Царински службеници од Царинската испостава Скопје 1 при Царинарница Скопје пронајдоа тројца илегални мигранти од Судан при детална контрола на стока која била пријавена за увозно царинење. „Стоката, со потекло од Кина, била натоварена во пристаништето во Солун по што камионот бил пломбиран со грчка пломба. Трите лица, државјани на Судан, ја скинале сајлата во предниот товарен дел од камионот и се скриле помеѓу кутиите. Ова е четврти случај ...

По повеќе од три децении најави и застои, железничкото поврзување на Македонија со Бугарија влегува во фаза во која проектот добива и конкретна финансиска конструкција и јасен план за реализација. Третата делница од Коридорот 8, од Крива Паланка до бугарската граница, е еден од најзначајните инфраструктурни проекти што треба да ја промени позицијата на земјата во регионалниот транспорт. Делницата е долга 22 километри, но нејзината изградба ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД имаат целосна контрола над стратешки важниот Ормутски теснец и дека ќе ја задржат. „САД имаат целосна контрола над Ормутскиот теснец. Мислам дека ќе ја задржиме“, напиша Трамп на „Truth Social“. Тој додаде дека американската поморска блокада ја нарекуваат „челичен ѕид“ и дека Иран не може ништо да направи против неа. Иран, од друга страна, тврди дека контролира поголем дел од пловниот пат ...

Летувањето во Грција се претворило во вистинска драма за едно српско семејство, кое тврди дека сопственик на вила ги исфрлил од сместувањето и им задржал 290 евра за преостанатите денови од престојот. Случајот анонимно беше објавен во Фејсбук-групата „Grčka Info“, каде авторката детално опиша што се случило, пишува „Телеграф.рс“. Според неа, сè започнало кога бебето на нивни пријатели, сместени во соседна вила во истиот двор, ненадејно се ...

Во белградската населба Звездара, ноќеска околу 3 часот одекнала силна експлозија, откако засега непознато лице фрлило експлозивна направа, дознава „Телеграф.рс“. Според првичните информации од теренот, најверојатно станува збор за рачна бомба М-75. Полицијата на местото на инцидентот разговарала со А.О. (24), жител на зградата пред која се случила експлозијата, кој и претходно бил евидентиран во полициските досиеја и бил осудуван. Тој во ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски утре ќе ја оствари својата прва официјална посета на Белград, соопшти кабинетот на српскиот претседател Александар Вучиќ. Деталите за посетата не беа откриени, а вчера, најавувајќи го доаѓањето на украинскиот шеф на државата, Вучиќ им рече на новинарите дека имаат „неколку теми“, вклучувајќи го и европскиот пат на Украина и Србија. „Се соочуваме со истите проблеми на тој пат, па верувам дека ќе ...

Холандски портал проанализира огромен број пакет-аранжмани за летување на Медитеранот. Бројките јасно ја покажаа исплатливоста на поместувањето на годишниот одмор од шпицот во август кон септември, а позицијата на Хрватска на оваа листа веднаш покрена прилично жестока дебата на интернет. Колку може да се заштеди доколку летувањето се помести од август за септември? Анализата на стотици илјади туристички понуди покажа големи разлики меѓу ...

Полициските службеници изминатите два дена констатираа 1.322 сообраќајни прекршоци, а 32 лица се уапсени за безобѕирно управување на возило. „Во текот на изминатите два дена (10/11.08.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, од вкупно 1.322 издадени платни налози, 400 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале ...

УХМР за наредните денови најави пороен дожд, грмежи и локално невреме. Утре и во петок наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени, информира УХМР. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со постепен пад на температурата./Извор:Makfax УХМР за наредните денови ...

„Деновиве слушаме: трета економија сме во Европа, први во туризмот, најдобри во авио-сообраќајот, најбрзо растечки плати и пензии. Фактите се поинакви. Потрошувачката кошница изнесува 70.000 денари. Минималната плата е 26.000 денари. Просечната плата е околу 49.000 денари“, велат од СДСМ. „На млад човек што нема стан му требаат околу 90.000 денари само за основни трошоци за живот. И сега народот „не разбира“. Мицкоски ќе ни нацрта на табла – ...

„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за две години започна процес на целосна модернизација на македонското здравство кое со години беше во лоша состојба застарена инфраструктура без опрема и многу наталожени проблеми. Владата на ВМРО-ДПМНЕ прави конкретни инвестиции во македонското здравство. Денес се реализираат проекти што создаваат подобри услови за пациентите и медицинските работници“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Во изминатиот период целосно се ...

