Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини континуирано ја следи состојбата во регионот и во Европа, како и домашните хидролошки показатели. Според расположливите податоци, состојбата во Македонија е стабилна и во моментов не постојат индикации дека ниските водостои во Европа претставуваат ризик за сигурноста на домашното производство на електрична енергија, соопшти Министерството. „Министерството, заедно со АД ЕСМ, АД МЕПСО ...
Товарен брод е погоден од „неидентификуван проектил“ во Ормускиот теснец покрај брегот на Оман, соопшти Агенцијата за поморски трговски операции на Велика Британија (UKMTO). Инцидент покрај брегот на Оман Инцидентот се случил околу 37 километри североисточно од оманскиот град Хасаб, објави UKMTO, без да даде детали за штетите или повредите на екипажот, истакнувајќи дека истрагата е во тек. Иранската влада побара бродовите да пловат низ ...
Пожарот во атарот на селото Раец во Кавадаречко, кој избувна синоќа на пет локации, повторно се разгори поради високите температури и силниот ветер, соопшти градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Тој нагласи дека сите расположливи екипи се на терен и вложуваат максимални напори за локализирање на огнената стихија. Пожарникарите и екипите на терен цела ноќ се бореле со огнот на исклучително непристапен терен и успеале да ги локализираат ...
Во периодот од 01.07.2026-31.07.2026 како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, од вкупно 20976 издадени платни налози, 4241 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење, извести МВР. „Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 496 лица, од кои 81 за возење под дејство на алкохол, ...
Советот на Општина Ѓорче Петров денес одржа вонредна седница на која беа донесени две одлуки насочени кон справување со последиците од природни непогоди и изразување солидарност со погодените граѓани. Советот донесе Одлука за формирање Комисија за процена и утврдување на висината на штетата настаната од природни непогоди и други несреќи. Комисијата ќе биде надлежна за процена на штетите на територијата на Општина Ѓорче Петров, нивно ...
Министерството за здравство соопшти дека нема нови лабораториски потврдени случаи на западнонилска треска. Според информациите од Институтот за јавно здравје, последните примероци од суспектните случаи биле негативни на ПЦР-тестирањето. Од Министерството информираат и дека на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби нема новопримени пациенти со сомнение за западнонилска треска. Министерството за здравство наведува ...
Русија и Северна Кореја го привршуваат новиот патен мост меѓу двете земји, кој официјално е наменет за зајакнување на трговијата, но во Украина стравуваат дека би можел да се користи за транспорт на севернокорејски војници и оружје, пренесува Дојче веле. Мостот се гради во близина на единствената копнена граница меѓу двете земји и е дел од договорот за стратешко партнерство што Москва и Пјонгјанг го потпишаа во 2024 година. Украинската ...
Иран денеска соопшти дека во моментов нема преговори со Соединетите Американски Држави, ниту се планирани какви било средби, демантирајќи ги тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп. Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи, изјави дека нема закажани разговори со Вашингтон и дека Иран во наредните денови нема да прима странски делегации ниту ќе испраќа свои преговарачи во странство. Според него, ...
Бројот на жртви од двата земјотреси што ја погодија Венецуела во јуни се искачи на 6.125, објави вчера претседателот на венецуелскиот парламент, Хорхе Родригез. Според податоците објавени од Родригез на Телеграм, речиси 61.000 луѓе добиле медицински третман во болниците. Тој додаде дека досега се отстранети 16,5 проценти од урнатините оставени од земјотресот. Привремената претседателка Делси Родригез повеќе пати го бранеше начинот на кој ...
Брифингот на министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати, претставува типична програмска комуникација карактеристична за почетната фаза од еден министерски мандат. Текстот е конципиран врз административен и нормативен дискурс, во кој доминираат концептите на „стратегиски пристап“, „институционални капацитети“, „партнерства“, „транспарентност“ и „инклузивност“. Од аспект на политичката комуникација, пораката има за цел да создаде ...
Земјотрес со локална магнитуда од 2,5 степени според Рихтеровата скала синоќа во 21:54 часот е регистриран во скопското епицентрално подрачје, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Според Опсерваторијата, земјотресот бил почувствуван од жителите на Скопје и околината, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала. Од Сеизмолошката опсерваторија ги повикуваат граѓаните кои ...
