
Скопје
18ᴼ /
18ᴼ



ChatGPT има опција за Read Aloud и тоа одлично функционира на англиски и другите поголеми јазици, но што е со македонскиот јазик? Како што веќе знаеме сите, ако му поставите прашање на ChatGPT на македонски јазик, тој ќе ви одговори со (речиси) совршен македонски. Некогаш прави грешки. Прво треба да одберете еден од гласовите со кои располага ChatGPT. И потоа ја изберете опцијата за Read Aloud. Тогаш вашиот текст ќе звучи вака: Доста ...
На сајтот на Министерството за внатрешни работи се појави информација дека „граѓаните на Град Скопје кои се фотографирале во редовна постапка на пунктовите “Пролет“ и “МТВ“ можат да го проверат статусот на нивниот пасош.“ Кликнете на овој линк и проверете и вие дали вашите документи се уште во кафкијанскиот „процес“ или имате среќа (во несреќа) да бидат готови. Ако сте заинтересирани зошто ја употребивме оваа аналогија, прочитајте го романот ...
Вештачката интелигенција, како и сите технологии, може да се искористи за добро, но и да се злоупотреби. Од ноември 2022 година, кога ChatGPT беше достапен на јавноста работите во областа на државната матура кај нас се сменија драстично. Во разговор со оценувачи на државната матура откривме дека голем дел од есеите по англиски јазик биле напишани со помош на ChatGPT. Друг проблем е како воопшто матурантите дошле до оваа технологија кога некој ги ...
Во нашите предвидувања за развојот на вештачката интелигенција за 2024 година пишувавме за развојот на АИ генерирани видеа, но никој не можеше да претпостави дека толку голем скок ќе се случи толку брзо. „Sora“ на OpenAI веќе генерира реални видеа од текстуални наредби. Тука можете да видите некои од демо примерите. За жал OpenAI не кажа кога моделот ќе биде достапен за користење за општата популација. Она што е интересно е дека за тренирање не ...
„Култура Бета“ утре (16.02.2024) слави 4 години и е доказ дека младината во Македонија е креативна и работлива, дека создава и менува. Лично се радуваме за ова, како и за подобрувањето на нивните дизајни, би сакале истото да го видиме и на нивниот сајт, но наша општа „забелешка“ е – браво млади! Со претставување на романот „Ронлива“ и разговор со авторката Милена Сиљаноска, 9. Поетска епизода и свирка на „Кенопсија“, младинското здружение за ...
Во епизодата 2098 од The Joe Rogan Experience, Џо дискутира со комичарите Шејн Гилис и Мет МекКускер за тоа кој би победил во хипотетичка борба помеѓу лав, горило, гризли и тигар. Тука реферираат на подкаст водителот (и АИ истражувачот) Лекс Фридман кој, интересно, вакви дебати имал неколку пати, со неколку џиуџицу инструктори Џон Данахер, Роџер Грејси и Крег Џонс. Ние се решивме да ги прашаме ChatGPT и Gemini поради богатството информации со ...
Оваа година е една од полошите за македонските ски центри. Имаше малку врнежи од снег, а поради високите температури и тоа малку снег брзо се стопи. Практично немаше ни десет добри дена за скијање во целата сезона. Најголемите домашни скијачки центри (Попова Шапка и Маврово) правеа сѐ што можат да ја спасат сезоната, но сѐ е залудно кога нема снег. Сепак, практиката да ги остават скијачите да „скијаат“ по земја и камења сериозно го нарушува ...
Adobe Premiere е индустрискиот стандард за уредување и монтажа на видеа, но мораме да признаеме, CapCut како бесплатна и user-friendly програма е јасен победник. Да не го заборавиме и фактот дека таа заменува две програми – Adobe Premiere и Adobe After Effects! Пред да почнеме со споредбите, би требало да споменеме дека тие кои се веќе искусни во Adobe Premiere веројатно нема да се согласат да користат CapCut, но за почетници втората програма е ...
Дали сте знаеле дека Блејд Ранер е франшиза и не се состои само од двата најпознати филмови? По кој редослед да ги гледате? Дали се остварија предвидувањата на оригиналниот филм? Постои ли македонски Блејд ранер? Филмот е според книга, но дали постои и книга според филмот? Дознајте ги одговорите во овој текст. Блејд ранер некогаш и денес Знаеме што претставува Блејд Ранер денес, но што претставуваше тој филм во „наше време“? Тогаш за овој култен ...
Ако сте во дилема дали да се греете на дрва или пелети направивме калкулатор кој ќе ви помогне да го откриете поекономичниот начин на греење. Огревниото дрво е најчестиот начин на греење во нашата земја. Од поново време како алтернативно греење граѓаните на располагање ги имаат и пелетите. Пелетите се попрактични и загадуваат 30 пати помалку од огревното дрво. Истури ја вреќата пелети во печката, стисни копче и завршена е работата. Пелетите се ...
