Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Италијанските власти запленија повеќе од 770 килограми кокаин во пристаништето Вадо Лигуре во северозападна Италија. Дрогата била скриена меѓу палети со банани во ладилник што пристигнал од Еквадор. Ова е една од најголемите заплени на дрога во тоа пристаниште во последните години. Според италијанската финансиска полиција, во контејнерот биле пронајдени околу 650 пакети со повеќе од 770 килограми кокаин. Прелиминарните тестови покажаа дека ...
Василис Цијарас, адвокат на српскиот бизнисмен Љубиша Каровиќ кој речиси излета од прозорецот на авион на 10 јули на лет од Солун, Грција до Меминген, Германија, е уверен дека неговиот клиент ќе добие голема отштета. Се претпоставува дека дел од моторот се одвоил од авионот и го скршил прозорецот кратко по полетувањето. Авионот го изгубил притисокот во кабината и извршил итно слетување. Главниот извршен директор на „Рајанер“, Мајкл О’Лири, ...
Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ денеска не успеаја да постигнат договор за 21-от пакет санкции против Русија и ќе се состанат повторно утре за да се обидат да постигнат договор, изјави дипломатски извор. Главната пречка за договор за 21-от пакет санкции останува грчкото барање на нејзините бродосопственици да им биде дозволено да продолжат да транспортираат течен руски гас наменет за трети земји. Грција е светска превозна сила, а ...
Исланд нема што да изгуби ако ги отвори преговорите за членство со Европската Унија, изјави францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро пред референдумот на Исланд за ова прашање. Исланѓаните ќе одлучат на 29 август дали да го продолжат процесот на пристапување што нивната влада го суспендираше во 2015 година, шест години откако земјата аплицираше за членство предизвикан од финансиската криза, објави Euronews. „Гласањето на 29 ...
Европската Унија уништува помеѓу четири и девет проценти од облеката што никогаш не е носена секоја година. Оваа практика не само што троши суровини, вода, енергија и трудот вложен во производството, туку генерира и огромни количини стакленички гасови. Според Европската комисија, уништувањето на непродадената стока предизвикува емисии од 5,6 милиони тони CO2 годишно, што е споредливо со годишните емисии на два до три милиони автомобили. За да ...
Прес конференција на Драгана Арсова, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ: Покрај унапредувањето на системот за социјална заштита, Владата продолжува со спроведување мерки насочени кон подобрување на условите за работа на вработените, поддршка на младите и креирање на долгорочни политики за демографски развој. Потпишан е нов Колективен договор, со кој платите на вработените во центрите за социјална работа во земјава се зголемени за 20%. Со ова се вреднува ...
Прес конференција на Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ СДС, Левица и ДУИ уште еднаш покажаа дека секоја можност за договор ја претвораат во нов политички конфликт. Наместо да придонесат за донесување на новиот Изборен законик, кој беше резултат на повеќемесечни разговори и усогласувања, тие одлучија повторно да создадат политичка криза таму каде што имаше простор за консензус. Иако им прифативме се што побараа, а тие барања за ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претседателката на Република Индија, Друпади Мурму, присуствуваа на церемонијата на откривање на бистата на Махатма Ганди во Музејот на Град Скопје, подарок од пријателска Индија и ја посетија Спомен-куќата на Мајка Тереза. Сиљановска-Давкова оцени дека бистата на Махатма Ганди, е израз на заемна почит и долгогодишно пријателство меѓу двете држави. Според неа, Махатма Ганди, како апостол на ...
Прес конференција на: Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ: Кога Валбон Лимани вели дека не чувствува никаква одговорност за скандалот со водата во Гостивар, СДС, ДУИ и Таравари молчат. Истите оние кои секојдневно зборуваат за отчетност и бараат оставки, денес не бараат ниту извинување, ниту политичка, ниту морална одговорност од својот кандидат Валбон Лимани. Очигледно, за СДС, ДУИ и Таравари одговорност постои само кога се работи за ...
