На момче му била нанесена тешка телесна повреда при тепачка во кавадаречко, по што едно лице било лишено од слобода, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес. – Вчера во 17:45 часот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го лишија од слобода Р.А., на возраст од 40 години од село Марена, кавадаречко. Според пријавеното, кај место викано „Краиште“, кавадаречко, настанала физичка пресметка помеѓу А.А, на возраст од 21 година, ...

Прегазен велосипедист на мостот Гоце Делчев во Скопје. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во несреќата учествувале патничко возило марка „Пасат“ со скопски регистерски таблички и велосипедистот, кој починал на самото место. “Денеска (03.11.2025) околу 12.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул. „Гоце Делчев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „пасат“ со скопски регистерски ...

Еврокомесарката за проширување Марта Кос утре се очекува да го презентира пакетот на извештаи за напредокот на европскиот пат на земјите кандидати за членство во ЕУ за 2025 година. Првично беше најавено дека Кос ќе презентира и т.н. извештај пред проширувањето, во кои би биле наведени реформите што ЕУ треба да ги спроведе за да се подготви за прием на нови членки, но, според последните информации, неговото претставување ќе биде одложено за ...

Најголем напредок на европскиот пат во изминатата година меѓу земјите од Западен Балкан постигна Црна Гора, според редовниот годишен извештај на Европската комисија за напредокот на земјите кандидати за членство во Европската унија, а за Србија и Косово дијалогот за нормализација на односите е се уште клучен, јави РСЕ. Во делот што се однесува на Србија, се потсетува дека таа отворила 22 од 35 преговарачки поглавја, од кои две се привремено ...

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека се чини оти Хамас е решен да го почитува примирјето во Појасот Газа, а Израел продолжува со окупацијата и нападите. – Соочени сме со администрација која масакрира над 200 невини луѓе откако стапи во сила договорот за прекин на огнот, а исто така продолжи со своите напади и окупација во Западниот Брег. Не можеме да дозволиме анексија на Западниот Брег, промена на статусот на ...

Финскиот претседател Александар Стуб денеска изјави дека започнала „нова ера на нуклеарно оружје“ по неколкуте изјави на американскиот претседател Доналд Трамп во кои ја објави својата намера да продолжи со нуклеарните тестирања. „Логиката на одвраќање и стратешка стабилност меѓу суперсилите е во длабока трансформација. Влеговме во нова ера во однос на нуклеарното оружје, во која, за жал, важноста на ова оружје продолжува да расте“, рече Стуб во ...

Конзорциумот „Бехтел“ и Енка“, изведувач на автопатските делници на коридорите 8 и 10д (Тетово-Гостивар), (Гостивар-Букојчани) и (Прилеп-Битола) во септември годинава продолжил да извршува работи главно за геотехнички истражни работи, дизајн и спецификации на автопати, дизајн на експропријација, привремени работи за управување со сообраќајот, уривање и отстранување на постоечки објекти и други елементи на патот и градежни активности главно за ...

Бројот на работниците во индустријата е намален за 2.8 проценти во септември годинава во однос на септември минатата година, а за 3,7 проценти во периодот јануари – септември годинава споредено со истиот период лани, објави денеска Државниот завод за статистика. Во септември 2025 во однос на септември 2024 има намалување од 2,9 проценти на работниците во секторот Преработувачка индустрија, од 2 проценти во Рударство и вадење на камен и од 0,6 ...

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина денар по литар, а цената на дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) се зголемува за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,03 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 74 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ...

Државната комисија за спречување на корупција денеска на 24. седница го разгледа и усвои Извештајот од антикорупциска проверка на одредби од Изборниот законик, Глава VI, како и Изборна кампања со поднаслов „Медиумско претставување“ од член 75 до член 76- д. ДКСК, Извештајот, како што изјави потпретседателката Цвета Ристовска, ќе го достави до институциите со цел да се направи усогласување на одредени членови за да се прецизира дефинирањето на ...

За вакцинација против сезонски грип за ризични категории население досега се пријавени над 76 илјади граѓани, а вакцинирани се повеќе од 43 илјади лица низ државата, соопшти Министерството за здравство. – Заинтересираните граѓани сѐ уште имаат можност да се пријават за вакцинација против сезонски грип преку апликацијата vakcinacija.mk или преку својот матичен лекар. Превентивни тимови продолжуваат и со теренска вакцинација во домашни услови за ...

Во периодот од 1-ви до 31 октомври, како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 16.801 издадени платни налози, 4.821 прекршок се однесува на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење, информираат од МВР. Лишени од слобода за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик биле 121 лице, ...

