Со месеци Скопје се давеше во ѓубре, скопјани секојдневно живееја во нечистотија од која изникнаа глодари а власта на ВМРО-ДПМНЕ не преземаше ништо. Наместо да организира чистење на градот, ДПМНЕ намерно го блокираше собирањето смет и не направи ништо, ниту преку ЗЕЛС, ниту преку Управниот одбор на Комунална хигиена, бувално ги остави скопјани да се дават во сметот. Синоќа скопјани видоа зошто било оставено ѓубрето, зошто ништо не се ...

Кога директор на државна институција, Илија Стоилев, кадар на ДПМНЕ е фатен со обележани банкноти за мито јасно е дека корупцијата во земјоделието цвета. Година и пол се зборува дека се бараат провизии, дека се задржуваат предмети, дека службеници трпат притисоци. Сега тоа доби потврда со раце фатени во криминал. Очигледно станува збор за систем на рекетирање во институција што треба да биде мотор на развојот. И тоа е систем на ВМРО-ДПМНЕ и ...

Основното јавно обвинителство Велес донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека бил соизвршител во кривично дело „убиство“ од член 123 став 1 од Кривичниот законик, за настанот на 5 ноември, во местото викано Поројница, во близина на земјениот пат од Чашка кон селото Бусилци, каде осомничениот заедно со уште едно лице кое се уште не е идентификувано, го лишиле од живот велешанецот ...

Воздушниот простор над аеродромот „Зевентем“ во Брисел синоќа одново беше затворен за сообраќај околу 40 минути, откако над аеродромскиот комплекс бил забележан дрон. Според белгиската Контрола на воздушниот сообраќај, воздушниот сообраќај на аеродромот бил прекинат околу 21:20 часот, по што е возобновен нешто по 22 часот. Контролата информира дека предвидените полетувања од аеродромот биле само времено одложени, додека самое еден од авионите ...

Албанскиот парламент доцна синоќа со 77 гласови „за“, 36 „против“ и ниту еден „воздржан“, го усвои законот за родова еднаквост. Според образложението Законот има за цел да го хармонизира албанското законодавство со стандардите на Европската Унија за човекови права и еднаков третман на жените и мажите. – Новиот закон има за цел да ја подобри постојната законска рамка за да обезбеди еднакви можности во вработувањето, образованието, застапеноста ...

Конгресот на Перу ја прогласи претседателката на Мексико, Клаудија Шајнбаум за „персона нон грата“, неколку дена откако нејзината Влада ги прекина дипломатските односи со Мексико, кое ѝ додели азил на поранешната перуанска премиерка Бетси Чавез. Чавез беше премиерка за време на мандатот на соборениот и затворен поранешен претседател Педро Кастиљо, а Перу ги прекина дипломатските односи откако таа се засолни во Амбасадата на Мексико во Лима за ...

Неколку лица беа однесени во болница откако сомнителен пакет беше доставен во американската воена база Здружената база Ендрус во Мериленд. Два извори запознаени со истрагата потврдија дека пакетот содржел непознат бел прав, објавува Си-Ен-Ен. Во официјално соопштение од базата, која се наоѓа во близина на Вашингтон, се вели дека зградата е евакуирана откако едно лице „отворило сомнителен пакет“. „Како мерка на претпазливост, зградата и ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено во северозападните и северните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се ...

Познатиот зоонегувател Војо Иванов јавно му се обрати на новоизбраниот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, преку отворено писмо објавено на социјалните мрежи. Во него, Иванов апелира до градоначалникот да ја посети скопската Зоолошка градина и да се запознае со состојбата во која се наоѓа институцијата, која, како што наведува, е во „многу тешка состојба“. Иванов го покани Ѓорѓиевски да ги посети вработените зоонегуватели и лично да се ...

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски ја најави големата 72- часовна генералка во Скопје. Градоначалникот изјави и дека вечерва се отстранети од работа 371 лице, кои биле вработени во јавните претријатија, не работеле, а земале плата. Исто така, Ѓорѓиевски рече и дека имало злоупотреби во градот, каде што комунбалните возила се користеле од фирми, на кои потоа им биле исплатувани пари како за советнички услуги. Пред салата „Борис ...

Градоначалникот на Мајами, Франсис Суарез, му подари на напаѓачот на Интер, Лионел Меси, симболичен клуч од градот. – Сакав да ви го дадам овој клуч за сè што направивте за нашиот град, нашата земја и светот на фудбалот. Ви благодарам, рече Суарез за време на церемонијата. Триесет и осумгодишниот Аргентинец игра за Интер Мајами од јули 2023 година. Во 2025 година, тој го продолжи договорот до крајот на сезоната 2028. – Ова е голема чест за ...

Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва изјави дека е постигнат договор со фармацевтските гиганти Novo Nordisk и Eli Lilly за намалување на многу високите цени на неколку водечки лекови за дијабетес и дебелина во САД. – Драго ми е што можам да објавам дека двата најголеми светски производители на лекови, Eli Lilly и Novo Nordisk, се согласија да го понудат својот најпопуларен лек за слабеење, GLP-1, по значително пониски цени, рече ...

Шпанија ќе го ограничи одгледувањето живина во неколку региони почнувајќи од понеделник, како одговор на „порастот на случаите на птичји грип во Европа“ и „зголемениот ризик“ во самата земја, соопшти Министерството за земјоделство. – Во последните недели забележавме зголемување на бројот на откриени случаи, и кај дивите и кај домашните птици, што укажува на влошување на состојбата, наведува шпанското Министерство. Според податоците на АДИС, ...

Британската Влада, која бара дополнителни приходи три недели пред претставувањето на буџетот, разгледува воведување данок за електрични возила со цел праведно финансирање на патната инфраструктура во споредба со бензинските и дизел автомобилите, соопшти денеска владата. – Данокот на гориво се наплаќа за бензин и дизел, но не постои еквивалент за електрични возила. Сакаме поправеден систем за сите возачи, рече портпарол на британската влада. ...

На платото пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“ вечерва владее голема мобилизација — десетици камиони, цистерни и механизација се поставени и подготвени за почеток на големата акција за чистење на Скопје, која започна во 20:30 часот. Присутни се повеќе од стотина работници, кои ќе имаат задача да го соберат отпадот, да ги изметат и исперат улиците, како и да ги расчистат запуштените простори во главниот град. Кај комуналците дојде и ...

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски ги искажа своите очекувања за претстојните натпревари со Летонија и со Велс. – Ни претстојат контролен меч со Летонија и последниот квалификациски натпревар против Велс, добра можност за мини подготовки пред важниот предизвик. Немав забелешки по дуелот со Казахстан, сите одиграа на високо ниво. Промените во текот на мечот беа тактички, во функција на тимот. Мечот со Летонија ...

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) ги објави номинираните за наградата „The Best“ за 2025 година. Гласањето ќе трае до 28 ноември. Во потесниот список се наоѓаат Усман Дембеле, Ашраф Хакими, Нуно Мендес, Витиња (сите ПСЖ), Килијан Мбапе (Реал Мадрид), Кол Палмер (Челзи), Педри, Рафиња, Ламине Јамал (сите Барселона), Мохамед Салах (Ливерпул) и Хари Кејн (Баерн Минхен). Актуелен добитник на наградата е напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус ...

Светскиот тенисер број 5, Новак Ѓоковиќ, вечерва го победи Португалецот Нуно Борхес во четвртфиналето на турнирот во Атина со 7:6 (7:1) и 6:4. Мечот траеше 1 час и 45 минути. Ѓоковиќ сервираше девет аса, направи една двојна грешка и реализираше една од пет брејк топки. Борхес сервираше седум аса, направи една двојна грешка и не реализираше ниту една од две брејк топки. Триесет и осумгодишниот Србин ќе се соочи со Германецот Јаник Ханфман во ...

Платформата за комуникација „Ватсап“ (WhatsApp) објави нова надградба на својата основна апликација за „Епл вач“ (Apple Watch), овозможувајќи им на корисниците пристап до основните функции на услугата без употреба на својот телефон. „Ватсап“ за паметниот часовник „Епл вач“ поддржува и читање цели пораки, наместо само делови од нив. Корисниците, исто така, ќе може да видат повеќе од нивната историја на разговори при читањето пораки, да снимаат ...

Шефот на албанското Специјално обвинителство против корупција и организиран криминал (СПАК), Алтин Думани, изјави дека „вредноста на средствата создадени преку перење пари, кои се конфискувани и запленети, изнесува над 300 милиони евра“. – Во врска со перењето пари, Специјалното обвинителство го зголеми бројот на кривични постапки, на обвинети, на судени, ја зголеми вредноста на конфискуваниот и запленетиот имот. Од 2020 до 2024 година, ...

Годината 2025 би можела да се покаже како втора или трета најтопла од индустриската револуција наваму, предвиде денеска Светската метеоролошка организација (СМО). Прогнозата се темели на податоците што СМО ќе ги претстави в понеделник на Конференцијата на ОН за климатски промени, позната како КОП30, во Белем, Бразил, пренесе ДПА. Периодот од 2015 до 2025 година бил најтоплиот 11-годишен период откако почнало мерењето пред 176 години, соопшти ...

Кога станува збор за Западен Балкан или Молдавија и Украина, ЕУ може да биде главен гарант за нивната безбедност, кога тие ќе станат дел од Унијата. Ако ја погледнеме мапата, ова е местото каде што припаѓаат. И треба да си ја завршиме домашната задача, порача високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас по средбата со шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис, јави дописничката на МИА од Атина. ...

