
Скопје
14ᴼ /
14ᴼ



И оваа година, на огромно задоволство на Комерцијална банка, 11 средношколци од Скопје и од Битола еден училишен ден заменија со работа во Банката. Како поддржувачи и на годинашното издание на проектот „Social Day“, Комерцијална банка им овозможи на младите да научат како функционираат дигиталните банкарски услуги и зошто се од корист за клиентите. Препознавајќи ја потребата од дополнително образование на младите, покрај редовното, Комерцијална ...
Финансиската независност е навистина критичен аспект за промовирање на родовата еднаквост. Кога поединците, без разлика на нивниот пол, имаат средства да се издржуваат економски, тоа може да доведе до поголемо зајакнување и еднаквост. За да се постигне поголема родова еднаквост, општествата треба да работат на создавање средина во која сите поединци имаат можност да постигнат финансиска независност. Ова вклучува решавање на прашањата како што се ...
Стопанска банка а.д. Битола своето портфолио на производи го дополни со нов денарски депозит – детско штедење со промотивна фиксна каматна стапка од неверојатни 4,1%, со рок на орочување 36 месеци. Детското штедење е наменето за деца од нивното раѓање па се до 18 годишна возраст. Она што е потребно за отворање на депозит за детско штедење е како застапник да се јави најмалку еден од родителите, што се докажува со Извод од матична книга на родени ...
Советот на Народната банка одржа редовна седница на која беше разгледан и усвоен најновиот Квартален извештај во чии рамки се вклучени и макроекономските проекции на Народната банка. По усвојувањето на Извештајот, гувернерката ги претстави макроекономските проекции пред јавноста, на конференцијата за печатот. Макроекономската слика за периодот 2023 ‒ 2026 година во овој циклус проекции не е значително променета, во споредба со проекциите од ...
На 31 октомври 2023 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на која беа разгледани најновите податоци и информации за глобалната и домашната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст на поставеноста на монетарната политика. На оваа седница на Комитетот за оперативна монетарна политика не беа направени дополнителни промени во монетарната ...
Продолжува кампањата на НЛБ Банка за кредитите за физички лица, овозможувајќи ги промотивните поволности уште цели два месеци. Сите оние кои размислуваат за нови почетоци и сакаат да ги остварат плановите за кои долго мечтаеле, имаат единствена можност да го направат тоа до крајот на годината со кредитите на НЛБ Банка, за кои во промотивниот период се овозможени и дополнителни придобивки. Клиентите кои во периодот од 1 ноември до 31 декември ќе ...
Банките играат голема улога во обликувањето на локалната и глобалната економија. Тие имаат сериозна општествена и еколошка одговорност преку проектите кои ги кредитираат, бидејќи со тоа го поттикнуваат растот на одговорните или неодговорните компании во бизнис заедницата, а во однос на физичките лица, влијаат директно врз одржлива економска состојба на семејствата или напротив – кон неконтролирано задолжување. Во денешниот свет тешко е да се ...
Децата се нашата среќа, нашето наследство и иднина, но и нашата одговорност. Нашиот влог е да израснеме образовани, одговорни и амбициозни млади луѓе кои ќе можат понатаму успешно да се носат со предизвиците на животот. Затоа Комерцијална банка 19 години вложува во финансиската иднина на стотици деца во земјава, на кои по повод Светскиот ден на штедењето, 31 октомври, им подарува штедна книшка „Верверичка“ со депозит од 5.000 денари. Банката ...
Во интервју за Македонско радио, директорот на Дирекцијата за платни системи – Игор Величковски посочи дека во кои ситуации комерцијалните банки не смее да наплатуваат надоместоци за затворање на платежна сметка, дебитни и кредитни картички. “Не се наплаќаат надоместоци за затворање на платежната сметка, ниту пак надоместоци за затворање на дебитни или кредитни картички, доколку рамковниот договор којшто го има граѓанинот со банката е постар од ...
И оваа година Македонската банкарска асоцијација во соработка со Фондот за осигурување на депозити организираше настан по повод Светскиот ден на штедењето 31. октомври. Претседателката на МБА, д-р Маја Стевкова-Штериева, го отвори настанот. Во своето обраќање честитајќи го празникот и петгодишниот јубилеј на МБА таа се осврна на значењето на штедењето и на достигнувањата на асоцијацијата. На настанот се обратија и заменик-министерот за финансии, ...