Македонија бележи значителен напредок на Глобалниот индекс за сајбер-безбедност (National Cyber Security Index – NCSI), искачувајќи се за 29 позиции и достигнувајќи го 30. место меѓу 155 рангирани држави и територии, извести Министерството за дигитална трансформација. Со резултат од 84,17 поени од можни 100, државата се вбројува меѓу земјите со високо ниво на подготвеност за спречување сајбер-закани и за управување со сајбер-инциденти. ...

Според проценките на шпанските власти, околу 460.000 луѓе отпатувале во Шпанија за да го набљудуваат целосното затемнување на сонцето денес, а хотелите во таа земја објавија дека патници од многу земји од светот го резервирале својот смештај неколку месеци однапред. Се очекува дека повеќе од 300.000 од нив ќе се упатат кон градовите и селата во рурална Шпанија за да го бараат најдоброто место за набљудување на затемнувањето на сонцето, а ...

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, изврши увид во училиштето „Св. Кирил и Методиј“, каде што се изведува реконструкција на фасадата и замена на целокупното внатрешно осветлување. Овој капитален зафат, финансиран преку заем од Светска банка, ќе придонесе за значително зголемување на енергетската ефикасност на објектот. „На 190-годишнината од постоењето на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ инвестираме во негова целосна енергетска ...

Над 400 извештаи за загадена вода а Филипче и Младеновска со години молчеле, Гостиварци заслужуваат да знаат зошто СДС и Филипче ништо не превзеле, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Венко Филипче и Рената Младеновска со години молчеле и не превзеле никаков чекор иако знаеле за загадената вода во Гостивар. Над 400 извештаи за загадена вода им биле доставени а Филипче и Младеновска со години молчеле. Денес наместо одговорност Филипче се обидува да глуми ...

Претседателот на Русија, Владимир Путин, денеска се закани дека ќе заплени бродови од европските земји. Неговата објава е одговор на плановите за продажба на товар од пресретнати руски бродови што припаѓаат на таканаречената „флота во сенка“, објавува Euronews. Заканата беше поттикната од пресретнувањето на неколку бродови што превезуваат руска нафта, со што се прекршени европските санкции наметнати врз клучните извори на приходи на Москва. ...

Соопштение на Град Скопје: Со цел да се унапреди еднаквоста меѓу учениците и да се обезбедат подобри услови за образование, се воведува мерка за доделување бесплатни униформи за сите ученици запишани во прва година во средните училишта. Оваа мерка има за цел да ги намали социјалните разлики, да го олесни финансискиот товар на семејствата и да придонесе кон создавање училишна средина во која знаењето, трудот и успехот се единствените ...

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги укажува на сериозноста на содржината на коментарите објавени на официјалната Фејсбук страница на новинарот и колумнист Ерол Ризаов, во кои се упатуваат сериозни закани, повици за физичко насилство и навреди по основа на етничка припадност. Во дел од коментарите се содржани повици за физичко пресметување со новинарот, вклучително и пораки со кои се повикува на негово елиминирање и смрт. ...

Постојат одлуки што ја менуваат смислата на зборот „живот“. Одлуки донесени во најтешките мигови, кога болката е најголема, а срцето сепак избира да даде согласност. Токму таква одлука, донесена од едно семејство минатиот месец, денес значи нов почеток за двајца пациенти. Со нивната хумана согласност за органодарителство, беше извршена трансплантација – и два живота добија нов, квалитетен продолжеток, соопшти Министерството за здравство. ...

Колку јавноста навистина е запознаена со сите факти поврзани со случајот „Мазут“, кој со месеци е една од главните теми во македонските медиуми? За да се добие целосна слика, потребно е случувањата да се разгледаат хронолошки, преку официјалните извештаи, вештачењата, исказите на сослушаните лица и економските показатели од периодот кој беше предмет на истрагата. На 9 ноември 2021 година Владата прогласи кризна состојба во снабдувањето со ...

Веќе пет недели граѓаните на Гостивар се трујат. Водата не е безбедна за пиење. Луѓето стојат во редици за пластични шишиња. Деца, стари, болни – сите се соочуваат со основен проблем: чиста вода, велат од СДСМ. Обвинија дека премиерот ниту еднаш не отишол во Гостивар од појавата на епидемијата. „Отруена е и болницата, пациентите се префрлени во друг град. Има епидемија на жолтица, нема лекари и медицински техничари. Во тие пет недели ...

