Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Израелската армија денеска соопшти дека четворица нејзини војници се убиени за време на воени операции во јужен Либан, што се првите загуби по потпишувањето на меморандумот за разбирање меѓу САД и Иран со кој се предвидува прекин на воените дејствија на сите фронтови на Блискиот Исток. Војниците биле убиени за време на операции во пограничната област со Либан. Израелската армија претходно соопшти дека нејзините сили во текот на ноќта гаѓале ...
Франција е погодена од екстремно висока температура на воздухот, а дури во 53 департмани во сила е портокалов метеоаларм. Поради топлотниот бран затворени некои училишта, одложени се испитите на факултетите, а исто така се откажани и фестивали. На академијата во Поатје завршните испити закажани за понеделник и вторник, се одложени за една недела поради топлотниот бран, што ќе продолжи и следните денови. Училиштата се затворени во градот Сан, ...
Официјалните податоци за првиот квартал од годинава покажуваат спектакуларен раст на приходите од туризмот од околу 65 отсто. Ова се надоврзува на една исклучително успешна година, каква што беше 2025 година, кога беше забележан значителен пораст на туризмот и беа постигнати рекордни резултати, посочи министерката за туризам на Грција Олга Кефалојани во интервјуто за грчката телевизија ЕРТ, јави дописничката на МИА од Атина. Министерката ...
Светската здравствена организација (СЗО) објави дека 75 здравствени работници се заразени со ебола за време на епидемијата во Демократска Република Конго и во Уганда. – Седумнаесет од нив починаа, изјави претставничката на СЗО во Бунија, Мари-Розелин Белизер, додавајќи оти е непознато дали тие биле заразени на работа или во приватниот живот. Таа посочи дека СЗО работи за да ги снабди дури и малите клиники со опрема како што се ракавици и ...
Иран ги осуди израелските напади врз Либан, и предупреди на последиците по регионалниот мир и безбедност, при тоа потенцирајќи оти САД имаат директна одговорност за ситуацијата. Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаи истакна дека завршувањето на војната во Либан е дел од Меморандумот за разбирање помеѓу САД и Иран. – Иран ќе преземе неопходни мерки за да ги заштити своите интереси, безбедност и сојузници, ...
Во Србија во моментот се проценува дека легално работат до 100.000 странци, а само околу 160 бегалци се во прифатни центри. Тоа за агенцијата Бета го изјави претседателот на УО на Центарот за заштита и помош на барателите на азил, Радош Ѓуровиќ. По повод Меѓународниот ден на бегалците, 20 јуни, изјави дека меѓу бегалците во Србија има најмногу луѓе од Авганистан, Египет, Русија, Гана, Турција и Сирија. Оваа година досега азил побарале 161 ...
Вишото јавно обвинителство во Белград соопшти дека добило податоци што укажуваат дека во јануари лани, на состанок на организацијата на студентите во блокада за протестот на 15 март, била планирана симулација на употреба на „звучен топ“, за што би биле обвинети државните органи. Обвинителството објави дека податоците укажуваат дека постои сомневање за извршување на други кривични дела што се гонат по службена должност, а кои не се поврзани со ...
Помалку од една третина од српските граѓани имаат позитивна слика за ЕУ, и помалку од една третина би гласале за членство во Унијата, а 40 проценти сметаат дека Србија никогаш нема да стане членка, според резултатите од годишното истражување на Европската комисија. Четириесет отсто анкетирани сметаат дека Србија никогаш нема да стане членка на ЕУ, 17 проценти сметаат дека ќе бидат потребни 15 години, 24 проценти ја гледаат земјата во Унијата ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови наместа ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 27 до 33 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната ...
Првата меѓународна безбедносна конференција под наслов „Skopje Security Conference 2026“ ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Центарот за безбедносни студии – Скопје. Конференцијата, како што соопштуваат организаторите, ќе се фокусира на темата „Безбедност во транзиција: навигација низ технологијата, геополитиката и отпорноста во свет што се менува“, со цел да отвори дискусија на високо ниво за трансформацијата на концептот на ...
Собраниската Комисија за финансирање и буџет, во рамките на денешната седница ќе одржи Јавна расправа по Предло-законот за игрите на среќа и за забавните игри. Целите на донесувањето и примената на овој закон, кои се изразени преку потребата од спречување на сивата економија во областа на игрите на среќа, се стекнување на сигурност и доверба кај учесниците во игрите на среќа и нивна заштита (пред сè на младата популација), заштита на ...
