта и автопатишта во сите делови на државата. Вакво вложување во патната инфраструктура, вакви градежни активности на неколку делници истовремено, во повеќе делови од државата, до сега немало. Покрај актуелните што се градат со несмалено темпо, веќе од следниот месец, во август почнува изградбата и на автопатот Скопје-Блаце, ...
Прес конференција на Валентин Манасиевски од ВМРО ДПМНЕ Ставовите на Венко Заев денес се утрешни ставови на Апасиев, односно она што го вели СДС, утредента го повторува политичката партија Левица. Веќе се потврдува договорот помеѓу СДС и Левица за координирано дејствување кога станува збор за блокирањето на новиот Изборен законик. Очигледно е дека нивните ставови не се разликуваат, напротив тие се надополнуваат. Не е случајност што и СДС и ...
Уставниот суд утре ќе ја одржи 18. седница на која ќе се дискутира по иницијатива на политичките партии Левица и Демократи, во кои се оспорени одредби од Изборниот законик кои се однесуваат на платеното политичко рекламирање. Левица во иницијативата наведува дека оспорените одредби од Изборниот законик промовираат дискриминаторски пристап од аспект на достапноста на медиумскиот простор и распределување на јавните финансиски средства за ...
Прес конференција на Кристијан Дојчиновски од СДСМ: Владата на ВМРО не инвестира во младите, туку крати од младите. Со ребалансот на Буџетот власта повторно покажаа кои им се приоритетите. Наместо повеќе пари за младите и демографските политики, тие ги кратат средствата. Сега има помалку пари за демографски политики, за над 70 проценти – од 71 на само 21 милион денари. Програмата за млади ја кратат за уште 1 милион денари. За младите нема ...
Соопштение на СДСМ: Мицкоски и ВМРО не се откажуваат од обидите за изборен инженеринг и манипулација со над 200.000 гласови од дијаспората. Откако им пропадна шверцерскиот обид за електронско гласање, без било каква контрола, сега се обидуваат да наметнат гласање по пошта, повторно без никаква контрола и безбедносни гаранции за слободната волја на граѓаните. На Мицкоски не му е важна реформската агенда, тоа му е само параван за изборен ...
Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Наместо да се пикаат по сокаци и ќошеви на партијата и пуштаат голобради деца со сомнително минато да зборуваат за образованието, доволен податок за тоа што ВМРО-ДПМНЕ има направено за образованието е тоа што по 7 години власт на СДС и ДУИ и максимална запоставеност, за прв пат уште во јуни има бесплатни учебници за сите ученици од септември. Младите се врвен приоритет на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. За таа цел ...
Иранската војска испали најмалку две ракети врз комерцијални бродови што минуваа низ Ормускиот теснец синоќа, изјавија двајца американски функционери за „Аксиос“. Нападите сериозно се закануваат целосно да го поткопаат меморандумот за разбирање потпишан пред помалку од три недели, според кој Иран се согласи да ги прекине сите напади во Ормускиот теснец. Договорот меѓу САД и Иран истекува, се заканува одмазда Новиот бран насилство на море ...
Кинеската војска унапреди двајца офицери во чин генерал, што би можело да биде почеток на реконструкција на военото раководство откако неколку високи функционери беа отстранети во долготрајната антикорупциска кампања. Промените се сметаат за дел од напорите за реформирање на вооружените сили и обезбедување на нивната лојалност кон владејачката Комунистичка партија на Кина и кинескиот претседател Ши Џинпинг. Тие доаѓаат во време кога Ши се ...
Пепелта од ерупцијата на вулканот Етна предизвика прекин на сите летови на аеродромот Катанија на Сицилија вчера, соопшти операторот на аеродромот SAC. Аеродромот соопшти дека сите дојдовни летови се прекинати и дека не се дозволени полетувања. Се очекува ограничувањата да останат на сила до вторник во 10 часот наутро. На патниците им се препорачува да се консултираат со своите авиокомпании пред да патуваат до аеродромот. Најголемиот активен ...
Ерменскиот премиер Никол Пашинјан изјави дека се надева дека неговата земја ќе може да ги поправи односите со Русија и да реши дел од проблемите, осврнувајќи се на трговските ограничувања што Москва ги наметна врз Ерменија. Пашинјан ги даде овие забелешки на прес-конференцијата со рускиот премиер Михаил Мишустин во Екатеринбург, што е негова прва посета на Русија откако победи на парламентарните избори во јуни. Русија привремено воведе широки ...
Соопштение – објава на претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче: „СДСМ дополнително се зајакнува. Со задоволство ги информирам членовите дека Горан Герасимовски ќе го номинирам за нов потпретседател на #СДСМ. Горан е човек кој со силна, посветена и одговорна работа ја заслужи довербата на граѓаните на општина Центар. Победата и освоениот втор мандат како градоначалник се најдобра потврда дека резултатите, блискоста со луѓето и искрената ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, ја поддржува идејата за електронско гласање доколку се обезбедат идентификација на гласачите и тајност на гласањето. Тој ги повика координаторите на пратеничките групи да се обидат да најдат компромис. Паралелно, ЛДП побара јавно да се објават сите записници од работната група за измени на Изборниот законик. Партијата реагира на тврдењата дека текстот бил усогласен, оценувајќи дека јавноста треба да ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлог до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје за определување мерки на претпазливост за три лица осомничени дека во парк во Маџари извршиле насилство врз дете родено во 2011 година. Според првичните сознанија, на 22 јуни осомничените учествувале во насилничките дејствија кон малолетникот, го удирале со тупаници и клоци и му нанеле расекотини ...
