
Скопје
22ᴼ /
22ᴼ



Добредојдовте на нашата единствена апликација за генерирање македонски поговорки – вашиот личен извор на секојдневна мудрост и инспирација! Замислете го ова како македонска верзија на популарните “Fortune Cookies”. Наместо да кршите колаче за да прочитате мудра мисла, само кликнете на копчето и ќе добиете автентична македонска поговорка за да го зачините вашиот ден. Како функционира? Со помош на напредната вештачка интелигенција Claude, ...
Понекогаш, истражувајќи ја уметноста, се наоѓаме на неочекувано патување низ просторот и времето. Така започна и моето откритие за графитите под Новата железничка станица во Скопје. Она што почна како едноставен обид да се документираат 100 графити, се претвори во интересна приказна за уметници, фестивали и неочекувани врски. Во центарот на (вториот дел од) оваа приказна се наоѓа Флим, талентиран графички дизајнер, чие учество на фестивалот ...
Во недостаток на македонски апликации за транскрипција (не дека не се работи, но нема многу заинтересираност од институтите, академиите и државата) се обидовме да најдеме алтернативи. Ова не го правиме прв пат, веќе ги имаме правено сличните анализи пред 6 месеци. Подолу има детална анализа на неколку програми – но, бидејќи ретко кој чита текст до крај (ако воопшто стигне и до тука!), ќе го напишеме веднаш заклучокот и нашата препорака што треба ...
Под масивната конструкција на скопската „Нова Железничка”, остаток од визионерските планови на Кензо Танге за модерно Скопје по земјотресот во 1963 година, се крие еден необичен музеј на отворено. Наместо планираната „Градска порта”, овој простор денес е дом на стотици графити кои ги красат бетонските столбови, секој со своја приказна, стил и порака. Тоа е приказна за трансформацијата на еден запуштен простор во живо сведоштво за креативноста и ...
Графитите се повеќе од обично вандализирање – тие се гласот на една генерација, израз на креативност и бунт. Меѓу шарените тагови и т.н. „бомбање“ на градските ѕидови, едно име се истакнува: Вутар. Член на ЕБСФ екипата, тој е мост помеѓу светот на графитите и рап музиката. Колку се тие поврзани, дали се исклучиви или се подразбираат помеѓу себе не е јасно дефинирано. Но, она што е јасно е дека во тој свет креативноста се излева на ѕидовите и ...
Кога зборуваме за примена на вештачка интелигенција за создавање видео (од текст или слика), не можеме да ги заобиколиме Runway. Тие вчера овозможија ран пристап до моделот Gen-3 Alpha, нов модел за генерирање видеа кој нуди значителни подобрувања во споредба со претходните верзии. Скоро ги тестиравме моделите Haiper, Genmo, Pika, Pixverse, Runway Gen-2 и LumaLabs, нашите претходни експерименти може да ги видите тука. Штом излезе Runway Gen-3 ...
Денешните апликации за правење видео од слика или од текст (prompt) се далеку понапред од тоа што беа само пред една година. Треба да се потсетиме дека тогаш бројот на овие апликации беше мал, а дека сега ги има во голем број. Од нашите поранешни експерименти, Runway и Pika се покажаа како најнапредни, но тоа беше пред да излезе LumaLabs. Автономијата со која функционира LumaLabs е завидувачка и ги надмина претходните апликации. Се чини дека ...
Имате некој проблем и не можете да го решите? Сте се обиделе ли да ја прашате вештачката интелигенција што да правите? Кога зборуваме за АИ, во случајов мислиме на јазичните модели како ChatGPT, Claude, Gemini и други. Се разбира, со АИ треба да постапувате внимателно, секој совет да го земете со резерва и да испитате и други извори. Но, како за почеток, како нешто што ќе ви даде импулс да се мрднете од нулта точка секако може да помогне. АИ ...
Во Македонија во 2023 година 33 % од електричната енергија била произведена од обновливи извори (хидро, ветерна и соларна). Заклучно со 2023 година имаме инсталирано соларен капацитет од 504 MW. Во 2022 биле произведени 77 GWh додека во 2023 година 298 GWh што е пораст од 287 %. Се очекува предвидениот пораст во 2024 да достигне 900 до 1000 MW инсталирани соларни системи. Со капацитет од 1000 MW односно 1GW би требале да правиме некаде 1400 GWh ...
Ве интересира како да креирате ваши новинарски видео прилози? Исто како и со се друго денес – потребно е само да имате идеја, а креирањето на содржината можете да го оставите на вештачката интелигенција. Се разбира, користењето на овие технологии треба да биде одговорно, зашто лесно може да се искористат за создавање лажни вести. Ние, се разбира, го направивме токму тоа! Сепак, нашите вести се со сатирична содржина и ги нарековме „Чукнати ...