Министерот за правда Јетон Шасивари оствари средба со амбасадорката на Кралството Холандија во Република Северна Македонија, Н.Е. Узлем Џанел, на која беше потврдена заедничката определба за интензивирање на соработката во спроведувањето на реформите во правосудството и зацврстувањето на владеењето на правото. „Правдата мора да биде видлива, ефикасна и еднакво достапна за сите. Затоа реформите во правосудството не се само европска обврска, ...
Професионалната јавна администрација не се гради само со закони. Таа се гради со јасни правила, објективни критериуми и алатки што секојдневно ќе се применуваат во институциите. Токму во таа насока, Министерството за јавна администрација, во партнерство со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, денес ја промовираше новата рамка за вработување заснована на заслуги, интегритет и компетенции, значаен чекор кон воспоставување модерен и професионален систем ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на седницата на Националниот совет за евроинтеграции предупреди дека ако состојбата со евроинтеграцискиот процес на Македонија остане „статус кво“, без напредок на европскиот пат, државата може да се соочи со губење на можноста да ги користи европските фондови во следниот повеќегодишен буџет на Европската Унија. Филипче порача дека стагнацијата нема да има само политички, туку и сериозни економски ...
Во Собранието се одржа 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции, на која беа претставени клучните аспекти на процесот на европска интеграција, со акцент на проширувањето на Европската Унија, реформските процеси и обврските на државата на патот кон членството. Седницата ја отвори претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, Венко Филипче, кој истакна дека целта е да се отвори конструктивна дискусија за актуелните аспекти на ...
Министерот за правда Јетон Шасивари и заменик на министерот за правда Ален Деребан остварија средба со амбасадорот и шеф на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, Михалис Рокас, на која беше разговарано за тековните реформски процеси во правосудството и напредокот на државата во евроинтегративниот процес. Министерот Шасивари ја истакна посветеноста на Министерството за правда кон спроведувањето на реформите во ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на прогласената кризна состојба во Гостивар и какви механизми и институционална помош ќе преземе Владата, изјави: „Денеска во 12:30 часот ќе имаме состанок со Управувачкиот комитет за кризни состојби, ќе се донесат одлуки. Важно е сега откако полека, но сигурно работата се презема, после летаргијата којашто ја имаше ...
На 21/22.07.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода лице (27), лице (31) од Скопје, лице (49) од Сингелиќ, скопско и 16-годишен малолетник од Делчево затоа што кај нив се пронајдени и одземени грутчеста материја, прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци. На 21/22.07.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од ...
Одделението за прекуграничен криминал миграции странци и реадмисија Куманово поднесе кривична пријава против С.С.Ф. (50) од Германија, К.С.(44) од Србија и против Х.Ф.А. (48) од Косово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа’’. На 18.07.2026 на Граничен премин Табановце, на влез во државата, пријавените на увид приложиле фалсификувана хрватска возачка дозвола, фалсификувана германска возачка дозвола ...
На 21.07.2026 во 14:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Ѓорче Петров“ и ул.„Македонски војски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Ш.Ш.(44) од с.Волково, скопско и патничко возило, кое го напуштило местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градска општа болница „8 Септември“ во Скопје. Извршен е ...
На 21.07.2026 во 17:00 часот во СВР Куманово, лекар од Итна медицинска помош пријавил дека кај со нив тешки телесни повреди бил донесен маж (65) од Куманово. Според пријавеното, тој со повредите се здобил при пад од зграда на булевар „Октомвриска револуција“ додека извршувал работни задачи. Тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На ...
На 22.07.2026 во 00:45 часот во с.Палатица, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Групчин ги лишиле од слобода лице(22) и лице(21), двајцата од с.Палатица, постапувајќи по претходна пријава дека на ул.„ЈНА“ во Тетово со остар предмет ги нападнале А.А.(24) и Б.А.(21), двајцата од с.Непроштено, при што Б.А. се здобил со тешки телесни повреди, додека А.А. со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Тетово. Тие се ...
Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година, кој Владата вчера го усвои по комисиската расправа во Собранието можеби изгледа како вообичаена финансиска операција со која се коригираат приходите и расходите на државата. Но, подеталниот поглед покажува дека зад бројките се крие многу поширока политичка и економска стратегија. Од министерството за финансии денеска го соопштија начинот на кој се распределуваат дополнителните средства кои ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски денеска, одговарајќи на новинарско прашање која е материјалната штета направена од вчерашното невреме во Скопје и дали Владата ќе помогне, истакна: „Никогаш оваа Влада не ги оставила граѓаните сами да се снаоѓаат. Јас им благодарам на институциите и на градоначалниците што во текот на вечерта и веднаш после епското невреме кое што вчера го зафати Скопје излегоа на ...
ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 13.07.2026 до 17.07.2026 зема 197 примероци за физичко-хемиска и 197 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 46 мерни места во Градот Скопје. ...
На граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје е запленет накит „Сваровски“ во вредност од 333 илјади денари, откако царинските службеници го открија при детална контрола на патничка на влез во државата. Станува збор за македонска државјанка која пристигнала со лет од Загреб, при што на влез во државата со намера да избегне плаќање увозни давачки, се упатила на зелениот наместо на црвениот канал. Патничката е селектирана за контрола од ...
Советничката група на Левица во Советот на Град Скопје ќе иницира свикување вонредна седница со единствена точка на дневен ред – формирање фонд за обештетување на граѓаните за штетите предизвикани од невремето на територијата на Град Скопје. Невремето што го погоди Скопје предизвика значителни материјални штети врз домови, возила и друг имот на граѓаните. Во вакви околности, Градот има обврска да обезбеди итна финансиска поддршка за граѓаните ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната седница на Националниот совет за евроинтеграции посочи дека последните извештаи на Европската Унија се сериозно предупредување за назадувањето на државата во клучните области – владеењето на правото, независноста на судството, борбата против корупцијата и слободата на медиумите. „Со жалење можам да констатирам дека се лоши последните извештаи од страна на Европската комисија, од сите ...
На 21.07.2026 во 12:25 часот на ул.„Партизански одреди“ во Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода С.С.(35) од Струмица поради сомнение за сторени кривични дела „криумчарење на мигранти“ и „фалсификување на исправа“. Имено, пријавениот бил затекнат како управува патничко возило „ауди а5“ со кавадаречки регистарски таблички , кои припаѓале на друго патничко ...
– Би сакал да ја искористам оваа можност да му честитам на директорот, на вработените во оваа здравствена установа, за работата која што ја работат и за сето она коешто го прават за да корисниците на услуги од оваа здравствена установа добијат достоинствени услуги, достоинствен третман, рече премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес конференција. Неговата целосна изјава во продолжение: Од 65-та наваму шајка не е закована, така што еве ...
На денешната седница е да поразговараме за повеќе аспекти на процесот на проширување на Европската Унија, кои се актуелни во изминатиот период, процесите кои со многу голема динамика се случуваат во Европската Унија. Проширувањето, како еден од врвните приоритети на што се става акцент од страна на Европската Унија во изминатите месеци, со конкретни чекори кои се случуваат и кои го развиваат скептицизмот, би рекол, посебно кај нас, нашите ...
Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: За разлика од кадарот на СДС, ДУИ и Таравари, во името на Валбон Лимани, кои освен што задоцнија со мерките и помошта на граѓаните, не се ни извинија и оградија од нивниот кандидат, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажа и докажа како треба да се справуваме во време на криза. Над 60 тони вода секојдневно гостиварчани добиваат за пиење и технички потреби од страна на СОЗР. Препораки и мерки за тоа што треба да се ...