Оние речиси 9.500 корисници на апликацијата ХалкЕко на Халкбанк веќе знаат дека со секоја физичка активност, без оглед дали се работи за трчање или едноставно пешачење, или, пак возење велосипед или тротинет тие, не само што придонесуваат за заштита на природата, туку можат да освојат и вредни подароци. Голем дел од нив можеби веќе добија подарок бидејќи статистиката на ХалкЕко кажува дека во изминативе нешто помалку од 4 години колку што е во ...

Халкбанк АД Скопје изврши зголемување на капиталот за нови 30 милиони евра, што претставува нова значајна докапитализација и изразена поддршка од главниот акционер на банката – Халкбанк АШ Турција. Комисијата за хартии од вредност донесе Решение со кое е одобрена XХ-та емисија на хартии од вредност по пат на приватна понуда. Односно, Халкбанка А.Д. Скопје изврши зголемување на основната главнина со издавање на 184.500 обични акции со номинална ...

Со цел проширување на својот тим, Стопанска Банка АД Скопје објавува оглас за следната работна позиција Дилер на финансиски пазари, Сектор за средства и ликвидност. Работното место опфаќа: Кандидатите треба да ги исполнуваат следните квалификации: Лични карактеристики: Кандидатите кои имаат претходно работно искуство со тргување на финансиски инструменти или поседуваат ACI Dealing Certificate ќе се смета дека имаат предност при вработувањето. ...

Колкави се разликите во каматите за штедење во различни банки? За една година може да заработите минимални 3.300 денари, но вашата заработка може да достигне и 23.171 денар! Повеќе од сигурно е дека штедењето станува исплатлива инвестиција затоа што каматните стапки од почетокот на годината значително се зголемија. Факт е дека сите банки во земјава ги зголемија каматните стапки за штедење во денари и во евра, но сепак постојат големи разлики ...

Пандемијата и периодот по неа донесоа бројни предизвици, но банкарскиот сектор ја задржа и дополнително ја зајакна стабилноста во работењето. Во согласност со најновите податоци, ликвидноста на банките е на задоволително ниво, солвентноста бележи подобрување и е највисока во последните шеснаесетина години, додека квалитетот на кредитното портфолио се задржа, со ниска стапка на нефункционални кредити. Ова беше истакнато на средбата помеѓу ...

Стопанска банка АД – Скопје ги објави финансиските извештаи за првата половина од 2023 година со што покажа во континуитет остварување на солидни резултати во сите аспекти во работењето. Приходите од основната дејност се зголемени за 25% во однос на истиот период во 2022 година, како резултат на порастот на нето каматните приходи и водени од органскиот пораст на кредитното портфолио од 3%, како и зголемената високо–ликвидна актива, дополнително ...

Комерцијална банка АД Скопје, согласно Правилата за котација, објави известување кое е поврзано со ценовно чувствителна информација. “Комерцијална банка АД Скопје известува дека г-н Никола Џамбазовски, Главен директор за продажба и развој и Член на Управниот одбор, се стекна со 120 обични акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје.” – се вели во објавата. Согласно пресметките на Банкарство, просечната вредност по акција на ден 01.08.2023 ...

Народната банка на Република Северна Македонија до 30 јуни 2026 година треба да изработи план за решавање на секоја банка во земјава со цел нејзино спасување доколку се соочи со проблеми во работењето. Дотогаш ќе треба да ги донесе и првите одлуки за потребното ниво на минимална стапка на сопствени средства и дозволени обврски за секоја банка. Банките, пак, имаат обврска да ги исполнат минималните стапки наложени од НБРСМ до 1 јануари 2031 ...

Комитетот на експерти „Манивал“ (MONEYVAL) на Совет на Европа за спречување на перење пари и финансирање на тероризам оцени дека системот за лиценцирање и супервизија на Агенцијата за супервизија за осигурување (АСО) има значително подобрување од последната евалуација во 2014 година и ги исполнува меѓународните стандарди за борба против перењето пари и финансирањето на тероризмот. Во Извештајот е истакнато значењето на супервизијата заснована ...

Стекнувањето високо образование најчесто може да претставува значителен финансиски товар. Затоа, секоја можна бенефиција за идните академски граѓани, треба да се препознае и искористи со цел да се добие позитивно влијание врз овој нивен образовен пат. Како банка што постојано води грижа за потребите и барањата на различните категории граѓани, Халкбанк го креираше специјалниот студентски пакет на производи наречен „За чиста 10-ка“, овојпат ...

