Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
До петок под влијание на серија на влажни и нестабилни воздушни маси, времето ќе биде променливо облачно и наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со силен ветер и изолирана појава на град. Во петок ќе има пообилни врнежи од дожд. Поради продор на постудена воздушна маса од север температурата значително ќе опадне. Прогноза за 23.07.2026 Минимална температура: 9°C до ...
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за влез во државата е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно ...
„На местото на конфискувана парцела, која била наменета за резиденцијално домување, предвидуваме пренамена и изградба на дом за стари лица. Плацовите на Водно конечно ќе добијат намена за обичните граѓани, а не за луксузни апартмани“, порача градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски на продолжението на 9. Седница, образложувајќи го нацрт планот за Градска четврт Ј 05-Барутана. Со ова, како што посочува Герасимовски, нацрт планот не ...
Соопштение на Левица: Пратеничката група на Левица денес поднесе Предлог-закон за изменување на Законот за вино, со кој се брише одредбата што им овозможува на откупувачите законски да ја намалуваат минималната откупна цена на винското грозје за до 8%. „Лозарите кога плаќаат за наводнување, ѓубриво или препарати, никој не им дава цена намалена за 8% само затоа што не плаќаат на рати.“ – истакна пратеникот Сашко Јанчев на денешната ...
Пратеникот од Левица, Сашко Јанчев, на денешната прес-конференција во одговор за новинарско прашање во врска со катастрофата поврзана со загадувањето на водата за пиење во Гостивар, оцени дека ваков случај е недозволив во 21 век. „Функционалните канализациони и водоводни системи не се историски нов феномен. Постојат две и пол илјади години и во 2026 година да ни се случи ваква ситуација од вакви размери е незамисливо. Тоа како општество не ...
На 20/21.07.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода лице(31), лице (24), лице (37), лице (24), лице (22), сите од Скопје, како и лице (23) од с.Грчец, скопско, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела грутчеста материја и марихуана. По целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни поднесоци. На 20/21.07.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници ...
Царинската управа, преку Одделението за оперативни работи при Секторот за контрола и истраги, во наредниот период ќе спроведува зајакнати теренски контроли на пловните објекти кои се користат на Охридското Езеро. Контролните активности ќе бидат насочени кон проверка на тековниот царински статус на пловните објекти и исполнетоста на законските обврски согласно царинските прописи. Царинската управа ги повикува сите сопственици и корисници на ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на свечена церемонија со највисоки државни и воени почести ја пречека Друпади Мурму, прв претседател на Република Индија во официјална посета на државава. По тет-а-тет средбата следеше пленарен состанок на македонската и на индиската делегација. Предмет на разговорот беа актуелните македонско-индиски односи, со акцент на можностите за соработка во економијата, образованието, науката, културата, ...
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска од Гостивар порача дека здравствената криза отвора сериозни прашања за навременоста на институционалната реакција и одговорноста на надлежните. „И уште една многу важна работа, а тоа е да поставиме неколку многу важни прашања, нешто за тоа што се случувало во изминатиот период и чија е одговорноста за работите кои што се случувале и што сега се случува, односно како може да се спречи и дали се ...
Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (20.07.2026 година) продолжува трендот на намалување на бројот на новопрегледани пациенти, односно лица кои првпат побарале лекарска помош поради симптоми на гастроентеритис. Во Општа болница Гостивар се регистрирани 111 нови прегледи на инфективното одделение, 65 нови прегледи на педијатриското одделение и 7 прегледи во Ургентниот центар, односно вкупно ...
На 21.07.2026 околу 04:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Џон Кенеди“, целосно е опожарено патничко возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.С.(34). Од пожарот биле зафатени и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки сопственост на С.Х.(34) и патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки сопственост на А.С.(50). Исто така, од пожарот оштетен е и дел од фасада на зградата и прозорци ...
Владата на денешната 195 седница, на предлог на Управувачки комитет во состав на министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за здравство Сашо Клековски, министерот за транспорт Александар Николоски и директорот на Дирекција за заштита и спасување Стојанче Ангелов, како и надворешните членови министерот за животна ...
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, при денешната посета во Гостивар, предупреди дека и покрај сериозната здравствена криза предизвикана од епидемијата, јавноста нема одговор на едно од најважните прашања – кој сега, во моментов ја менаџира состојбата со водоснабдувањето и кој ја презема одговорноста за заштита на граѓаните. Филипче посочи дека наместо јасен систем за управување со кризата, институциите оставаат бројни неодговорени ...
Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: СДС повторно се обидува да создаде паника таму каде што нема проблем. За економијата не се зборува со измислици и политички конструкции, туку со факти и бројки. А фактите се јасни, министерката за финансии во ниту еден момент не кажала дека нема средства за плати, пензии или социјални надоместоци. Ова е уште една груба манипулација и свесно извртување на кажаното. Напротив, податоците од реализацијата на Буџетот ...
Прес конференција на Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Левица и ДУИ се единствената коалиција што се обедини против реформите. Откако Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ сама исполни 9 реформски закони од вкупно 10, неисполнувањето на 10 реформски закон е директно на контото на СДС, Левица и ДУИ. Тоа е нивниот политички модел, кога државата треба да оди напред тие прават се за тоа да биде обратно. СДС, Левица и ДУИ се заедно ...
Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Филипче со компромитираните кадри околу него, нема кредибилитет да бара одговорност за Гостивар. Венко Филипче собира дневнополитички поени врз грбот на граѓаните на Гостивар, ширејќи шпекулации. Венко Филипче даваше огромна поддршка и мобилизираше луѓе за Валбон Лимани, градоначалник на Гостивар, кој вели дека не чувствува никаква морална одговорност за скандалот со водата. Дали Венко Филипче го поддржува тој став ...