Јазичните модели се во војна! Claude на Anthropic се појавува како сериозен конкурент на GPT на OpenAI. Во март годинава веќе го тестиравме Claude, за кој уште се тогаш тврдеше дека е подобар, но не бевме задоволни. Во јуни 2024 излезе Claude 3.5 и повторно бомбастично беше најавен како подобар модел од сегашниот GPT-4o. Бевме скептични, но го направивме нашиот персонализиран „кичмокршачки“ бенчмарк тест (погледнете повеќе тука: пишување ...
Додека чекаме да излезе Sora, апликацијата LUMA ги надмина Pika и Runway како најдобра апликација за генерирање на видео од слика или текст. Ова не е мала работа бидејќи двете апликации долго време беа на врвот. Да видиме како се случи тоа. Од нашите експерименти со апликациите за генерирање видео од текст и слика, Pika и Runway ги оценивме како најнапредни. Од тоа произлезе краткиот експериментален филм „Мечказила vs. Токсиволк во битката кај ...
Мрежа Стела и Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) ги повикуваат сите стрип автор(к)и и илустратор(к)и да учествуваат на наградниот конкурс „Кое е твоето чудо?!”. Овој конкурс има за цел да поттикне дискусии за родовата еднаквост преку уметност. Зошто да учествувате? Имате можност да го претставите својот талент и да поттикнете позитивни општествени промени преку своите дела. Конкурсот е дел од проектот „Еднакви можности за ...
„Добрата филозофија, како и добрата научна фантастика, ретко ни ги дава одговорите што ги сакаме. Обично води до повеќе прашања.“ Во серијата книги „Популарна култура и филозофија“ книгата бр. 63 е насловена како „Филип К. Дик и филозофијата: Дали андроидите имаат сродни души?“ (2011). Направивме и аудио запис од првото поглавје на англиски јазик, па преслушајте! Во првото поглавје „Холивуд не го познава Дик“ (Hollywood Doesn’t Know Dick) ...
„Генерација П“ (некогаш преведена и како „Вавилeн“ или „Хомо Запиенс“) е дело на рускиот писател Виктор Пелевин. Аудио книги (на англиски) од Пелевин се ретки. Направивме аудио верзија на романот „Генерација П“, се надеваме ќе ви користи за истражување. Виктор Пелевин е руски автор од помладата генерација познат по неговиот карактеристичен спој на сатира, надреализам и постмодернизам. Роден е во 1962 година, и стекнал слава со својот роман „Омон ...
За почеток неколку „забавни“ факти: Веќе пишавме во два наврати за отворањето на првата научна опсерваторија на Косово која ќе биде отворена на 19.06.2024 година, која во голема мерка е заслуга на една студентка. Како една студентка од Косово за 10 години успеала во тоа што десетици експерти во Македонија не успеале за 60 години? Пранвера Хисени сега е на магистерски студии на УК Санта Круз. Во 2015 година, Хисени го основала Astronomy Outreach ...
Често го слушаме прашањето „колку струја ќе произведат моите фотоволтаични панели?“ Одговорот е: зависи од периодот на годината. Во зима панелите ќе направат помалку струја, а во лето многу повеќе. За да се поедностават работите се зема годишен просек, а тој во Македонија изнесува некаде 3.84 kWh дневно за 1 kW инсталирани панели. Бројката 3.84 не е иста за било која точка во Македонија и варира во зависност од точната локација. Но, за ...
Првите четири книгички од едицијата „Мала фактопедија“ насловени како: Необични факти од животот на Алберт Ајнштајн (2017), Необични факти од животот на Никола Тесла (2017), Јаболкото на Њутн (2018), Неверојатниот живот на Стивен Хокинг (2019), отсега се достапни и на англиски јазик (на Амазон), и во двојно поголем формат. Unusual Facts from the Life of Albert Einstein (Amazon link) Алберт Ајнштајн е најпознат по неговата теорија на релативноста ...
Екипата на Арно.мк е поканета на отворањето на првата национална астрономска опсерваторија, планетариум и научен центар на Косово. Нашата мисија: да собереме искуства и да ги пренесеме кај нас во еден повторен обид Македонија конечно да го оствари деценискиот сон – отворање на научна астрономска опсерваторија кај нас. За оваа прилика подготвивме верзија од нашите книгички од едицијата „Мала фактопедија“ на англиски кои ќе ги подариме на оваа ...
„Замаглено скенирање“ (A Scanner Darkly, 1977) е антинаркомански роман за дрогите. Се разочаравте? Сакате нешто како Up in Smoke (1978), преку Half Baked (1998), Dude, Where’s My Car? (2000), Jay and Silent Bob Strike Back (2001) до Pineapple Express (2008), па дури и Trainspotting (1996)? Ако очекувавте стонерска комедија која ќе ве насмее, расположи и направи да се чувствувате подобро, баталете – овој филм, па ни оваа критика не е за вас! ...
