Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Прес конференција на Емилија Ангелова, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ: Образованието повторно е приоритет на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. По години на хаос, доцнења и неизвесност, денес системот функционира навремено и во интерес на учениците и наставниците. Втора година по ред, учебниците за сите одделенија ги дочекаа учениците уште на првиот училишен ден. За разлика од претходните седум години, кога имаше учебни години без отпечатени учебници, ...
Мобилен тим од Одделението за оперативни работи спречи обид за криумчарење на две илјади парчиња вијали со медицински раствор „Гадонанс“, кои косовски државјанин, возач на товарно моторно возило, сакал да ги криумчари криејќи ги во кабината на возилото. Со оваа акција Царинската управа јасно ги покажува своите напори кон заштита на здравјето на граѓаните, спречувајќи небезбедни медицински препарати да стигнат до нив. Вијалите се запленети, а ...
Соопштение на Левица: Со истекот на рокот за донесување на новиот Изборен законик, власта повторно ја убедува јавноста дека Македонија изгубила околу 4 милиони евра европски средства поради Левица. Но, целосно се премолчува една многу поважна последица од пропаѓањето на реформата. Со тоа што останува во сила постојниот Изборен законик, повторно останува и системот на платено политичко рекламирање, преку кој најголемите политички партии ќе ...
На 15.07.2026 во 15:20 часот во с. Форино, гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар лишиле од слобода, лице (38) и лице (43), двајцата од с.Семениште, општина Сарај. При преглед во патничко возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, во кое се наоѓале лицата, пронајдена е кеса со бела прашкаста материја. Возилото е одземено, а по документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. На 15.07.2026 во 15:20 часот ...
На 15.07.2026 околу 22:00 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје на ул. „Јадранска магистрала“ во Скопје, го лишија од слобода косовскиот државјанин Р.Е. (24). Претходно, на Граничниот премин Блаце, додека царински службеник вршел преглед на неговото патничко возило „бмв“ со косовски регистарски ознаки, Р.Е. го стартувал возилото, го оттурнал и го влечел неколку метри царинскиот службеник со возилото, ...
Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе обвиненија против вкупно шест лица за повеќе дејствија на продолжени кривични дела – Фалсификување исправа од член 378, Злоупотреба на лични податоци од член 149 и Компјутерска измама од член 251-б од Кривичниот законик. Против вкупно 33 лица е поднесен Предлог за издавање казнен налог до надлежен суд за кривично дело – Компјутерска измама од член 251-б став 1 во ...
Невреме проследено со пороен дожд, грмежи и засилен ветер има северно од Штип, Гостивар и Македонски Брод! Правецот на движење е од север кон југ. Претходно, беше објавено за во планинските предели северозападно од Скопје проследена со пороен дожд и грмежи! Нестабилност има и во Полошкиот регион, Овче Поле и западно од Струга. Невреме проследено со пороен дожд, грмежи и засилен ветер има северно од Штип, Гостивар и Македонски Брод! Правецот ...
Санацијата на свлечиштето на патот за “Tефериџ” во Кисела Вода го презема Министерството и очекувам следната недела да распишеме тендер за санација и стабилизација, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски. “ Toa e еден голем, исклучително сериозен проблем, имајќи предвид дека се работи за сериозно свлечиште. Гледате дека со автопатите, особено на Охрид – Кичево, стекнавме едно такво искуство. ...
Прес конференција на Биљана Кузманоска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ: Во тек е јавниот повик на Владата за „Поддршка за креирање на нови работни места“, кој е насочен кон македонските компании кои сакаат да го прошират и развијат бизнисот, преку отворање нови работни места. Првата подмерка од овој повик е „Вработување и раст на правни субјекти“ преку која финансиски ќе се поддржат компании за вработување на вкупно 1385 лица со по 160.000 до 250.000 ...
Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка и членка на Извршниот одбор: Има ли поголем доказ за она што СДСМ го говори со месеци за смислената партизација, за постепено, чекор по чекор преземање контрола од страна на власта. Има ли поголем доказ зошто не се спроведувата реформи во правосудството? Се потврди сѐ. Зад игрите со предметот „Талир 2“ стои сценарио за да се спречи конфискацијата на криминално стекнатиот имот на ВМРО и ...
