Акциите на Nvidia, американскиот гигант за полупроводници, паднаа за 17 отсто до затворањето на Волстрит, намалувајќи ја пазарната вредност од стотици милијарди долари. Азиските технолошки акции паднаа втор ден по ред, по остриот пад на американските технолошки акции во понеделникот. Новиот кинески софтвер за вештачка интелигенција, апликацијата DeepSeek се смета за сериозен предизвикувач на конкурентите како Chat GPT. Акциите на Nvidia, ...

Партијата на пензионери, во потполност ја разбира и ја поддржува граѓанската иницијатива за бојкот на маркетите на ден 31.01.2025 г., на која се повикува на социјалните мрежи во земјата. Пензионерите како една од економски најзагрозените категории во општеството, длабоко е засегната од вкоренетата пракса на огромен број на трговци и трговски ланци за манипулација и изигрување на Законот за нефер трговски практики, што дефинитивно претставува ...

Здружението за заштита на потрошувачите Ефектива денеска ги повика граѓаните на Србија да ги бојкотираат големите трговски ланци в петок на 31 јануари, пишува Данас. Како причина за овој повик Ефектива посочи дека Србија има највисоки цени во Европа. Ефектива потсети дека потрошувачите во Хрватска ги бојкотирале малопродажните синџири и со тоа ги намалиле приходите на тие синџири за дури 47 отсто. „Време е потрошувачите да возвратат“, ...

„Боинг“ денеска објави голема загуба во четвртиот квартал поради долг штрајк на работниците, големи безбедносни проблеми на комерцијалните авиони и пречекорување на трошоците на договорите за одбрана. Американскиот авијациски гигант објави загуба во четвртиот квартал од 3,9 милијарди долари, со што загубата за целата година (2024) изнесува 11,8 милијарди долари. Приходите во четвртиот квартал беа 15,2 милијарди долари, што е пад од 31 отсто во ...

Можно е поскапување на парното греење. ЕСМ до Регулаторната комисија за енергетика доставило барање за зголемување на трошокот за гориво за речиси 13%. До крајот на оваа недела треба да биде закажана седница на која ќе се разгледува ова барање. ЕСМ го поништи и претходно објавениот повик за набавка на гас за месец февруари. Од компанијата велат дека причина за тоа била понудената цена. „Не беше извршен избор за најповолен понудувач затоа што не ...

При крај е откупот на тутунот, но сите се изненадени од рекордната реколта која е поголема за повеќе од 4.000 тони. Има повеќе причини за тоа, а зголемената цена и производството се стимул за новата производна година. Законски откупот завршува на крајот на февруари … Тутунарите се изненадени од рекордната реколта тутун. Досега се откупени близу 23.500 тони, а има уште 10 проценти од родот за де преземе. За Сојузот на тутунските здруженија тоа ...

Премиерот Христијан Мицкоски има 17 советници и сите имаат плата од 60 илјади денари, со исклучок на оние кои се со целосно работно време. Како што изјави тој, такви се тројца или четворица и тие имаат месечен хонорар од 90.000 денари. – Вкупно имам 17 советници и сите советници имаат плата во вкупна вредност од 60.000 денари, со исклучок на оние кои се со целосно, полно работно време. Такви се тројца или четворица, коишто се во Владата, и тие ...

По примерот во Хрватска и Црна Гора, и во Македонија се појави повик за бојкот на маркетите. Според информациите, најавите се за в петок (31-ви јануари). Зголемените цени предизвикаа незадоволство кај граѓаните, па следејќи го соседството, и во Македонија објавена е иницијатива во која се повикуваат граѓаните да се воздржат од купување и користење услуги во маркетите во петок, како начин да испратат силна порака до оние кои се одговорни за ...

Во некои делови од светот, независноста на централните банки е доведена во прашање, а поголемото политичко влијание може да ја поткопа нивната способност да ја одржуваат инфлацијата пониска. Ова во понеделникот го изјави претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ) Кристин Лагард. Минатата недела американскиот претседател Доналд Трамп рече дека ќе побара од Федералните резерви да ги намали трошоците за задолжување, што покажува дека тој ...

Богатите од технолошкиот сектор на листата на милијардери на „Блумберг“ изгубија вкупно 80,2 милијарди долари имот за краток временски период од отворањето на американската берза вчера поради распродажбата на акциите на технолошките компании по вревата предизвикана од кинескиот модел со вештачка интелигенција Дипспик (DeepSeek). Извршниот директор на калифорниската компанија Нвидија (Nvidia) Џенсен Хуанг, според податоците објавени во 16:20 ...

Земјите на НАТО потрошиле 191,2 милијарди долари за Украина во последните три години, повеќе од половина од тие средства ги доделиле САД, пренесува РИА Новости, според податоците на украинското Министерство за финансии, Универзитетот во Кил и информации од јавен карактер. Според извештаите, од 191,2 милијарди долари што ги доби Украина, 43,3 милијарди се наменети за социјална помош, 13,4 милијарди за хуманитарна помош и 133,4 милијарди за воени ...

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се намалуваат за 1,00 денар, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) поевтинува за 1,50, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 2,00 денара по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 80,00 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 82,00, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 74,50, а Екстра лесното 1 (ЕЛ-1) за 73,50 денари за литар. За ...

Неколку граѓани на Србија сведочат дека полицијата во земјите од Европската Унија им ги претресувала автомобилите на граничните премини, но и на полициските пунктови во земјите од ЕУ, бидејќи се сомневаат дека од Србија се изнесуваат големи количини готовина во Италија, Унгарија, Австрија и Германија, објави Данас. „На пат кон Германија, полицијата нè запре неколку пати за темелно да го претресе нашиот автомобил. Кога ги прашавме зошто го ...

Во меѓувреме, се пресметуваат ефектите од празните продавници оваа недела, особено што во саботата потрошувачите се вратија на старите навики и трошеа само 4 отсто помалку во споредба со неделата пред тоа. За следниот петок е најавен нов бојкот на продавниците. Организацијата „Ало, инспекторе“, која стои зад првиот бојкот, вели – овојпат ќе биде уште посилно и погласно, пишува хрватски Дневник. Во меѓувреме, се пресметуваат ефектите од празните ...

Швајцарската претседателка и министерка за финансии Карин Келер-Саттер изјави денеска дека се очекува годишен буџетски дефицит од околу три милијарди швајцарски франци во следните неколку години поради повисоките воени трошоци и пензиските трошоци. Ова претставува поголем буџетски дефицит од минатата година, кога проектираниот дефицит беше околу 2,6 милијарди швајцарски франци, според веб-страницата на швајцарската влада. Швајцарија ...

Девизните резерви бележат раст, инфлацијата забавува, додека стабилноста на банкарскиот и натаму зајакнува, се бележи во Извештајот за кредитниот рејтинг на земјава од агенцијата „Стандард и Пурс“, во кој таа го потврдува рејтингот „ББ-“, со стабилен изглед. Во делот во кој Агенцијата прави процена на отпорноста на економијата за справување со надворешни шокови, се наведува дека во декември минатата година девизните резерви се зголемија на ...

Клучната разлика меѓу Европа и САД е послабиот раст на продуктивноста на Стариот континент, изјави денеска Кристалина Георгиева, извршен директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), за време на завршната дискусија на Светскиот економски форум во Давос за глобалните економски изгледи. Таа најпрво изјави дека ММФ очекува многу силни перформанси од САД, бидејќи ги подобриле проекциите за американскиот економски раст од 2,2 на 2,7 отсто оваа ...

Се проширува опфатот на унгарскиот кредит во делот од 250 милиони евра наменет за компаниите, со тоа што освен за зголемување на производството, градење деловен простор, сега парите ќе може да се користат и за изградба на трговски центри и за проекти за обновливи извори на енергија. Премиерот Христијан Мицкоски денеска рече дека оваа одлука била донесена за да се искористат сите средства предвидени за стопанството. Мицкоски информираше дека ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека би сакал да избегне воведување царини за Кина, што изгледа ако пресврт од неговите претходни ветувања дека ќе воведе царини кон најголемиот американски економски ривал. Тој, во синоќешното интервју на „Фокс њуз“ дали би можел да се договори со кинескиот претседател Си Џинпинг за Тајван и за трговијата, истакна дека „може да го направи тоа бидејќи САД имаат ресурси, имаат царини“, но оти би ...

Српскиот вицепремиер и министер за финансии, Синиша Мали, денеска објави дека просечната плата во Србија за ноември достигнала 100.738 динари (861 евро), што е првпат платите во земјата да ја надминат границата од 100.000 динари. Просечната плата во Србија за првпат надмина 100.000 динари Српскиот вицепремиер и министер за финансии, Синиша Мали, денеска објави дека просечната плата во Србија за ноември достигнала 100.738 динари (861 евро), што ...

Цените на кафето арабика денеска достигнаа максимум благодарение на силната побарувачка и ниската понуда од Бразил. Цените на арбика денеска е зголемија за над 2,1 отсто, достигнувајќи рекордни 3,489 долари за една фунта (0,4 килограми). Според трговците, вниманието на пазарот останува насочено кон испораките од Бразил, кој е најголемиот производител на кафе во светот, додека резервите на сертифицирана арабика на берзата ICE (Intercontinental ...