Како што кажавме, снемува пари – следуваат избори. Мицкоски порача дека нема план за предвремени избори, но дека е подготвен доколку опозицијата го предизвика. Оваа реченица е копи-пејст од неговиот ментор и шеф на сестринската партија од Србија, Александар Вучиќ. Тоа го контастира и Европскиот парламент во Извештајот во којшто забележува, со загриженост, сè посилни врски со Владата на Србија, која „спроведува нелиберална агенда“. Реалноста е ...
Поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Никола Васев, и организацискиот директор Нехад Нухи излегуваат од притвор откако Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, по предлог на одбраната и позитивно мислење од Обвинителството, донесе одлука со која се прифаќа понудената гаранција со хипотека на имот и им определи мерки на претпазливост. Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје информира дека донесе решение ...
Христијан Мицкоски им порача на граѓаните да се „припремат за маратон“. Со други зборови, јасно им кажа дека треба да се подготват долго време да живеат сиромашни. Оваа порака доаѓа во момент кога економската реалност е многу потешка од политичкиот маркетинг на Владата. До јуни е потрошен скоро целиот планиран буџетски дефицит за целата 2026 година. Од 670 милиони евра предвиден дефицит. Ребалансот е неизбежен и ќе биде многу тежок. Буџетот ...
Почина Љупчо Грнчиштанов (54) – главен инспектор во Државниот пазарен инспекторат (ДПИ). Toj беше еден од обвинетите во судскиот предмет за пожарот во „Пулс“. Грнчиштанов од 15 јануари 2013 година до 16 март 2025 година ја извршуваше функцијата генерален инспектор, односно раководител на Инспекциската служба во ДПИ. Тој беше обвинет за кривично дело „Тешки дела против општата сигурност“, а помина 77 дена во ефективен притвор, по што 14 месеци ...
Почина Љупчо Грнчиштанов, долгогодишен инспектор во Дирекцијата за заштита и спасување, кој беше меѓу обвинетите во главниот предмет за пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ во кој загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени. Како што соопштија од Обвинителството, лицето починало откако му се слошило во домашни услови, а Основното јавно обвинителство Скопје ќе издаде наредба за обдукција со цел утврдување на причините за смртта. Грнчиштанов во ...
Стопанската комора бара повлекување на предложеното законско решение за игрите на среќа, предупредувајќи на последиците кои тоа ќе ги предизвика врз бизнис-секторот и економијата. На денешната јавна расправа за Предлог-законот за игрите на среќа и за забавните игри, претставничката на Стопанската комора, Даниела Михајловска Василевска, детално ги образложи аргументите на Kомората против предложениот закон и објасни зошто истиот треба во ...
Општина Ресен известува дека, утре, во терминот од 6 часот наутро до 12 часот напладне, во Претор на брегот на Преспанското Езеро, ќе има привремен сообраќаен режим поради организирање спортски настан, рекреативна трка. Од секторот за односи со јавност нагласуваат дека влезот преку селото Асамати кон Претор ќе биде отворен само за возила за итни случаеви и возила на тимот. Овој привремен режим на сообраќај ќе трае од 6 до 12 часот. – За ...
Јавното обвинителство бара притвор за осум и мерки за претпазливост за четири лица уапсени вчера во рамките на истражната постапка против 18 физички и осум правни лица за проневера на над 180 милиони денари во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Сите 12 лица, меѓу кои и поранешниот претседател ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, кои вчера се уапсени, се веќе изведени пред судија на претходна постапка пред Основниот кривичен суд во Скопје, каде што ...
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, со земјоделци од велешкото село Иванковци, разговараше за состојбите во земјоделството и проблемите со кои се соочуваат земјоделците производители на пченица и јачмен. Земјоделците посочија дека состојбата е катастрофална, се соочуваат со неизвесност, доцнење на субвенциите, а производствените трошоци кои се драстично зголемени. Дополнителен проблем е што од Министерството за земјоделство, кое треба ...
Врз основа на финализираните ранг-листи за првото пријавување на учениците за упис во средните училишта за учебната 2026/2027 година, кое беше спроведено преку електронско аплицирање од 12 до 15 јуни 2026 година, со доставување на потребната документација на 16 јуни и 17 јуни 2026, пријавени биле 15 075 ученици, од кои се запишале 13 397 ученици. Како што објави денеска МОН, 9813 ученици се запишани за настава на македонски јазик, 3357 ...