Листата на филмови за графитите и уличната уметност е долга, особено ако ги вклучиме и индивидуалните проекти кои документираат различни сцени. Направивме некој пресек на позначајни филмови за графити, од различни извори. Ова е нашата листа, а филмовите се дадени по случаен редослед. Листата на филмови за графитите и уличната уметност е долга, особено ако ги вклучиме и индивидуалните проекти кои документираат различни сцени. Направивме некој ...
Расказот „Нос“ од Николај Гогољ, дел од збирката „Петроградски раскази“ (1843), се издвојува како уникатна мешавина на надреализам и сатира. Кај нас овој расказ е присутен во повеќе збирки раскази на Гогољ од издавачите како Матица македонска, Феникс и Антолог. Овој текст не се обидува да направи длабока анализа на творештвото на Гогољ, туку фрагментиран увид во дел од аспектите на раскaзот „Нос.“ Гогољ како претходник на магичниот реализам и ...
Style Wars е американски документарен филм од 1983 година за почетоците на графити сцената и нејзината поврзаност со хип-хоп и брејк-денс културата. Прикажан на неколку филмски фестивали, а на филмскиот фестивал во Санденс добил награда на жирито. Вклучува многу историски моменти од хип-хоп и графити културата од најраните денови во 1970-тите до раните 1980-ти. Филмот почнува со сцени на возови, кои се голем дел од документарецот, како своевидно ...
Хром е еден од нашите најпознати и најзастапени графити уметници од СК/МК, покрај Драш. Постојат уште неколку имиња кои се повторуваат на сцената на сивиот пост-апокалиптичен град Скорне, кој се дави во загадување и отпад, како PACK/RASK, SRK, OKS, Арис, Рубик, Дарма, Престиж, Fatma Ecrem, Poked… Овие уметници, покрај другите кои творат и создаваат нешто вредно даваат трошка надеж дека на површината на г(р)адот испливува и нешто добро. За волја ...
Арон Гронстал докторирал по геомикробиологија и астробиологија на Институтот за истражување на планетарна и вселенска наука (Open University, UK) и развил научни и уметнички вештини на Универзитетот во Ајова, УК Беркли и Универзитетот во Мелбурн. Д-р Гронстал моментално работи во НАСА во Програмата за астробиологија. Се занимава со научна комуникација за астробиологијата како писател и стрип-цртач, најпознат по создавањето на серијалот графички ...
По текстовите „Графити на патот Пинтија-Драчево, за трајноста, привременото, уметноста и политиката“, „Графит-приказна за Рајна Мичуринска“ и „Пред дождот“, 1994-та, филм, графити, уметност и македонска реалност“ го продолжуваме нашиот серијал „Графити приказни“. Нашиот „Гррфт“, графити магазин можете да го прочитате тука. Овој пат ги претставуваме графичарот Горан Ристовски и писателот Димитрие Дурацовски. Димитрие Дурацовски (1952, Струга), ...
Овој текст е продолжување на нашиот серијал „Графити приказни“, каде раскажуваме интересни приказни поврзани со создавањето на графитите, лични истории, филозофијата и реалноста на уличната уметност. Претходните текстови се „Графити на патот Пинтија-Драчево, за трајноста, привременото, уметноста и политиката“ и „Графит-приказна за Рајна Мичуринска“. Нашиот Гррфт магазин, графити магазин можете да го прочитате тука. 1994. Дискотеките се ин. Моите ...
Суштината на графитот е да биде прецртан. 1998 година Растргнат помеѓу пропаднатата амбиција да изгради иднина во странство и носталгијата кон дома, Берт Стајн се најде повторно талкајќи низ скопските улици. Тазе вратен неуспешен студент од Италија. „Пропуштена можност?… Што понатаму?“ му одѕвонуваше во главата. Свирки на Underdog и фудбалче во Зот. Потоа надвор на пиво пред продавничката карши Ким. Во 1998 беа популарни филмовите „Седум години ...
Едицијата „Мала фактопедија“ се збогати со уште еден наслов: „Бунтовнички со причина! – жени од историјата на Македонија кои се бореле за прав(д)ата“. Од воведот во книгичката пренесуваме: „Извонредните жени отсекогаш ја обликувале историјата, ги поместувале границите и го подобрувале светот. „Бунтовнички со причина“ е смислена како почит кон нивната непоколеблива решителност и исклучителни достигнувања. Се надеваме дека оваа книга ќе служи и ...
По отворањето на групата за архивирање и споделување графити во Македонија и Скопје, арно.мк ви го преставува (првиот?) магазин за графити на македонски јазик „ГРРФТ магазин“. Првиот број на магазинот можете да го видите и симнете тука! Од содржината издвојуваме наслови како „Најпознатите СК/МК графитџии“, „Графити кои ги нема“, „Графити од другата страна на Вардар“, „Најголем графит во Македонија!?“ „Има ли стeнсили во Скопје?“, „Муралот како ...