Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
СДСМ ја продолжува изборната кампања за вториот круг, во кој се бориме за 17 градоначалнички места. СДСМ докажа дека на овие избори има одлични кандидати кои ја добија довербата од граѓаните. Тие освоија повеќе од 155.000 гласа, и ги повикуваме сите кои ја препознаа чесната понуда на СДСМ и чесните кандидати да излезат во вториот круг. СДСМ ги повикува сите граѓани кои гласаа за другите кандидати што не влегоа во вториот круг, да дадат поддршка ...
Повеќе од 10 лица синоќа и утрово се приведени во прилепската полиција за случајот со Општата болница во Прилеп во која финансиската полиција вршеше контрола за работењето во оваа институција. Во текот на денов приведените треба да бидат спроведени во Судот во Прилеп. Управата за финансиска полиција вчера постапи по наредби и насоки на Основното јавно обвинителство од Прилеп. Во текот на вчерашниот ден се презедоа дејствија во врска со постапка ...
Виљареал и Барселона нема да играат во САД во 17. коло од шпанското фудбалско првенство, објави Ла Лига. Натпреварот требаше да се одржи во Мајами на 20 декември. – Ла Лига длабоко жали што овој проект, кој претставуваше историска и невидена можност за интернационализација на шпанскиот фудбал, нема да се реализира. Домаќинството на официјален натпревар надвор од нашата земја ќе беше одлучувачки чекор во глобалниот развој на натпреварувањето, ќе ...
Во Србија во тек е голема акција на апсења од страна на Управата за криминалистичка полиција со специјални сили на Специјалната антитерористичка единица на повеќе од 30 локации, јави РТС. Синхронизираната обемна акција на членовите на УКП е насочена кон сузбивање на организиран криминал и други тешки кривични дела. Белградски медиуми јавија дека таа акција е насочена кон членови на врачарски клан и членови на криминални групи со кои тие ...
Русија побара од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) помош во воспоставување прекин на огнот со цел да се обнови надворешното напојување на нуклеарната централа Запорожје, соопшти руското Министерство за надворешни работи. – Нападот на украинските вооружени сили на 23 септември го оштети далноводот Дњепровскаја, кој ја напојува нуклеарната централа Запорожје со надворешно напојување. И покрај тоа што реакторите на централата се во ...
Поранешната српска министерка за здравство и директорка на Институтот за онкологија, Даница Грујичиќ, изјави дека руската вакцина за лекување онколошки заболувања покажала одлични резултати кај животни, но дека по клиничките испитувања треба да се види како ќе биде кај луѓето и предложи лаици да не зборуваат за вакцините. „Колку што знам, тие добија одлични резултати на животински модели, како никогаш досега. Ќе видиме како ќе биде кај луѓето“, ...
СУТКОЗ – единствениот репрезентативен синдикат за комунални дејности и ССМ ја известуваат јавноста дека на 21.10.2025 година во 11:30 часот, Извршниот одбор на Синдикалната организација на СУТКОЗ при ЈП Комунална хигиена Скопје, одржа состанок на кој се разговараше за состојбата во претпријатието, се наведува во соопштението од СУТКОЗ, кое МИА го објавува интегрално. На состанокот беа поканети раководството на претпријатието, односно директорот ...
Косово стана првата земја која ќе ги прифати одбиените баратели на азил во Британија како дел од планот за „центри за враќање на мигранти“ на британскиот премиер Кир Стармер, пренесува „Тајмс“. Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека неговата земја „сака да и помогне“ на Британија да се справи со нелегалната миграција, во замена за поголема поддршка во зајакнување на националната безбедност од заканите кои доаѓаат од Србија и Русија. „Сметаме ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде променливо облачно со услови за повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 19 степени Целзиусови. ...
Еколошка акција за позеленување на дворот на Болницата за белодробни заболувања – Козле ќе се реализира денеска во организација на Сојуз – Национален совет за родова рамноправност. Акцијата, како што се наведува во соопштението на организаторот, има цел да придонесе кон уредување и разубавување на просторот околу болницата, како и да ја подигне свеста за значењето на заштитата на животната средина и заедничката грижа за јавните површини. Во ...
Корисниците на неколку улици во главниот град денеска ќе имаат прекинато водоснабдување во одредени периоди од денот, соопштија од ЈП Водовод и канализација – Скопје. Корисниците на улиците „Софиска“, „Бриселска“, „Његошева“, „Копенхагенска“, „Стокхломска“ и „Петар Драганов“ ќе имаат прекинато водоснабдување од 09:30 часот поради двоење во шахта на ул. „Московска“ 12. Прекинот, како што соопшти Водовод, ќе трае до завршување со работните ...