Во периодот од 1.1.2023 до 30.6.2023 година, ТТК Банка АД Скопје дејствуваше во насока на остварување на своите приоритетни цели и задачи дефинирани во Деловната политика и во Финансискиот план на Банката за 2023 година. Во анализираниот период, во услови на изразена економска и енергетска криза, динамичен пазар и силна конкуренција, применувајќи го одржливиот, ефикасен и традиционален деловен модел, ТТК Банка АД Скопје генерираше позитивен ...

Европската централна банка е подготвена повторно да ги зголеми стапките, а пазарните аналитичари се сигурни дека оваа институција се приближува до врвот и покрај тоа што инфлацијата останува упорно висока. ЕЦБ повеќе од веројатно ќе ја доведе својата главна каматна стапка (нејзината депозитна стапка) на 3,75%, бидејќи економските показатели укажуваат на забавување на реалната економија и пад на побарувачката за кредити на рекордно ниско ниво. ...

НЛБ Банка забележа успешни деловни перформанси во првото полугодие од годинава, покажува анализата на финасиските резултати на Банката. Работејќи согласно усвоената Деловна политика за 2023 година, во првите шест месеци, НЛБ Банка испорача значајна кредитна поддршка на населението и бизнис секторот, давајќи придонес во економијата на државата, и уште еднаш потврдувајќи ја својата позиција на системски значајна Банка со висок пазарен удел во ...

Стопанска банка а.д. Битола е една од банките со најдолга традиција на македонскиот пазар која прославува јубилејни 75 години постоење. Со текот на годините оваа домашна банка докажа дека нејзината визија за квалитетна банкарска услуга е остварлива и доверлива. По повод овој голем јубилеј, Стопанска банка а.д. Битола нуди повеќе промотивни поволности за различни групи на клиенти. Дел од поволностите се однесуваат на физички лица кои оваа година ...

Советот на Народната банка на својата редовна седница го усвои Кварталниот извештај за второто тримесечје од 2023 година. Во Извештајот се заклучува дека во текот на вториот квартал, годишната стапка на инфлација и натаму забавува, додека Народната банка за стабилизација на инфлацијата и на инфлациските очекувања ја затегна монетарната политика, но презеде и други мерки, во склад со останатите централни банки. Во однос на остварувањата, растот ...

Банките ќе мора да бидат солидарни и да ја спасуваат секоја банка во земјава што ќе се соочи со проблеми во работењето кои се закана за нејзиниот опстанок. Ова го предвидува новиот Закон за решавање на банки, кој како предлог доаѓа од Министерството за финансии, а е изработен во соработка со Народната банка и со домашни и меѓународни експерти. Новото законско решение налага финансирање нова финансиска институција во земјава, а тоа е Фонд за ...

Во периодот од 01.01-30.06.2023 година Комерцијална банка од своето работење оствари позитивен финансиски резултат во износ од 2.003,3 милиони денари наспроти остварениот позитивен финансиски резултат во истиот период минатата година во износ од 1.127,3 милиони денари што претставува зголемување за 77,7%. Планираната бруто-добивка за првото полугодие од годинава е остварена со 131,4%. Притоа, остварената добивка пред исправка на вредност, која ...

Македонската банкарска асоцијација ја известува јавноста дека e надминат проблемот поврзан со картичните брендови VISA и MasterCard. Претходно во јавноста излезе информација дека голем дел од корисниците на платежни картички имаат проблем со редовното функционирање односно речиси сите платежни картички на сите уреди не се достапни за користење. Иако постоеше проблем со функционирањето на платежните картички од картичните брендови Visa и ...

НЛБ Банка информираше дека на своите клиенти ќе им овозможи продолжено работно време на ден 27 јули за сите експозитури на Банката. “Заради недостапност на платежните картички на банкоматите на НЛБ Банка, со цел да им излеземе во пресрет на нашите клиенти, денеска го продолжуваме работното време на сите експозитури. Работното време е продолжено до 17:00 часот само за исплата на готовина во денари, за физички лица.” – велат од НЛБ Банка. ...

Во периодот од 01.01-30.06.2023 година Банката од своето работење оствари позитивен финансиски резултат во износ од 2.003,3 милиони денари наспроти остварениот позитивен финансиски резултат во истиот период минатата година во износ од 1.127,3 милиони денари што претставува зголемување за 77,7%. Планираната бруто-добивка за првото полугодие од годинава е остварена со 131,4%. Притоа, остварената добивка пред исправка на вредност, која претставува ...

Федералните резерви на САД ги зголемија каматните стапки за 0,25 процентни поени, наведувајќи ја сè уште зголемената инфлација како образложение за она што сега е највисоката стапка на политиката на американската централна банка во последните 22 години. Зголемувањето на каматните стапки, ја постави реперната каматна стапка преку ноќ во опсегот од 5,25%-5,50%, а придружната изјава ја остави вратата отворена за уште едно зголемување. „Комитетот ...