Англија ја победи Хрватска со 4:2 (полувреме 2:2) синоќа во својот прв натпревар од групната фаза на Светското фудбалско првенство 2026 година. Натпреварот се одржа на стадионот „AT&T“ во Арлингтон, САД. Хари Кејн постигна два гола за Англија. Тој реализираше пенал во вториот обид во 12. минута. Џуд Белингам и Маркус Рашфорд исто така постигнаа голови за Англија. Мартин Батурина и Петар Муса беа стрелци за Хрватска во натпреварот. Англија ...
Жена судија ќе го суди натпреварот Чешка – Јужна Африка. Тори Пенсо е назначена за главен судија на натпреварот од Светското првенство 2026 година помеѓу Чешка и Јужна Африка. Триесет и деветгодишната Американка ќе стане втората жена што ќе суди на натпревар од Светското првенство за мажи. Натпреварот ќе се игра денес (18 јуни) во Атланта со почеток во 18 часот по македонско време. Стефани Фрапар од Франција стана првата жена судија на еден ...
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) издаде официјален став по апсењето на уште еден поранешен претседател. Денес се појавија информациите за апсењето на Илчо Ѓорѓиоски поради финансиски малверзации во времето кога бил на чело на федерацијата. Од ФФМ го изнесоа својот став на темата. Тие не посочуваа имиња, меѓутоа нагласија дека веќе предале официјална документација до надлежните органи за прекршоци од 2015 до 2019 година. „Во врска со ...
Сочен, мирисен и богат со вкус – овој ориз со пилешко и зеленчук е совршен домашен ручек кој се подготвува лесно, а резултатот секогаш воодушевува. Комбинацијата од меко пилешко месо, ароматичен зеленчук и добро зготвен ориз создава јадење што е истовремено заситно и префинето. Потребни состојки: 2 главици црвен кромид 2 моркови 1/2 тиквичка 1 чаша (200 мл) свежа или замрзната брокула (на ситни цветчиња) 1 и 1/2 чаша (200 мл) ориз со долго ...
Дaвej Чејс, можеби најпозната по улогата на морничавата Самара во американската верзија на култната хорор-приказна „Прстен (The Ring)“ од 2002 година – почина на 35-годишна возраст. Тажната вест ја потврди нејзиното момче, Рој Хернандез. Станува збор за компликации од менингитис, што, по сепса, довело до оштетување на повеќе нејзини органи. Претходниве неколку недели, таа била згрижена и поради сериозна неухранетост. Чејс е позната и по ...
Британскиот принц Хари, помладиот син на кралот Чарлс Трети, следниот месец со своите деца ќе ка посети Велика Британија. Тоа ќе биде една од неговите ретките посети на татковината. Принцот, кој во 2020 година се пресели во САД заедно со својата сопруга Меган Маркл, во последните неколку години не ги носеше своите деца, принцот Арчи и принцезата Лилибет во Велика Британија. Според информациите од британските весници, семејството треба да ...
Истражувачите долго време разговараат дека како што некои мажи стареат, одредени клетки во нивните тела почнуваат да го губат „машкиот“ Ипсилон-хромозом, објави „Сајенс алерт (Science Alert)“. Како што некои мажи стареат, се вели, тие го губат Ипсилон-хромозомот во крвта, мозокот или клетките на имунолошкиот систем, а тоа може да има сериозни здравствени последици. Губењето на тој хромозом, според наводите, е изненадувачки поврзано со ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп синоќа го објави службениот текст на Меморандумот за разбирање помеѓу САД и Иран, кој е прв чекор кон мир на Блискиот Исток. За време на викендот Вашингтон и Техеран постигнаа рамковен договор за завршување на војната, што почна на 28 февруари со американско-израелскиот напад врз Иран. И двете страни тоа го прогласија за сопствена победа и упатија предупредувања во случај да не се ...
Рамковниот договор меѓу САД и Иран стапи во сила веднаш по неговото потпишување, изјави рано утринава пакистанскиот премиер Шахбас Шариф, чија земја посредуваше во постигнувањето на договорот. Шариф на социјалната мрежа „Икс“ објави дека Иран „веднаш повторно ќе го отвори“ Ормуската Теснина додека САД „веднаш“ ќе ја укинат поморската блокада на иранските пристаништа. Претходно, и Техеран и Вашингтон соопштија дека претседателите Доналд ТРамп ...