Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Во попладневните и вечерните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северозападен правец. Утринските температури ќе се движат од 11 до 20 степени, додека дневните ќе достигнат од 31 до 38 степени. Најтопло ќе биде во југоисточните делови од ...
Министерството за здравство континуирано ја следи епидемиолошката состојба на подрачјето на Гостивар и согласно последните податоци од јавните здравствени установи информираме дека од вчерашниот ден се забележува почетно намалување на бројот на новопрегледани пациенти со симптоми на гастроентероколит, односно пациенти кои првпат побарале лекарска помош. Кумулативно, во Општа болница Гостивар досега се евидентирани 1.554 пациенти, а во ...
Општина Центар ја реализира првата фаза од проектот за партерно и хортикултурно уредување на улицата „Даме Груев“, кој го опфаќа потегот од Зеленото пазарче до улицата „Македонија“, како и делот од улицата „Македонија“ до Собранието на Република Северна Македонија. Во рамки на оваа фаза се уредуваат јавните површини и се поставува нова урбана опрема, со што овој дел од централното градско подрачје добива помодерен, пофункционален и поуреден ...
Во текот на изминатиот викенд (18/19.07.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, од вкупно 1415 издадени платни налози, 298 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 58 лица, од кои седум за возење под дејство на алкохол, 28 ...
Од денеска (20.07.2026) до 23.07.2026 во официјална посета на Република Северна Македонија ќе присуствува Претседателката на Република Индија, г-ѓа Друпади Мурму. Од тие причини СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Град Скопје. СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ...
На 18.07.2026 во 23:50 часот во Полициско одделение Нов Дојран, волонтер од Црвен крст пријавил дека две малолетни деца од „Мал групен дом“ во Кавадарци на возраст од 12 и 13 години се оддалечиле од хотелот во Дојран во кој престојувале на летување организирано од Центар за социјални работи. Се преземаат мерки за пронаоѓање на децата. На 18.07.2026 во 23:50 часот во Полициско одделение Нов Дојран, волонтер од Црвен крст пријавил дека две ...
На 19.07.2026 во 13:40 часот во Полициската станица Бит Пазар, М.Ш.(56) од Косово пријавил дека неговата сопруга Ф.Ш.Т., нејзиниот брат У.Т. и неговата сопруга Џ.К. се исчезнати, односно не можел да стапи во контакт со нив откако на 18.07.2026 во 22:15 часот заминале со возило од Меѓународниот аеродром Скопје. Веднаш по пријавата за исчезнати, екипи од СВР Скопје од ЕВР Чаир, Центар, и Единицата за интервентна полиција извршија пребарување на ...
Полициски службеници од ПС Гостивар во координација со Основното јавно обвинителство Гостивар лишија од слобода три лица во врска со сомненијата за загадување на водата во гостиварскиот водовод. Лишени од слобода се А.А. од с.Здуње – в.д. Директор на ЈП „Комуналец“ Гостивар, В.Д. од с.Форино шеф на „Водовод и канализација и Л.Н. од с.Вруток – технички директор на ЈП „Комуналец“ Гостивар. Надлежните институции продолжуваат да преземаат ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против четири правни лица од Пробиштип, нивните сопственици и управители лице (60) од Штип, лице (63) од Пробиштип, лице (50) од Пробиштип, лцие (58) од Пробиштип, како и И.П. од Пробиштип, вработен во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија – Центар за вработување Пробиштип поради постоење основи на сомнение за сторени продолжени кривични ...
На 20.07.2026 во 03:15 часот во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат Јажинце-Тетово, во с.Порој, тетовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Р.Р.(55) од с.Слатино и патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Е.Н.(39) од с.Порој. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во Клиничка ...
На 19.07.2026 во 15:40 часот на ул.„Никола Парапунов“ во Гостивар, полициски службеници лишиле од слобода 16-годишник од Гостивар поради основано сомнение за сторено кривично дело „одземање моторно возило“. Претходно, во 12:10 часот, А.С.(26) пријавила дека во текот на ноќта од кеј „Вардар“ било одземено патничко возило „фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки, сопственост на нејзиниот сопруг З.С.(31). Возилото со видливи ...