Проблем со редовното функционирање на платежните картички и уредите на кои тие најчесто се користат (трговија и банкомати) се појави во текот на денешниот ден откако речиси сите платежни картички на сите уреди не се достапни за користење. Детални информации за што станува збор сеуште нема, освен дека е одреден технички проблем за што можеме да заклучиме и доколку се обидеме да платиме со платежна картичка во трговија – бидејќи ќе добиеме ...

Една од банките која е со најдолга традиција на македонскиот пазар, Стопанска банка а.д. Битола оваа година го прославува јубилејот 75 години постоење. Преку континуирано следење на потребите и креирање на соодветни производи и услуги, Стопанска банка а.д. Битола повеќе од 7 децении е силна поддршка на населението и бизнисите во земјата. Овој голем и значаен јубилеј Стопанска банка а.д. Битола го одбележува со низа активности кои вклучуваат ...

Европската инвестициска банка ги цени активностите коишто ги презема Народната банка во изминативе неколку години во сферата на зеленото финансирање и е подготвена да обезбеди поддршка за активностите планирани во периодот 2023 ‒ 2025 година. Со оглед на значајноста на ризиците коишто ги носат климатските промени во глобални рамки, вклучително и за финансиските системи, од 2020 година „зелената“ и одржлива економија стана една од стратегиските ...

Независниот член на Надзорниот одбор на Централна кооперативна банка АД Скопје Љубен Нанов се повлекува од функцијата. За поднесената оставка Банката информира преку информацијата за измени во органите на управување објавена на Македонската берза. Инаку, Нанов беше избран со читиригодишен мандат, кој истекува во 2024 година, односно беше реизбран за независен член на Надзорниот одбор на вонредното собрание на акционерите во 2020 година. ...

Вселувањето во нов дом е возбудливо поглавје во сечиј живот, но може да биде и застрашувачко искуство, доколку не биде испланиран секој детал од селидбата. Токму затоа, од суштинско значење е да им се даде приоритет на најважните и неопходните задачи за да си го олесните процесот на преселување и да обезбедите непречено и удобно сместување во вашиот нов дом од соништата. Имајте на ум дека преселбата треба да ја правите постепено, односно да не ...

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во мај 2023 година, во однос на мај 2022 година, изнесува 36.465 денари. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности (25.5 %), Стручни, научни и технички дејности (21.4 %) и Финансиски дејности и дејности на ...

„Централните банки ширум светот се во фаза на водење затегната монетарна политика, за справување со притисоците врз инфлацијата и инфлациските очекувања. Намалената или одложена потрошувачка во периоди на зголемени каматни стапки, при истовремено поттикнување на штедењето, придонесува за враќање на ценовната стабилност на долг рок, што е од клучно значење за животниот стандард на населението. Во моментов, инфлацијата во глобални рамки забавува, ...

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска оствари средба со директорот на Канцеларијата на Светска банка во земјава, Масимилијано Паолучи, во рамки на консултациите по повод новата четиригодишна Рамка за партнерство со Светската банка. На средбата од страна на претставниците на Светската банка се разговараше за подготовката на новата Рамка за партнерство која има за цел поддршка за постигнување на инклузивен, одржлив и зелен ...

Иднината останува на младите, а обврската за создавање нивна просперитетна иднина е на сите нас. Таа обврска е препознаена и прифатена од Комерцијална банка како дел од цеколкупното корпоративно и општествено одговорно дејствување на Банката. И кога светот го одбележа Меѓународниот ден на вештините на младите, 15 јули, Комерцијална банка на свое задоволство даде уште еден свој придонес за едукација и подготвување на младите за квалитетен живот ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
4.12
60%
1010
weather icon

Белград

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
86%
1011
weather icon

Загреб

12ᴼ / 10ᴼ
0.51
89%
1013
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
2.06
40%
1010
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
3.61
78%
1008
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 11ᴼ
2.06
93%
1013
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
1.34
46%
1012
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
1.54
52%
1011
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
68%
1012
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 18ᴼ
2.57
73%
1009
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 12ᴼ
4.12
87%
1011
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
1.54
53%
1012
Currency

61.525

Currency

54.2311

Currency

72.2744

Currency

35.1607

Currency

39.3966

Currency

66.1032

Currency

7.49888

Currency

0.67731

Currency

0.37874

Currency

0.52579

Currency

1.4138

Currency

0.64659

Алуминиум

2.44

Кобалт

33.70

Никел

0.48

Рутениум

19869.16

Калај

31.00

Сребро

1068.02

Злато

109135.71

Бакар

9.60

Паладиум

31202.30

Платина

31386.49

Родиум

172810.26

Цинк

2.57

Иридиум

134266.78