Министерството за здравство информира дека епидемиолошката состојба во Гостивар останува стабилна и континуирано се следи од надлежните здравствени институции. Во текот на 2 август се регистрирани вкупно 84 први прегледи, што е за 27 повеќе во споредба со претходниот ден, кога беа евидентирани 57 прегледи. И покрај дневното зголемување, како што велат од Министерството, бројот на прегледи останува значително понизок во однос на пикот од 18 ...
Најмалку 18 Палестинци загинаа во новите израелски напади врз Појасот Газа, соопштија палестински медицински извори. Нападите биле извршени врз Газа, Деир ал Балах и Кан Јунис, а меѓу загинатите има и деца. Палестинските служби наведуваат дека во нападите биле погодени куќи и шатори во кои биле сместени раселени лица. Израелската армија соопшти дека нападот во Деир ал Балах бил насочен кон двајца команданти на елитната единица „Нухба“ на ...
Мароканските власти соопштија дека 11 лица загинале минатата недела при обидите да влезат во шпанската енклава Сеута. За масовниот прилив на мигранти, кој прерасна во дипломатски спор во рамките на Европската Унија, мароканското Министерство за внатрешни работи ги обвини дезинформациите што се ширеле на социјалните мрежи. Бројките што ги соопштува Мароко значително се разликуваат од шпанските податоци, според кои загинале најмалку 72 лица, ...
Американските астронаути Реид Вајзман, Виктор Гловер и Кристина Кох и канадскиот астронаут Џереми Хансен се вратија на Земјата. Капсулата на мисијата „Артемис 2“ помина низ Земјината атмосфера и безбедно слета во Тихиот океан по речиси 10 дена во вселената. Тие го направија првото патување на човечки екипаж во близина на Месечината по повеќе од половина век и отпатуваа подлабоко во вселената отколку кој било пред нив. Капсулата „Орион“ на ...
Шпанската енклава на северот од Африка, последниве денови се соочува со досега невиден мигрантски бран. Се проценува дека меѓу 50.000 и 60.000 луѓе од Мароко влегле во градот, главно преминувајќи ја копнената граница или препливувајќи ги морските пречки поставени долж границата. Четириесет и четиригодишниот Мароканец и татко на четири деца, Јусеф Ел Абас, пред четири дена ја видел шансата да си го врати животот што го изгубил пред седум ...
Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека денеска попладне ќе почнат нови преговори со Иран, откако, како што рече, ги откажал планираните масовни напади врз земјата, пренесува Би-Би-Си. „Знаеа колкав ќе биде нападот бидејќи видоа дека се подготвува. Зборуваме со нив во форма на преговори“, им изјави Трамп на новинарите во претседателскиот авион. Тој на социјалната мрежа „Тру соушал“ објави дека Иран и американските сојузници на ...
Во украински напад со дрон врз руската погранична област Белгород загинало 13-годишно девојче, а две деца се повредени, соопшти вршителот на должноста гувернер на регионот, Александар Шаваев. Според него, дронот погодил подрачје во близина на детско игралиште во селото Принцевка, во близина на украинската граница. Лекарите, како што наведе, не успеале да го спасат животот на девојчето, додека две девојчиња на возраст од седум и девет години ...
Поправките на лансирната рампа на „Блу Ориџин“, оштетена од експлозијата на џиновската ракета „Њу Глен“ за време на тест на моторот минатата недела, „ќе траат долго“, веројатно до 2028 година, изјави администраторот на НАСА, Џаред Исакман, за CNBC. Моќната двостепена ракета „Њу Глен“ експлодираше и еруптираше во огнена топка во четврток додека беше прикачена на лансирната кула за време на рутински статички тест, подготвувајќи се за својот ...
Во текот на ноќта, Русија започна голем напад врз Украина со десетици балистички и крстосувачки ракети и стотици беспилотни летала. Киев, Лавов, Криви Рих и Полтавската област беа погодени, а експлозиите одекнаа на крајниот запад од земјата, стотици километри од бојното поле. Според досега објавените податоци, најмалку осум лица загинаа, меѓу кои две деца, додека најмалку 30 лица се повредени. Бројот на жртви може да се зголеми додека ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека на состанокот во Белата куќа во вторникот, побарал од американскиот претседател Доналд Трамп „итна зимска помош“ од 300 пресретнувачки ракети за американските противвоздушни одбранбени системи „Патриот“, со цел да се заштити енергетската инфраструктура од руски напади, објави американската веб-страница „Аксиос“. Без нови испораки пред зимата, руските напади би можеле да уништат ...