Утре претпладне времето ќе биде промелниво облачно со сончеви периоди, а попладне ќе има услови за појава на локална нестабилност со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Потоа следува период на топло и стабилно време. Дневната температура ќе биде во пораст. Прогноза за 08.07.2026 Минимална температура: 11°C до 20°C Максимална температура: 29°C до 36°C Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има локална појава на ...
Сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утрото ќе биде свежо до умерено топло. Минималните температури ќе се движат од околу 8 до 19 степени. Најсвежо ќе биде во источните делови, каде утринската температура ќе се спушти до околу 8 степени, додека најтопло утро се очекува во југоисточните предели, со околу 19 ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Сите патни правци во државата се проодни. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони. ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација како и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги ...
На 06.07.2026 во периодот од 15:00 до 18:45 часот, полициски службеници од СВР Тетово, во врска со претходно пријавено кривично дело „насилство“, извршено претходниот ден, при што со нож беа повредени две лица, по добиена судска наредба извршија претреси на две локации кај лице (38) од Тетово. При тоа, во патничко возило „цитроен“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на Б.И., пронајден е пиштол кој го поседувал со дозвола, додека во ...
Националниот Едниошалтерски Систем претставува еден од најзначајните проекти за дигитализација и модернизација на постапките со увозот, извозот и транзитот на стоки. Неговата цел е да обезбеди единствена електронска платформа преку која компаниите ќе можат побрзо и поефикасно да ги спроведуваат законските постапки поврзани со надворешната трговија, истакна денеска заменик претседателот на Владата, Александар Николоски на седницата на која ...
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини продолжува со мерките што директно им помагаат на граѓаните да инвестираат во поекономично, поефикасно и почисто греење. Во „Службен весник“ е објавена Програмата за изменување на Програмата за поттикнување за снабдување со гас во домаќинствата за 2026 година, со која рокот за аплицирање за финансиска поддршка се продолжува до 31 октомври 2026 година. Со оваа одлука, Министерството ...
На осмиот конкурс за книжевната награда „Пегаз“, што ја организира издавачката куќа „Арс Ламина“ во соработка со Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, пристигнаа 50 ракописи. Конкурсот беше отворен на 2 септември 2025 година и траеше заклучно со 1 јуни 2026 година. Добитникот на наградата ќе биде објавен на 2 септември 2026 година. Пристигнатите необјавени романи за возрасни, напишани на македонски ...
Општина Илинден започна со реализација на проектот за изградба на улица „6“ во локалната економска зона „Стопански комплекс – Илинден“, како дел од континуираните активности за унапредување на патната инфраструктура во економските зони на општината. Увид во почетокот на градежните работи направи градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој истакна дека проектот предвидува целосна изградба на улицата во должина од околу 450 ...
– Поради силното невреме кое во текот на денешниот ден го зафати Скопје, Кризниот штаб на Град Скопје, заедно со службите и јавните претпријатија, е целосно мобилизиран и подготвен за брза интервенција на терен, доколку има штети, поплави или потреба од итна реакција, соопшти скопскиот градоначалник Орце Ѓоргиевски. – Во постојана координација сме со ЦУК, МВР, ЕВН, Противпожарната бригада на Град Скопје и сите надлежни институции. Сите ...
На 06.07.2026 во 03:40 часот во СВР Битола е пријавено дека на плац на ул.„Довлеџик”во Битола, сопственост на правно лице, настанал пожар, при што оштетени се две товарно возило „фиат“ и „ивеко”, двете со битолски регистарски ознаки, сопственост на Н.С. од Битола. Од огнот опожарена била и бандера со електрична инсталација. Пожарот е изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица Битола, а повредени лица нема. Увидот го извршила ...
На 05.07.2026 во 15:52 часот во СВР Битола е пријавено дека во атар на с.Породин, битолско, во близина на индустриската зона Жабени, Ф.Б.(59) од САД, при слетување со параглајдер, се здобил со тешки телесни повреди. Ф.Б. со возило на Итна медицинска помош Битола е пренесен во Клиничката болница Битола, каде му се констатирани тешки телесни повреди. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола. На 05.07.2026 во 15:52 часот во СВР Битола е ...
Пратеничката од СДСМ, Јована Тренчевска, на денешната комисиска расправа за ребалансот на Буџетот за 2026 година порача дека предложениот ребаланс ги потврдува погрешните економски проекции на Владата и покажува дека наместо фискална консолидација, државата се движи кон поголем дефицит, повисоко задолжување и дополнително стеснување на фискалниот простор. Тренчевска посочи дека расходите растат значително побрзо од приходите, а разликата ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Полициската академија во Идризово присуствуваше и се обрати на промоцијата на Каталогот за континуирани обуки на Министерството за внатрешни работи, изработен во соработка со Полициската академија и Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Во своето обраќање, министерот Тошковски истакна дека Каталогот претставува значаен чекор во унапредувањето на професионалниот развој, стручноста и капацитетите ...
Поранешниот германски министер за надворешни работи Јошка Фишер оцени дека Европа повеќе не може да ја гради својата безбедност врз основа на претпоставката дека Соединетите Американски Држави трајно ќе останат столб на НАТО и гарант на американскиот нуклеарен чадор. Во интервју за „Berliner morgenpost“, Фишер предупреди дека САД, според сегашната политика на Доналд Трамп, се на пат да излезат од НАТО и дека Алијансата, во својата сегашна ...