Украински суд првпат осуди руски војник на доживотен затвор поради егзекуција на украински воен заробеник, соопшти денеска Службата за безбедност на Украина (СБУ). – Ова е прва пресуда во историјата на Украина во која окупаторската сила е осудена на таква казна, особено поради егзекуција на војник од одбранбените сили, се наведува во соопштението на СБУ. Осомничениот, 27-годишен руски државјанин по име Дмитриј Курашов, е обвинет дека на 6 ...

На аеродромот Ландветер во Гетеборг, на западот на Шведска, е забележан најмалку еден дрон, поради што сообраќајот на аеродромот е привремено запрен. Според Бјерн Ставас од Шведската управа за цивилно воздухопловство, сообраќајот во моментов е во „пауза“. Присуството на дронот е пријавено околу 18 часот, а поради инцидентот два лета, еден од Минхен и еден од Франкфурт, беа пренасочени на аеродромот во Копенхаген. Исто така, летот од Ландветер ...

Француската државна ревизорска служба во најновиот извештај посочи дека музејот Лувр, најпосетуваниот во светот, спроведува безбедносна ревизија веќе десет години, но дека препорачаните подобрувања нема да бидат завршени пред 2032 година. Според извештајот, само 39% од музеите ќе бидат покриени со безбедносни камери во 2024 година, додека проблемите со управувањето, високите трошоци и злоупотребите на билетите дополнително го забавија ...

Менаџерот на Манчестер сити, Хозеп Гвардиола, смета дека неговиот тим е блиску до освојување на едно од првите осум места во Лигата на шампионите. „Граѓаните“ синоќа ја совладаа Борусиај Дортмунд со 4:1 во четвртото коло од елитното фудбалско натпреварување. – Голема почит кон моите играчи. Во добра позиција сме пред нашиот следен натпревар против Баер. Ако можеме да постигнеме уште една или две победи, Сити ќе биде многу блиску до завршување ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека Унгарија ќе се бори американскиот претседател Доналд Трамп да ја изземе од санкциите за руската нафта. – Играме за да победиме, одговори Орбан на новинарско прашање за време на летот кон Вашингтон што би се случило доколку Трамп не ѝ одобри на Унгарија изземање од санкциите за руската нафта. Орбан го нарече прашањето за енергенсите „сериозно“, истакнувајќи дека влоговите се високи, пренесе ...

Вашата земја навистина помина долг пат во евроинтеграциите. Основата ја имате, сега е време да ја надградите со обновена енергија, обединетост и посветеност. ЕУ останува со вас на секој чекор од патот и заедно ја споделуваме истата визија за иднина кадешто земјата ќе го заземе своето вистинско место во европското семејство, како силна, демократска и просперитетна членка, изјави евроамбасадорот, Михалис Рокас на заедничка прес-конференција со ...

Државната изборна комисија (ДИК) попладнево на седница одлучи да одбие како неосновани уште три приговори поднесени од Коалицијата „Твоја Македонија“ преводена од ВМРО-ДПМНЕ во избирачки места во Општина Шуто Оризари. За Општина Шуто Оризари поднесени се 13 приговори, од кои 10 се од коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО – ДПМНЕ, а три приговори се од Сојузот на роми. За приговорот за гласањето во избирачкото место 2971/1, ...

Под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), истражители од Истражниот центар на ОЈО ГОКК и единици на МВР во моментов вршат претреси на повеќе локации низ државата. Акцијата се спроведува поради основано сомневање за сторени кривични дела од коруптивна природа. Неофицијално, директор на една државна агенција именуван од актуелната власт, И.С., кој раководел со ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
58%
1012
weather icon

Белград

12ᴼ / 11ᴼ
3.6
52%
1015
weather icon

Загреб

13ᴼ / 11ᴼ
5.14
51%
1016
weather icon

Софија

6ᴼ / 5ᴼ
3.6
57%
1017
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
1.8
92%
1018
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 10ᴼ
3.09
58%
1018
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.6
68%
1011
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
71%
1013
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
5.66
47%
1014
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
2.68
67%
1015
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 11ᴼ
2.57
49%
1017
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
4.12
100%
1013
Currency

61.6317

Currency

53.2406

Currency

71.214

Currency

37.2056

Currency

38.7434

Currency

67.4118

Currency

7.73126

Currency

0.64691

Currency

0.3352

Currency

0.5235

Currency

1.20128

Currency

0.56975

Цинк

3.07

Иридиум

258288.78

Кобалт

66.14

Алуминиум

3.18

Сребро

2840.84

Калај

43.90

Платина

60154.05

Паладиум

45911.27

Бакар

10.68

Родиум

350443.14

Рутениум

56199.51

Злато

166450.52