Во периодот од 01.01-30.09.2023 година, Банката од своето работење оствари позитивен финансиски резултат во износ од 3.047,7 милиони денари наспроти остварениот позитивен финансиски резултат во истиот период минатата година во износ од 1.850,8 милиони денари што претставува зголемување за 64,7 %. Планираната бруто-добивка за трите квартали од 2023 година е остварена со 133,2%. Притоа, остварената добивка пред исправка на вредност, која ...
Придобивките и предизвиците од пристапувањето на земјите од Јужна и Источна Европа во Единствената европска платежна област (СЕПА), беа тема на панел-дискусијата којашто се одржа во рамките на меѓународната конференција „Финансиските пазари на Црна Гора“, на која учествуваше самостојната советничка во Дирекцијата за платни системи, Биљана Доновска-Гечева, како претставничка на Народната банка. На панел-дискусијата, Доновска-Гечева ја изнесе ...
НЛБ Банка успешно ги заокружи деветте месеци од годинава, покажува анализата на финансиските резултати на Банката за периодот од 01.01.2023 до 30.09.2023 година. Во споменатиот период, НЛБ Банка обезбеди силна кредитна поддршка на населението и бизнисот, зголемувајќи го притоа пласманот на кредитите кон небанкарскиот сектор и обезбедувајќи раст од 6.2% во овој сегмент споредено со истиот период минатата година, и давајќи значаен придонес во ...
Народната банка е посветена на усогласувањето на домашната регулатива и на практиките во своето работење со законодавството и рамката на Европската Унија, при што од големо значење е соработката со институциите од Сојузна Република Германија. Во изминатите години се остварува плодна соработка на нашата централна банка со Централната банка на Германија (Дојче бундесбанк), преку која се обезбедува поддршка за зајакнување на институционалните ...
Шпаркасе Банка АД Скопје во својство на овластен директен учесник на аукциите на граѓански обврзници организирани од Министерството за финансии на Република Северна Македонија ги застапува физичките лица (државјани на РСМ) во процесот на издавање на граѓанските обврзници. Република Северна Македонија на 18.10.2023 г. објави проспект за издавање граѓански обврзници во износ од 600.000.000,00 МКД, кои физички лица – државјани на РСМ – можат да ...
Вкупно 20 „зелени“ проекти на 17 компании во земјава се во фаза на реализација, со што компаниите ќе придонесат за модернизација на своите производни капацитети, превозни флоти и продажни локации. Почетокот и реализацијата на овие развојни проекти се должи на кредитната линија за поддршка на малите и средните претпријатија за инвестиции во одржливи, зелени технологии обезбедена од ЕБОР преку Стопанска банка АД – Скопје. Минатата година, ЕБОР и ...
Добиј повеќе поволности, а плати помалку со новите КБ пакети на Комерцијална банка. Сѐ што им треба на твоите лични финансии сега доаѓа и во еден пакет, со кој добиваш бројни банкарски услуги по пониски цени од редовните. Избери КБ Стандард, КБ Плус или КБ Бонус, зависно од твоите потреби, и уживај во современото банкарство на Комерцијална банка, кое значи ефикасно, брзо и едноставно завршена работа. КБ пакетот го користиш секој ден а го плаќаш ...
Следењето на дигиталната трансформација како процес кој ги олеснува работните задачи и го подобрува квалитетот на живот, употребата на напредни дигитални инструменти за ефикасно управување со бизнисите, како и паметното користење на алатки кои работат со помош на вештачка интелигенција, беа само дел од темите за кои се дискутираше на настанот „Дигитална трансформација: Одговорност кон иднината на бизнисите”, што се одржа во рамки на Школата за ...
И покрај предизвиците коишто ги донесе енергетската криза и инфлациските притисоци, речиси во сите дејности од корпоративниот сектор се зголемија приходите од работењето и се подобри нивната профитабилност, се наведува во Извештајот за финансиската стабилност за 2022 година. Во 2022 година, сите дејности се вратија на патеката на профитабилно работење, при што во однос на големината на субјектите, главен двигател на растот на нето-добивката на ...
Следењето на дигиталната трансформација како процес кој ги олеснува работните задачи и го подобрува квалитетот на живот, употребата на напредни дигитални инструменти за ефикасно управување со бизнисите, како и паметното користење на алатки кои работат со помош на вештачка интелигенција, беа само дел од темите за кои се дискутираше на настанот „Дигитална трансформација: Одговорност кон иднината на бизнисите”, што се одржа во рамки на Школата за ...