Кинеската Национална агенција за разузнавање и безбедност (Министерство за државна безбедност – МДС) предупреди дека странските разузнавачки агенции ги засилуваат напорите за „нелегално стекнување“ на генетски податоци и семиња од житниот сектор во земјата, нарекувајќи ја активноста закана за националната безбедност на храната. „Во последниве години, странските разузнавачки агенции ја интензивираа својата инфилтрација во житниот сектор во Кина, ...

Ризикот од терористички напади во Франција останува висок, а младите и малолетниците се сè повеќе вклучени, предупреди денеска Оливие Кристин, националниот обвинител за антитероризам. Тој изјави за радиото Франс Интер дека терористичката закана во земјата останува многу реална, 10 години по координираните напади во центарот на Париз на 13 ноември, кога најмалку 130 лица загинаа во серија терористички напади, од кои 80 на рок концерт. -Се наоѓаме ...

Во вториот круг од локалните избори, кој се одржа на 2 ноември во 33 општини, се евидентирани вкупно 19.287 неважечки гласачки ливчиња на изборите за градоначалници, што претставува околу 5,6 отсто од сите употребени ливчиња. Според податоците, од вкупно 345.525 гласачи кои излегоа на гласање, 19.287 гласачки ливчиња се евидентирани како неважечки. Во Град Скопје, од 167.575 гласачи, 10.528 ливчиња биле неважечки, што претставува 6,3 отсто од ...

Одѕивот на изборите за градоначалници и советници за првпат не надминува 50 проценти, ниту во првиот круг, ниту во вториот круг, што ги прави овие осми локални избори со најмала излезност од независноста на земјава досега. Според податоците на ДИК, во првиот круг за градоначалници, одѕивот е 48.30% од вкупно регистрираните избирачи. Од 1.832.415 регистрирани избирачи во Избирачкиот список, гласале 885.085 избирачи. Излезноста во вториот круг на ...

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната седница информираше дека постапувале по повеќе пријави поврзани со изборниот процес, од кои дел беа проследени до надлежни институции, а дел затворени поради утврдено непостоење на прекршувања. Една од пријавите се однесува на директорка на средно училиште, која во електронска комуникациска група споделила содржина креирана од политичка партија и изборен плакат, со молба за ...

Под влијание на влажна воздушна маса денес попладне, во текот на ноќта и утре ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни со над 15 литри на квадратен метар и ќе има услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер од над 60 километри на час, а дневната температура утре ќе опадне за неколку степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје, кон крајот на денот, а ...

За сите љубители на комбинацијата од сирење и спанаќ, еве го рецептот кој е многу едноставен и брз за подготовка и е одличен за појадок или вечера… Состојки: За Фил: Подготовка: Измешајте го брашното и солта и додадете го ладниот путер. Втријте го путерот со прстите, мешајќи со брашното, додека не се претвори во мали грутки. Додадете ги јајцата, сувиот босилек и водата и добро измешајте сè, обликувајте го во тесто, завиткајте го во пластична ...

Џенифер Анистон ја подигна својата врска со момчето Џим Кертис, хипнотерапевт, на следно ниво. Популарната 56-годишна актерка и извршен продуцент на „Утринското шоу“ ја објави нивната прва заедничка фотографија на својот Инстаграм профил во неделата вечерта, посакувајќи му среќен роденден. „Среќен роденден, љубов моја“, напиша Анистон покрај романтична црно-бела фотографија на која го прегрнува својот партнер одзади. Иако ова е првата нивна ...

Основното јавно обвинителство Битола поведе кривична постапка против две лица од Македонија, како и против еден грчки и еден косовски државјанин, поради сомнение за организирање борби со кучиња во битолското село Црнеец. Според обвинителството, 44-годишен посредник и 43-годишник кој во дворот на семејната куќа подготвил заграден ринг, се осомничени за кривично дело „убивање и мачење животни“ по член 233 став 3 во врска со член 22 од Кривичниот ...

До Собранието се доставени известувања за престанок на мандатите на Јане Мицевски, Бети Стаменкоска Трајкоска и Дејан Проданоски од функцијата пратеник. Известувањата следуваат по изборот на тројцата пратеници на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалници, Мицевски на општина Сопиште, Стаменковска Трајкоска на Кисела Вода и Проданоски на Прилеп, на Локалните избори, што се одржаа, на 19 октомври и 2 ноември. Се очекува на денешната седница на Собранието, прва ...

Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, според резултати од двата круга на локалните избори, ќе има градоначалници во Скопје и во 54 општини. Втора по бројот на освоени градоначалнички места е коалиицијата ВРЕДИ со девет. Коалицијата на СДСМ ќе има шест градоначалници, НАИ 4, а Движење ЗНАМ и Унијата на Ромите по еден градоначалник. Една општина ќе ја води независен кандидат. На вториот изборен круг вчера се избираа градоначалници во 32 општини и ...

На локалните избори 2025, четири жени успеаја да ја добијат довербата на граѓаните и да бидат избрани за градоначалнички во своите општини – една во првиот круг и три во вториот. Во првиот круг, единствената избрана градоначалничка беше Бети Стаменкоска Трајкоска од ВМРО-ДПМНЕ, која ќе ја води општина Кисела Вода. Во вториот круг, втор мандат освои Соња Стаменкова во Општина Македонска Каменица, поддржана од Коалицијата „Локални избори 2025 – ...

Собранието денеска ќе ја одржи првата пленарна седница по вчерашниот втор круг од локалните избори. Пред пратениците ќе се обрати претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа Теодорос Русопулос. Како што се најавува во календарот за активности на закододавниот дом, Русопулос ќе оствари тет-а-тет средба со претседателот на Собранието, Африм Гаши. Тој ќе се сретне и со Марија Петрушевска, шефица на Делегацијата на Собранието на ...

Седум луѓе загинаа, а околу 150 се повредени во синоќешниот земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтеровата скала регистриран во северниот дел на Авганистан. Според Геофизичкиот институт на САД, епицентарот на земјотресот бил во близина на градот Мазар и Шариф, на длабочина од 28 километри. Во градот Мазар и Шариф живеат околу 523.000 луѓе. Кон крајот на август, земјотрес со интензитет од шест степени ги погоди источните провинции ...

Мирно и без инциденти беше во текот на ноќта и утрово во центарот на Белград пред српскиот Парламент каде што од синоќа реагираа стотици полицајци во опрема за разбивање демонстрации со обиди да спречат директно конфронтирање на голем број противници и поддржувачи на властите. Во Белград, стотици луѓе се собраа синоќа пред Собранието за да ја поддржат Дијана Хрка, која штрајкува со глад од вчера во 11:52 часот барајќи одговорност за смртта на ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп синоќа изјави дека е можно испраќање војници во Нигерија или да се извршат воздушни напади за да го спречи убиство на големиот број христијани во западноафриканската земја. Тој одговарајќи на новинарско прашање дали предвидува војници на терен или воздушни напади врз Нигерија, Трамп истакна „Може да биде“. – Мислам, други работи. Замислувам многу работи. Тие убиваат рекорден број христијани во Нигерија. Тие ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне по одделни котлини со појава на магла. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 16 до 21 степен. Во Скопје, променливо облачно, претпладне во делови од котлината со појава на слаба магла. Попладне и во текот ...

Во акција за доброволно дарување на крв, организирана од Мото клубот „Носачи на крстот“, вчера во просториите на Театарот во Велес беа собрани 200 крвни единици, што претставува нов рекорд за оваа традиционална хуманитарна иницијатива. Акцијата, насловена „9-ти Ноември“, се одржува по повод ослободувањето на Велес и оваа година се реализира по осумнаесетти пат. Меѓу учесниците, седуммина крводарители за првпат даруваа крв и се приклучија на ...

weather icon

Скопје

-3ᴼ / -3ᴼ
1.03
93%
1029
weather icon

Белград

1ᴼ / 0ᴼ
1.54
85%
1030
weather icon

Загреб

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
91%
1029
weather icon

Софија

3ᴼ / -1ᴼ
1.03
67%
1028
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
2.12
78%
1028
weather icon

Љубљана

0ᴼ / -1ᴼ
0.39
98%
1029
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
0.89
77%
1025
weather icon

Тирана

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1027
weather icon

Подгорица

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
80%
1028
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
3.09
90%
1028
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 1ᴼ
2.06
96%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1025
Currency

61.55

Currency

52.3892

Currency

70.1759

Currency

34.8585

Currency

38.0297

Currency

65.7832

Currency

7.42832

Currency

0.65772

Currency

0.33645

Currency

0.52442

Currency

1.2307

Currency

0.5785

Алуминиум

2.89

Кобалт

58.42

Иридиум

145787.60

Бакар

10.77

Рутениум

29192.88

Калај

42.10

Платина

56365.91

Паладиум

4758.31

Злато

138244.13

Родиум

256402.20

Сребро

1991.62

Цинк

3.24