Арно.мк постои 5 години, но дали направивме доволно? Кога го создадовме овој портал немаше пандемија и името на нашата држава не беше сменето. Дали светот денес е поарен од 2019 година? Како прво, би сакале да се заблагодариме на нашиот провајдер МКхост за тоа што нѐ поддржуваат и се грижат да имаме одличен и брз хостинг! Што имаме направено во овие 5 години и што треба да направиме? Кога започнавме со работа, идејата на порталот беше да ...
Направивме едно кусо видео како пример за Малешевско – пиринскиот дијалект. Благодарност до познатиот македонски актер Александар Шехтански кој го читаше текстот. Кога работевме на текстов залудно се обидувавме да најдеме аудио или видео примери на интернет од овој вид на говор – и затоа се решивме да направиме кусо видео. Сметаме дека во поновиот македонски медиумски простор, пред сѐ на интернет (медиум кој го користат младите), недостасуваат ...
Како што влегуваме во 2024 година, вештачката интелигенција (АИ) продолжува со својата брза еволуција, носејќи возбудливи случувања и предизвици, од генеративната АИ и нејзините апликации во генерирањето видео, музика и глас, до зголемената употреба на генерирани содржини во политиката и медиумите. Ќе се развиваат модели на АИ за одредени индустрии, додека здравството, образованието и науката брзо се приспособуваат на промените. Забрзано се ...
Ако не се сеќавате на филмот Џони Мнемоник, тогаш сигурно знаете за Матрикс, легендарниот научно-фантастичен филм (франшиза) од (до сега) 4 филмови од 1999 до 2021 година. Ако ви е позната играта Cyberpunk 2077, тогаш сте блиску до тајната врска помеѓу овие три киберпанк феномени. „Џони Мнемоник“ е расказ од Вилијам Гибсон објавен во 1981 година во магазимот Омни. Македонскиот превод на расказот е објавен во Маргина бр. 19/20 од септември 1995 ...
Splashmusic е апликација која користи вештачка интелигенција за генерирање песни. Порано се викаше Beatbox и со еден клик правеше песна, се што требаше да направите е да одредите тема и жанр. Сега е малку покомплицирано, но внатре апликацијата содржи опција “generate lyrics”. Прва проба Ние се обидовме со едноставен наслов кој нема да сугерира на нешто веќе познато, туку ќе ја „изненади“ вештачката интелигенција, пр. „Communist Rap” и го добивме ...
Институтот за Родови Студии (ИРС) е еден од првите институти во Македонија кој активно ја применува вештачката интелигенција како корисна алатка во учењето, истражувањето, надоградувањето знаење или едноставно во барањето информации. Нивниот најнов проект е aigender.net – употреба на вештачка интелигенција за унапредување на родовата еднаквост во академските истражувања. Таму можете да најдете и користите повеќе корисни АИ алатки. Тие ја имаат ...
Се обидовме со помош на Вештачка интелигенција (Dall-e и Midjourney) да направиме слики во стилот на Дирер, но се соочивме со пречки. Сепак, custom GPTs ни дојдоа на помош. Дознајте како „MJ Image Reverse Prompt“ на нашиот Владимир Карер GPT ни помогна да создадеме прекрасни слики во стилот на дрворез инспирирани од Дирер. Кој е Албрехт Дирер? Албрехт Дирер, ренесансен уметник со потекло од Германија, е познат по неговиот исклучителен придонес ...
Ја тестиравме опцијата Realtime Gen на Leonardo.ai за вас. Се работи за интересна бета верзија достапна на Early Access. Оваа опција ви овозможува да генерирате слики и во “real-time” да гледате што се создава пред вас. Обично кога генерирате слики со Midjourney или Dall-e морате да почекате додека не ја добиете готовата слика. Во случајот со Леонардо можете да гледате како вашиот текстуален инпут (prompt) ја менува сликата. Тоа ви овозможува да ...
Апликации на македонски јазик поврзани со создавање и обработка на содржини на македонски јазик постојат, но не се совршени и обичниот човек тешко доаѓа до нив. Проблемот со автоматска транскрипција на македонски јазик Пред извесно време тимот на Арно.мк помина денови во барање апликација која прави транскрипција на македонски говор. Пробавме многу апликации, помеѓу кои платените: Riverside, Rask, Flixier, Goodtape, како и бесплатните достапни ...
Што нѐ очекува во 2024 година на полето на АИ? Никој не знае со сигурност, но она што може да се знае е дека моделите со природни јазици (LLM) и понатаму ќе се развиваат, како и Генеративната вештачка интелигенција (GenAI). Двете нешта ќе наидат на се поширока примена од здравството до образованието, преку роботиката и бизнисите. Се очекува поголема регулатива на вештачката интелигенција и построги закони за копирајт, како забрана за користење ...