МАКЕДОНИЈА Е ДЛАБОКО НАВЛЕЗЕНА ВО ЕНЕРГЕТСКА ТРАНЗИЦИЈА За три години, од обновливи извори, Македонија го зголеми инсталираниот капацитет за производство на електрична енергија за 32-33 отсто, што е одлична бројка, смета претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски. – Во 2024 година имаше околу 300 лиценци за 330 и нешто нови мегавати, најголем дел од фотоволтаични електрани, а од претходните години имавме уште 550- ...

Германската економија сигурно ќе остане „слаба и безволна“ во првите месеци од оваа година, оценува Бундесбанк во извештајот од јануари. „Малку е веројатно дека економијата ќе излезе од долг период на стагнација во првиот квартал на 2025 година“, се вели во извештајот на германската централна банка, пренесува агенцијата dpa. Според прелиминарните податоци на националниот завод за статистика, Германија ја заврши 2024 година со рецесија од 0,2 ...

Последен пат Србија го тестираше пазарот со динарска обврзница во февруари минатата година – кога ги продаде последните обврзници од вкупно 150 милијарди динари. На таа февруарска емисија беше постигната стапка на добивка од 6,12 отсто, додека денеска државата ќе понуди емисија со вкупна вредност од 120 милијарди динари со купонска стапка од 5,25 отсто и рок на достасување од 10,5 години, пишува Каматица. Експертите очекуваат дека инвеститорите ...

ЕУ ќе и обезбеди на Украина 35 милијарди евра финансиска помош во 2025 година во рамките на Кредитната иницијатива Г7 ЕРА и програмата за Украина, најави потпретседателот на Европската Комисија и европски комесар за трговија Валдис Домбровскис. „ЕУ ќе обезбеди финансиска поддршка на Украина преку кредитната иницијатива Г7 ЕРА и помош за Украина во износ од 35 милијарди евра за 2025 година“, напиша Домбровскис на платформата „Х“. Тој наведе дека ...

Со www.flaerservis.mk, компаниите кои редовно испраќаат фактури, сметки, списанија или други важни документи, сега имаат брзо и сигурно решение за достава. Независно дали вашата организација има потреба од месечна дистрибуција на печатени материјали или испорака на маркетинг материјали до ваши клиенти и претплатници, FlaerServis.mk е тука да го поедностави процесот. Зошто да го изберете FlaerServis.mk? Фокусирајте се на вашата основна дејност, ...

Престолонаследникот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман по телефонскиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Ријад во следните четири години сака да вложи 600 милијарди долари во САД. Но, тој не прецизираше во што ќе инвестира Саудиска Арабија, бидејќи САД изминатите години се помалку се потпираа на саудиската нафта, која беше основа на нивните економски односи. Саудиска Арабија се повеќе купува оружје и одбранбени ...

Килската пиварница, позната по своите уникатни пива, официјално поднесе барање за стечај. Компанијата објави дека, и покрај напорите за справување со економските предизвици, повеќе не е финансиски одржлива. Пиварницата ќе продолжи со своите активности без ограничувања во следните три месеци. Овој период е обезбеден финансиски, што значи дека сите планирани настани и редовните производни циклуси ќе се одржат според планот. Вработените, според ...

Речиси 120.000 млади Бугари во моментов се во долгови, а против нив се покренати предмети за извршување. Оваа информација ја сподели Комората на приватни извршители, пренесува БТА. Податоците го истакнуваат загрижувачкиот тренд на намалување на возраста на должникот во Бугарија во последните години. Од засегнатите, околу 4.000 се на возраст меѓу 18 и 20 години. Во возрасната група од 20 до 25 години, бројот се искачува на 36.000. Најголемата ...

Кој има штеди во банка, кој нема се задолжува преку кредити. Растат и депозитите и кредитите на граѓаните и компаниите во домашните банки. Во декември лани вкупните депозити достигнаа речиси 9,8 милијарди евра, од кои 6,5 милијарди се заштедите во банка на македонските граѓани. 2,9 милијарди евра пак се заштедите на компаниите. „Вкупните депозити, во декември, забележаа месечен раст од 5,3%, кој што се должи на повисоките депозити на двата ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
2.06
34%
1025
weather icon

Белград

27ᴼ / 25ᴼ
2.06
42%
1028
weather icon

Загреб

29ᴼ / 25ᴼ
1.03
42%
1027
weather icon

Софија

22ᴼ / 21ᴼ
2.06
39%
1027
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
2.66
27%
1026
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 24ᴼ
2.06
65%
1028
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
7.6
36%
1023
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
2.57
20%
1023
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
2.06
34%
1024
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 23ᴼ
3.09
33%
1026
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 27ᴼ
4.63
43%
1026
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
8.75
35%
1025
Currency

61.535

Currency

51.9943

Currency

70.894

Currency

34.5854

Currency

37.7485

Currency

65.593

Currency

7.32137

Currency

0.62474

Currency

0.3513

Currency

0.5226

Currency

1.25919

Currency

0.58976