Руската војска нападна цели во главниот град на Украина, Киев, со балистички проектили, соопштија локалните власти рано утрово. Прелиминарните извештаи од украинските воздухопловни сили укажуваат дека биле истрелани најмалку четири проектили. Репортер на ДПА слушнал околу десетина експлозии во центарот на градот, претежно од противвоздушен оган. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, на Телеграм соопшти дека избувнал пожар во јужниот округ ...
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека сака да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин само кога може да се очекува продуктивен самит. Трамп не ги потврди директно медиумските извештаи кои сугерираат дека планираната средба со неговиот руски колега била одложена или ставена во мирување, пренесе ДПА. Меѓутоа, на новинарско прашање што знае за наводната промена на плановите и дали тоа ќе влијае на неговиот став за ...
Министерството за одбрана на Србија објави дека припадник на 63-та падобранска бригада, загинал вчера во Ниш за време на редовни скокови за обука. Во соопштението се вели дека тоа се случило околу 14:00 часот на воениот аеродром „Наредник-пилот Михајло Петровиќ“. Десетарот Лука Стојановиќ, роден на 24 јули 2004 година во Ниш, бил во служба на српската армија како падобранец во 63-та падобранска бригада од 1 август 2024 година. Началникот на ...
Еврокомесарката за проширување Марта Кос, зборувајќи за резолуцијата за Србија за која ќе се гласа денеска, изјави за Н1 Србија дека ставот и на Комисијата и на Парламентот кон таа земја е строг, но фер. „Мислам дека е во интерес и на ЕУ и на Србија да воведат демократска Србија во ЕУ, а за тоа имаме поддршка од членовите на Европскиот парламент. Од друга страна, тоа не може да се случи само така. Живееме во моменти кога мора да донесуваме ...
Убедлива победа постигна екипата на Барселона во еден од првите два натпревара од 3.коло од Лигата на шампионите. „Каталонците“ на домашен терен го надиграа грчки Олимпијакос совладувајќи го со 6:1. Најдобар поединец на дуелот беше Фермин Лопез, кој постигна хет-трик (два гола во првиот дел), додека Маркус Рашфорд беше стрелец на два гола. Стрелец за победничката екипа беше и Ламин Јамал (пенал), додека голот за Олимпијакос со удар од белата ...
Во денешната статија ви пишуваме за инспиративните промени што, според астролошките симболи, ќе ги донесат следните 96 часа. Овој период означува моменти на пресврти, ненадејни средби и можности што можат да го променат секојдневниот живот на долгоочекуван начин. Универзумот, со своите невидливи ритми, сега отвора простор за три знаци – Вага, Стрелец и Рак. Нивните следни неколку дена ќе бидат обележани со настани што ќе го бришат старото и ќе ...
Резултатите од најновата анкета на американскиот Институт Пју (Pew) покажуваат дека поголемиот број луѓе во светот слушнале за вештачката интелигенција (ВИ), повеќето од нив се загрижени поради нејзината примена, а како глобален актер кој би ја регулирал примената на ВИ ја посочија Европска Унија. Испитувањето на јавното мислење е спроведено во 25 држави, каде во просек 34 отсто од испитаниците изјавиле дека слушнале или читале за ВИ, 47 ...
Популарноста на утринската рутина за пиење вода со лимон е огромна, но дали навистина ги носи сите придобивки? Гастроентеролог детално ја анализира оваа навика, отфрлајќи ги митовите и откривај дека постојат подобри решенија за почеток на здрав ден. Познатиот доктор Воислав Перишиќ неодамна ја отфрли популарната заблуда за топлата вода со лимон како универзално здрав утрински ритуал. „Топлата вода со лимон може само да го прошири желудникот и ...
Француската морнарица запленила моторен чамец што превезувал 2,4 тони кокаин кај португалскиот остров Мадеира во Атлантскиот Океан, јави ДПА, повикувајќи се на соопштение од обвинителството во Брест, во кое се наведува дека во операцијата барала употребена сила врз шверцерите. Вредноста на запленетата дрога се проценува на над 128 милиони евра. Операцијата е спроведена во координација со САД и Велика Британија. Весникот „Паризиен“ објави дека ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека неговите сојузници на Блиски Исток се подготвени на негово барање да испратат војници во Појасот Газа, ако Хамас не престане со кршење на договорот за прекин на огнот. – Голем број од нашите сега главни сојузници на Блиски Исток и околните области експлицитно и цврсто ме информираа дека би ја поздравиле можноста, на мое барање, да влезат со сила во Газа и да го коригираат Хамас доколку ...
