
Скопје
24ᴼ /
24ᴼ



ТТК Банка започна со организирање наградна игра за сите физички лица, клиенти на Банката кои се корисници на Mastercard платежни картички, дебитни и кредитни, издадени од Банката. Конкретно, платежни картички кои учествуваат во наградната игра се Mastercard Debit – дебитна картичка и Mastercard Credit – кредитна картичка. Плаќајте со вашата Mastercard® Debit – дебитна картичка или Mastercard® Credit – кредитна картичка издадени од ТТК Банка АД ...
„Народната банка особено ги цени, ги вреднува и ги поддржува иницијативите коишто ја поткрепуваат посилната вклученост на младите во целокупното општество. Спојувањето на финансиите и знаењето се важни за поттикнување на младите во бизнисот, искористувањето на нивниот потенцијал и потенцијалот на економијата во целина“, истакна вицегувернерката на Народната банка, Aна Митреска на настан во организација на Европската банка за обнова и развој, на ...
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) доделува нови средства за поддршка на младите претприемачи и основање на бизниси, како и за промовирање на зелени финансии во Северна Македонија, преку финансискиот пакет од 9 милиони ЕУР одобрен за ПроКредит Банка. ЕБОР одобри 2 милиони ЕУР од Програмата Млади во бизнис (МвБ), која е за прв пат застапена во Северна Македонија, а со неа ќе се поддржат локалните микро, мали и средни претпријатија (ММСП), ...
Рекордниот раст на профитите на банките во текот на оваа година предизвика многу коментари и бурни реакции. Со нетрпение се очекуваат годишните финансиски извештаи на банките за да се види до каде ќе стигнат добивките на банките за 2023 година, односно на кое ниво ќе бидат поставени рекордите.⇑ Неспорно е дека македонските банки ќе ја запишат оваа година како најуспешна во однос на остварените добивки. Сепак, мала доза на разочараност може да им ...
АСО додели награди и пофалници на 37 ученици, од основни и средни училишта ширум земјава, за цртежи, есеи и песни на теми од областа на осигурувањето. Со оваа активност симболично АСО ги започна „Денови на финансиска писменост 2023“ кои ги организираат сите регулатори на финансискиот пазар. За значаен придонес во унапредување на финансиската писменост кај учениците АСО додели и благодарници на 20 наставници – ментори кои континуирано и посветено ...
Групацијата ПроКредит, која главно е активна во Југоисточна и Источна Европа, објави висок финансиски резултат од 94,0 милиони евра за првите девет месеци од 2023 година. Приносот на капиталот значително се подобри на ниво од 13,6 %, со што се нагласуваат среднорочните проекции на групацијата. Добриот резултат главно беше поттикнат од континуираната позитивна динамика на нето-каматната маржа, како и од подобрениот коефициент трошоци-приходи од ...
„Со активностите предвидени во рамките на Деновите на финансиската писменост, Народната банка дава натамошен придонес исполнувајќи ја потребата за финансиска едукација во современиот динамичен финансиски систем. Сведоци сме на разновидна понуда на финансиски услуги, под различни услови, преку различни канали. Дигиталните финансиски услуги носат многу предности за корисниците, но наметнуваат потреба од дополнителни знаења и нѐ соочуваат со нови ...
Шпаркасе Банка е горд спонзор на „Златно славејче“, најстариот детски музички фестивал на Балканот, а втор во Европа. Овогодинешното 53. издание на фестивалот ќе се одржи во просториите на Македонска филхармонија, во сабота, на 18 ноември. Првото издание било организирано во 1971 година и се одржало во Драмскиот театар во Скопје. На првите концерти пеел Игор Џамбазов, а Блаже Маротов го испеал големиот хит „Ах тој крокодил“. „Златно славејче“ е ...
Вчера во околината на Берово беа засадени нови 15.000 садници како донација од Халкбанк АД Скопје во рамките на нејзините општествено одговорни активности во кои едно од најзначајните места зазема посветеноста на заштита на животната средина. Пошумувањето го извршија вработени од различни дирекции и филијали на банката, а новите дрвја се набавени од средствата на Халкбанк наменети за ХалкЕко пошумување, но и од собраните котизации од ...
Меморандумот за соработка со Сојузот на математичари на Македонија ја заокружи досегашната успешна соработка во која АСО преку обука даде поддршка на младите средношколции, одлични математичари, кои освоија бронзен медал на Меѓународната економска олимпијада што се одржа во соседна Грција. Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) ќе дава континуирана поддршка со обуки за финансиска едукација на младите математичари – средношколци. Воедно ...
Четиринаесет осигурителни компании, денеска, по повод Денот на осигурувањето 1 ноември, доделија 14 стипендии на студенти – математичари на државниот Природно-математички факултет при УКИМ во Скопје. Станува збор за студенти со висок просек на насоките за актуарство и математика при Природно-математичкиот факултет (ПМФ) кои ќе добијат можност за пракса во компаниите за осигурување, но и стипендија од 1.000 евра во денарска противвредност. ...
Мнозинството од студентите кои се квалификуваа за користење на субвенциониран студентски оброк, во рамки на проектот на Министерството за образование и наука, веќе ги подигнаа своите картички кои ги издава Шпаркасе Банка. Изработката на овие картички ја реализираше единствениот македонски процесор од областа на картичното работење, електронска трговија и сертифицирано биро за персонализација на картички КаСис АД. КаСис како еден од клучните ...
„Народната банка презеде соодветни мерки за затегнување на монетарната политика коишто осигурија преполовување на инфлацијата во однос на ланскиот максимум“, се наведува во завршните согледувања на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), којашто од крајот на октомври, досега, престојуваше во нашата земја како дел од редовните консултации коишто произлегуваат од членството на земјава во ММФ, како и во рамките на дискусиите околу Првиот ...
„Геоекономската фрагментација е сериозен ризик за среднорочните глобални изгледи за раст, а особено за малите и високо отворени економи како што е македонската. Носителите на политиките и извозните компании треба да се подготват за можното остварување на геоекономските ризици и да ја зголемат отпорноста на домашната економија. Првите треба да направат повеќе напори за ублажување на структурните пречки кај факторите на долгорочниот раст, преку ...
Понудата на современи и атрактивни финансиски производи на Комерцијална банка сега е збогатена со нов продукт – „Инвестициско осигурување на живот“. Испланирајте ја својата финансиска иднина и остварете ги Вашите финансиски цели со помош на стручните совети од вработените во сите екпозитури и филијали на Банката. „Инвестициско осигурување на живот“ е плод на соработката на Комерцијална банка со Триглав Осигурување Живот и со КБ Публикум инвест ...
Стопанска банка АД – Скопје веќе постави 60 нови банкомати на кои клиентите можат да уплаќаат готовина во било кое време, идентификувајќи се со нивните платежни картички на чија сметка се евидентира уплатата. Користењето на услугата за уплата на готовина е бесплатно за клиентите на Банката, едноставно е и се реализира во само 3 чекори. Може да се уплаќаат исклучиво денари и до 100 банкноти одеднаш. Бесплатни уплати можат да прават и фирмите ...
Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска ги претстави најновите макроекономски проекции на Народната банка пред дипломатскиот кор и пред претставниците на меѓународните институции. На настанот, којшто се организира редовно, по секој нов циклус макроекономски проекции на Народната банка, присуствуваа претставници на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Светската банка (СБ), Обединетите нации (ОН), Програмата за развој на ОН (УНДП), делегацијата на ...
Кога друштвото оди на вечера нека биде „fair pay“ со новата услуга на Комерцијална банка – „Подели сметка“. Мобилната апликација мБанка на Комерцијална банка е збогатена со уште една функционалност која овозможува делење сметка согласно желбите и потребите. „Подели сметка“ е едноставна и брза дигитална опција, со која само со избор на контакт во телефонскиот именик се дели сметка со пријател, колега, партнер… кој има платежна сметка во ...
ТТК Банка АД Скопје е универзална банка – партнер за населението и за малите и средните претпријатија, којашто креира вредности за своите акционери, клиенти и вработени, со помош на претприемачкиот и профитабилниот начин на размислување, оперативната ефикасност и градењето долгорочно партнерство. Банката има тековна потреба за вработување во Служба за внатрешна ревизија и за таа цел, ТТК Банка АД Скопје објавува: ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СЛЕДНОТО ...
Дали размислувате за раст и развој на вашиот бизнис преку нови инвестиции и зелена транзиција? Сега е вистинско време да го унапредите бизнисот затоа што пазарот го бара тоа, а решението го нуди Комерцијална банка со новата кредитна линија за мали, средни и средно капитализирани компании. Комерцијална банка нуди финансиска поддршка на среден или на долг рок за вашите инвестиции во основни и во трајни обртни средства и во зелена транзиција. ...
И оваа година, на огромно задоволство на Комерцијална банка, 11 средношколци од Скопје и од Битола еден училишен ден заменија со работа во Банката. Како поддржувачи и на годинашното издание на проектот „Social Day“, Комерцијална банка им овозможи на младите да научат како функционираат дигиталните банкарски услуги и зошто се од корист за клиентите. Препознавајќи ја потребата од дополнително образование на младите, покрај редовното, Комерцијална ...
Финансиската независност е навистина критичен аспект за промовирање на родовата еднаквост. Кога поединците, без разлика на нивниот пол, имаат средства да се издржуваат економски, тоа може да доведе до поголемо зајакнување и еднаквост. За да се постигне поголема родова еднаквост, општествата треба да работат на создавање средина во која сите поединци имаат можност да постигнат финансиска независност. Ова вклучува решавање на прашањата како што се ...
Стопанска банка а.д. Битола своето портфолио на производи го дополни со нов денарски депозит – детско штедење со промотивна фиксна каматна стапка од неверојатни 4,1%, со рок на орочување 36 месеци. Детското штедење е наменето за деца од нивното раѓање па се до 18 годишна возраст. Она што е потребно за отворање на депозит за детско штедење е како застапник да се јави најмалку еден од родителите, што се докажува со Извод од матична книга на родени ...
Советот на Народната банка одржа редовна седница на која беше разгледан и усвоен најновиот Квартален извештај во чии рамки се вклучени и макроекономските проекции на Народната банка. По усвојувањето на Извештајот, гувернерката ги претстави макроекономските проекции пред јавноста, на конференцијата за печатот. Макроекономската слика за периодот 2023 ‒ 2026 година во овој циклус проекции не е значително променета, во споредба со проекциите од ...
На 31 октомври 2023 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на која беа разгледани најновите податоци и информации за глобалната и домашната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст на поставеноста на монетарната политика. На оваа седница на Комитетот за оперативна монетарна политика не беа направени дополнителни промени во монетарната ...
Продолжува кампањата на НЛБ Банка за кредитите за физички лица, овозможувајќи ги промотивните поволности уште цели два месеци. Сите оние кои размислуваат за нови почетоци и сакаат да ги остварат плановите за кои долго мечтаеле, имаат единствена можност да го направат тоа до крајот на годината со кредитите на НЛБ Банка, за кои во промотивниот период се овозможени и дополнителни придобивки. Клиентите кои во периодот од 1 ноември до 31 декември ќе ...
Банките играат голема улога во обликувањето на локалната и глобалната економија. Тие имаат сериозна општествена и еколошка одговорност преку проектите кои ги кредитираат, бидејќи со тоа го поттикнуваат растот на одговорните или неодговорните компании во бизнис заедницата, а во однос на физичките лица, влијаат директно врз одржлива економска состојба на семејствата или напротив – кон неконтролирано задолжување. Во денешниот свет тешко е да се ...
Децата се нашата среќа, нашето наследство и иднина, но и нашата одговорност. Нашиот влог е да израснеме образовани, одговорни и амбициозни млади луѓе кои ќе можат понатаму успешно да се носат со предизвиците на животот. Затоа Комерцијална банка 19 години вложува во финансиската иднина на стотици деца во земјава, на кои по повод Светскиот ден на штедењето, 31 октомври, им подарува штедна книшка „Верверичка“ со депозит од 5.000 денари. Банката ...
Во интервју за Македонско радио, директорот на Дирекцијата за платни системи – Игор Величковски посочи дека во кои ситуации комерцијалните банки не смее да наплатуваат надоместоци за затворање на платежна сметка, дебитни и кредитни картички. “Не се наплаќаат надоместоци за затворање на платежната сметка, ниту пак надоместоци за затворање на дебитни или кредитни картички, доколку рамковниот договор којшто го има граѓанинот со банката е постар од ...
И оваа година Македонската банкарска асоцијација во соработка со Фондот за осигурување на депозити организираше настан по повод Светскиот ден на штедењето 31. октомври. Претседателката на МБА, д-р Маја Стевкова-Штериева, го отвори настанот. Во своето обраќање честитајќи го празникот и петгодишниот јубилеј на МБА таа се осврна на значењето на штедењето и на достигнувањата на асоцијацијата. На настанот се обратија и заменик-министерот за финансии, ...