Претседателот Володимир Зеленски изјави дека за прв пат во својата историја, Русија не може да води војна без поддршка од Северна Кореја. Тој предупреди дека Москва, исто така, му помага на Пјонгјанг да го подобри своето оружје и борбени способности. Зеленски рече дека Москва се подготвува да распореди дополнителен севернокорејски воен контингент на руска територија и дека добила нова пратка балистички ракети од Пјонгјанг, објави „Киев пост“. ...

Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделник потпиша извршна наредба со која се бара намалување на бројот на вакцини препорачани за деца, ограничувајќи го распоредот за вакцинација на 11 вакцини. Нов распоред за вакцинација и поделба на MMR вакцината Наредбата, исто така, препорачува поделба на комбинираната вакцина против мали сипаници, заушки и рубеола (MMR) на три одделни дози што ќе се даваат за време на одделни посети на лекар. ...

Периодите на екстремна топлина стануваат сè почести, поинтензивни и подолготрајни, бидејќи климатските промени ја затоплуваат планетата, објави денес метеоролошката агенција на ОН. Таа потсети дека значајните промени започнале со жешкото лето во Европа во 1976 година. Делови од Европа го поминуваат својот петти топлотен бран ова лето, со суша, шумски пожари и рекордно високи температури. „Екстремните топлотни бранови стануваат сè почести, ...

Сириски суд денес го осуди поранешниот претседател Башар ал-Асад на смртна казна откако го прогласи за виновен за воени злосторства и злосторства против човештвото извршени за време на граѓанската војна. Братучедот на Асад, Атеф Наџиб, исто така, е осуден на смрт во истиот судски процес. Судот го смета за одговорен за репресијата во јужната покраина Дара, која му претходеше на востанието и последователната граѓанска војна. Наџиб ја слушна ...

Спасувачите во Колумбија извлекоа бебе од урнатините на станбена зграда што се урна по катастрофалниот земјотрес со јачина од 7,4 степени што го погоди западниот дел од земјата во понеделникот. Еден од спасувачите рече дека бил на околу еден и пол блок од зградата кога се урнала. Потоа еден човек извикал од купот бетон, велејќи дека е заробен со бебето. Неколку луѓе почнале да отстрануваат делови од урнатините со рацете за да стигнат до ...

„ВМРО-ДПМНЕ ги исполнува ветувањата пред граѓаните. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги реализира ветувањата и работи во интерес на сите граѓани. За две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „ВМРО-ДПМНЕ во предизборието ветуваше дека ќе обезбеди линеарно зголемување на пензиите од 5.000 денари. Ветено, реализирано. И наместо 5000 денари Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ испорача ...

Односите меѓу Шпанија и Италија сериозно ескалираа откако двете членки на Европската Унија меѓусебно си воведоа гранични контроли, а последиците од дипломатскиот спор веќе ги чувствуваат патниците. Италијанскиот министер за надворешни работи, Антонио Тајани, ја оцени одлуката на Шпанија за воведување противмерки и сукцесивни проверки за патниците од Италија како „несфатлива и целосно неприфатлива“. Овој потег на Мадрид следуваше откако Рим од ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека засега е подготвен да го засили економскиот притисок врз Иран, наместо да нареди нова голема воена офанзива. Тој рече дека преговорите меѓу Вашингтон и Техеран се одвиваат „полуинтензивно“ и дека САД ја следат тешката економска состојба во Иран, кој се соочува со огромна инфлација и недостиг на пари. Трамп додаде дека американската поморска блокада дополнително ја влошила економската криза во ...

Рускиот претседател, Владимир Путин, подготвува тајна мобилизација од големи размери и планира да распореди десетици илјади севернокорејски војници на руска територија, предупреди украинскиот претседател, Володимир Зеленски. Зеленски рече дека Путин бара начини да го зголеми бројот на војници без официјално да прогласи мобилизација бидејќи, според него, сè уште не успеал да обезбеди победа во Украина. „Размислува како да го измами сопствениот ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
75%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
76%
1026
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
63%
1028
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
84%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
87%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 6ᴼ
0.51
86%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

15ᴼ / 13ᴼ
1.54
63%
1022
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
4.12
65%
1029
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
61%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Бакар

12.58

Алуминиум

3.07

Кобалт

33.53

Паладиум

32279.35

Рутениум

61086.42

Платина

49319.25

Калај

46.54

Родиум

295786.87

Цинк

3.76

Злато

130856.75

Иридиум

315077.32

Сребро

1670.34