Соопштение на СДСМ: Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски не се занимава со проблемите на Скопје. Градскиот сообраќај, ѓубрето, депониите – сè е оставено на страна. Наместо тоа, тој се занимава со својата промоција. Толку го најавуваше овој билборд, а не успеа ни да најде некого кој ќе го погледне графичкото решение наместо него. Дали им е на сите јасно колку е стручен градоначалникот кој не гледа коњ со пет нозе, камен мост кој личи на вијадукт и ...
Силно невреме синоќа го зафати Дојран. Причинета е материјална штета, а градоначалникот ги повика граѓаните да пријават штети. „Околу 20 часот Стар Дојран беше зафатен од силно невреме проследено со обилни врнежи и силен ветар кое за среќа помина без повредени, само со материјална штета. Би сакал да ве известам дека екипите на ДППД Дојран и доброволна група граѓани,екипите на ЕВН веднаш излегоа на терен и започнаа со расчистување на паднатите ...
Проектот кој со децении претставуваше неопходност и надеж за Скопје, денес забрзано се гради и станува реалност. Пречистителната станица за отпадни води е најголемиот и најсовремен еколошки проект во Македонија, објави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Појасни дека станува збор за комплексен инфраструктурен зафат кој опфаќа изградба на околу 60 објекти и кој ќе донесе историска промена во заштитата на реката Вардар, животната ...
На 20.07.2026 во 15:05 часот во Делчево, полициски службеницо од ОВР Делчево го лишија од слобода лице (26) од с.Митрашинци, беровско. При сообраќајна контрола на бул.„Македонија“ во Делчево, полициските службеници сопреле патничко возило „ровер“ со беровски регистарски ознаки, при што било констатирано дека лицето го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 4,35 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во ...
Прес конференција на Драгана Арсова, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ: Приоритет на Владата уште од самиот почеток на мандатот е унапредувањето на системот за социјална заштита. Иако беше наследен системски проблем во начинот на функционирање на системот за социјална заштита, истиот е целосно реформиран преку воведување ново софтверско решение за интегрирано администрирање на паричните права, социјалните услуги и јавните овластувања. Новиот систем им ...
На 20.07.2026 околу 15:30 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на локалниот пат Кочани – Брана Гратче се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со кочански регистарски ознаки, управувано од И.Б.(51) од Кочани и велосипед управуван од Д.Ѓ.(65) од Кочани. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал велосипедистот, а лекар од Итната медицинска помош Кочани констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на ...
Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: СДС, Левица и ДУИ уште еднаш покажаа дека кога треба да се поддржат реформи во интерес на државата, тие избираат блокади и теснопартиски калкулации. Неподдржувањето на новиот Изборен законик, претставува уште една пропуштена можност Македонија да исполни значајна реформска обврска и да го продолжи позитивниот реформски процес. Додека Владата посветено работи на спроведување на реформите и на исполнување на обврските, ...
Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Додека Венко Филипче се обидува да се претстави како авторитет за здравствениот систем, граѓаните многу добро паметат што остави зад себе додека беше министер. Наместо реформи и подобро здравство, неговиот мандат беше обележан со низа скандали, афери и неодговорени прашања. Од случајот со набавката на вакцините преку посредник, фирма која претходно се занимавала со трговија со тропско овошје, до аферата „Крвави ...
Основното јавно обвинителство Гостивар вечерва донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за Тешки дела против животната средина и природата предизвикани со дејствија на Загадување на вода за пиење. Осомничените соизвршители, во својство В.Д. директорка на ЈП “Комуналец” – Гостивар, технички раководител на Сектор за технички работи и раководител на Одделението за водовод, канализација и градежни работи во јавното ...
Соопштение на Левица: Наодите што ги објави Основното јавно обвинителство Гостивар ја соголуваат целата чудовишна димензија на катастрофата! Во системот за вода за пиење со пумпи била внесувана тешко загадена површинска вода од отворен канал, преплавена со фекални бактерии по налог на раководни лица од јавното претпријатие. Имало 48 пати повеќе фекални бактерии од максимум дозволеното. Во примерокот од каптираниот извор, каде што не смеело да ...
„CENTCOM“ објави на мрежата Икс дека целите биле воени командни центри, позиции за воздушна одбрана и крајбрежен надзор, поморски воени објекти, места за лансирање ракети и беспилотни летала, како и комуникациска мрежа. Конфликтот меѓу Соединетите Американски Држави и Иран продолжи вчера со нови напади. Американската војска таргетираше повеќе цели во Иран, вклучувајќи ги и областите во близина на Ормускиот теснец, додека Техеран тврди дека ги ...
Градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, вели дека испитува дали неговата администрација може да го уапси израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Се очекува Нетанјаху да го посети градот во септември за Генералното собрание на ОН, пишува „Њујорк тајмс“. „Местото на Нетанјаху во Хаг“ Мамдани даде слични коментари во саботната епизода на подкастот „Интервју“ на „Њујорк тајмс“, повторувајќи ги чувствата од неговата успешна градоначалничка ...
Ирачкиот министер за нафта Басим Мохамед Кудер изјави дека Ирак ги проучува можностите за изградба на нов нафтовод што би ја поврзал Басра со Киркук, а оттаму до турското пристаниште Џејхан, со цел да ги диверзифицира своите извозни правци за сурова нафта и да го заобиколи Ормускиот теснец. Кудер изјави на социјалните мрежи дека проектот вклучува и опција за продолжување на дел од нафтоводот до терминалот Банијас во Сирија. Сместен на ...
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираше АМСМ. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за влез во земјата е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува ...