Во пресрет на најубавиот период од годината и во духот на празнувањето и дарувањето, НЛБ Банка започнува промотивна кампања овозможувајќи им на корисниците на НЛБ Mastercard кредитните картички да уживаат во празниците и празничните купувања, малку подолго и малку поинаку од останатите. Имено, корисниците на НЛБ Mastercard кредитните картички кои во периодот од 15.12.2023 до 15.01.2024 година ќе пазаруваат со своите картички, стануваат ...

Комерцијална банка продолжува со својот придонес за општественото добро со донирање 6 милиони денари за изградба на градинка „Верверичка“, со што на жителите на оваа општина ќе им обезбеди дополнителен современ и удобен простор за згрижување на нивните деца. Со свечено поставување на камен темелникот денеска започна изградбата на новата градинка, која ќе биде осмиот објект во рамките на градинката „Весели Цветови“. Новата градинка „Верверичка“ ...

Кредитните картички не им се најомилени на граѓаните во земјава и во континуитет се намалува нивниот долг кон банките по овој основ. Овој интересен феномен го покажуваат статистичките податоци на Народната банка и се случува во услови кога кредитните картички се широко распространети и користени на глобално ниво. Според официјалната статистика на Централната банка, задолженоста на физичките лица во банките по основ на кредитни картички во ...

Народната банка на Република Северна Македонија ги објави податоците од доменот на платежната статистика за третиот квартал од 2023 година. Податоците покажуваат дека и во третиот квартал од 2023 година се бележи нагорен тренд во употребата на дигиталните канали за извршување на плаќањата во земјата, особено од граѓаните, како на платежните картички, така и на мобилните апликации за електронско иницирање на кредитните трансфери, т.н. платни ...

Вкупниот долг на граѓаните кон банките по основ на дозволен минус на плата во ноември 2023 година изнесува 6.963 милиони денари (околу 113,2 милиони евра), износ на кој банките од 1 јануари годинава пресметуваат камата од над 14%. Како што веќе објави Банкарство, банките ја стартуваа 2024 година со зголемена каматната стапка на дозволеното пречекорување, која расте заедно со растот на референтната каматна стапка на Народната банка за ...

Собранието на акционери на УНИБанка АД Скопје на следната седница која ќе се одржи на ден 16.01.2024 година на дневен ред ќе ја разгледува предлог Одлуката за изменување на Одлуката со бр. 02/31-8-1 од 28.04.2017 година за определување на месечниот надоместок кој им следува на членовите на Надзорниот одбор. Со Одлуката која е важечка, а донесена на 28.04.2017 година на членовите на Надзорниот одбор на УНИБанка им се определува месечен надоместок ...

Доколку имаш желба да бидеш дел од динамичен банкарски тим кој со отворен ум ги прифаќа секојдневните предизвици, имаш позитивен пристап во работата, покажуваш ентузијазам секогаш да бидеш најдобар во тоа што го работиш, имаш желба да учиш и да се развиваш преку организацијата и се трудиш да изнајдеш иновативни и креативни начини за реализација на задачите, а воедно ти е важно да работиш во средина во која се вреднува тимскиот дух и фер ...

Дозволениот минус од една, па и две-три плати станува вистински луксуз за граѓаните затоа што каматната стапка за овој банкарски производ во земјава надмина 14%. Ако се спореди со останатите кредитни производи, дозволеното пречекорување што го нудат банките на клиентите што примаат плата преку нив е еден од најскапите продукти, заедно со кредитните картички. Каматната стапка на дозволеното пречекорување практично се изедначи со каматната стапка ...

Групацијата Триглав очекува умерени макроекономски услови во 2024 година, а нејзиното работење ќе зависи од случувањата на финансиските пазари, влијанието на укинувањето на дополнителното здравствено осигурување, реосигурувањето и пазарниот потенцијал на пазарите, каде што е присутна. Во 2024 година, Групацијата планира да има вкупен обем на работа од околу 1,6 милијарди евра и деловен резултат пред оданочување помеѓу 100 и 120 милиони евра. ...

Во денешниот динамичен свет, финансиската флексибилност да ги остварите своите соништа и да ги исполните неочекуваните потреби е од најголема важност. Потрошувачкиот кредит е многу повеќе од финансиска помош и се работи за алатка дизајнирана да ви помогне да ги остварите вашите аспирации. Со овој тип на кредит можете да преземете контрола врз вашата финансиска иднина и да искусите неспоредлива слобода во управувањето со вашите финансии. Има ...

Дали некогаш сте се запрашале каква трага би оставиле зад себе ако вашиот свет денес престане да се врти? Во НЛБ Групацијата, каде наш фокус е создавање на подобар свет, ова прашање си го поставуваме секојдневно. Како една од клучните банкарски и финансиски институции во Југоисточна Европа, ние сме свесни за одговорноста што ја носиме за нашиот матичен регион. Горди сме што нашите напори и нашиот прогрес се препознаени уште еднаш, што се ...

Над 50 % од младите лица во Европа сакаат поголема финансиска едукација, а високиот интерес за поголемо познавање на светот на финансиите главно се должи на турбулентната економска состојба. Енергетската криза што ја зафати Европската унија дополнително влијаела на зголемување на потребата од финансиската писменост кај младите лица и можноста за промена на навиките. Овие наоди се дел од Истражувањето на навиките на потрошувачите што групацијата ...

Празниците се можеби најубавиот потсетник, којшто дава поттик за поголем број на подароци и изненадувања во зимската сезона. Финансиските подароци се она, што најмногу ги радува младите, бидејќи придонесуваат за нивна финансиска независност, а и можност за самостојно раководење со сопствените средства. Шпаркасе Банка, на студентите корисници на „Vibe-on“ пакетот за млади, им обезбеди можност Новата година да ја започнат со одличен вајб, а воедно ...

Omne finis est nova initium, или секој крај е нов почеток. Ние веќе сме пред вратата на новата 2024 година. Но, пред да зачекориме кон новата, да се осврнеме накусо кон годината којашто изминува, бидејќи секоја искачена планина ни дава многу подобра перспектива. Во 2023 година, комплексниот пејзаж на глобалната економија беше исполнет со мноштво предизвици, но и можности. Додека најголемиот дел од економиите закрепнуваа од ефектите од минатите ...

Стопанска банка АД-Скопје одлучи дел од средствата наменети за новогодишна репрезентација и подароци за вработените, партнерите и соработниците, да ги пренамени за донација која ќе има големо значење за пошироката заедница. Донацијата е наменета за двете најголеми државни гинеколошки клиники, Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство (ГАК) и Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир. На барање на ...

Врз основа на член 59 од Законот за Народната банка на Република Северна Македонија и Одлуката за утврдување потреба од засновање работен однос бр.04-347/1 од 4 јануари 2024 година, Народната банка на Република Северна Македонија распишува Оглас за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија. 1.Народната банка на Република Северна Македонија објавува оглас за вработување на пет (5) извршители, и тоа: 1.1. Три извршители на ...

ПроКредит Банка како докажан лидер во дигитализацијата во македонскиот банкарски сектор и понатаму продолжува да ја промовира дигитализацијата, овој пат со фокус на малите и средни претпријатија. За таа цел, ПроКредит Банка го организираше настанот „Дигитална еволуција: Одговорност кон иднината на бизнисите“, на кој присуствуваа претставници од над 50 домашни компании од приватниот сектор, компании кои нудат дигитални услуги, како и претставници ...

Во духот на дарувањето и празнувањето, овој Божиќ, НЛБ Банка го одбележува со неколку добротворни иницијативи кои имаат за цел да донесат топлина и радост во оваа празнична сезона. И овој пат под мотото „Свет полн со добрина е свет полн со можности“, Банката издвои средства за донации на локални организации и институции, потврдувајќи ја уште еднаш својата посветеност кон заедницата и поддршка на оние кои можеби се соочуваат со предизвици во овој ...

Кратко траеше радоста на штедачите од зголемените каматни стапки на депозитите во домашните банки. Од 1 јануари веќе започна надолен тренд кај некои банки, кој се очекува да продолжи и во текот на новата година. Стабилизирањето на референтните каматни стапки на централните банки кон крајот на минатата година беше сигнал за македонските банки прво да го запрат растот на каматите на депозитите. Како и колку тоа ќе се рефлектира и на каматите на ...

Раководството на Народната банка и претставниците на Синдикатот на Народната банка имаа средба со младиот математичар Амир Дестанов. Дополнително, на средбата беа присутни Доан Сулејманоски – директор на СУГС Шаип Јусуф-Скопје, Бранка Јакимовска – класен раководител и предметен професор по македонски јазик на Амир и Горан Тевдовски – ментор на Амир и соработник на Дневниот центар за деца во Шуто Оризари. “Образованието е наша заедничка грижа и ...

Во новата година, со нова промотивна понуда „Пониско, а фиксно“, Шпаркасе Банка ги фиксираше каматните стапки за станбен и потрошувачки кредит на пониско ниво, обезбедувајќи ја финансиската сигурност на клиентите. Во рамките на новата промотивна понуда, Шпаркасе Банка ја намали и фиксира каматната стапка за Станбен кредит од 3,8% на 3,69% за првите десет години, со можност за вклучување полиса за животно осигурување, на максимален износ до 400 ...

Премиерот Димитар Ковачевски на заедничката прес-конференција со Развојната банка ја истакна важноста од континуираната поддршка на компаниите, пред сé малите и средни претпријатија, преку поволните кредити во изминатите пет години, во услови кога светот се соочуваше со кризи незапаметени на светско ниво, на кои не беше имуна ни една економија. На прес конфереренцијата присуствуваа и вицепремиерот за економски прашања и координација на ...

Поради промена во регулативата, стапи на сила новиот начин на утврдување на нефункционалните кредитни изложености на клиентите. Новиот начин на утврдување на нефункционалната изложеност е согласно регулативата на Народна Банка на Северна Република Македонија и истата важи од 01.01.2024 година. Промените во новата регулативa се одразуваат на третманот на клиентите кои користат повеќе различни кредитни продукти. Пред овие измени, уредноста на ...

Доколку сакате да ги остварите Вашите желба и амбиција за професионален и кариерен развој во финансиска институција со долгогодишна традиција, која определбата за стабилност, ефикасност и иновативност ја гради со успешен и посветен тим на професионалци, аплицирајте за вработување во Комерцијална банка АД Скопје. Работна позиција: Помлад соработник за оперативно работење во Филијалата на Банката во Штип. Тип на вработување: На определено време од ...

Најсреќниот добитник во големата наградна игра на Стопанска банка, Ацо Савиќ, вчера (23 ноември) пред просториите на Банката во центарот на Скопје ги доби клучевите од новиот автомобил TESLA model 3. Автомобилот е главната награда од наградната игра на Стопанска банка со Mastercard платежните картички „Најбрзо до Тесла возило со СБ”, која траеше од 1 јули до 31 октомври. Наградната игра беше поттик за клиентите кои се корисници на Mastercard ...

За уште повесели и повозбудливи празници Комерцијална банка организира наградна игра со главна награда во вредност од 1.000.000 денари! Корисниците на Mastercard дебитните и кредитните картички на Комерцијална банка со секоја трансакција од 6 декември 2023 до 10 јануари 2024 година учествуваат во наградната игра и стануваат потенцијален добитник на вредни награди. Празничната магија дефинитивно станува волшебна со наградната игра „Биди во акција ...

На 13 декември беше одржана петтата работна средба на Работната група за следење на спроведувањето на Стратегијата за финансиска едукација и финансиска инклузија, чијашто активност ја координира Народната банка и на која присуствуваа и претставници на Министерство за финансии, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување и Агенцијата за супервизија на осигурувањето, како и субјектите ...

Банкарскиот систем ќе има важна улога во процесот на преминување на домашната економија кон новиот модел за одржлив раст. Но, климатските промени се исто така и извор на ризици за финансискиот сектор. Активностите на централните банки се главно насочени кон градење отпорност на банкарскиот систем на ризиците поврзани со климатските промени, со што полесно ќе го поддржи преминувањето кон зелена економија, посочи директорката на Дирекцијата за ...

Комерцијална банка АД Скопје е прогласена за „Банка на годината во 2023 година во Република Северна Македонија“ од угледниот финансиски магазин The Banker. Оваа престижна награда и е доделена на Комерцијална банка по јубилеен 10-ти пат. Наградата е признание за силните финансиски перформанси што ги испорача Комерцијална банка, а кои се резултат на тоа што во актуелните економски услови Банката ги претвори предизвиците во можности за развој и ...

Банките се двигатели на секоја економија, а нивната одговорност кон клиентите е повеќеслојна и поеднакво се однесува и на бизнисите (правните лица) и на поединците (физичките лица). Одговорноста на банките кон своите клиенти е пред сé да ги слушнат и разберат нивните потреби, а со тоа и да обезбедат квалитетни, транспарентни и ефикасни услуги. Истовремено, важна улога на банките е да ги советуваат клиентите во носење на најдобри финансиски ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
5.66
47%
1010
weather icon

Белград

21ᴼ / 19ᴼ
3.09
66%
1008
weather icon

Загреб

11ᴼ / 10ᴼ
2.57
87%
1013
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
8.23
38%
1009
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
0.44
56%
1009
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 11ᴼ
3.6
91%
1012
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
4.12
31%
1012
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
5.14
56%
1011
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
4.63
56%
1012
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
2.68
67%
1010
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 12ᴼ
2.24
87%
1012
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 22ᴼ
3.09
43%
1012
Currency

61.525

Currency

54.3622

Currency

72.2744

Currency

35.1607

Currency

39.3966

Currency

66.1032

Currency

7.49888

Currency

0.67731

Currency

0.37874

Currency

0.52579

Currency

1.4138

Currency

0.64659

Алуминиум

2.44

Кобалт

626.94

Никел

15285.99

Рутениум

19869.16

Калај

31.00

Сребро

1038.93

Злато

106606.98

Бакар

9.50

Паладиум

2990.02

Платина

30624.57

Родиум

172810.26

Цинк

82632.56