Унгарија има намера да ја оспори одлуката на Советот на Европската Унија за забрана за испорака на руски гас пред Европскиот суд на правдата, изјави денеска шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто. Сијарто истакна дека Унгарија ги смета за нелегални постапките на Советот на ЕУ бидејќи одлуката не е донесена едногласно, туку со квалификувано мнозинство, што се објаснува со проценката дека станува збор за трговија, а не за санкции. Поради ...
Известувачот на Европскиот парламент за Србија, Тонино Пицула, рече дека резолуцијата за Србија не е напад врз неа и дека Европа не ја изневерила Србија, туку дека владата во Србија ги изневерила своите граѓани. Пицула од говорницата на Европскиот парламент рече дека најдобриот начин да се оддаде почит на жртвите од падот на бетонската настрешница во Нови Сад е да се открие коренот на проблемот, што доведе до трагедијата. „Трагедијата во Нови ...
Цачи Ханегби, советник за национална безбедност на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, денеска соопшти дека премиерот го разрешил и дека оваа одлука стапила на сила веднаш. „Тајмс од Израел“ пренесе дека Ханегби, долгогодишен член на партијата Ликуд и поранешен министер уште од 1990-тите, наводно се спротивставил на планот на Нетанјаху во текот на летото да се започне со копнена офанзива врз Газа, како и на неуспешниот обид за убиство на ...
Штетата од кражбата на накит од музејот Лувр минатиот викенд е околу 88 милиони евра, изјави денеска париската обвинителка Лор Беко. „Тоа е исклучително спектакуларна сума, но не може да се изрази колку е историска штета“, рече Беко, а објави Фигаро. Обвинителката процени дека крадците нема да ги заработат наведените 88 милиони евра, особено не ако им текне „екстремно глупава идеја“ за топење накитот. „Можеме да се надеваме дека ќе размислат и ...
Речиси сите големи малопродажни синџири планираат да затворат продавници низ Србија, што е директен ефект од економските мерки на претседателот Александар Вучиќ за ограничување на маржите. Се очекува отпуштање стотици луѓе, пишува Време. Синџирот продавници Гомекс веќе затвори три продавници во Нови Пазар, една во Чачак и две во Златибор, дознава Време. Пред тоа, основачот на компанијата, Горан Ковачевиќ, кој беше познат на медиумите со години ...
Управата за финансиска полиција, по наредби и насоки на Основното јавно обвинителство Прилеп, денеска спроведува акција во прилепската Општа болница поради наводи за злоупотреби во работењето. Според првичните информации, истрагата опфаќа повеќе лица, вклучително и поранешната директорка и други раководни лица, а се сомнева на злоупотреби со јавни набавки во вредност од околу 800.000 евра, дознава ТВ21. Шест лица се приведени во полициска ...
Threads воведе групни разговори за до 50 луѓе, но без енкрипција на пораките. Новата функција овозможува брза комуникација, но без гарантирање на приватноста. По додавањето на директни пораки ова лето, Threads, платформата во сопственост на Мета и помалиот брат на Инстаграм, сега воведуваат групни разговори. Новата функција овозможува разговор во групи до 50 луѓе и ќе биде достапна за корисниците ширум светот, вклучително и за оние во Европската ...
Украинскиот парламент денеска одобри ново 90-дневно продолжување на воената состојба и општата мобилизација, до почетокот на февруари, објави прес службата на парламентот. Продолжувањето, предложено од претседателот Володимир Зеленски, парламентот го усвои со двотретинско мнозинство. Претходната одлука за воената состојба истекува на 5 ноември. Воената состојба и мобилизацијата за првпат беа воведени 30 дена по руската инвазија во февруари 2022 ...
Во денешниот немилосрден свет не може да чекаме уште 50 години за да ја претвориме во реалност идејата за независна Европа врз која е основана ЕУ, порача претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во обраќањето пред Европарламентот на дебатата по Програмата за работа на ЕК за 2026 година. – Исходот од руската војна ќе го обликува безбедносниот поредок на Европа во наредните децении. Постои надеж дека војната во Газа конечно ...