„Магла насекаде, магла околу нас“ (Magla svuda, magla oko nas) е позната песна на хрватската пејачка Јосипа Лисац од 1980 година. Песната пее за љубовта, маглата е метафорична, но за граѓаните на Скопје е буквална! Маглата не е лоша, ја има секаде, проблемот настанува кога таа се меша со ПМ честичките од горењето дрва и други штетни честички од возилата и индустријата, па станува смог и тврдоглаво нѐ притиска како некое небесно ќебе кое не ни ...
Парадоксот на Моравец, именуван по пионерот на вештачката интелигенција и роботиката Ханс Моравец, дава фасцинантна перспектива на полето на AI (вештачка интелигенција). Според него „спротивно на традиционалните претпоставки, расудувањето бара многу малку пресметување, но сензомоторните и перцептивните вештини бараат огромни пресметковни ресурси.“ Ова е значајно на полето на AI и роботиката. Со еден збор, она што е лесно за нас е тешко за ...
Логомотива.мк е архива на македонските логоа, но и повеќе од тоа – таа нуди увид во македонскиот графички идентитет, и заради тоа е значаен проект. Kако настанала Логомотива.мк? Како што велат авторите, Небојша Гелевски – Бане и Александар Гижаровски, се работи за ризница на логоа за секој кој го цени дизајнот, историјата и културата на Македонија. Проектот настана од RetroMK (проект на Бане за документирање на историјата на МК дизајн) започнат ...
Во 2023 година излегоа интересни и провокативни албуми, кои докажуваат дека музиката е жива и здрава и во 2020-тите! Иако доминираше оживување на музиката од 1980-тите, сепак имаше и иновативни албуми од сите жанрови. Добро познатите бендови, со кои растеа генерации (некогаш) млади, издадоа нови албуми, како Sleaford Mods, The Kills, Everything But the Girl, Belle and Sebastian, Blur, Depeche Mode, Feist, Foo Fighters, Gorillaz, The Hives, па ...
Пред една година почнавме да правиме експерименти со тренирање на вештачка интелигенција како дел од нашиот проект за градење на дигиталниот идентитет на Македонија, поради слабото присуство на нашите великани, историски обележја и идентитет во дигиталниот простор. Тогаш почнавме интензивно да пишуваме за вештачката интелигенција и нејзиното влијание врз светот, уметноста, науката, иднината на трудот или едноставно да известувавме за најновите ...
2023 година беше значајна година во напредокот на вештачката интелигенција (AI/ВИ). Да видиме подетално кои се најважните настани што го обликуваа пејзажот на вештачката интелигенција: 23 јануари: Мајкрософт инвестира 10 милијарди долари во OpenAI Оваа инвестиција беше дел од долгорочното партнерство на Мајкрософт со OpenAI, со цел да се забрза пробивот на вештачката интелигенција и да се обезбеди широка примена во различни сектори. Договорот ...
Бранко Прља, искусен автор и графички дизајнер, во април 2023 година ја претстави првата македонска графичка новела создадена со помош на вештачка интелигенција. Текстот е базиран на романот „3 минути и 53 секунди“ на Берт Стајн/Бранко Прља, додека илустрациите се изработени со Midjourney v4 и доработени од страна на Нина Прља. Отсега оваа графичка новела е достапна и на англиски јазик. Преводот за новелата на англиски јазик го направи Пол Филев ...
Midjourney V6 претставува значаен напредок во областа на уметноста со вештачка интелигенција. Новата верзија воведува неколку иновативни карактеристики и подобрувања во однос на неговиот претходник, V5.2. Еве сеопфатен преглед на клучните аспекти и функционалности на Midjourney V6, како и споредби со претходната верзија на Midhourney и актуелната на Dall-e. 1. Поддршка за 3D модели Midjourney V6 ги прошири своите можности за да вклучи поддршка ...
Дали патото накај Драчево, населба во која со околните села живеат околу 60.000 жители, со исто толку возила кои дневно поминуваат на истиот пат конечно ќе биде направен? Што вели Град Скопје, или нема време да се занимава со тоа кога го „накитува“ градот? Возењето по овој пат е веќе опасно за возилата и возачите. Ноќе нема никаква сигнализација и се снаоѓа само оној кој го знае патот како свој џеб – а другите, како нашата екипа која ја испита ...
Пишувавме за GPTs, а пишувавме и за Југовците – сега е време да ги споиме двете теми! Но, како? 1. Запалете го југото… пардон ChatGPT Plus GPTs (Генеративни претходно обучени трансформатори) во ChatGPT Plus (за жал, платена верзија) приспособени верзии на ChatGPT кои можете да ги креирате за одредена цел. Еден од нив е Hot Mods. Овој GPT ви овозможува да ги зачините вашите слики. Може да поставите слика и да дозволите Hot Mods GPT да ја измени ...