Во сите филијали и експозитури на Комерцијална банка АД Скопје граѓаните може да ја купат новата граѓанска обврзница што ја издаде Министерството за финансии на 18.10.2023 година. Согласно Проспектот на Министерството за финансии, овој државен финансиски инструмент ќе биде достапен за купување до 06.11.2023 година, до крајот на работниот ден. За да учествуваат на аукција за граѓанската обврзница, граѓаните треба да потпишат барање, што ќе го ...
Во свет кој се бори со прекумерниот отпад и еколошките предизвици, реупотребата на старите производи е светла надеж кон одржлива иднина. Па водена од идејата за почист свет и зелена иднина, ПроКредит Банка повторно застанува во одбрана на животна средина. Потврдувајќи ја иновативноста во своето работење, ПроКредит Банка одлучува да ги зачува платната од своите стари билборди и неместо во отпад, да најде начин како тие да бидат реупотребени во ...
Дигитализацијата носи многу погодности, но исто така и закани поврзани со кибербезбедноста. Сведоци сме дека насекаде во светот има случаи на измами поврзани со користењето дигитални услуги, токму затоа важно е граѓаните при користењето на алатките за онлајн финансиски производи и услуги, да знаат како да ги заштитат своите податоци, а со тоа и својот идентитет и имот од можни злоупотреби. Народната банка делува проактивно, преку финансиската ...
Со цел унапредување на услугите на модерното банкарство како и следење на последните трендови на дигитални решенија за пристап до банкарските услуги, Халкбанк АД Скопје гордо ја претстатува последната иновација во овој домен – платформата за отворено банкарство. Како новитет во банкарскиот платежен сектор, предвиден со Законот за платежни услуги и платни системи, а усогласен со моменталната ЕУ регулатива, отвореното банкарство нуди придобивки и ...
Матичната компанија на развојно ориентираната Групација ПроКредит успешно ја заврши трансформацијата на својата правна форма во акционерско друштво (AG). Трансформацијата беше завршена со внесување на ПроКредит Холдинг АД во трговскиот регистар на 27.9.2023 година. Претходно, на Годишното генерално собрание одржано на 5.6.2023 година беше донесена одлука за одобрување на промената на правна форма со многу големо мнозинство. Трансформацијата во ...
Младите се двигатели на општеството, креатори на општествената култура, лидери на утрешниот ден и економскиот мотор на денешницата. Шпаркасе Банка водена од нејзината корпоративна стратегија, силно се залага за поддршка на младите луѓе и инвестира во нивната иднина, просперитет и финансиска стабилност. Шпаркасе Банка како доверлив финансиски партнер креираше пакет за млади насловен како „Vibe on“ кој е целосно бесплатен и специјално дизајниран ...
УНИБанка АД Скопје доби дозвола од Комисијата за хартии од вредност да ја издаде третата емисија на 1.350 перпетуални обврзници. Продажната цена е еднаква на номиналната. Конкретно, вредноста е илјада евра по обврзница, па вкупната вредност на понудата изнесува 1.350.000 евра. Обврзниците имаат фиксна каматна стапка од 6 проценти на годишно ниво за првите пет години од датумот на издавање. По тој период каматната стапка се зголемува за два ...
Steiermärkische Bank und Sparkassen AG ВРАБОТУВА: ЧЛЕН НА УПРАВЕН ОДБОР НА ШПАРКАСЕ БАНКА АД СКОПЈЕ одговорен во делот за управување со ризици ЛОКАЦИЈА: Скопје, Република Северна Македонија Членот на Управен одбор е одговорен за овозможување ефикасно и ефективно управување со ризикот во различни сегменти на банкарството поврзани со стратешки, пазарни, оперативни, финансиски, правни и ризици за усогласеност. Оваа функција треба да ги балансира ...
И покрај предизвиците од затегнувањето на финансиските услови и глобалните случувања, банкарскиот систем ја задржа својата здравост и стабилност за што придонес имаат и преземените макропрудентни политики на централната банка. Ова беше посочено на состаноците на гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и вицегувернерката Ана Митреска, со високи претставници на Светската банка, потпретседателката Антонела Басани, директорката за ...
Во рамките на Втората фаза од Регионалната програма финансирана од ЕУ за зајакнување на капацитетите на централните банки од Западен Балкан, насочена кон исполнувањето на критериумите и условите за интеграција во Европскиот систем на централни банки (ЕСЦБ), Народната банка ја оствари билатералната мерка за запознавање со Правилата на Европската централна банка за сметководствено евидентирање и финансиско известување на ЕСЦБ. Првата експертска ...