На 15.07.2026 во 22:00 часот во Полициската станица Валандово е пријавено дека на општински пат кон село Чалакли, валандовско, настанал пожар на патничко возило „голф“ со валандовски регистарски ознаки, во движење, управувано од лице(30) од село Башибос, валандовско. Од пожарот била зафатена и нива засадена со тутун, лоцирана покрај патот. По интервенција на ТППЕ Валандово пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. На 15.07.2026 во 22:00 ...
Прес конференција на Валентин Манасиевски од ВМРО ДПМНЕ: Провидна е играта на опозицијата. СДС, Левица и ДУИ на следниот изборен циклус сакаат да се претстават како жртви и оштетени, затоа и не се донесе Изборниот законик. Стравот од поразот на изборите кој е повеќе од евидентен, направи овие три политички партии да се здружат и да го блокираат еден од најважните закони за политичките партии. Иако како никогаш досега имаше простор за ...
Постојат простори што не можат да се измерат со далечини, ниту да се опфатат со поглед. Простори што живеат во зборот, во сеќавањето, во мигот кога поезијата го отвора патот кон невидливото. Токму во таков простор – бесконечен, таинствен и повеќезначен – Зоран Анчевски ги поведе читателите со својата нова поетска збирка „Длабок простор“, која беше промовирана вчеравечер (16 јуни), во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“. Во суштината ...
Инспекциските служби од Општина Карпош презедоа акција за спроведување на двосменски дежурства, во насока на превентивна контрола при одлагање на кабаст и несоодветен отпад во контејнерите на ЈП „Комунална Хигена“. Оваа иницијатива произлезе од координативниот состанок кој претходно го организираше Град Скопје и општините во градот Скопје, каде беше договорено да се организираат вакви дежурства. За време на акцијата, дежурните инспекциските ...
Општина Аеродром ги поканува граѓаните да присуствуваат на свеченото испраќање на учесниците на 48. Традиционален Илинденски коњички марш, што ќе се одржи во пресрет на одбележувањето на големиот државен празник – 2 Август, Илинден во организација на Здружението на граѓани „Илинденски марш 1978“. На 27 јули (понеделник), со почеток во 18:00 часот, од дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче, околу 40 коњаници, меѓу кои и пет ...
На пистата во касарната „Гоце Делчев“ во општина Аеродром, се одржа постројување на доброволните пожарникари од сите активни доброволни противпожарни друштва во Македонија. Со постројувањето беше утврдена реалната бројка на доброволни пожарникари кои се подготвени организирано да учествуваат во гаснењето на летните пожари на отворен простор како дел од Тимовите за брз одговор на Дирекцијата за заштита и спасување. Пред доброволните ...
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, изјави дека оваа сезона Дирекцијата е подготвена како никогаш досега за справување со пожарите. „Што се однесува до нашата подготвеност за справување со пожари, оваа сезона сме подготвени како никогаш досега. Поради опасноста од пожарите Владата оваа година благовремено прогласи кризна состојба уште од 1 јули со што на располагање ги имаме сите механизми на кризната состојба ...
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и услови за локално невреме. Максималната температура ќе биде во интервал од 31 до 39 степени. Сончево и топло, а попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Променливо облачно со сончеви ...
Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со политики што носат конкретни резултати, повеќе инвестиции, повеќе можности за компаниите и повеќе нови работни места за граѓаните. Во рамки на Оперативниот план за вработување за 2026 година е објавен вториот јавен повик, финансиска „Поддршка за креирање на нови работни места“, со буџет од 332.650.000 денари, односно околу 5,4 милиони евра. СДС и ДУИ со години наназад ...
Соопштение на СДСМ: ВМРО-ОКГ повторно плаши дека граѓаните ќе изгубат 4,2 милиони евра од ЕУ поради Изборниот законик. Заради политиката на изолација држава, ВМРО-ОКГ, Македонија не губи 4 милиони, туку милијарди евра. Со блокирање на реформите и европскиот пат, граѓаните се лишуваат од огромни европски фондови и инвестиции кои би ја подобриле економијата и животниот стандард. За споредба, Црна Гора веќе си обезбеди над 3,2 милијарди евра од ...
Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Тоа што не се донесе Изборниот законик е доказ дека СДС, Левица и ДУИ, го блокираат напредокот на државата, а политичките игри им се пред интересот на граѓаните. Недонесувањето на новиот Изборен законик е уште еден доказ дека СДС, Левица и ДУИ се подготвени да го блокираат секој процес што значи напредок за државата, само заради сопствени политички интереси. Изборниот законик не е прашање на дневна политика, туку ...