Неидентификуван објект се урна рано утрово на територијата на Полска, членка на НАТО, предизвикувајќи силна експлозија, додека Русија извршуваше масовни ракетни напади врз Украина. Како што објавува CNN, објектот паднал во близина на селото Тарнава-Колоња во Лублинското војводство, на околу 95 километри од украинската граница. Оперативната команда на полската армија објави дека објектот бил забележан во полскиот воздушен простор околу 3:40 ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека е постигнат договор за целосно разоружување на Хамас и сите други вооружени групи во Газа. Договорот е дел од мировниот план од 20 точки што беше објавен минатата година, а Трамп го објави на социјалните медиуми во четвртокот, пишува ABC News. „Овој договор е клучен чекор кон конечното управување со Газа од нова палестинска влада што ќе соработува тесно со Комитетот за мир за да му помогне на ...
Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани изјави дека сака да ја суспендира Шпанија од Шенген зоната на слободно движење, откако стотици мигранти нелегално пристигнаа во шпанската енклава Сеута во Мароко. Го поддржувам затворањето на Шенген зоната со Шпанија, напиша Антонио Тајани на социјалната мрежа Икс, додавајќи дека ја осудува „нерегуларната и неконтролирана имиграција“, пренесува „Хина“. Мигрантите ја преплавија ...
Ова лето во популарното италијанско одморалиште Кавалино-Трепорти е на сила забрана за одење во костими за капење надвор од плажа. Оние кои шетаат по улиците и плоштадите во бикини или без кошула ризикуваат казна, а локалната полиција веќе започна со проверки кои ќе траат цело лето. Според италијанската агенција „Анса“, локалната полиција веќе издала десетина казни. Градоначалничката Роберта Несто ги најави зголемените проверки на социјалните ...
Џакарта, главниот град на Индонезија и еден од најголемите градови во светот, полека исчезнува пред очите на своите жители – земјата под градот тоне сè побрзо и побрзо секоја година. Во некои делови од Северна Џакарта, земјиштето тоне и до 25 сантиметри годишно, поради што околу 40 проценти од градот е веќе под нивото на морето. Ова е проблем што трае со децении, а последиците стануваат сè повидливи. Многу згради се навалуваат, патиштата се ...
Идејата на американскиот државен секретар Марко Рубио за трајно намалување на зависноста од Ормутскиот теснец повторно ја отвори дебатата за тоа дали светот може да најде алтернативни правци за транспорт на нафта и природен гас. Иако Вашингтон ја претставува оваа визија како долгорочна стратешка цел, економските и геополитичките аналитичари предупредуваат дека целосно заобиколување на Ормутскиот теснец е практично невозможно во догледна ...
Земјотрес со магнитуда од 5,3 степени рано утринава го погоди североисточниот дел на Египет, соопшти турската Управа за катастрофи и вонредни состојби (AFAD). Потресот бил регистриран околу 3 часот по локално време во покраината Исмаилија, на длабочина од 5,47 километри. Локалните медиуми јавуваат дека земјотресот бил почувствуван во повеќе градови, вклучително и во Каиро. Египетската Црвена полумесечина соопшти дека засега нема информации за ...
Грчките царински служби денеска ќе штрајкуваат, поради што се очекуваат големи гужви на граничните премини Евзони, Дојран и Ники. Патниците што патуваат во Грција или се враќаат од таму треба да очекуваат бавен сообраќај и подолги застои на одредени гранични премини поради штрајкот на грчките царински служби. Според достапните информации, прекинот на работата се однесува на премините Евзони, Дојран и Ники. На премините Евзони (Богородица), ...
Жените во Црна Гора со дијагностицирана секундарна дисменореја ќе имаат право на два платени слободни дена месечно. Парламентот ги усвои измените во Законот за здравствено осигурување со кои ова право добива законска основа. Мерката се однесува на силни менструални болки предизвикани од утврдени здравствени состојби, меѓу кои ендометриоза, миоми, полипи и други органски причини. За користење на отсуството ќе биде потребна медицинска ...