Прес конференција на Велика Стојкова Серафимовска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ: По седум години, културата и туризмот повторно се во фокусот на Владата, со јасна цел повторно да бидат препознатливо обележје и двигател на развојот на Македонија. Особено значајно во оваа насока е зголемувањето на средствата за Годишната програма во културата, па така од доделени 768 милиони денари во 2023 година се зголеми на 1 милијарда и 71 милион денари во 2026 ...
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање дали има нови информации што се случува во моментот во Општина Гостивар со оглед на тоа дека е прогласена епидемија и дали тој смета дека има морална одговорност кај некои од функционерите, изјави: „Ние како институции во рок од два дена си ја завршивме работата и како Влада. Утрово бев брифиран од Институтот за јавно здравје дека тоа кое што е нивна ...
СВР Скопје – Единица за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава по брза постапка против лице(41) и лице(34), двајцатa од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад и силување“ по член 186 од Кривичниот законик. Тие се сомничат дека на 17.07.2026 околу 21:45 часот покрај патот Горно Лисиче- Долно Лисиче со употреба на ...
Изјава на премиерот Христијан Мицкоски/Интегрално: „Добар ден и од мене. Би сакал да изразам задоволство за сите овие проекти коишто се во фаза на реализација и проекти коишто ќе се реализираат во периодот којшто следи. Би сакал кратко само да го дополнам тоа што го спомена градоначалникот во делот на цевководот којшто треба да го поврзе хидросистемот Лисиче со езерото Младост. Се направија напори со пренамена од министерството за животна ...
Соопштение на Левица: ДПМНЕ залудно се обидува сопствената вина да ја претвори во пропаганда против Левица. Власта не беше немоќен набљудувач на процесот, туку негов организатор, предлагач и носител на парламентарното мнозинство. Затоа, доколку бара виновник за недонесувањето на Изборниот законик, треба најпрво да погледне во сопствените редови, сопствените недоследности и условите што намерно ги постави во последен момент за да го минира ...
Прес конференција на Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Неподнесувањето на новиот Изборен законик уште еднаш ја потврди вистинската политика на СДС, Левица и ДУИ, а таа е колку полошо за Македонија, толку подобро за нив. Кога државата има можност да исполни уште една реформска обврска, тие избираат блокада. Ние повторно ќе бидеме предводници во регионот. Од 10 реформи ние сами сами 9. Не дојдовме до таа последната токму поради ...
Соопштение на СДСМ: Денеска горивото повторно поскапе. Иако Христијан Мицкоски пред неколку дена најави намалување на акцизите, граѓаните сега со страв чекаат колку ќе поскапат сите останати производи. Секоја негова мерка доаѓа предоцна, секоја мерка е неефикасна и наместо да ги намали цените, го слабее буџетот и им носи дополнителни приходи на одредени компании. Мицкоски делува повеќе како застапник на приватните интереси отколку како ...
Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: СДС, Левица и ДУИ не сакаат Македонија да напредува со реформите и да бележи успеси, затоа ја користат секоја можност за да блокираат. Тоа се виде по нивниот однос кон измените на Изборниот законик, кога прво учествуваа во изготвувањето, нивните забелешки беа прифатени и инкорпорирани во законското решение, за на крај неговото носење да го блокираат. Токму блокирањето и неносењето на Изборниот законик, целосно ја ...
Прес конференција на СДСМ, Наташа Поповиќ – членка на извршниот одбор: Состојбата со труењето на граѓаните во Гостивар е алармантна. Над 2.000 граѓани веќе побарале лекарска помош поради симптоми поврзани со загадена вода за пиење. Институциите задоцнија со реакцијата. Епидемијата на гастроентеритис во Гостивар не избувна преку ноќ. Таа се развиваше со денови пред очите на надлежните институции, кои наместо навремена реакција, дозволија ...
Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Кандидатот на СДС, ДУИ и Таравари во Гостивар потрфли, а од СДС нема барање на одговорност за овој скандал кој ја потресе државата. СДС и Филипче не можат да го вперуваат прстот кон Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, затоа што кадарот кој тие со Ахмети и Таравари го промовираа и поддржаа на изборите, потфрли. Но, едно работа е многу важна. Овој случај ќе добие правен епилог, нема да заврши како случајот со Модуларната ...
Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ успеа да ја стабилизира состојбата, да спроведе клучни системски реформи и да реализира значајни инвестиции во културата и туризмот. Во изминативе две години, фокусот беше ставен на воспоставување системски пристап во управувањето со културата и тоа преку стратешко планирање, започнување на законски реформи, финансиска стабилизација и капитални инвестиции. Наследен беше долг од 273 ...
Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Коалицијата на СДС, ДУИ и Арбен Таравари за време на изборната кампања за последните локални избори, барајќи ја довербата, на граѓаните во Гостивар им ветуваа подобар живот и подобри услови. Гостиварчани им ја дадоа довербата, коалицијата СДС-ДУИ-Таравари ја предводи локалната власт, но тоа што им го донесоа е страв и неизвесност по нивно здравје и живот. Подобриот живот и услови за гостиварци станаа најголемата ...
Од Општина Карпош информираат дека инспекциските служби на општината имаат преземено акција за спроведување на двосменски дежурства, во насока на превентивна контрола при одлагање на кабаст и несоодветен отпад во контејнерите на ЈП „Комунална Хигена“. Оваа иницијатива, додаваат од таму, произлезе од координативниот состанок кој претходно го организираше Град Скопје и општините во градот Скопје, каде беше договорено да се организираат вакви ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Богородица и ГП Дојран се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за излез од државата е околу 30 минути, додека пак на ГП Табановце времето на чекање за влез во државата е околу 20 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема ...
Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринските температури ќе се движат од 14 до 20 степени, додека дневните ќе достигнат од 31 до 40 степени. Најтопло ќе биде во југоисточните делови од земјата, каде температурата може да се искачи до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала ...
Пронајдено превртено возило “мерцедес” на патот ГП Блаце-Скопје, три лица починати На 19.07.2026 во 22:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на патот ГП Блаце-Скопје има превртено возило “мерцедес” со германски национални ознаки. Веднаш се упатени полициски службеници на местото на настанот и утврдено е дека во возилото има три починати лица ( едно машко и две женски лица). Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Претходно, во ...
Синоќа на 19.07.2026 во 22:35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на патот ГП Блаце-Скопје има превртено возило “мерцедес” со германски национални ознаки. На местото на настанот веднаш биле упатени полициски службеници и утврдено е дека во возилото има три починати лица ( едно машко и две женски лица). Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Претходно, во 13:40 часот во ПС Бит Пззар, државјанин на Косово пријавил дека три лица се ...
Епидемијата на гастроентеритис во Гостивар не избувна преку ноќ. Таа се развиваше со денови пред очите на надлежните институции, велат од СДСМ. „Она што започна со поединечни случаи, брзо прерасна во стотици заболени дневно, со речиси 2.000 жители кои побараа лекарска помош поради симптоми поврзани со загадена вода за пиење. Институциите уште во раната фаза имале информации и сомнежи за небезбедноста на водата и за невообичаеното зголемување ...
По зголемувањето на бројот на граѓани кои побараа медицинска помош и по прогласувањето на епидемијата во Гостивар од „Вреди“ велат дека со загриженост ја следат состојбата во овој град. „Во овие моменти, најважно е да се заштити здравјето на граѓаните, да се обезбеди безбедна вода за пиење и јавноста навремено и точно да биде информирана за секој понатамошен развој. Ние не останавме со скрстени раце. Преку државните институции, на граѓаните ...