Соопштение на СДСМ: Горивата повторно поскапеа, дизелот за 5,5 денари по литар. Ова е продолжение на кризата, за што СДСМ со месеци зборува, алармира и бара владата да воведе мерки за заштита на стандардот на граѓаните. Владата на Христијан Мицкоски не направи ништо и не воведе мерки кои би го ублажиле ударот врз граѓаните. Без разлика дали тоа е поради неспособност или намерно – граѓаните сепак ја плаќаат цената. За 10 илјади денари е ...
На 14.07.2026 во 22:05 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода маж(48) од Струмица. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени пакувања со кокаин, хероин и марихуана, 400 семки канабис, шприц исполнет со течност, дигитална вага со остатоци од прашкаста материја и други предмети. Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот, ...
На 14.07.2026 во Полициската станица Струмица е пријавено дека настанал пожар во атар на село Мокриево, струмичко. Од страна на ТППЕ Струмица пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. На 15.07.2026 бил извршен увид од страна на инспектор од Дирекција за заштита и спасување и екипа на СВР Струмица, при што било утврдено дека од пожарот се опожарени ниви засадени со јапонски јаболка, круши и костени. На 14.07.2026 во Полициската станица ...
Унгарија и ја затвора вратата на Русија и сè повеќе се усогласува со своите сојузници, изјави унгарскиот министер за одбрана Ромулуш Русин-Сенди на Конференцијата за енергетика и безбедност во Будимпешта. „Им ја затвораме вратата на Русите“, рече Рушин-Сенди, додавајќи дека „е потребно да се земат предвид интересите и вредностите на земјата и нејзините сојузници“. Унгарската влада, предводена од премиерот Петер Маѓар, зазеде проевропска ...
Куба вчера доживеа уште еден целосен колапс на националниот електроенергетски систем (SEN), оставајќи го целиот остров без струја. Ова е трет ваков инцидент за помалку од две недели, а доаѓа во време кога ембаргото за нафта на САД врши голем притисок врз мрежата на островот, објавува Euronews. Државната компанија „Електропривреда“ објави дека проблем во производствена единица во источната покраина Холгин предизвикал „ненадејна промена на ...
67-годишен Тираносаурус беше продаден на аукција на „Сотбис“ во Њујорк за 37,4 милиони фунти (50,1 милиони долари), што го прави најскапиот диносаурус некогаш продаден. Фосилот на овој познат предатор е висок повеќе од четири метри, а со зачувани повеќе од 60 проценти од неговите коски, тој е еден од „најкомплетните“ примероци пронајдени некогаш, објави „Сотбис“. Името на победничкиот понудувач на аукцијата одржана вчера сè уште не е ...
Шпанските власти потврдија по обдукциите дека дванаесет од тринаесетте жртви на смртоносниот шумски пожар што ја опустоши Андалузија биле странски државјани. Пожарот избувна минатиот четврток во живописната југоисточна покраина Алмерија, популарна меѓу странските жители по должината на медитеранскиот брег, пишува Euronews. Во официјалното соопштение се наведува дека седум жртви се од Обединетото Кралство, три од Белгија и по една од Франција ...
Украинските сили за беспилотни системи (USF) извршија напад врз руската „флота во сенка“ во близина на окупираниот Крим синоќа, погодувајќи 20 бродови. Нападот, кој се случил ноќта помеѓу 14 и 15 јули, го пријавил командантот на USF Роберт „Маѓар“ Бровди, пишува „Украинска правда“. Според објавените детали, погодените 20 бродови вклучуваат 17 танкери за нафта, два танкери за гас и еден реморкер. Ова е продолжение на кампањата на Украина ...
Претставничкиот дом на САД вчера гласаше за воведување трајно летно сметање на времето, усвојувајќи закон наречен Sunshine Protection Act. За предлог законот гласаа 308 пратеници, а 117 „против“. Пратениците од двете партии го поддржаа законот, со кој ќе се елиминира потребата Американците да ги менуваат часовниците двапати годишно и наместо тоа ќе се одржи сегашното време од март до ноември, познато како трајно летно сметање на времето, ...