Новата поетска збирка „Длабок простор“ од Зоран Анчевски ќе биде промовирана на 16 јуни (вторник), со почеток во 20 часот, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“. Книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе ја промовираат: Лидија Капушевска Дракулевска, Биљана Стојановска и Оливера Ќорвезироска. „Длабок простор“ е десетта поетска збирка на Зоран Анчевски. Таа продолжува таму каде што завршуваат ...

Постојат простори што не можат да се измерат со далечини, ниту да се опфатат со поглед. Простори што живеат во зборот, во сеќавањето, во мигот кога поезијата го отвора патот кон невидливото. Токму во таков простор – бесконечен, таинствен и повеќезначен – Зоран Анчевски ги поведе читателите со својата нова поетска збирка „Длабок простор“, која беше промовирана вчеравечер (16 јуни), во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“. Во суштината ...